Vladimir Jancevski intervention

/македонски подолу/

 

Art, Politics, Institution, Body

Failure as Practice, Skopje online edition

Artistic Direction, Concept: Darko Dragičević

 

Intervention 5

Performance, Concept: Vladimir Jančevski (Skopje)

Saturday, December 19, 2020

Even though it was Saturday, it was one of my busiest days lately.

My wife texted me that we run out of diapers for our little boy. I immediately thought that it will be impossible to be on time before closing at 16:00.

I left earlier, and with a backpack and a bag walking with a faster pace, I tried to cover in one minute a walking distance to the nearest pharmacy that usually takes me three and a half minutes.

I failed.

 

Task:

Do something you think is impossible at this moment.

 

* In less than 1 minute or maximum up to 1 minute (no longer!!!)

In only 1 take, only 1 try-out (no repeating!)

In 1 continuous shot (no editing!)

In colour and with sound

You are the only performer of this Task – SOLO Intervention

Location: exterior, outside your flat

You can shot with your phone and camera.

Camera assistance is possible.

 

Vladimir Janchevski (1984 / Skopje) independent researcher based in Skopje, working simultaneously in the field of contemporary art and visual studies. He is interested in interdisciplinary art practices and image theory, art and politics, iconoclasm and ‘image wars’.

Since 2004 he co-organized, curated and participated in numerous events: group exhibitions, collaborative projects, lectures and public discussions. He was a core member of the art initiative KOOPERACIJA (2012-2015).

Since 2011 collaborates with CVS-Skopje, participated in several international conferences and organized public lectures in Skopje. He authored more than 50 texts on contemporary art and visual culture.

 

*****

 

Failure as Practice

 

The project is implemented in partnership between the author Darko Dragičević and Lokomotiva and it is realised within the programme “Art, Politics, Institution, Body” curated by Biljana Tanurovska Kjulavkovski, produced by Violeta Kacakova and coordinated by Zorica Zafirovska. The implementation of the project is supported by the Goethe-Institute, Skopje.

 

____________________________

/македонски

 

Уметност, политика, институција, тело

Интервенција на Владимир Јанчевски 

„Неуспехoт како пракса“, Скопје онлајн едиција

Сабота, 19-ти декември 2020 година

 

Концепт, уметничка насока: Дарко Драгичевиќ (Берлин, Германија)

 

Интервенција 5

Изведба, концепт: Владимир Јанчевски (Скопје, Р.С. Македонија)

И покрај тоа што беше сабота, тоа беше еден од деновите во кои бев најзафатен во последно време.

Mојата жена ми ми испрати порака дека немаме пелени за нашето мало момче. Веднаш помислив дека ќе биде невозможно да стигнам на време, пред да затворат во 16:00 часот.

Сепак, со ранец и торба тргнав порано и со брзо темпо се обидов да стигнам до најблиската аптека за една минута, иако е на оддалеченост за која вообичаено ми требаат три и пол минути одење.

Не успеав.

 

Задача:

Направете нешто што сметате дека е невозможно во овој момент.

 

* За помалку од 1 минута или максимум до 1 минута (не повеќе !!!)

Во само 1 обид, само 1 проба (без повторување!)

Во 1 континуирана снимка (без уредување!)

Во боја и со звук

Вие сте единствениот/ата изведувач/ка на оваа задача – СОЛО Интервенција

Локација: надворешност, надвор од вашиот стан

Може да снимате со вашиот телефон или камера.

Можeте да користите помош при користењето на камера.

 

 

Владимир Јанчевски е роден во 1984 година и е независен истражувач од Скопје, кој паралелно работи на полето на современата уметност и визуелните студии. Се интересира за интердисциплинарни уметнички практики и теорија на сликата, односот уметност и политика, иконокастички акти и визуелни конфликти.

Од 2004 организирал, курирал и учествувал на бројни настани, групни изложби, колаборативни проекти, предавања и јавни дискусии во земјата и странство. Бил член на јадрото на уметничката иницијатива КООПЕРАЦИЈА (2012-2015).

Од 2011 година соработува со ЦВС-Скопје, учествувал на повеќе меѓународни конференции и организирал јавни предавања во Скопје. Автор е на повеќе од 50 текстови за современа уметност и визуелна култура.

 

*****

Неуспехот како пракса

 

Проектот се спроведува во партнерство помеѓу авторот Дарко Драгичевиќ и Локомотива и се реализира во рамките на програмата „Уметност, политика, институција, тело“ куриранa од Билјана Тануровска Ќулавковски, продуциранa од Виолета Качакова и координиранa од Зорица Зафировска. Имплементацијата на проектот е поддржана од Гете-институтот, Скопје.