APPLICATION/COMPETITION FOR STUDENTS


Warning: sprintf(): Too few arguments in /home/portalb/webapps/lokomotiva/wp-content/themes/zacklive/library/underscores/template-tags.php on line 26
Uncategorized

APPLICATION/competition FOR STUDENTS

FOR MAKING A DESIGN OF THE IDEAL SOLUTION FOR A NEW INTERNAL SPACE CONCEPT (DREAM SPACE) OF THE EXISTING CINEMA AT THE RAILWAY STATION BUILDING, STR. BORKA TALESKI 26, SKOPJE, MACEDONIA

>>>> from May 17 till June 11<<<<

The proposed solution should include a proposal for the spatial arrangement of the existing cinema for its possible functioning as a space for the community (the tenants of the Railway Building) and a space for the creation and realization of cultural and artistic content.

Functioning as a space for the community implies the possibility of using it from inhabitants of different age (for example, chess play area for pensioners from the Railway Building, creative workshops for children living in the building, a common library, etc.)

Functioning as a space for the creation and realization of cultural and artistic content implies to conceptual solution which will include proposals for functional adjustment of space for the realization of film projections, exhibitions, performances and chamber performances, music concerts and etc.

The proposed design solution should be related to the context in which this space is located  as well as the functionality of the building and the tenants.

The competition is organized by the associations Lokomotiva – Center for new initiatives in art and culture from Skopje and the Faculty of things that can not be learned from Bitola, within the project Cultural Spaces for Active Citizens realized with the support of the Program CIVICA mobilitas.

CIVICA Mobilitas is a project of the Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC), implemented by NIRAS from Denmark, the Macedonian Center for International Cooperation (MCIC) from Macedonia and the Swedish Institute for Public Administration (SIPU) from Sweden.

The application is open from May 17 till June 11

 The right to participate have the students of the Faculty of Architecture Skopje, students at the Faculty of Art and Design Skopje and students at the Faculty of Fine Arts,Skopje, as well as all other students who will meet the requirements of the application as well as young professionals from who have completed architectural or art education in the last three years.

The three best solution will receive an award and all of the participants will receive certificates for participation.

Proposed solution will be evaluated by a jury consisting of :

– Dejan Ivanovski- architect

– Slobodanka Stefcevska- artist

– Maksim Naumovski- architect

For more information below>>

СТУДЕНТСКИ КОНКУРС

ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА НОВ ВНАТРЕШЕН ПРОСТОРЕН КОНЦЕПТ (DREAM SPACE) НА ПОСТОЕЧКОТО КИНО ВО ЖЕЛЕЗНИЧКА ЗГРАДА НА УЛИЦА БОРКА ТАЛЕВСКИ 26 ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

1.      ОПШТИ ИНФОРМАЦИ

1.1 Вовед

Се распишува студентски конкурс за доставување на предлози со идејно решение за нов внатрешен просторен концепт (dream space) на постоечкото кино во Железничка зграда во центарот на Скопје.

Идејното решение треба да содржи предлог за просторно уредување на постоечкото кино за негово можно функционирање како простор за заедницата (станарите на Железничка зграда) и простор за креирање и реализација на културна и уметничка содржина.

Функционирањето како простор за заедницата подразбира можност за негово користење од жителите, од различна возраст (како на пример, простор за играње на шах на пензионерите од Железничка зграда, креативни работилници за децата кои живеат во зградата, заедничка библиотека итн.)

Функционирањето како простор а креирање и реализација на културна и уметничка содржина подразбира идејното решение да содржи предлози за функционално адаптирање на просторот за реализација на филмски проекции, изложби, перформанси и камерни претстави, музички концерти и слично.

Предложеното идејно решение треба да биде во релација со контекстот во кој се наоѓа овој простор и функционалноста на зградата и станарите кои живеат во неа.

 

1.2 Организација на конкурсот

Конкурсот се организира од страна на здруженијата на граѓани Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата од Скопје и Факултет за работи што не се учат од Битола, во рамки на проектот Културни Простори за Активни Граѓани реализиран со поддршка на Програмата Цивика Мобилитас

Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска

 

2.      ПРОГРАМА и КРИТЕРИУМИ НА КОНКУРСОТ

 

2.1 Право на учество

Право на учество имаат студенти на Архитектонски факултет Скопје, студенти на Факултетот за арт и дизајн (ЕУРМ) Скопје и студенти на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) Скопје,како и млади професионалци од што завршиле архитектонско или ликовно образование во последниве три години, како и сите други студенти кои ќе ги задоволат барањата на конкурсот.

 

2.2 Времетраење на конкурсот

Конкурсот се отвора на 16 мај (среда) и трае до 11 јуни (понеделник).

Дополнителни прашања во врска со конкурсот може да се испратат на e/маил адресата contact@lokomotiva.org.mk во периодот од 17 мај (четврток) до 24 мај (четврток).

