“The Clean, the Dirty, and the Hybrid: Ecofeminist Art Practices”, lecture by Suzana Milevska

/македонски подолу/

 

 ACT: Art, climate, transition/ Relay Lecture 

“The Clean, the Dirty, and the Hybrid: Ecofeminist Art Practices”

Lecture by Suzana Milevska

Thursday, 20/05/2021,  20:00 CET

The lecture was followed by discussion, both in English language and during the live streaming, which you can follow on YouTube channel, the website, Facebook page and the page of the event of Lokomotiva.
 

Patriarchal regimes of representation in different world cultures have long interpreted women as obsessed with cleaning and purification precisely because of the anthropologically-driven negative representation of women as “dirty” (e.g. the image of “domestic goddess”). Nevertheless, ever since Mary Douglas published her quintessential book Purity and Danger: An Analysis of Concepts of Pollution and Taboo (1966), the asymmetrical relation between anthropology, patriarchy, and ecology became unravelled and unviable, as did the dichotomisation of the concepts of the clean and the pure, on the one hand, and the dirty on the other hand. In her lecture, Milevska will present various art practices of women artists who have mounted ecofeminism as a critical frame that not only offers environment awareness, but also aims to deconstruct contentious assumptions that dwell on stereotypical and patriarchal hierarchical understanding of women’s creativity and productivity.

Milevska will critically address the notion that women’s art is “naturally” closer to nature and natural reproduction. The presentation will particularly focus on several art projects by ecofeminist artists who attempted at conceptualisation and application of the rhizomatic model of hybrid knowledge in order to undo the existing systemic hierarchies and rooted-tree model of knowledge. Many feminist artists in their work have pointed to the paradoxical positioning of the female procreativity, care, and other domestic reproductive activities as prerequisites for population quality that are a simultaneous and unpaid counterpart to labour in the general productive sphere. Hence, Milevska will also challenge the paradox stemming from the neoliberalist integration of women’s reproduction and labour in the production of goods in contrast to the capitalist gender-specific division of labour.

Suzana Milevska is a curator and theorist of visual art and culture. Her theoretical and curatorial interests include postcolonial and feminist critique of representational regimes of hegemonic power in arts and visual culture, and collaborative and participatory art practices in marginalized communities. Between 2016 and 2019 she was Principal Investigator on the project Transmitting of Contentious Cultural Heritages with the Arts (TRACES – EU Programme Horizon 2020), Polytechnic University Milan. In 2013, Milevska was appointed the first Endowed Professor of Central and South Eastern European Art Histories (2013-2015, Academy of Fine Art Vienna). She taught history and theory of visual art (2010-2012, Faculty of Fine Arts Skopje). She initiated and directed the Centre for Visual and Cultural Research Skopje (2006-2008). She holds a PhD in Visual Cultures from Goldsmiths College London. She was a Fulbright Senior Research Scholar in the Library of Congress.

Milevska curated the exhibitions Contentious Objects/Ashamed Subjects (2019, Politecnico di Milano), The Renaming Machine (2009-2011, Ljubljana, Zagreb, Vienna) and the Roma Protocol (the Austrian Parliament, Wiener Festwochen), and Call the Witness, BAK Utrecht (2011). She was the initiator of the project Call the Witness – Roma Pavilion, Venice Biennale (2011). She published the book Gender Difference in the Balkans (2010) and edited The Renaming Machine: The Book (2010), and On Productive Shame,

Reconciliation, and Agency (Sternberg Press, 2016). Milevska is the recipient of the ALICE Award for political curating, and she won the Igor Zabel Award for Culture and Theory (2012).

 

*****

 

This lecture is оrganized as part of the project Art Climate Transition (ACT) /OTHER spaces program in collaboration with KaaiTheater.

Photo credit: Corn, Der Standard, design: Jana Acevska

Lokomotiva team: program director Biljana Tanurovska Kjulavkovski, project manager Blagica Petrovska, program coordinator Zorica Zafirovska and administrator Gjurgjica Hristovska.

Supported by: Creative Europe Programme of the European Union,  Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje.

