#ArchiveOfReflections Where are we now, and where are we going?

/македонски подолу/

 

ACT: Art Climate Transition/ Other spaces

Contemporary Culture and Cultural Policies

#ArchiveOfReflections/ Where are we now, and where are we going?

May/ June/ July 2020

 

For video interviews click here lokomotivaonline and subscribe to our YouTube channel.

Facing these unpredictable times and our already fragile position in society, we found ourselves in need of urgent reflection with our colleagues, partners and friends.

Therefore, we decided to extend and dedicate part of our 2020 programme “Contemporary Culture and Cultural Policies” to reflection on the changing conditions brought about by the actual pandemic situation, which affected our programmes, working conditions, international collaborations, artistic production, production of knowledge, etc.

We wanted to create an archive of reflections on the mentioned conditions, and on the present and upcoming socio-political and economic effect on arts and culture in societies as ours, with fragile working conditions of cultural workers and artists, as well as in societies with a more organized system of cultural production and support.

Therefore, we invited our colleagues – cultural workers, artists, critics, civil society activists – to suggest, speculate, criticize – or think and reflect – on issues including culture of solidarity, production and distribution of knowledge in these times, new models of support for contemporary production, measures to overcome the precarious position of artists and cultural workers.

We want to think of these archives of reflections as an attempt to create a new public space since the existing one has been taken away by the virus.

All the invited collaborators gave their reflections on the questions below in a self-recorded video interview published on Lokomotiva’s YouTube channel for easy distribution.

 

Questions:

  1. What is your take on culture of solidarity in these times of COVID-19 and how can we produce it?
  2. What knowledge are we producing in culture and art now, and how should we produce and distribute knowledge?
  3. What have we learned from the crisis? Can we develop different post-crisis modes and conditions of art and cultural production, which will allow basic sustainability and reduce the precarious position of cultural workers and artists?
  4. Does the COVID-19 crisis bring forward the idea of social equality, social states and, perhaps, universal basic income? How can this be reflected in culture and arts?
  5. What political and policy approaches you would foresee in your field of work, or how it should be changed in future? (For example, what the theatre has learned from this crisis and what political and policy approaches should be developed for its change? Or how the theatre should change in future?

 

 

Starting from Wednesday, 27 May, Lokomotiva will share each day of the week a self-recorded video interview.

Collaborators from all around the world who supported this initiative, and whose reflections you will be able to hear in the next period on Lokomotiva’s YouTube and its social media pages are (in alphabetical order):

 

  1. Agnes Quaqels (Belgium) lokomotivaonline
  2. Aleksandra Sekulić (Serbia) lokomotivaonline
  3. Anastasia Proshutinskaya (Russia) lokomotivaonline
  4. Andreas Liebmann (Denmark/Switzerland) lokomotivaonline
  5. Antisezona – Sonja Pregrad, Iva Nerina Sibila and Silvia Marchig (Croatia) lokomotivaonline
  6. Danae Theodoridou (Greece/Belgium) lokomotivaonline
  7. Dea Vidović (Croatia) lokomotivaonline
  8. Dragana Alfirević (Serbia/Slovenia) lokomotivaonline
  9. Eva Johansone (Lativa) lokomotivaonline
  10. Ivana Dragšić (North Macedonia) lokomotivaonline
  11. Ivana Vaseva (North Macedonia) lokomotivaonline
  12. Janez Janša (Slovenia) lokomotivaonline
  13. Jasmina Vasileva (North Macedonia) lokomotivaonline
  14. Jordan Šišovski (North Macedonia) lokomotivaonline
  15. Kirsten Maar (Germany) lokomotivaonline
  16. Kumjana Novakova (North Macedonia) lokomotivaonline
  17. Marijana Cvetković (Serbia) lokomotivaonline
  18. Milica Ilić (Serbia/France) lokomotivaonline
  19. Nevenka Koprivšek and Maja Vižin (Slovenia) lokomotivaonline
  20. Predrag Cvetičanin (Serbia) lokomotivaonline
  21. Rok Vevar (Slovenia) lokomotivaonline
  22. Senka Anastasova (North Macedonia/USA) lokomotivaonline
  23. Tzveta Andreeva (Bulgaria/Holland) lokomotivaonline
  24. Ursula Eagly (USA) lokomotivaonline
  25. Uta Lambertz (Germany) lokomotivaonline
  26. Violeta Simjanovska (North Macedonia/Finland) lokomotivaonline
  27. Vladimir Jančevski (North Macedonia) lokomotivaonline
  28. Zvonimir Dobrović (Croatia) lokomotivaonline

 

All interviews are in English

 

*   *   *

 

#ArchiveOfReflection

Text and programmed by Biljana Tanurovska Kjulavkovski and Violeta Kachakova

Coordinated by Zorica Zafirovska

 

#ArchiveOfReflection is developed as part of the Contemporary Culture and Cultural Policies programme of Lokomotiva in Kino Kultura, which is funded by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia, and part of the Other Spaces programme of the ACT project: Art Climate Transition, co-funded by the Creative Europe Programme of the European Union.

______________________________________________________________

/македонски

 

AKT: Уметност, Клима, Промена/ Други простори

Современа култура и културни политики

#АрхиваНаРефлексии/ Каде сме сега, и каде одиме?

Мај/ јуни/ јули 2020 година

 

За видео интервјуа кликнете тука lokomotivaonline на нашиот YouTube канал.

