/македонски подолу/
United again, this time through their festivals Performance Platform Festival (PPF) & Firstborn Girl (PPZH), Lokomotiva and Tiiiit Inc. are inviting you to the performance WORLD WITHOUT WOMEN by Olga Dimitrijević and Maja Pelević.
The performance that won the Audience award at the Bitef festival in 2022, will be presented at the Academy Stage of Faculty of Dramatic Arts Skopje on May 16th at 8 PM. The performance will be followed by a conversation with the authors moderated by Kalia Dimitrova from Meduza, within the Lokomotiva and Tiiiit! Inc. discursive platform – A Missing Dialogue.
The entrance is free. Due to the limited number of seats, if you would like to secure your seat, please make a reservation at tiiiit.inc@gmail.com
Supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia, Embassy of Sweden, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund and Sigrid Rausing Trust.
Production: Bitef Festival and Centre for Cultural Decontamination, Belgrade, Serbia
Concept, text, performance: Olga Dimitrijević and Maja Pelević
Choreography and stage movement: Igor Koruga
Music: Anja Đorđević, Vladislav Rac
Video: Deana Petrović
Costume: Selena Orb
Light design: Nikola Zavišić
Organisation: Filip Perić
Texts used in the performance by: Silvia Federici, Angela Dimitrakaki, Valeria Graziano, Katja Praznik, Danielle Child, Helena Reckitt, and Jenny Richards
Song used in the performance by: Lira Vega – Posledice rada
About the production:
Women and work – that is the major topic of the project World Without Women. The authors start with research on structural inequalities in Serbian theatre: gender inequality, unequal wages, normalized violence, reproduction of patriarchal capitalist patterns. The research opens up the questions: who has the right to work, under which conditions, and how much should they be paid for it? The performance examines the extents of engaged art today, and how love (for art) represents the most insidious source of social repression.
With all its regulations, specific features and status, theatre might seem displaced from “normal” life, but it still does represent a good case study for wider social processes. Therefore, the question of women and work is not only treated within the context of theatre but also as the key motive for the deliberation about some future emancipatory policies. If we are unable to overcome the power relations and come up with some new models in theatre, in which we create different and new worlds, how could we expect to do it in the real world? The performance goes beyond counting, quotes, and the frames of liberal feminism, and is trying to open the space for visualising political and affective actions which intervene in the existing system and the structures of inequalities. Can we again imagine union struggle in theatre? How about women’s union? What if the women in theatre went on strike? Would it be caused by low wages or by sexism and misogyny they are constantly exposed to? A slalom through those topics takes us to an attempt to search for a new language, a political, theatrical and poetic one – a new language of women, work, and the left for the days to come.
About the Authors:
MAJA PELEVIĆ has obtained her BA at the Faculty of Drama Arts in Belgrade and a PhD at the University of Arts in Belgrade, Department of Theory of Arts and Media. Her plays (Orange Peel/Pomorandžina kora, Me or Someone Else/Ja ili neko drugi, Bollywood, Belgrade Berlin, Maybe We Are Mickey Mouse/Možda smo mi Miki Maus…) have been translated into many languages and staged throughout Serbia and Europe, and also published in numerous anthologies. Since 2012, she has been active in directing, auteur projects (They Live/Oni žive, Consequences/Posledice, Hopelessness/Nema nade, Freedom: the Most Expensive Capitalist Word/Sloboda je najskuplja kapitalistička reč, Lonely Planet), and performing in her own plays. She has received numerous major awards, among which are “Borislav Mihajlović Mihiz” for playwrighting, and Sterija Award for the best contemporary play for Orange Peel and The Last Little Girls/Poslednje devojčice. She lives and works in Belgrade and in Bečići. She wishes for the apocalypse.
