“Urban Forests” – Virtual exhibition by Oliver Musovik

/македонски подолу/

 

ACT: Art Climate Transition/ Other Spaces 

Programme of Lokomotiva in Kino Kultura

“Urban Forests”

Virtual exhibition of Oliver Musovik

November 27, 2020 – January 12, 2021

@ Kunstmatrix platform

 

Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Art and Culture in 2020 within the programme “Other Spaces” supported the development of three contemporary art works by the local artists Zorica Zafirovska, Oliver Musovik and Filip Jovanovski.

>> see the exhibition at this link  (https://www.youtube.com/watch?v=yL6yRVEv1Rw) <<

By using different media, the artists in their works are referring to a particularly important topics related to the ecology, seen as a dynamic category of interconnected ecological, social, democratic, as well as cultural processes of everyday life. The works explore and deal with the public space, environment, urban planning of the city and the right to decide on special planning and development of the environment in which we live. The works include research, documentation and artistic presentation of green areas, from the planning of the urban greenery and afforestation as part of the urban policies and the spatial planning to the civic grassroots initiatives for development of urban gardens in certain neighbourhoods and quarters.

 

* * *

OLIVER MUSOVIK is the first artists to present his work within the programme with his photographic project “URBAN FORESTS”, which we can follow as a virtual exhibition on the Kunstmatrix platform, in the period from 27.11.2020 to 12.11.2021.

<About the exhibition>

Trees are one of nature’s most resilient creations and they play a vital role in making our cities liveable. From public parks to residential gardens to street trees, every aspect of a city’s vegetation, no matter how small, makes up a part of its larger ‘urban forest’. But as urban densification increases, buildings are replacing more and more trees, and though that loss may not be immediately felt, it is significant.
The photographic research project of the urban and peri-urban forestry in Skopje investigates the politics of space and environment in the specific local context. It takes a form of an urban landscape photographic series that maps and documents individual trees on the level of the street against a backdrop of the built environment, groupings of trees, parks, and other urban woodlands. It is not a scientific, environmental project, although it uses some convergent trans-disciplinary approaches in its methodology, but rather a personal, poetic view of the shrinking nature in the city by one of its inhabitants.

Text by Biljana Tanurovska – Kjulavkovski

 

<Biography>

Musovik has held solo exhibitions in North Macedonia, Switzerland, Slovenia, Serbia, Australia, and Montenegro. He has also been part of many international exhibitions of graphic and contemporary arts around the world.  He has been artists in residence in Germany, the Czech Republic, Switzerland, Korea, the United States, and France. Musovik has works in several public collections. His works are published in several publications-contemporary art magazines by the world’s most prominent publishers of art literature.

* * *

The exhibition is developed as part of the project “Programme of Lokomotiva in Kino Kultura – project space for contemporary performing arts and contemporary culture”, which is funded by the City of Skopje, and part of the Other Spaces programme of the project “ACT: Art, Climate, Transition”, co-funded by the Creative Europe Programme of the European Union


/македонски

 

AKT: Уметност, Клима, Промена/ Други простори

Програма на Локомотива во Кино Култура

„Урбани шуми“

Виртуелна изложба на Оливер Мусовиќ

27 ноември 2020 година – 12 јануари 2021 година

@ Kunstmatrix платформа

>> изложбата може да ја проследите на линк <<

Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата во 2020 година во рамки на програмата Други просториподдржа развој на три современи уметнички дела на домашните уметници Зорица Зафировска, Оливер Мусовиќ и Филип Јовановски.

Користејќи различни медиуми, уметниците преку своите дела се бават со исклучително важни теми поврзани со екологијата, која ја разгледуваат како динамична категорија на меѓусебно поврзани, еколошки, општествени, демократски, како и културни процеси на секојдневното живеење. Делата истражуваат и се бават со јавниот простор, животната средина, урбаното планирање на градот и правото на одлучување на уредување и развивање на средината во која живееме. Делата опфаќаат истражување, документација и уметничка презентација на зелените површини, од планирање на градското зеленило и пошумување како дел од урбаните политики и просторното планирање до граѓански грасрут инцијативи за развој на урбани градини во одредени градски маала и четврти.

* * *

ОЛИВЕР МУСОВИЌ прв ќе се претстави во рамки на програмата со неговиот фотографски проект „УРБАНИ ШУМИ“ кој ќе може да го проследиме како виртуелна изложба на платформата Кунстматрикс, во периодот од 27.11.2020 до  12.11.2021

< За изложбата >

Дрвјата се едни од најотпорните креации на природата кои играат важна улога во правењето на нашите градови погодни за живот. Од јавните паркови, преку општествените градини, па до уличните дрвја, секој аспект на вегетацијата на градот, без разлика колку е мал, сочинува дел од неговата поголема „урбана шума“. Но, како што се зголемува густина на градовите и зградите заменуваат сè повеќе дрвја, се поголема е загубата на градското зеленило кое не секогаш е веднаш видливо, но секако таа загуба е значајна.

Проектот за фотографско истражување на урбаните и пери-урбаните шуми во Скопје ја испитува просторните политики и политиките кон животната средина во специфичниот локален контекст.

Резултатот на проектот е дигитална фотографска серија на урбани пејзажи, која мапира и документира индивидуални дрвја на ниво на улица наспроти позадина на изграденото опкружување, групи на дрвја, паркови и други урбани шуми во Скопје. Ова не е научен, еколошки проект, иако во својата методологија користи некои конвергентни трансдисциплинарни пристапи, туку личен, поетски поглед на еден од жителите на градот за тоа како природата во градот се повлекува.

Текст на Биљана Тануровска – Ќулавковски

 

<Биографија>

Оливер Мусовиќ (1971) самостојно изложувал во Македонија, Швајцарија, Словенија, Србија, Австралија и Црна Гора. Учествувал на бројни групни графички изложби и изложби на современа уметност низ целиот свет. Учествувал и на резиденцијални престои во Германија, Чешка, Швајцарија, Кореја, САД, и Франција. Негови дела се застапени во повеќе јавни колекции и се публикувани во повеќе публикации – прегледи на современа уметност од најзначајните светски издавачи на уметничка литература.

 

* * *

 

Уметничките продукции се развиваат како дел од проектот „Програма на Локомотива во Кино Култура-проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура” финансиран од Град Скопје, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.


 

Other activities within the project:

ACT project activities 2022

ACT project activities 2021

ACT project activities 2020

ACT project activities 2019