“Urban Gardens: Connective Tissues”, process project by Ana Lazarevska

/македонски подолу/

 

ACT: Art Climate Transition/ Other Spaces

“Urban Gardens: Connective Tissues” durational project by Ana Lazarevska

Friday, December 24, 2021/ 4 pm-6 pm, 

@ Greenhouse, Faculty of Pedagogy, Skopje

In this development/process project, Ana Lazarevska presents part of her research which is based on careful and unrushed observation of nature and society, their functions, relations, and ways of functioning as a system. She compares them to the system by which the human body functions, which exists in its complexity as nature does, which depends on the functionality of the organs, their connection, the environment in which it develops and lives, depends on external influences, trauma, safe keeping, love , care, etc. By deconstructing the body, she reflects on the process of creating and on the bodies and systems in which they function, i.e. how cells combine to form tissues, tissues to form organs, and organs to form organisms that exist in systems – social systems and ecosystems.

Ana draws an analogy between the complexity of the ecosystem and the social system, as well as the body as a system, in order to point out that every unhealthy cell disrupts systems and their functioning. Anna’s research also focuses on the anthropocene, which denotes the period during which human activity disrupts healthy cells in the ecosystem, and thus its existence.

Using the approach of observing and taking the time to think things through, she opposes all haste, or achieving a result at any cost, effectiveness, and all else that is an approach driven by capitalism because of the focus on consumption, rush, the speed at which the consumption market moves. With her way of working, she opposes that which drives the anthropocene, and carefully builds the image of the system of urban gardens she conceives as urban – connective tissues – spaces that can be developed and connected in the ecosystem of the city, a functional unit that also connects, creates a sense of connectedness, ownership and responsibility for the environment that belongs to us – for public space.

In a caring way, Ana shows us those tissues in the city and builds a visual landscape – installation – where she maps devastated, destroyed spaces and points to how they can be developed and framed into common spaces – urban gardens, where we will safe keep, build care for the other, for other beings and nature, the public space, the community. Through her work, Ana alerts us to all those tissues that we do not see, but should start seeing, and carefully develop them into spaces that will enable us to act, to share, create and contribute to the development of a whole, a body – of our own urban environment.

She points out that together we can heal the tissues we have inadvertently destroyed, and produce urban gardens as spaces – connective tissues of the city where connection, interaction, exchange and harmonization of individual cells in community building takes place.

Ana builds her sensory decree by artistic intervention in space through an interactive installation developed through map, photographs, QR codes and meditation, which is temporary, developed in a temporal dimension, i.e. it is a kind of performing otherness in public space, which “performs a proposal” on further inclusion of the community and careful attitude towards the public space and environment.

 

Tekst na Biljana Tanurovska – Kjulavkovski

 

The event starts at 4pm in the greenhouse behind the Faculty of Pedagogy (Drezdenska 15) and will take place until 6pm. Ana Lazarevska will document the event as part of the process and “performance of a proposal”, which will be used as material in the further development of this development / process author’s project.

In 2021, Lokomotiva – Centrer for New Initiatives in Arts and Culture organized several events as part of the programme Other Spaces / Art Climate Transition, related to culture and environment, including the conference Culture in Times of Crisis and a lecture by Jovana Timotijević entitled Politics of the Commons, as well as research and development of the work Urban Gardens: Connective Tissues by artist Ana Lazarevska.

This programme aims to open spaces where questions will be raised and the role and responsibility of culture and art in our society will be mapped. That is, their political action, and relation to issues related to the erosion and appropriation of public good and environmental disaster. We also believe that the gradual opening of these issues in the field of culture and art will build awareness, create policies and actions that oppose extractivistic practices, the devastation of the public, i.e. advocating for the development and preservation of the public good and environment.

