/македонски подолу/
Choreographed Bodies/ MOT + Programme
“seguir moviendo”
choreographic work by Darío Barreto Damas
November 3, 2022, 21.00 h
this whole text fails repeatedly with no hope for ever-not failing: through a flux of specific whateverness, incipient multiplicity.* to shift the ground that moves you, suspending. yet the baroque twists and turns its fold, pushing them to infinity, fold over fold.* it has been happening for 12.6 billion years. it goes very well with what you know you know. transitoria y fugaz. a disjointed, a nomad lost in a kind of irreducible odyssey…with the aimless conviction that every movement will fail to find a destination, a «good reading», a valid interpretation.* fogging its own edges. piensa, con oído. is it this? i ask. more or less, more or less, ambiguous, not a clear thing. from on-going morphing, disappearing, to dissolution, to stardust (and in reverse, upside down and disordered) (again). aware of what it is not yet and what it could be soon or not. in approximately 4.7533108 x 10-8 millenniums a whistle will take over the space.
*Erin Manning, “Always More Than One” (x2) and Paz Rojo, “To Dance in the Age of No-Future”.
Short video from the performance.
A dance work by Darío Bardam.
dance danced by Darío Bardam.
dance informed by the dancing of Anna Grip, Cristina Caprioli, Deborah Hay and Lipi Hernández (among many others).
dance musically driven by Darío Bardam & Tsvetan Momchilov.
dance thought together with Gry Tingskog.
dance lighten by Carina Premer.
dance illustrated by Gjorgji Despodov.
dance cared (for) and ever-accompanied by Aleksandar Georgiev.
Duration: 60 min
seguir moviendo is an umbrella title used by the artists Sara Reyes, Carlota Mantecón and Darío Bardam to arrange a series of common affinities developed through several encounters and conversations over the last two years. This frame suggests a mediation strategy to navigate the question/problem “how dance thinks?” through a body who insists on moving, surfing in between necessities, contingencies, possibilities and impossibilities, a body who insists on the unknown.
The three artists propose the use of the same title for different artistic work as an attempt to dislodge its understanding as individual treasure(s) and to acknowledge the collective interrelations that inevitably shape all its potentialities. seguir moviendo may arise in the shape of a research, a production, academic work, an easy hang out, a practice, a training session, a dance at the disco or a reading circle. These outbursts might not have the same processes, goals or aesthetics but they dance in and around a common ground.
seguir moviendo, (to keep moving), is a concept proposed by Sara Reyes in her writing “La danza como forma de conocimiento”, based on the intermodal relationships proposed by philosopher Jordi Claramonte.
Darío Barreto Damas is a Canarian freelance dancer working in the field of dance and choreography. Darío is based in Tenerife, София, Скопје and Stockholm. His education takes place at Teatro Victoria, Tenerife; Institut del Teatre, Barcelona and DOCH, Stockholm. At the moment he is studying an MA Program in Choreography and Performance at Justus-Liebig-Universität, Giessen, led by Bojana Kunst. Darío has worked with Cullberg as a guest dancer, ccap / c.off, (lead by Cristina Caprioli), Aleksandar Georgiev and Ofelia Jarl Ortega among others. Throughout his work, Darío focuses on the legitimation of dance as an autonomous phenomena and in spaces of de-contextualisation / dis-identification. Darío is co-creator, with Aleksandar Georgiev and Zhana Pencheva, of the artistic team STEAM ROOM and the project institution ICC (Imaginative Choreographic Center). Darío is a member of the NGOs Lokomotiva (North Macedonia), Interimkultur (Sweden), Garage Collective (Bulgaria), PiedeBase (Canarias) and TenerifeLAV (Tenerife).
About the artist: http://dbardam.hotglue.me
*****
Photo by Orlin Ognyanov.
Produced by Darío Barreto Damas within the frame of Roots Proposals, (Performance festival by and with students of Choreography and Performance, Gießen). Coproduced by ICC (Imaginative Choreographic Center) and Garage Collective with the financial support of the National Cultural Fund of Bulgaria and Giessener Hochschulgesellschaft (GHG).
The choreographic work “seguir moviendo” is part of the Choreographic Body 2022 program of LOKOMOTIVA – Center for new initiatives in art and culture, supported by the Ministry of Culture of R.S. Macedonia in cooperation with the Youth Cultural Center and the Mot + program.
_____________________________________________
Check out the photo album above. / Погледнете го фото албумот погоре.
/македонски
Кореографски тела/ МОТ + програма
“seguir moviendo” („Да се продолжи со движење“)
кореографско дело на Дарио Барето Дамас
3 Ноември 2022, 21.00 ч.
