Online Promotion of the video: “We vote!”

/македонски подолу/

 

Co-colaboration programme/ Research and video production

“We vote!”/ Online promotion

Tuesday, September 14, 2021

produced in collaboration with Civil

The video We vote!, is a result of the cooperation of the organizations Lokomotiva – Center for New Initiatives in Art and Culture, and CIVIL – Center for Freedom. The cooperation of these two organizations, one in the field of art, the other working in the field of human rights and freedoms was realized as part of the Election Health Check project organized by the non-governmental organization Unhack Democracy from Hungary, with the support of the Fund for Culture of Solidarity of the European Cultural Foundation and Friedrich Neumann Foundation for Freedom.

The main goal of the Election Health Check project is to produce a series of short videos inspired by research by Unhack Democracy and other election monitoring organizations, which identify key issues related to electoral integrity, electoral irregularities and fraud in Central and Eastern Europe. and the Balkans. This multinational project includes specific messages with which artists from the local context convey the findings of research by pro-democracy organizations in the countries in which they work.

In the process of creating the video, We vote! The Lokomotiva Skopje team invited artist Filip Jovanovski, a visual artist and cultural worker working on socially engaged and interdisciplinary art projects, to jointly create the artistic solution for the video. For the basis of this video, Lokomotiva used CIVIL research focused on the protection of electoral integrity and process.

About the project

The goal of the project is the transmission of an artistic video message that uses facts, concrete research and reports made by non-governmental organizations that work as observers of the democratic processes in the country.

The transnational Election Health Check project is coordinated by the pro-democracy group Unhack Democracy. The project aims to produce a series of videos created by creative teams inspired by Unhack Democracy investigations and election observers – Civil (Republic of Northern Macedonia) and Crta (Republic of Serbia) for election irregularities and fraud in Hungary, Northern Macedonia and Serbia. The videos were created by well-known organizations, local artists and activists from these countries who advocate for solidarity and systematic change, for the protection of electoral integrity in order to expose the abuse of electoral processes and voters. Videos posted on YouTube, social media and broadcast on several televisions will be informative and should inform viewers of their civil rights, and encourage them to take an active part in the democratic process.

Title of the video: We vote!

 

Created by: Lokomotiva- Centre for new initiatives in arts and culture in collaboration with Civil Center for Freedom

Artistic development: Filip Jovanovski (artistic concept), Biljana Tanurovska and Zorica Zafirovska (creative consultants)

Actress: Izabela Jakimska

Research and political consultations: Xhabir Deralla and Biljana Jordanovska

Production and postproduction: Vertigo Visual

Photography used in the video: Vancho Dzambaski

 

Text of the video: We vote!

The politicians are chosen by the people to represent them.

There were a number of election processes over the past decade.

But, WERE THEY DEMOCRATIC?

Who voted, how, and did everyone vote?

Lower voter turnout creates conditions for a better position of corrupt politicians.

I’m thinking: Should I vote? Who should I VOTE for?!

My generation should vote in the next elections, but vote for whom?

FOR CITIZENS WHO DON’T:

DESTROY PUBLIC SPACES,

CREATE DIVISIONS AND FEAR!

CUT TREES DOWN,

CORRUPT,

FORGE AND RIG ELECTIONS!

SPREAD FAKE NEWS AND HATRED!

DESTROY NATURE FOR THE PROFIT OF FEW, AT THE COST OF MANY!

In the next elections, vote for:

CITIZENS WHO:

LISTEN TO US, THE PEOPLE,

BUILD PARKS, NOT PARKING LOTS,

DON’T ISOLATE THE COUNTRY AND DON’T MONOPOLIZE THE INSTITUTIONS,

BUILD A SOCIETY FREE FROM XENOPHOBIA, VIOLENCE AND NATIONALISM.

BUILD A BETTER FUTURE FOR ALL!

These are the real citizens!

THEY SHOULD PROVIDE US:

CLEAN AIR,

HUMANE HEALTH CARE,

NON-CORRUPT JUDICIARY,

EXCELLENT EDUCATION,

DEVELOPMENT OF CULTURE AND ART,

FREE THOUGHT AND SPEECH,

GENDER EQUALITY AND RIGHTS FOR ALL MARGINALIZED GROUPS.

VOTING IS A RESPONSIBILITY, A RIGHT, NOT A PRIVILEGE!

Better citizens for a better future!

*****

The video We vote! was created by Lokomotiva – Center for New Initiatives in Art and Culture in cooperation with CIVIL – Center for Freedom as part of the project Election Health Check by Unhack Democracy and is supported by European Cultural Foundation’s and Friedrich Naumann Foundation for Freedom.

The Friedrich Naumann Foundation for Freedom is not responsible for the content of this video, or for any use that may be made of it. The views expressed herein are those of the author(s) alone. These views do not necessarily reflect those of the European Cultural Foundation’s and Friedrich Neumann Foundation for Freedom.

https://www.lokomotiva.org.mk/about-us/

https://www.civil.org.mk/profile-of-civil/


/македонски

Со-соработки програма/ истражување и продукција на видео

Гласаме!/ онлајн промоција

Вторник, 14 септември 2021

во соработка со Цивил

Видеото Гласаме! е резултат на соработката помеѓу организациите Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и ЦИВИЛ – Центар за слобода. Соработката помеѓу овие две организации, од кои едната работи во областа на уметноста, а другата во полето на човековите права и слободи, е реализирана како дел од проектот Election Health Check во организација на невладината организација Unhack Democracy од Унгарија, со поддршка од Фондот за култура на солидарност при Европската културна фондација и Фондацијата за слобода Фридрих Науман.

