/македонски подолу/
Art, Politics, Institution, Body – APIB/ Residency
“The Power of S“ production and reserch residency by Aleksandar Georgiev together with Dario Barreto Damas and Zana Penceva
November 1-13, 2021
@ Mandolin orchestra, Youth Cultural Center
The production residency “The Power of S“ is a choreography research project by the choreographer Aleksandar Georgiev developed within Art, Politics, Institution, Body programme of Lokomotiva produced in collaboration with Youth Cultural Center and it will be taking place between 1-13 November 2021 in Skopje.
The choreographic work “The Power of S“ emerges as one of the results of the research “KO-series” by the choreographer Aleksandar Georgiev, which deals with the practices of co-existence through choreography and dance. He starts his research in 2019 and through numerous art residences creates a concept line for making a series of choreographic works. “The Power of S“ is the second part of the research after the work ‘SCREENSAVER’ realized in 2020 in Skopje produced by Lokomotiva – center for new initiatives in art and culture.
The author of the work is Aleksandar Georgiev (MK), performers are: Dario Barreto Damas (SP) and Zana Penceva (BG), invited collaborator in the project are graphic designer Gjorgji Despodov (MK) and the music artist Cvetan Momchilov (BG).
The invited team are artists with whom Alexander has been collaborating and researching this choreographic work intensively in the last 4 years.
“The Power of S“ opens a poetic space where through dance we will meet the power of the sensitive, the sensual, the calm, the lonely, the slow, the meaningful, the passion, the shame, etc. It suggests an experience where power and strength will be redefined and celebrated as non-fixed structures, where narrative will have a different logic, where the kinetic and visual work will manifest the power of shame, the power of the sensitive, the power of the sensual, etc. The work will mainly focus on the movements and parts of the body that reveal the shame and change its meaning and perception.
The project is interested in creating a space where different systems of power and strength are being deconstructed, reformulated and to coexist in a safe environment where meaning and representativeness will not be fixed, but float around without positioning themselves.
With this work the choreographer wants to suggest a space where each of us can get closer to the systems of power and strength through not-so-typical and not-so-conventional approaches and understandings.
*****
The research “The Power of S“ is part of Lokomotiva’s “Art, Politics, Institution, Body” – APIB program, supported by Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje in collaboration with Youth Cultural Center.
The Lokomotiva/APIB team is curated by Biljana Tanurovska-Kjulavkovski, and coordinated by Zorica Zafirovska. Project manager is Blagica Petrovska, administrator Gjurgjica Hristova.
/македонски
Уметност, политика, институција, тело – УПИТ/ резиденција
„Силата на С“ продукциска резиденција на Александар Георгиев заедно со Дарио Барето Дамас и Жана Пенчева
1-13 ноември 2021 година
@ Мандолински оркестар, Младински културен центар
Продукциската резиденција „Силата на С“ е истражувачки проект на кореографот Александар Георгиев развиен во рамките на програмата Арт, Политика, Институција, Тело на Локомотива во соработка со Младинскиот културен центар и ќе се одвива од 1 до 13 ноември 2021 година во Скопје.
„Силата на С“ произлегува од кореографското истражување ‚КО-серии‘ на кореографот Александар Георгиев, кое се занимава со практики на ко-егзистирање преку кореографија и танц. Александар го започнал своето истражувањето во 2019-та година и преку многубројни уметнички резиденции создава концептна линија за создавање на серија од кореографски дела. Првото дело ‚SCREENSAVER‘ реализирано во 2020 година во Скопје продуцирано од Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата.
„Силата на С“ е второто дело кое е произлезено од истражувањето чиј автор е Александар Георгиев (МК). Изведувачи се: Дарио Барето Дамас (ШП) и Жана Пенчева (БГ), се поканети соработници се графичкиот дизајнер ќе биде Ѓорѓи Десподов (МК) и музичкиот уметник Цветан Момчилов (БГ). Овој тим со кој Александар соработува се поканети уметници со кои во последните 4 години тој работи и истражува за реализација на ова дело.
Кореографското дело „Силата на С“ предлага еден поетски простор каде преку танц ќе се сретнеме со силата на сензитивното, сензуалното, смиреното, самотното, спорото, смисленото, страста, срамот итн. Тој сака да предложи едно доживување каде моќта и силата ќе бидат редефинирани и славени како непостојани структури, каде наративноста ќе има поинаква логика, каде ќе се работи кинетички и визуелно на силата на срамот, силата на сензитивното, силата на сензуалното итн. Главниот фокус на делото се движењата и деловите од телото кои го разоткриваат срамот менувајќи го неговото значење и доживување.
Проектот е насочен кон создавање простор и овозможува различни системи на моќ и сила да се деконструираат, реформулираат и да коегзистираат во безбедно опкружување каде значењето и репрезентативноста нема да се фиксирани, туку ќе лебдат наоколу без бидат позиционирани.
Со ова дело кореографот сака да предложи простор каде секој од нас ќе може да се доближи до атипични и неконвенционални пристапи и разбирања на системи на сила и моќ.
*****
Истражувањето „Силата на С“ е дел од програмата Уметност, политика, институција, тело /УПИТ/ на Локомотива, Министерство за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје во соработка со Младинскиот културен центар.
„Уметност, Политика, Институција, Тело“ /УПИТ/ – дискурзивна и уметничка програма што овозможува разбирање и развој на театарот, танцот и изведбата како социо-политички релевантни уметнички форми кои вклучуваат и истражуваат релевантни социо-културни и политички теми, како и аспекти на живеење. УПИТ се состои од дискурзивна програма на предавања, дискусии, презентации, работилници, уметничка програма за работа во тек, истражувачки презентации, лаборатории и перформанси, како и учество на локални, регионални и меѓународни соработници.
Кураторка на тимот на Локомотива / УПИТ е Билјана Тануровска-Ќулавковски, а координаторка е Зорица Зафировска. Проектна менаџерка е Благица Петровска, а администраторка е Ѓурѓица Христова.