THE ULTIMATE #3 – a workshop with drag performers

/македонски подолу/

Queer body program/ Dance and choreography workshop
THE ULTIMATE #3 – with drag performers Irma Swan and Tita Extra Vita
06/06/2022, 18:00
Комитет / Komitet
LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture in collaboration with the socio-cultural center Komitet, third year in the continuation organizes the program Queer body programme with aim to enable the space for creating, sharing and producing drag and queer culture. The local community will have the opportunity to share their experiences with international and local artists and collaborators and open new spaces and forms for the expression and development of drag culture…

In the frame of the Queer body programme, Lokomotiva organizes several open workshops of lip-syncing, live singing, dance and performance with the drag community, aiming to support the development of the movements and “bodies of resistance” as part of the drag culture. This project was created to encourage and give the visibility of the local drag culture and its members.

The open series of workshops and performances with drag artists, actors and artists, will be led by the drag artists themselves Dario Barretto Damas (known as Irma Swan), Aleksandar Georgiev (known as Tita Extra Vita), Jana Jakimovska (known as Linda Socialista), Simona Spirovska an actress, dancer and performer and Maja Milanova make-up artist and with the participants together will explore the various practices related to the culture.

In this workshop the artists Darío Barreto Damas (aka Irma Swan) and Aleksandar Georgiev (aka Tita Extra Vita) will create a space for sharing choreographic tools and language related to drag culture from the perspective of dance and choreography.
Choreographic tools that will be used as foundation for performativity within drag shows, we will engage physically in what could be the ULTIMATE choreo of your existence.
Through collective support and reciprocal motivation, we will play, build, re-build, move, twist-around and expose together!
This workshop is directed towards the drag scene and open to all of you who have interest in dance, performance and choreography (professionals and non-professionals).
The Ultimate #3 will take approximately 2 or 3 hours.

Dario Bardam is a Canarian freelance dancer working in the field of dance and choreography. Darío is based in Tenerife, София, Скопје and Stockholm. His education takes place at Teatro Victoria, Tenerife; Institut del Teatre, Barcelona and DOCH, Stockholm. At the moment he is studying an MA Program in Choreography and Performance at Justus-Liebig-Universität, Giessen, led by Bojana Kunst. Darío has worked with Cullberg as a guest dancer, ccap / c.of, (lead by Cristina Caprioli), Aleksandar Georgiev and Ofelia Jarl Ortega among others. Throughout his work, Darío focuses on the legitimation of dance as an autonomous phenomena and in spaces of de-contextualisation / dis-identification.

 

 

Aleksandar Georgiev – Ace has been part of formal and non-formal educational programs such as NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program (3rd generation). He graduates at the Master program in Choreography at DOCH in 2014. He has been exploring nomadic approaches in terms of working base, constantly replacing himself, but it is in the last 4 years when, while working, he defined four places he considers home/locality, (Stockholm, Sofia, Skopje and Tenerife). This is quite a different approach. It is rather politics of parallel/holographic existing than of
constant self-shifting.

 

 

Both, Aleksandar and Darío together with Zhana Pencheva are co-creators of the artistic team STEAM ROOM and the project institution ICC (Imaginative Choreographic Center).
Both are member of Nomad Dance Academy Network, NGOs Lokomotiva (North Macedonia), Interimkultur (Sweden), Garage Collective (Bulgaria), PiedeBase (Canarias), and TenerifeLAV (Tenerife).

 

***

The program is initiated and coordinated by Zorica Zafirovska as part of Queer body programme that has been supporting the community in the past three years. After attending the workshops, the participants will have the opportunity to perform together with their own characters and performances in a joint event organized by Lokomotiva, Skopje.

 

*****

The workshops are realized in collaboration with LGBTI Support Center and socio-cultural centre Komitet, part of Lokomotiva’s “Queer body /Interdisciplinary programme”, supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.

 

________________
/македонски
Квир/Настрано тело програма/ Танцово – кореографска работилница
THE ULTIMATE #3 –  со дрeг изведувачите Ирма Свон и Тита Екстра Вита
06.06.2022 година, 18:00 часот
во КОМИТЕТ

ЛОКОМОТИВА-Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со социо-културниот центар Комитет, трета година по ред ја организира програмата Квир тело со цел да овозможи простор за креирање, споделување и продуцирање на драг и квир култура. Локалната заедница ќе има можност да ги сподели своите искуства со меѓународните и локалните уметници и соработници и да отвори нови простори и форми за изразност и развој на драг културата.

