THE ULTIMATE – open queer and drag workshops with Aleksandar Georgiev and Darío Bardam

/македонски подолу/

 

Contemporary choreography and dance/ Queer body/ Workshop

THE ULTIMATE– second edition by Aleksandar Georgiev and Darío Barreto Damas

September 22-24, 2021

@ Kino Frosina, Youth cultural center

Due to compliance with the 19 protocols, it is necessary to present a vaccination certificate or a certificate of eligibility with a validity of not older than 45 days.

Lokomotiva is organizing THE ULTIMATE – the second part of the series of open queer and drag workshops with Aleksandar Georgiev and Darío Bardam in Skopje that will happen in Kino Frosina where we will have the opportunity to share and open new spaces and forms of expression and grow the drag culture…

Wednesday, Thursday and Friday next week at 17:30 hour in the space of Kino Frosina we will have will share our experiences and the local and the future drag queens, so send us e-mail on lokomotivaskopje2015@gmail.com.

THE ULTIMATE – throughout this workshop we will spend time decoding the queer potentials of lip-syncing, looking at it as a practice embedded in drag culture where disidentification and redistribution of meaning can take place.

What if we understand lip-syncing as a practice of celebration and protest? What are the processes in which popular references help us to disrupt normative narratives? What are the choreographic poetics of lip-syncing? The existing gap between the lip-sync performer and the actual song could be considered a container of potentials, what is it to spend time in there? How do these potentials get actualised?

We will takle these questions in the form of cabaret/burlesque lip-syncing numbers. Join us in a journey of realness, emphasis, dreams and insistence. The ultimate show is yet to be seen.

Photos:

https://flic.kr/s/aHsmWRWmeF

Biographies

Aleksandar Georgiev – Ace is a choreographer/cultural worker. He has been part of formal and non-formal educational programs such as NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low, and Passing Through and Critical Practice program (3rd generation). He graduated from the Master program in Choreography at DOCH, Stockholm, in 2014.

He has been exploring nomadic approaches in terms of working base, constantly replacing himself, but it is in the last 4 years when, while working, he defined four places he considers home/locality, (Stockholm, Sofia, Skopje and Tenerife).

Lately, he initiated the choreographic research CO-series. The research works with different artistic practices and methods exploring the ideas of co-existence, hyper and holography through the prism of dance and choreography.

He is a member of NGOs such as Lokomotiva (North Macedonia), Garage Collective (Bulgaria) and Interimkultur (Sweden). He is also a member of the network NOMAD (Balkan countries).

 

Darío Barreto Damas is a freelance dancer working in the field of dance and choreography. Darío is based in Sofia, Skopje, Stockholm and Tenerife.

Throughout his work, Darío focuses on the emancipation/independence of dance and in spaces of de-contextualisations/dis-identifications.

His formal education takes place at Teatro Victoria (Tenerife), Institut del Teatre, (Barcelona) and DOCH (Stockholm). At the moment he is studying the MA Program in Choreography and Performance at Justus-Liebig-Universität, Giessen.

Darío is a member of the NGOs Lokomotiva (North Macedonia) and Interimkultur (Sweden).

***

Queer Body Programme is initiated and coordinated by Zorica Zafirovska together with other artists, that has been supporting the community. After attending the workshops, the participants will have the opportunity to perform their own characters in a joint event organized by Lokomotiva.

*****

The workshops are part of Contemporary choreography and dance programme of Lokomotiva realized in collaboration with LGBTI Support Center and socio cultural centre Komitet and YCC.

Photography: Dodo Dalik

Lokomotiva team: program director Biljana Tanurovska Kjulavkovski, project manager Blagica Petrovska, program coordinator Zorica Zafirovska and administrator Gjurgjica Hristovska.

The programme Contemporary choreography and dance is created by Lokomotiva, and it is supported by the Ministry of Culture of R.N. Macedonia.


/македонски

Современа кореографија и танц/ Настрано тело/ Работилница

ULTIMATE – второ издание на Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас

22-24 септември 2021 година

@ Кино Фросина, Младински културен центар

Со големо задоволство ги објавуваме ULTIMATE – работилниците со Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас во Скопје!!!