Основната цел на проектот Election Health Check е да произведе серија кратки видеа инспирирани од истражувањата на Unhack Democracy и други организации кои работат на изборен надзор и ги идентификуваат суштинските проблеми кои се однесуваат на изборниот интегритет, изборните нерегуларности и измами во Централна и Источна Европа и Балканот. Овој проект вклучува конкретни пораки со кои уметниците од локалниот контекст ги пренесуваат заклучоците од истражувањата на продемократските организации од земјите во кои работат.

Во процесот на создавање на видеото Гласови!, тимот на Локомотива, Скопје го покани Филип Јовановски, визуелен уметник и културен работник кој работи на социјално ангажирани и интердисциплинарни уметнички проекти, заедно да го создадат уметничкото решение за видеото. За основата на ова видео, Локомотива ги користеше истражувањата на ЦИВИЛ кои се фокусираат на заштита на изборниот интегритет и процес.

За проектот:

Суштината на проектот е да се пренесе уметничка видео порака која користи факти, конкретни истражувања и извештаи направени од невладини организации кои работат како набљудувачи на демократските процеси во државата.

Повеќенационалниот проект Election Health Check е координиран од продемократската група Unhack Democracy. Проектот има за цел да произведе серија видеа создадени од креативни тимови инспирирани од истрагите на Unhack Democracy и набљудувачите на избори – Цивил (Р. Северна Македонија) и Црта (Р. Србија) за изборни нерегуларности и измами во Унгарија, Северна Македонија и Србија. Видеата се создадени од познати организации, локални уметници и активисти од овие земји кои се залагаат за солидарност и систематска промена и за заштита на изборниот интегритет со цел да се разоткрие злоупотребата на изборните процеси и гласачите. Видеата кои ќе бидат поставени на Јутјуб и социјалните медиуми и ќе бидат емитувани на неколку телевизии ќе бидат од информативен карактер и служат да ги известат гледачите за нивните граѓански права и да ги охрабрат активно да учествуваат во демократскиот процес.

Линк од кратката верзија од видеото

Создадено од: Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со ЦИВИЛ центар за слобода

Уметнички развој: Филип Јовановски (уметнички концепт), Биљана Тануровска – Ќулавковски и Зорица Зафировска (креативни советнички)

Актерка: Изабела Јакимова

Фотографии: Ванчо Џамбаски

Истражувачки и политички советници: Џабир Дерала и Билјана Јордановска

Продукција и постпродукција: Вертиго Висуал

ГЛАСАМЕ!
(видео текст)

Политичарите се избрани од граѓаните за да ги претставуваат.
Во изминатата декада имаше голем број изборни процеси.
Но, ДАЛИ TИЕ БЕА ДЕМОКРАТСКИ?
Кој, како и дали гласаше?
Помалата излезност создава услови за подобра позиција на корумпираните политичари.
Размислувам: Дали да гласам? За кого да ГЛАСАМ?!
Мојата генерација треба да гласа на Следните Избори, но за кого?

ЗА ГРАЃАНИ КОИ НЕ:
КОИ НЕ УНИШТУВААТ ЈАВНИ ПРОСТОРИ
ВНЕСУВААТ ПОДЕЛБИ И СТРАВ!
СЕЧАТ ДРВЈА,
КОРУМПИРААТ,
ФАЛСИФИКУВААТ И КРАДАТ ИЗБОРИ!
ШИРАТ ЛАЖНИ ВЕСТИ И ОМРАЗА!
ЈА УНИШТУВААТ ПРИРОДАТА ЗА ПРОФИТ НА МАЛКУМИНА!

На следните избори гласајте за:
ГРАЃАНИ КОИ:
НЀ СЛУШААТ НАС, ГРАЃАНИТЕ,
ГРАДАТ ПАРКОВИ А, НЕ ПАРКИНЗИ,
НЕ ЈА ИЗОЛИРААТ ЗЕМЈАТА И НЕ ГИ МОНОПОЛИЗИРААТ ИНСТИТУЦИИТЕ,
ГРАДАТ ОПШТЕСТВО БЕЗ КСЕНОФОБИЈА, НАСИЛСТВО И НАЦИОНАЛИЗАМ.
ГРАДАТ ПОДОБРА ИДНИНА ЗА СИТЕ!

Тоа се вистинските граѓани!
ТИЕ ТРЕБА ДА НИ ОВОЗМОЖАТ:
ЧИСТ ВОЗДУХ,
ХУМАНО ЗДРАВСТВО,
НЕКОРУМПИРАНО СУДСТВО,
ОДЛИЧНО ОБРАЗОВАНИЕ,
РАЗВОЈ НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА,
СЛОБОДНА МИСЛА И ГОВОР,
РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ПРАВА НА СИТЕ МАРГИНАЛИЗИРАНИ ГРУПИ.

ГЛАСАЊЕТО Е ОДГОВОРНОСТ, ПРАВО А НЕ ПРИВИЛЕГИЈА!
Подобри граѓани за подобра иднина!

*****

Видеото Гласаме! е креирано од Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода како дел од проектот Election Health Check на Unhack Democracy и поддржано од Европската фондација за култура и Фондацијата за слобода Фридрих Науман.

Фондацијата за слобода Фридрих Науман не е одговорна за содржината на ова видео или за начинот на кој истото може да биде употребено. Ставовите изразени овде се само на автор/ите. Овие ставови не ги одразуваат ставовите на Фондацијата за слобода Фридрих Науман.

https://www.lokomotiva.org.mk/about-us/

https://www.civil.org.mk/profile-of-civil/