 

2.3 Конкурсна апликација

Секој заинтересиран учесник кој го исполнува правото на учество треба да поднесе конкурсна апликација со идејно решени кои ги содржи следниве документи:

  • сите потребни основи во размер М=1:50
  • сите потребни пресеци и изгледи во размер М=1:50
  • 3Д презентација на идејните решенија со прикази на главните квалитети и елементи на решението
  • концептуални и функционални шеми (дијаграми) на решението
  • посебен акцент на програмската анализа која е вметната во идејниот проект
  • образложение на решението како текстуален дел кој треба да содржи од 300 до 500 зборови со кириличен фонт (македонска поддршка)

 

2.4 Дополнителни информации за просторот за кој треба да се изработи идејно решение

За подетално запознавање со карактеристиките на просторот на постоечкото кино во Железничката зграда ќе може да превеземете:

План на киното

Железничка згрда_фотографии

 

Исто така на 20 мај недела од 12-13 часот ќе се организира посета на просторот, во чии рамки заинтересираните апликанти ќе може дополнително да го документираат – фотографираат просторот и се запознаат со неговата курентна состојба.

 

2.5 Доставување на конкурсната апликација

Комплетната конкурсна апликација со потребните документи се доставува во:

  • печатена формат – 50/70 см, вертикално поставени, фиксирани на тврда подлога од картон или сличен материјал и
  • дигитален формат како слики (ЈПГ, ТИФФ, ДВГ и ПДФ) на снимени на ЦД

 

Документите од конкурсната апликација се достават во затворен плик со назнака: “ЗА КОНКУРС ЗА „DREAM SPACE”

Во горниот лев агол треба да стои “НЕ ОТВОРАЈ ПРЕД СЕСИЈА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ”

Во горниот десен агол да биде напишана идентификациката цифра од 5 броја на апликантот.

 

Документите од конкурсната апликација се доставуваат на 11 јуни (понеделник) во периодот од 11 до 17 часот во Кино Култура на улица Луј Пастер бр. 3 (општина Центар).

 

Организаторот не е одговорен за пратките кои се оштетени во текот на транспортот или пред да бидат доставени до организаторот.

 

2.6 Анонимност на конкурсот

Секој учесник или тим може да учествува само со едно конкурсно решение. Ова конкурсно решение треба да биде означено со идентификациска шифра составена од 5 броја кои ќе бидат избрани од учесникот или тимот. Идентификациската шифра треба да биде јасно означена на сите прилози на конкурсното решение и тоа во горниот десен агол како црни отпечатени бројки на бела подлога со висина на бројки од 10 мм. и широчина од 50 мм. Идентификациската шифра се поставува и на опаковката од ЦД со дигиталниот запис на конкурснотот решение.

Заедно со конкурсното решение учесниците се должни да достават и запечатен мал коверт со нивната идентификациска шифра и со следните информации внатре во ковертот:

–       идентификациска шифра

–       име и преземе на авторот / авторите

–       име и презиме на сите учесници во конкурсното решение

–       контакт адреса, телефон, е-маил адреса

Исто така, со конкурсното решение учесниците се должни да достават запечатен коверт за враќање на ненаградените конкурсни решенија на нивните автори означен со нивната идентификациската шифра и со следните информации внатре во ковертот:

–       адреса на која треба да се испрати трудот

2.7 Комисија

Доставените идејни решенија ќе бидат разгледани и оценети од страна на стручна комисија во состав:

Дејан Ивановски – архитект

Слободанка Стевчевска – ликовна уметница

Максим Наумовски – архитект

 

Комисијата ќе ги избере трите најдобри решенија кои ќе бидат наградени со прва, втора и трета награда.

 

2.8 Критериуми за оценување

Пристигнатите конкурсни решенија ќе бидат оценувани од страна на жири комисијата согласно следните критериуми:

–       креативност на решението

–       концептуална и програмска издржаност на решението

–       техничка издржаност и можност за реализација на решението

 

2.9 Дисквалификација

Од понатамошна постапка за оценување ќе бидат исклучени сите конкурсни решенија за кои комисијата ќе утврди дека:

  • конкурсното решение е пристигнато по крајниот рок, како час и датум, за доставување на решенијата
  • е компромитирана анонимноста на конкурсното решение
  • постои обид од авторот да се влијае на работата на жири комисијата
  • не се задоволени минимум стандардите за архитектонски проект, условите и програмата на конкурсот дадени со тендерската документација

 

Одлуката за дисквалификација на конкурсното решение може да ја донесе само жири комисијата на основа на дефинираните услови, и откако ќе направи увид во сите пристигнати конкурсни решенија.