OLGA DIMITRIJEVIĆ was born in 1984 in Belgrade, SFRY. In her work, she explores the topics of social struggles and injustices, female friendship and solidarity, queer histories, borders of political imagination, and the possibilities of a better world. She is the author of many plays (My Dear/Moja ti, The Folk Play/Narodna drama, Workers Die Singing/Radnici umiru pevajući…), and auteur projects (Red Love/Crvena Ljubav based on the novel by Alexandra Kollontai, Freedom: the Most Expensive Capitalist Word/Sloboda je najskuplja kapitalistička reč, Lepa Brena Project with Vladimir Aleksić, Lonely Planet with a group of authors, Radio Šabac, Drama about the End of the World/Drama o kraju sveta). She has worked as a dramaturge on many performances in Serbia and abroad and has received several awards for her work. She participated in the International Forum – Theatertreffen in 2019. She lives and works between Belgrade and Rijeka. She often dreams of revolution.
From the reviews:
“World Without Women” is a fiercely ironic and entertaining performance. The dialogues are especially lucid, comically effective, and saturated with debunking comments about the unjust capitalist patriarchy in which we live. – Politika
As performers, Maja and Olga evoke enthusiasm and playfulness. It’s no wonder this performance won Bitef’s audience award. – Vreme
Spontaneous, clever, politically and ideologically precise and subversive − with its playful mise-en-scène and endlessly charming performance, this play works both as a stand-up routine as well political agitation, which makes it certainly one of the most pleasant surprises of this year’s Bitef and it does not surprise it was the audience’s favorite. – Nin
Повторно здружени, овој пат низ своите фестивали ПЕРФОРМАНС ПЛАТФОРМА и ПРВО ПА ЖЕНСКО #12, ЛОКОМОТИВА и Тиииит! Инк. ве канат на изведбата на претставата СВЕТ БЕЗ ЖЕНИ на авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ.
Претставата која ја освои наградата од публиката на Фестивалот БИТЕФ во 2022 година, ќе биде изведена на 16ти мај на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје со почеток во 20 часот. По изведбата, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Тиииит! Инк. – Дијалогот што недостасува, ќе следи разговор со авторките модериран од Калиа Димитрова од Медуза.
Влезот е слободен. Поради ограничениот број седишта, доколку сакате да го осигурате своето место, ве молиме да направите резервација на tiiiit.inc@gmail.com
Програмата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Embassy of Sweden, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund и Sigrid Rausing Trust.
Концепт, текс и изведба: Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ
Продукција: Битеф Фестивал и Центар за културна деконтаминација, Белград, Србија.
Кореографија и сценски движења: Игор Коруга
Музика: Ања Ѓорѓевиќ, Владислав Рац
Видео: Деана Петровиќ
Корим: Селена Орб
Дизајн на светло: Никола Завишиќ
Организација: Филип Периќ
Во претставата се користени текстови на Силвиа Федеричи (Silvia Federici), Ангела Димитракаки (Angela Dimitrakaki), Велериа Грациано (Valeria Graziano), Катја Празник (Katja Praznik), Дениел Чајлд (Danielle Child), Хелена Рекит (Helena Reckitt) и Џени Ричердс (Jenny Richards).
Песна која се користи во претставата: Последици од работата (Posledice rada) – Лира Вега (Lira Vega)
За претставата:
Жените и работата – тоа е главниот мотив на проектот Свет без жени. Авторките тргнуваат од истражувањето за структурните нееднаквости во театарот во Србија: родова нееднаквост, нееднаквост во плати, нормализирано насилство, репродукција на патријархални капиталистички матрици. Истражувањето ги отвора прашањата: кој има право на работа, под кои услови и колку треба да биде/ат платен/а/и? Претставата ги пропрашува размерите на ангажираната уметност денес и љубовта (кон уметноста) како најподмолен извор на социјална репресија.
Со сите свои правила, специфики и статус, може да се причини дека театарот е далеку од „нормалниот“ живот, но тој сепак претставува добра студија на случај за пошироките општествени процеси. Затоа, прашањето за жените и работата не се третира само во контекст на театарот, туку и како клучен мотив за промислување некои идни еманципаторски политики. Ако не можеме да ги надминеме односите на моќ и да смислиме некои нови модели во театарот, низ кои создаваме поинакви и нови светови, можеме ли да очекуваме дека тоа ќе ни успееме во реалниот свет?