 

Ana Lazarevska (1987) is a visual artist whose primary media of expression include photography, drawings, interactive and participative installations. In her private and professional artistic practice, she elaborates on topics related to perception, communication, identity, and the complexity of the individual self. Her work is often set to evoke an active, sensual, and above all–tactile interaction with the recipient, by creating a space that induces self-reflective experience.
Lazarevska graduated at the Faculty of Fine Arts in Skopje. During her studies, she spends a scholarship-funded semester at the Art Academy in Zagreb and has attended the Summer School of Fine Arts in Salzburg, Austria. Her approach toward artistic expression has been significantly influenced by various residencies, including 2Angles in Normandy, Press to Exit in Skopje, ISA in Ohrid and more.
Some of her individual and group exhibitions are: “In and out of the fragmented Self” (duo show with Jianan Qu, curator Vladimir Janchevski, Mala Stanica, Skopje); “IN BETWEEN STATES: New art from Macedonia,” (selected artists from Macedonia, curator John Blackwood, Peacock Visual Arts, Aberdeen); “Bodies of Water” (individual interdisciplinary project, MKC, Skopje).

 

#artclimatetransition #urbangardens #otherspaces #conectivetissues

***

 

The artistic research is realized in collaboration with Faculty of pedagogy and is developed as part of the Other Spaces programme of the ACT: Art, Climate, Transition project, co-funded by the EU’s Creative Europe Programme and the City of Skopje.

Photography: Ana Lazarevska.

Lokomotiva team: Biljana Tanurovska-Kjulavkovski – programme director, Blagica Petrova – financial and project manager, Zorica Zafirovska – programme coordinator, Gjurgica Hristovska – administrator, Stefan Bogeski – production coordinator, Jana Acevska – design, and Kristina Todoroska Petreska – public relations.

 


АНА ЛАЗАРЕВСКА Урбани градини сврзни ткива

Check out the photo album above. / Погледнете го фото албумот погоре.

/македонски

 

AKT: Уметност Клима Промена/ Други Простори

„Урбани градини: сврзни ткива“ долготраен проект на Ана Лазаревска  

Петок, 24-ти декември 2021 година/ 16:00-18:00 

@ Стакларник, Педагошка Академија, Skopje 

Во овој развоен/процесен проект Ана Лазаревска прикажува дел од своето истражување кое е основано на внимателно и неизбрзано набљудување на природата и општеството, нивните функции, релации, и начини на функционирање како систем. Таа нив ги споредува со системот на кој функционира човечкото тело, кое постои во својата комплексност како и природата, кое зависи од функционалноста на органите, нивната поврзаност, средината во која се развива и живее, зависи од надворешните влијанија, од траумите, негата, љубовта, грижата итн. Деконструирајќи го телото таа го промислува процесот на создавање и на телата и системите во кои тие функционираат, односно како клетките се комбинираат за да формираат ткива, ткивата за да формираат органи, а органите да формираат организми, кои постојат во системи- општествените системи и екосистеми.

Прави аналогија помеѓу комплексноста на екосистемот и општествениот систем, како и телото како систем, сакајќи да посочи дека секоја нездрава клетка ги нарушува системите и нивното функционирање. Во фокус на истражувањето на Ана е и антропоцената која го претставува времето кога човекот ги нарушува здравите клетки во екосистемот а со тоа и неговото постоење.

Со својот пристап на набљудување и земање време да се промислат работите, таа се спротиставува на секоја избрзаност, резултат по секоја цена, ефективност и се’ останато како пристапи на кои не тера капитализмот, поради центрираноста околу потрошувачката, брзината, брзото што го придвижува пазарот на конзуменција. Таа со својот начин на работа се спротиставува на двигателот на антропоцената, и внимателно ја гради сликата за системот на урбани градини кои ги промислува како градски -сврзни ткива- простори кои може да се развијат и поврзуваат во екосистем на градот, функционална единица која и поврзува, создава чувство на поврзаност, сопственост и одговорност за средината која ни припаѓа, – за јавниот простор.

Ана на еден грижлив начин ни посочува кои се тие ткива во градот и гради визуелен пејсаж – инсталација- каде мапира девастирани, разрушени простори и укажува како тие да се развијат и врамат во заеднички простори- урбани градини, каде ќе згрижуваме, ќе ја градиме грижата кон другиот, кон другите битија и природата, јавниот простор, заедницата. Таа со ова претставување преку своето дело ни укажува на сите оние ткива кои не ги гледаме, а треба да почнеме да ги гледаме, и внимателно да ги развиваме во простори кои ќе ни овозможуваат да дејствуваме, да делиме, создаваме и да придонесеме во развојот на една целина, тело – на својата градска средина.