Во овие непредвидливи времиња и веќе соочени со нашата кревка позиција во општеството, имаме итна потреба од рефлексија со нашите колеги, партнери и пријатели.

Затоа, решивме да ја прошириме програмата „Современа култура и културни политики“ од 2020 година и дел од неа да посветиме на размислувања и рефлексии за променливите услови предизвикани од моменталната состојба на пандемија која влијаеше на нашите програми, условите за работа, меѓународните соработки, уметничката продукција, создавањето и ширењето на знаењата итн.

Во овие услови сакавме да создадеме архива на размислувања за сегашните и претстојните социо-политички и економски влијанија врз уметноста и културата во општествата како нашето, кои имаат многу кревки услови за работа на културните работници и уметници, како и во општествата со поорганизиран систем на поддршка на културната продукција.

Затоа, поканивме наши колеги – културни работници, уметници, критичари, активисти на граѓанското општество – да предложат, шпекулираат, критикуваат – односно да промислат и рефлектираат – на прашања кои се однесуваат на културата на солидарност, создавање и ширење на знаењата во овие времиња, нови модели на поддршка на современа продукција, и мерките за надминување на несигурната прекаријатната позиција на уметниците и културните работници.

Ние мислиме дека оваа архива на рефлексии е обид за создавање нов јавен простор, бидејќи веќе постоечкиот е одземен од вирусот.

Сите поканети соработници ги споделија свои размислувања за прашањата подолу во форма на самостојно снимено видео интервју кое е објавено на YouTube каналот на Локомотива за лесна достапноста и дистрибуција.

 

Прашања:

  1. Што претставува за вас култура на солидарност во време на COVID-19 пандемијата и како можеме истата да ја создаваме?
  2. Какво знаење во моментов создаваме во културата и уметноста, и како да создаваме и шириме знаење?
  3. Што научивме од кризата? Можеме ли да развиеме различни посткризни методи и услови за културна и уметничка продукција, што ќе овозможат базична одржливост и ќе ја намалат прекаријатната позиција на културните работници и уметници?
  4. Дали COVID-19 кризата ја приближува идејата за социјална еднаквост, социјална држава и, можеби, универзален основен приход? Како ова може да влијае/се примени на културата и уметноста?
  5. Кои политики и политички пристапи ги предвидувате во вашата област на работа, или како тие треба да се променат во иднина? (На пример, што може да научи театарот /или било која друга дејност/ од оваа криза и кои политики и политички пристапи треба да се развијат за негова промена? Или, како театарот треба да се промени во иднина?)

 

Почнувајќи од среда, 27 мај, Локомотива ќе споделува секој работен ден по едно видео интервју.

Соработници од целиот свет кои ја поддржаа оваа иницијатива и чии рефлексии ќе можете да ги слушнете во следниот период на YouTube каналот на Локомотива и социјалните медиуми се (по азбучен ред):

 

  1. Агнес Квакелс (Белгија) lokomotivaonline
  2. Александра Секулиќ (Србија) lokomotivaonline
  3. Анастасија Прошутинска (Русија) lokomotivaonline
  4. Андреас Либман (Данска / Швајцарија) lokomotivaonline
  5. Антисезона – Соња Преград, Ива Нерина Сибила и Силвија Марциг (Хрватска) lokomotivaonline
  6. Виолета Симјановска (Северна Македонија / Финска) lokomotivaonline
  7. Владимир Јанчевски (Северна Македонија) lokomotivaonline
  8. Данае Теодориду (Грција / Брисел) lokomotivaonline
  9. Деа Видовиќ (Хрватска) lokomotivaonline
  10. Драгана Алфиревиќ (Србија/ Словенија) lokomotivaonline
  11. Ева Јоханон (Латвија) lokomotivaonline
  12. Звонимир Добровиќ (Хрватска) lokomotivaonline
  13. Ивана Васева (Северна Македонија) lokomotivaonline
  14. Ивана Драгшиќ (Северна Македонија) lokomotivaonline
  15. Јанез Јанша (Словенија) lokomotivaonline
  16. Јасмина Василева (Северна Македонија) lokomotivaonline
  17. Јордан Шишовски (Северна Македонија) lokomotivaonline
  18. Кирстен Маар (Германија) lokomotivaonline
  19. Кумјана Новакова (Северна Македонија) lokomotivaonline
  20. Маријана Цветковиќ (Србија) lokomotivaonline
  21. Милица Илиќ (Србија / Франција) lokomotivaonline
  22. Невенка Копрившек и Маја Вижин (Словенија) lokomotivaonline
  23. Предраг Цветичанин (Србија) lokomotivaonline
  24. Рок Вевар (Словенија) lokomotivaonline
  25. Сенка Анастасова (Северна Македонија/ САД) lokomotivaonline
  26. Урсула Игли (САД) lokomotivaonline
  27. Ута Ламберц (Германија) lokomotivaonline
  28. Цвета Андреева (Бугарија / Холандија) lokomotivaonline

 

Сите интервјуа се на англиски јазик

 

*   *   *

#АрхиваНаРефлексии

Текст и програмски уредници: Биљана Тануровска Ќулавковски и Виолета Качакова

Координатор: Зорица Зафировска

 

#АрхиваНаРефлексии е активност развиена како дел од програмата „Современа култура и културни политики” на Локомотива во Кино Култура, која е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.