 

2.10 Награди

Согласно изборот направен од страна на комисијата, ќе бидат доделени 3 симболични парични награди:

Прва награда    15.000 денари бруто

Втора награда    9.000 денари бруто

Трета награда    6.000 денари бруто

 

2.11 Авторски права

Со предавање на конкурсната апликација регистрираните учесници и авторите на конкурсните решенија ги прифаќаат и се согласни со сите услови дефинирани со оваа документација, програмата, условите и критериумите на конкурсот.

Авторите на наградените конкурсни решенија се согласни дека сумата за наградата или откупот се крајниот надомест за безусловно користење на авторските дела-конкурсните решенија. Со доделувањето на наградите организаторот  се стекнува со право на користење на авторските дела-конкурсните решенија за целите за кои тие се изработени, нивна реализација и изведба на начин и на места за кои ќе оцени дека се соодветни за таа намена.

Авторите на наградените конкурсни решенија се согласни дека нема да побаруваат дополнителен ангажман или надомест во било која форма врз основа на добиената награда и исплатените суми.

 

2.12 Резултати од конкурсот

Резултатите од конкурсот, врз основа на направениот записник од работатата на жири комисијата ќе бидат објавени најдоцна до 18 јуни 2018 година на веб страната на организаторот.

 

2.13 Доделување на наградите

Доделувањето на наградите ќе биде јавно во рамки на настан од јавен карактер организиран во киното на Железничка зграда. Настанот ќе се реализира во месец јуни 2018 година. Датумот и часот ќе бидат дополнително објавени на веб страната на организаторот.

 

Во рамки на настанот ќе биде организирана ИЗЛОЖБА на сите или избор од пристигнатите конкурсни решенија.

Во рамки на овој настан сите учесници на конкурсот ќе добијат Сертификат за учество.

 

3.      ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

 

Конкурс за идејно решение за нов внатрешен просторен концепт (dream space) во рамките на постоечкото кино во Железничка зграда во центарот на Скопје е во рамки на проектот Културни простори за активни граѓани во организација на ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста (Скопје) во партнерство со здружението за култура и уметност Факултет за работи што не се учат – ФРУ (Битола/Скопје), и во соработка со друштвото за театарски и едукативни работи Театар на Навигаторот Цветко (Скопје) и здруженијата на граѓани Плоштад Слобода (Скопје) и Гласен Текстилец (Штип)

 

Проектот Културни простори за активни граѓани е резултат на потребите и проблемите со кои се соочуваат претставници на граѓанскиот сектор од културата и уметноста, нивните конституенти и поширокиот граѓански сектор, а тоа е недостатокот од јавни простори, и недостапноста до постоечките кој влијае на продукција и дисеминација на релевантни општествени содржини. Јавните простори каде ќе се продуцира и дисеминира граѓанската идеолошка парадигма постојат како модели и истите се двигатели на активни граѓани кои свесно делуваат во развојот на јавниот простор. Иницијалната идеја за креирање на простор кој недостасува во полето на современите изведувачки уметности Кино Култура (развиен како проект на Локомотива во соработка со Театар на Навигаторот Цветко) и неговото отворање покажа една поширока потреба за простор за продукција, презентација и дискусија на граѓанскиот сектор. Локомотива следејќи ги потребите направи истражување и иницираше проект „Дисонантни Ко-простори“ каде заедно со партнери од регионот се бави со компаративна анализа и истражување на потребите од јавни простори наменети за граѓанскиот сектор. Своето професионално искуство преку ова истражување, но и раководење со Кино Култура, Локомотива преку оваа акција сака да го мултиплицира, и да го развие заедно со партнерот ФРУ и соработниците, не само на просторот Кино Култура, туку и на уште три специфични простори (Офицерски Дом во Битола, КУЦ ТЕКСТИЛ во Штип и Киното на Железничка зграда во Скопје).

 

Моделирање на простори каде ќе се генерира содржината на граѓанскиот сектор претставува еден од механизмите кои помагаат граѓанскиот сектор не само да има поголема видливост, туку и поголеми ефекти.

Преку работа во и со просторот Железничка зграда, целта е да се развие модел на управување со културен простор за жителите во одредена зграда во соработка со поширокиот граѓански сектор. Проектот  „Културни простори за активни граѓани“ има за цел да продуцира механизми, протоколи и инструменти со кои ќе се овозможи директно учество на конституентите и граѓаните во креирањето на јавните содржини. Проектот исто така има за цел да работи на моделирање на управувањето со овие простори каде ќе промовира нови практики и вредности како отвореност, транспарентност и отчетност, кои ќе влијаат во развој на позитивни општествени промени.