Претставата ги надминува пребројувањето, цитатите и рамките на либералниот феминизам и се обидува да отвори простор за визуелизирање на политички и афективни дејства кои интервенираат во постоечкиот систем и структурите на нееднаквости. Можеме ли одново да ја замислиме синдикалната борба во театарот? А женски синдикат? Што ако жените во театарот покренат штрајк? Дали тоа би било предизвикано од ниските плати или од сексизмот и мизогинијата на кои постојано се изложени? Слаломот низ тие теми нè носи до обид да бараме нов јазик, политички, театарски и поетски – нов јазик на жените, работата и левицата за деновите што доаѓаат.
За авторките:
МАЈА ПЕЛЕВИЌ дипломирала на ФДУ Белград и докторирала на оделот за Теорија во уметноста и медиумите на Универзитетот за уметности во Белград. Нејзините пиеси (Кора од портокал/Pomorandžina kora, Јас или Некој друг/Ja ili Neko drugi, Боливуд, Белград Берлин, Можеби ние сме Мики Маус/Možda smo mi Miki Maus…) се преведени на повеќе јазици, поставувани низ Србија и Европа и објавени во бројни антологии. Од 2012 активно режира, развива авторски проекти (Тие живеат/Oni žive, Последици/Posledice, Нема надеж/Nema nade, Слобода е најскапиот капиталистички збор/Sloboda je najskuplja kapitalistička reč, Lonely Planet), и ги изведува своите пиеси. Добитничка е на повеќе важни награди, меѓу кои и на наградата “Борислав Михајловиќ Михиз” за пишување драми и на Стеријина награда за најдобра современа драма за Кора од портокал и за Последните девојчиња/Poslednje devojčice. Живее и работи во Белград и Бечиќи. Посакува апокалипса.
ОЛГА ДИМИТРИЈЕВИЌ е родена во 1984 во Белград, СФРЈ. Во својата работа ги истражува темите на општествените борби и неправди, женското пријателство и солидарност, квир историите, границите на политичката имагинација и можностите за подобар свет. Авторка е на повеќе пиеси (Моја ти/Moja ti, Фолк драма/Narodna drama, Работниците умираат пеејќи/Radnici umiru pevajući…) и на авторските проекти (Црвена Љубов/Crvena Ljubav базиран на новелата на Александра Колонтај (Alexandra Kollontai), Слобода е најскапиот капиталистички збор/Sloboda je najskuplja kapitalistička reč, Лепа Брена Проект/Lepa Brena Project со Владимир Алексиќ, Lonely Planet со група автори, Радио Шабац/Radio Šabac, Драма за крајот на светот/Drama o kraju sveta). Работела како драматург на многу претстави во Србија и за својата работа има добиено неколку награди. Во 2019 учествувала на меѓунардониот форум Theatertreffen. Живее и работи помеѓу Белград и Ријека. Често сонува за револуција.
Извадоци од критиките:
„Свет без жени“ е смело иронична и забавна претстава. Дијалозите се особено луцидни, комично ефектни и изобилуваат со разголувачки коментари за неправедниот капиталистички патријархат во кој живееме. – ПОЛИТИКА
Како изведувачки, Маја и Олга предизвикуваат ентузијазам и разиграност. Не е ни чудо што оваа претстава ја освои наградата од публиката на Битеф. – ВРЕМЕ
Спонтана, умна, политички и идеолошки прецизна и субверзивна – со својот разигран mise-en-scène и бескрајно шармантна изведба, оваа претстава функционира и како стенд-ап шоу и како политичка агитација, што без друго ја прави едно од најпријатните изненадувања на овогодинешниот Битеф, па не изненадува тоа што ѝ е омилена на публиката. – НИН