 


/македонски

 

 АKT: Уметност, клима, транзиција/ Relay Lecture 

„Чистата, валканата и хибридната: Eкофеминистички уметнички практики“

Предавање на Сузана Милевска

Четврток 20 Мај 2021 година, 20:00 часот

Предавањето ќе биде проследено со дискусија, на англиски јазик и ќе има пренос во живо, на кој ќе можете да се придружите на страницата на случувањето и Фејсбук страницата на Локомотива: https://fb.me/e/2S1yPF45O

Патријархалните режими на застапување во различните светски култури веќе одамна ги претставуваат жените како опседнати со чистење и пречистување токму поради антрополошки водената негативна интерпретација на жените како „валкани“ (на пр. замислата за „домашна божица“). Сепак, откако Мери Даглас ја објави својата суштинска книга Purity and Danger: An Analysis of Concepts of Pollution and Taboo [Чистота и опасност: Анализа на концепти на загадување и табу] (1966), асиметричната врска помеѓу антропологијата, патријархатот и екологијата се расплетка и стана неиздржана, како и дихотомизацијата на концептите за чистото и чистотата од една страна, и валканото од друга страна. Во своето излагање, Милевска ќе зборува за различни уметнички практики на жени уметници кои го поставија екофеминизмот како критичка рамка, која не само што нуди свесност за животната средина, туку има за цел и деконструкција на пркосните претпоставки кои опстојуваат преку стереотипното и патријархално хиерархиско сфаќање на креативноста и продуктивноста на жените.

Милевска критички ќе се осврне на идејата дека женската уметност е „природно“ поблизу до природата и природната репродукција. Презентацијата особено ќе се фокусира на неколку уметнички проекти од екофеминистички уметници кои се обидоа да конципираат и применат ризомски модел на хибридно знаење со цел да ги поништат постојните системски хиерархии и постојниот модел на знаење. Многу феминистички уметници во своите дела го посочиле парадоксалното позиционирање на женската прокреативност, грижа и други домашни репродуктивни активности како предуслови за квалитетот на популацијата кои се истовремени и неплатени пандан на трудот во општата продуктивна сфера. Оттука, Милевска ќе го оспори и парадоксот што произлегува од неoлибералистичката интеграција на женската репродукција и трудот во производството на добра, за разлика од капиталистичката родово-специфична поделба на трудот.

Сузана Милевска е теоретичарка и кураторка на уметноста и визуелната култура. Нејзините теоретски интереси вклучуваат постколонијална критика на хегемонистичките режими на моќта на претставување, феминистичката уметност и родовата теорија, партиципативните и колаборативни уметнички практики. Докторските студии по визуелна култура ги завршува на колеџот Голдсмитс во Лондон. Во 2004 година, Милевска станува Виша Фулбрајт стипендистка и истражувачка во Конгресната библиотека. Во 2010 година Милевска ја издава книгата „Родови разлики на Балканот“ и ја уредува The Renaming Machine: The Book. Во 2011 година станува истражувачка во проектот Call the Witness – Roma Pavilion на 54 Меѓународна уметничка изложба – Венециското Биенале – колатерален настан и ги курира изложбите „Call the Witness“, „БАК“, „Утрехт“ и Ромскиот протокoл во австрискиот Парламент. Во 2012 година Милевска ја добива Наградата „Алис“ за политичко кураторство и Наградата за култура и теорија „Игор Забел“. Од 2010-2012 година е професорка по историја на уметност и теорија на уметности на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, додека во 2013 година предава визуелна култура и род на Институтот за родови студии во Скопје. Од 2013-2015 е професорка по Централноевропска и јужноевропска историја на уметност на Академијата за ликовни уметности во Виена. Од 2016 година таа е главна истражувачка во Horizon 2020, на проектот TRACES, Politecnico di Milano.

 

*****

 

Ова предавање е организирано како дел од проектот Уметност, клима, промена (АКТ) / Други простори програмата во соработка со КаиТеатар од Белгија. Фотографија: Корн, Стандард, дизајн Јана Ацевска.

Тим на Локомотива:  програмска директор Биљана Тануровска Ќулавковски, проектна менаџерка Благица Петровска, координаторка на програмата Зорица Зафировска и администраторка Ѓурѓица Христовска.

Поддржано од: Програмата на Креативна Европа на Европската унија, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.

 


 

Other activities within the project:

ACT project activities 2022

ACT project activities 2021

ACT project activities 2020

ACT project activities 2019