Проектот „Културни простори за активни граѓани“ делува во насока на развој на платформа за соработка и ко-управување со јавни простори преку учество и соработка помеѓу граѓанскиот сектор, конституентите и локалната власт. Проектот има за цел да развие  механизми за вклучување и (ко)управување, како и поддршка и развој на релевантни социо-политички содржини од полето на културата. Исто така, ќе овозможи услови за продукција и видливост на нови современи културни содржини од актери од граѓанскиот сектор, кои одговорно се бават со релевантни социо-културни и политички прашања. Оваа акција е базирана на здружување на искуства и знаење кои ќе се мултиплицираат и развијат, а ќе придонесат кон развој на модели за раководење со простори каде ќе се афирмира јавното, слободната граѓанска мисла и делување. Во овие простори ќе добијат на видливост и можност за реализација акциите на соработниците од поширокиот граѓански сектор (млади, човекови и родови права, работнички права итн.).  Исто така една од целите на проектот  е да делува и во доменот на застапување и промена во јавните политики (просторни и културни), преку анализа на состојбата на одреден простор и реафирмација на истиот за јавна употреба.

„Културни простори за активни граѓани е акција“ синоним на здружено делување со цел позитивни општествени промени како и зголемена видливост и зајакнување на соработката во граѓанскиот сектор преку културата.

 

Контекст/историја на активности реализирани во Железничка зграда

Идејата да се работи на киното во железничка зграда е произлезено од работата на проектот IBCT(If buildings could talk /Кога зградите би зборувале) во периодот 2015-2017 година.

„Кога зградите би зборувале“ е започнат како регионален проект(Скопје/Белград/Загреб) чија цел е отворање, истражување и користење на нови облици на заедничко градење на капацитети за повеќедимензионално откривање на минатото, сегашноста и иднината на одреден јавен простор како и неговото историско и политичко значење во коректниот локален контекст, сé со цел зацврстување и активирање на врската/дијалогот со одредена заедница. Исто така, овој проект се стреми преку користење на современи уметнички приоди да се придонесе кон подигањето на свеста за улогата на уметноста и културата во општествениот контекст и важноста во актуелизирањето и креативното решавање на општествено – политички прашања.

 

Оваа  идеја произлезе директно од неколкугодишната меѓусебна соработка и заеднички интерес на организациите/партнери: „ФРУ – Факултет за работи што не се учат“ од Скопје, „Фрлачи на сенки“ од Загреб и „Супервизуелна“ од Белград, со цел пред сé, за создавање на силен, флексибилен, инспиративен, креативен дијалошки и дискурзивен простор/рамка за заедничко создавање, размена на знаење и општествено делување во полето на интердисциплинарните изведувачки, антрополошко-урбанистички и општествено – ангажирани истражувања на просторот.

 

Оваа идеја во својата прва фаза беше поддржана од  Balkans Arts and Culture Fund и подразбира истражување на зградите: Железничка зграда во Скопје, комплексот на згради Белвил во Белград и Фабриката Пенкала – Мостер во Загреб како и работилници со станарите и со студенти, архитекти, планери но и сите заинтересирани за овие прашања во периодот од октомври 2015 – септември 2017 година. Во рамките на овој проект досега се остварени повеќе различни активности во директна соработка и комуникација со станарите, поточно куќниот совет на Железничка зграда а таму беше спроведена и една изложба насловена „Колективна одлука“ во која учествуваа неколку уметнички колективи меѓу кои: Свирачиња, Скопје; КУЛА, Скопје; Група Елементи, Битола; Мирјана Боба Стојадиновиќ, Белград; Владан Јеремиќ и Рена Радле (Белград); Ивана Ивковиќ, BADco.(Загреб); Нада Прља и Даниел Серафимовски (Скопје); Проект „Културен лифт“, Јелена Пашиќ и Матија Краљ, (Загреб).

Исто така беше одржано и предење на Ведран Хорват од Институтот за политичка екологија од Загреб, и двата настани во рамки на ПОП АП АКТО Фестивалот за современи уметности во Скопје (23-28.09.2016)  кој го продуцира организацијата ФРУ.

Во октомври 2017 година во просторот на Железничка зграда се одржа настан со наслов КОГА ЗГРАДИТЕ БИ ЗБОРУВАЛЕ кој се состоеше од една панел дискусија и изведба на перформативно – истражувачки проект.

Станува збор за повеќеслоен и мултидисциплинарен проект кој подразбира истражувачки

процес публикуван во форма на перформанс на уметникот Филип Jовановски во соработка со архитектот-истражувач Дејан Ивановски како и конференција и публикација, сето тоа курирано од Ивана Васева.

Во центарот на овој проект е Железничка зграда, уникатна зграда во Скопје градена

кон крајот на 40-тите години на минатиот век, пример за социјално живеење и делување која во своите рамки вклучува и кино и периметарски блок кој уоквирува двор.

Проектот беше дел од фестивалот „Млад отворен театар“ во Скопје, во рамки на придружната програма и е во соработка со проектот „Културни простори за активни граѓани” во партнерство со ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста.

 

 

 

 

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.