Во рамките на програмата Квир тело Локомотива организира неколку отворени работилници за синхронизација на усните, пеење во живо, танц и изведба со дрег заедницата, со цел да го поддржи развојот и движењето на „телата на отпорот“ како дел од дрег култура. Овој проект е создаден за да ја поттикне и даде видливост на локалната дрег култура и нејзините членови.

Отворената серија работилници и перформанси со дрег артисти, актери и уметници, ќе ја водат самите дрег изведувачи Дарио Барето Дамас (познат како Ирма Свон), Александар Георгиев (познат како Тита Екстра Вита), Јана Јакимовска (позната како Линда Социјалиста), Симона Спировска, глумица, изведувачка и танцова уметница, и Маја Миланова шминкерка и заедно со учесниците ќе ги истражуваат различните пракси поврзани со културата.

Во оваа работилница уметниците Дарио Барето Дамас (позната како Ирма Свон) и Александар Георгиев (позната како Тита Екстра Вита) ќе создадат простор за споделување кореографски алатки и јазик поврзани со дрег култура од перспектива на танцот и кореографијата.
Кореографските алатки кои ќе се користат како основа за перформативноста во драг-шоуата, физички ќе работиме на можноста на ултимативна кореографија на вашето постоење.
Преку колективна поддршка и реципрочна мотивација, заедно ќе играме, градиме, повторно градиме, ќе се движиме, вртиме и разоткриваме!
Оваа работилница е насочена кон дрег сцената и е отворена за сите вас кои имате интерес за танц, перформанс и кореографија (професионалци и сите заинтересирани).
Ultimate #3 ќе потрае приближно 3 часа.

Дарио Бардам е канарски хонорарен танчер кој работи во областа на танцот и кореографијата. Дарио е со седиште во Тенерифе, Софија, Скопје и Стокхолм. Неговото образование се одвива во Театро Викторија, Тенерифе; Институт дел театар, Барселона и DOCH, Стокхолм. Во моментов студира магистерска програма по кореографија и перформанс на Јустус-Либиг-Универзитет, Гисен, предводена од Бојана Кунст. Дарио има работено со Калберг како гостин танчер, ccap / c.off, (воден од Кристина Каприоли), Александар Георгиев и Офелија Јарл Ортега меѓу другите. Во текот на неговата работа, Дарио се фокусира на легитимирањето на танцот како автономна појава и во просторите на деконтекстуализација / деидентификација.

 

 

 

Александар Георгиев – Аце беше дел од формални и неформални едукативни програми како што се NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low и Passing Through и Critical Practice програма (3-та генерација). Дипломирал на магистерската програма по кореографија на DOCH во 2014 година. Истражувал номадски пристапи во однос на работната база, постојано се заменувал себеси, но во последните 4 години, додека работел, дефинирал четири места кои ги смета за дом/ локалитет, (Стокхолм, Софија, Скопје и Тенерифе). Ова е сосема поинаков пристап. Тоа е повеќе политика на паралелно/холографско постоење отколку на постојано самоизместување.

 

 

 

Александар и Дарио заедно со Жана Пенчева се ко-креатори на уметничкиот тим STEAM ROOM и проектната институција ICC (Имагинативен кореографски центар).
Двајцата се членови на мрежата на академијата за танц Номад, невладините организации Локомотива (Северна Македонија), Интеримкултур (Шведска), Гараж колектив (Бугарија), ПидеБасе (Канариас) и ТенерифеЛАВ (Тенерифе).

***

Програмата е иницирана и координирана од Зорица Зафировска како дел од прoграмата Квир тело што ја поддржува заедницата во изминатите три години. По посетата на работилниците, учесниците ќе имаат можност да ги претстават свои ликови и изведби на заеднички настан организиран од Локомотива, Скопје.

 

*****

Реализирано во соработка ЛГБТИ центарот за поддршка и социо-културниот центар Комитет како дел од „Квир тело/Интердисциплинарната програма” на Локомотива, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

_______________________________