Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата со задоволство ви го најавува започнувањето на DanceMap, особено значајна иницијатива за развој, заштита и промоција на европското танцово наследство. Конзорциумот од европски организации, универзитети и институции кој ја започна иницијативата успеа да добие поддршка од програмата Horizon на Европската Унија за финансирање истражување и иновации, за првпат во областа на танцот, а и за првпат во областа на уметноста во Македонија.