Violeta Kachakova presented NOMAD Dance Academy as a successful example of regional cooperation within “Imagine – Create – Share” promotion and networking seminar for the EU programme for support of the cultural cooperation in the Western Balkans

/македонски подолу/

On 5th and 6th of February in the European House in Skopje, a seminar was held with the purpose of presenting the new EU program for support of the cultural cooperation in the Western Balkans, organized by the Department of Creative Europe within the Ministry of Culture of the Republic of Northern Macedonia.

The focus of the seminar was the presentation of the new program for financing the cultural cooperation in the Western Balkans, presentation of successful projects of regional and European cooperation, presentation of cultural operators from the region, creation of opportunities for promotion of regional cultural cooperation, networking and establishing partnerships for creating quality and relevant projects that would apply to the program.

Violeta Kachakova participated in the seminar program and presented NOMAD Dance Academy – Regional Platform for Contemporary Performing Arts as an example of good regional cooperation practice, which has been continuously working for 15 years in the development of contemporary performing arts in the Balkans and beyond in Europe.

The seminar was opened by H.E. Samuel Zbogar, Ambassador of the European Union Delegation and Dr. Hisni Ismaili, Minister of Culture of the Republic of Northern Macedonia. Ms Helene Skikos, Programme Manager, DG EAC (coordinator for mobility of artists and international dimension of Creative Europe) was also presented herself at the seminar. The program was explained to the participants at the seminar by the mangers of the cultural contact points responsible for implementing EU programs in the field of culture from Northern Macedonia, Bulgaria, Croatia and Slovenia. Cultural operators from Northern Macedonia, Bulgaria, Greece and Kosovo presented examples of regional and European co-operation. The seminar also presented the work of Kooperativa – Regional Platform for Culture and the program for support of cultural cooperation in South-Eastern Europe by Kultura Nova Foundation in Croatia.


Виолета Качакова ја претстави НОМАД танц академија како успешен пример на регионална соработка во рамки на семинарот за промоција и вмрежување „Визуелизирај – Креирај – Сподели” на програмата на Европската Унија за поддршка културна соработка на Западен Балкан  

На 5-ти и 6-ти февруари во просторот на European House во Скопје се реализираше семинар во рамки на кој се претстави новата програма на ЕУ за поддршка на културна соработка на Западен Балкан во организација на Одделението за Креативна Европа на ЕУ при Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Во фокусот на семинарот беше претставувањето на новата програма за финансирање на културната соработка во Западен Балкан, претставување на успешни проекти на регионална и европска соработка, претставување на културни оператори од регионот, креирање можност за унапредување на регионална културна соработка, вмрежување и воспоставување на партнерства за креирање на квалитетни и релевантни проекти кои би се пријавиле на програмата.

Виолета Качакова учествуваше во програмата на семинарот и ја претстави регионалната платформа за современи изведувачки уметности НОМАД танц академија како пример на добра пракса на регионална соработка, која веќе 15 години во континуитет работи на развој на современите изведувачи уметности на Балканот и пошироко во Европа.

Семинарот беше отворен од Н.Е. Самуел Жбогар, Амбасадор во Делегацијата на Европската Унија и  д-р Хисни Исмаили, Министер за култура на Република Северна Македонија. На семинарот се претстави и г-ѓа Хелене Скикос, Менаџер на Програма, Ген.Дир. ЕАК ЕК (Координатор за мобилност на артисти и интернационална димензија на Програмата Креативна Европа). Програмата беше образложена пред учесниците на семинарот од страна на раководителите на културно-контактните точки одговорни за имплементација на програмите на ЕУ во полето на културата од Северна Македонија, Бугарија, Хрватска и Словенија. Со примери на регионални и европски соработки  се претставија културни оператори од Северна Македонија, Бугарија, Грција и Косово. Во рамки на семинарот се претстави и работата на „Регионална платформа за соработка во полето на културата – Кооператива” и програмата за поддршка за културната соработка во Југо-источна Европа на фондацијата Култура Нова од Хрватска.