@ 25 Maj, Младински културен центар
билети тука
За двата перформанси блок билети тука
целиот овој текст постојано пропаѓа без надеж дека никогаш нема да пропадне: низ еден прилив на специфична сеедност, првобитна разноликост* да го помести теренот што те движи, запирајќи. сепак барокот се превртува и го превртува својот набор, туркајќи го до бесконечност, набор над набор.* тоа се случува веќе 12,6 милијарди години. многу добро оди со она што знаеш дека го знаеш. минливо и краткотрајно. неврзан номад изгубен во некаква нередуцирана одисеја… со бесцелно убедување дека секое движење нема да успее да најде дестинација, „добро читање“, валидна интерпретација.* замаглувајќи ги сопствените рабови. размислува, со слух. „ова ли е тоа?“, прашувам. повеќе или помалку, повеќе или помалку, двосмислена, нејасна работа. од тековно оформување, исчезнување, до распаѓање, до ѕвездена прашина (и обратно, наопаку и нарушено) (повторно). свесни за тоа што сè уште не е и што би можело да биде наскоро или што не може. во приближно 4,7533108 x 10-8 милениуми еден свиреж ќе го заземе просторот.
*Erin Manning, “Always More Than One” (x2) and Paz Rojo, “To Dance in the Age of No-Future” / *Ерин Менинг, „Секогаш повеќе од еден“ (x2) и Паз Рохо, „Да танцуваш во ерата на без иднина“.
танцово дело на Дарио Бардам.
танц одигран од Дарио Бардам.
танц изведен од танцот на Ана Грип, Кристина Каприоли, Дебора Хеј и Липи Хернандез (меѓу многу други).
танц музички поткрепен од Дарио Бардам и Цветан Момчилов.
танц осмислен заедно со Гри Тингског.
танц осветлен од Карина Премер.
танц илустриран од Ѓорѓи Десподов.
танц секогаш придружуван од Александар Георгиев.
Времетрање: 60 минути
„seguir moviendo” („Да се продолжи со движење“) е чадор-наслов што го користат уметниците Сара Рејес, Карлота Мантекон и Дарио Бардам за да организираат низа заеднички афинитети развиени преку повеќе средби и разговори во последните две години. Оваа рамка предлага една посредувачка стратегија за навигација низ прашањето/проблемот „како размислува танцот?“ преку тело кое инсистира да се движи, сурфајќи меѓу неопходностите, случајностите, можностите и неможностите, тело кое инсистира на непознатото.
Тројцата уметници предлагаат употреба на ист наслов за различни уметнички дела како обид да се отфрли неговото разбирање како индивидуално богатство/а и да се признаат колективните меѓусебни односи кои неизбежно ги обликуваат сите негови потенцијали. seguir moviendo може да се појави во облик на истражување, продукција, академска работа, лесно дружење, вежбање, тренинг сесија, танц во диско или читачки круг. Овие испади можеби немаат исти процеси, цели или естетика, но тие танцуваат во и околу заедничка основа.
seguir moviendo, („Да се продолжи со движење“) е концепт предложен од Сара Рејес во нејзината статија „La danza como forma de conocimiento“ („Танцот како форма на знаење“) заснована на интермодалните односи предложени од филозофот Џорди Кларамонте.
Дарио Барето Дамас е канарски хонорарен танцов уметник кој работи во областа на танцот и кореографијата. Дарио е со седиште во Тенерифе, Софија, Скопје и Стокхолм. Неговото образование се одвивало во Театро Викторија, Тенерифе; Институт дел театар, Барселона и DOCH, Стокхолм. Во моментов студира магистерска програма по кореографија и перформанс на Јустус-Либиг-Универзитет, Гисен, предводена од Бојана Кунст. Дарио има работено со Калберг како гостин танцов уметник, ccap / c.off, (воден од Кристина Каприоли), Александар Георгиев и Офелија Јарл Ортега меѓу другите. Во текот на неговата работа, Дарио се фокусира на легитимирањето на танцот како автономна појава и во просторите на деконтекстуализација / деидентификација. Дарио е ко-креатор, со Александар Георгиев и Жана Пенчева, од уметничкиот тим STEAM ROOM и проектната институција ICC (Имагинативен кореографски центар). Дарио е член на невладините организации Локомотива (Северна Македонија), Интеримкултур (Шведска), Гараж Колектив (Бугарија), ПидеБасе (Канариас) и ТенерифеЛАВ (Тенерифе).
За уметникот: http://dbardam.hotglue.me
*****
Фотографија на Орлин Огњанов.
Продуциранo од Дарио Барето Дамас во рамките на Roots Proposals (Фестивал за изведбени уметности од и со студенти по кореографија и перформанс, Гисен, Германија). Копродуцирано од ICC (Имагинативен кореографски центар) и Garage Collective со финансиска поддршка на Националниот културен фонд на Бугарија и Giessener Hochschulgesellschaft (GHG) – Гисен, Германија.
Кореографското дело е “seguir moviendo” е дел од програмата Кореографирани тела 2022 на ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, поддржано од Министерството за култура на Р.С. Македонија во соработка со Младинскиот културен центар и Мот + програмата.
____________________________