Локомотива ја организира THE ULTIMATE – вториот дел од серијата отворени работилници за дрег и квир култура со Александар Георгиев – Аце и Дарио Барето Дамас каде ќе имаме можност да ги споделиме и отвориме нови простори и форми за изразување и растење на дрег културата…

Во среда, четврток и петок во 17:30 часот во просторот на Кино Фросина ќе имаме можност да ги споделиме нашите искуства со локалните и идните дрег-кралици. Ако сакате да бидете дел од работилницата испратете ни е-пошта на lokomotivaskopje2015@gmail.com.

THE ULTIMATE

Во текот на овие работилници ќе се работи на декодирање на квир потенцијалите поврзани со синхронизација на усните, кои ги гледаме како практика вградена во дрег културата каде што може да се случи деидентификација и редистрибуција на значењето на самиот термин.

Што ако го разбереме синхронизирањето на усните како практика на славење и протест? Кои се процесите во кои популарните референци ни помагаат да ги нарушиме нормативните наративи? Кои се кореографските поетики на синхронизацијата на усните? Дали постоечкиот јаз меѓу изведувачот на усна-синхронизација и „вистинската“ песна може да се смета за носител на потенцијали,  и што значи да се помине време таму/на тоа? Како се актуелизираат овие потенцијали?

Ќе ги разработуваме овие прашања во форма на кабаре / бурлеска, односно, како уметнички точки поврзани со синхронизација на усните. Придружете ни се на патување кон потенцираната интензивност низ реалноста и соништата. Крајната претстава допрва ќе треба да се види.

Фотографии:

https://flic.kr/s/aHsmWRWmeF

Биографии:

Александар Георгиев – Аце е кореограф и културен работник. Тој бил дел од формални и неформални едукативни програми како што се NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low и Passing Through и програмата Kритичка пракса (трета генерација). Тој дипломира на магистерската програма за кореографија на DOCH, Стокхолм, во 2014 година.

Го истражувал номадскиот пристап во однос на работата и седиштето, постојано менувајќи се, но во последните 4 години додека работел, дефинирал четири места што ги смета за дом / локалитет (Стокхолм, Софија, Скопје и Тенерифе).

Во последно време тој ја иницирал кореографската истражувачка КO – серија. Истражувањето го работи со различни уметнички практики и методи, истражувајќи ги идеите за соживот, хипер и холографија низ призмата на танцот и кореографијата.

Тој е член на невладини организации како Локомотива (Северна Македонија), Гараж колектив (Бугарија) и Интеримкултур (Шведска). Тој е исто така член на мрежата NOMAD (балкански земји).

Дарио Барето Дамас е самостоен танцов уметник, кој работи во областа на танцот и кореографијата. Дарио е со седиште во Софија, Скопје, Стокхолм и Тенерифе.

Низ својата работа, Дарио се фокусира на еманципацијата/ независноста на танцот и во просторот на де-контекстуализација / ди-идентификација.

Своето формално образование  го стекнал во Театро Викторија (Тенерифе), Институт на театар, (Барселона) и ДОХ (Стокхолм). Во моментот студира магистерска програма за кореографија и изведба на Универзитетот Јустус-Либиг, во Гисен.

Дарио е член на невладините организации Локомотива (Северна Македонија) и Интеримкултур (Шведска).

 

***

Програмата е иницирана и координирана од Зорица Зафировска, како дел од прoграмата Квир/Настрано тело што ја поддржува заедницата. По посетата на работилниците, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите ликови и изведби на заеднички настан организиран од Локомотива.

*****

Работилниците се дел од програмата „Современа кореографија и танц” на Локомотива реализирани во соработка со ЛГБТИ центарот за поддршка и социо-културниот центар Комитет и Младинскиот Културен Центар

Фотографија:  Додо Далик

Тим на Локомотива:  програмска директорка Биљана Тануровска- Ќулавковски, проектна менаџерка Благица Петровска, координаторка на програмата Зорица Зафировска и администраторка Ѓурѓица Христовска.

Програмата „Современа кореографија и танц” на Локомотива е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.