Таа укажува дека можеме заедно да ги заздравиме ткивата кои сме ги уништиле со невнимание, и да произведеме урбани градини како простори – сврзни ткива на градот каде се случува поврзување, интеракција, размена и хармонизирање на индивидуалните клетки во градење на заедници.

Својот сензорен указ го гради со уметничка интервенција во простор преку интерактивна инсталација развиена преку мапа, фотографии, QR кодови и gif, кој е времена, развиена во една темпорална димензија, односно е еден вид на изведување на другост во јавен простор, кое „изведува предлог“ за понатамошно вклучување на заедницата и внимателен однос кон јавниот простор и средина.

 

Текст на Биљана Тануровска – Ќулавковски.

 

Настанот ќе започне во 16:00 во стакларникот позади Педагошка академија (Дрезденска 15) и ќе се одвива до 18:00. Ана Лазаревска како дел од процесот и „изведбата на предлог“ ќе го документира настанот, кој како материјал ќе го употреби во развој понатака на овој развоен/процесен авторски проект.

***

Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата во 2021 година во рамки на програмата „Други простори“/Уметност Клима Промена, организираше неколку настани поврзани со теми околу културата и екологијата, и тоа: конференцијата „Културата во време на криза“  и предавање на Јована Тимотијевиќ „Политики на заедничкото“, како и истражувањето и развојот на дело Урбани градини: сврзни ткива на  уметницата Ана Лазаревска.

Целта на оваа програма е да се отворат простори каде ќе се зачнат прашања и ќе се мапира улогата и одговорноста на културата и уметноста во нашето општество. Односно, нивното политичко делување, и релација со прашања кои се однесуваат на ерозијата и присвојувањето на јавното добро и еколошката катастрофа. Исто, сметаме дека постепеното отворање на овие прашања во полето на културата и уметноста, ќе изгради свест, ќе креира политики да делувања кои се спротиставуваат на екстрактивистичките пракси, девастацијата на јавното, односно залагање за развој и зачувување на јавното добро и средина.

 

Ана Лазаревска (1987) е визуелна уметница која се изразува преку фотографија, цртеж, интерактивни и партиципативни инсталации. Во приватните и уметничките практики, обработува теми поврзани со перцепцијата, комуникацијата, идентитетот и комплексноста на индивидуата. Нејзините дела често изискуваат активна сетилна (пред сè тактилна) интеракција од реципиентот, предизвикувајќи себерефлектирачко искуство.
Лазаревска завршила високо образование на Факултет за ликовна уметност во Скопје. Во текот на студиите, како стипендист, студира еден семестар на Ликовната академија во Загреб, како и на летната школа на уметностите во Салцбург. Својот уметнички израз го оформува на повеќе уметнички резиденции (2Angles во Нормандија, Прес ту егзит во Скопје, ISA во Охрид и други).
Некои од проектите на Лазаревска се: „Внатре и надвор од себството“ (изложба во соработка со Џанан Чу, куратор Владимир Јанчевски, Мала станица, Скопје); “IN BETWEEN STATES: Нова уметност од Македонија” (избрани уметници од Македонија, куратор Џон Блеквуд, Peacock Visual Arts , Абердин) и „Од тела кон тело низ водени форми“ (индивидуален интердисциплинарен проект, МКЦ, Скопје).

#artclimatetransition #urbangardens #otherspaces #conectivetissues

***

Реализирацијата на уметничкото истражување e во соработка на Педагошкиот факултет, а се развива се развива како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија и Град Скопје.

Фотографија: Ана Лазаревска.

Тим на Локомотива: програмска директорка Биљана Тануровска-Ќулавковски, проектна и финансова менаџерка Благица Петрова, координаторка на програмата Зорица Зафировска, администраторка Ѓурѓица Христовска, координатор на продукција Стефан Богески, дизајн Јана Ацевска и односи со јавност Кристина Тодороска Петреска.

 


Other activities within the project:

ACT project activities 2022

ACT project activities 2021

ACT project activities 2020

ACT project activities 2019