/македонски подолу/
Contemporary Choreography and Dance
School of Choreography/ Autonomy of the Dance and Expanded Choreography
with the dramaturg Zrinka Užbinec and the choreographer Aleksandar Georgiev
17th and 18th of October
@ Interart cultural centre
The “School of Choreography” is developed by Lokomotiva – Center for new initiatives in art and culture, in collaboration with Zrinka Užbinec (Croatia), together with Aleksandar Georgiev (North Macedonia) and it will happen on the 17th and 18th of October.
The school will engage the students of dance department of the University Goce Delcev and it will include lectures, choreography and dance lessons realized with a physical presence and online. During the school, limitations will be created regarding the number of participants and the practicing availability according to the restriction’s measures for safety and prevention of the pandemics of the COVID-19 crisis.
School of choreography is realized in partnership with Interart cultural centre and University “Goce Delcev”.
The concept of the School of Choreography moves through the individual and collective processes and is offering two seemingly different, yet interconnected concept lines: Autonomy of the Dance and Expanded Choreography.
During the School of Choreography, it will be discussed the great importance of understanding the interrelation between the discourse of dance and choreography, particularly throughout the last 10 years. As dance divorced from the choreography and vice versa, dance started to claim its own autonomy, and the choreography on the other side didn’t need dance to appear anymore.
Talking about the emancipatory moment of the dancing body in one session, the School of Choreography will introduce the idea of the expanded notion of choreography on the other – one of the very important paradigms in the field used to challenge and constantly re-formulate the discourse of choreography. In the hereby proposed program the lecturers of School for Choreography will open the floor to talk about these interesting separations and connections offering some examples and practical exercises.
Zrinka Užbinec is a dance artist. She works with choreography crafting it with various mediums and different materials. She is a member of performance collective BADco. and has been one of the coordinators of Experimental Free Scene (ekscena), an independent organisation established to promote contemporary dance and other forms of performing arts in Zagreb. Her work experience includes collaborations with many authors and groups, as well as co-authorships on different dance and performance related projects. Often giving classes in contemporary dance, she holds workshops with other BADco. members in Croatia and abroad. She has finished an educational course at the Center for Women Studies in Zagreb. She holds an MA degree in Choreography and Performance from the Institute for Applied Theatre Studies, Gießen, and a degree from the Faculty of Economics, University of Zagreb.
Aleksandar Georgiev – Ace is a choreographer who works as a nomad in several places in Europe. He was part of several formal and informal educational and research programs, including NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program (third generation). Ace graduated from DOCH in Stockholm with a master’s degree in choreography. Ace has been active since 2008, presenting itself internationally, in relation to the networks in which it is a member. His works were premiered and performed in places such as: “Red House” (Sofia), “DNK” (Sofia), “MDT” (Stockholm), “PTL” (Ljubljana), “Schauspielhaus” (Vienna), “Kino Kultura” (Skopje). He has recently begun to explore the practices of co-existence through choreography and has been working in the past 10 years in the formats of collective authorship of creation, occupied around the celebration and protest of the body, and poetics within social phenomena through movement. He premiered his works in the winter of 2019, and spring 2020. Ace is still actively involved in performances with other artists, such as Doris Ulrich, Nefeli Oikonomou and Marcus Doverud, among others. Together with Zhana Pencheva and Dario Barreto Damas, he is part of the cultural project STEAM ROOM.
*****
SCHOOL OF CHOREOGRAPHY
Is part of the programme Contemporary choreography and dance of Lokomotiva in Kino Kultura project space, curated by Biljana Tanurovska Kulavkovski, produced by Violeta Kachakova and coordinated by Zorica Zafirovska.
School of choreography is realized in partnership with Interart cultural centre and University “Goce Delcev”.
The programme Contemporary choreography and dance is created by Lokomotiva Skopje in 2020, and it is supported by the Ministry of Culture of R.N.Macedonia.
_______________________________________________
/македонски подолу/
Современa кореографија и танц
Школа за кореографија/ Автономија на танцот и проширена кореографија
драматургот Зринка Ужбинец и кореографот Александар Георгиев
17-ти и 18-ти октомври 2020
@ Интерарт културен центар
На 17-ти и 18-ти октомври, Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата организира „Школа за кореографија“ чиј концепт е развиен во соработка со Зринка Ужбинец – драматург (Хрватска) заедно со Александар Георгиев – кореограф (Северна Македонија).
На школата ќе учевствуваат студентите од катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, а ќе опфати предавања и часови по кореографија и танц кои ќе се реализираат со физичко присуство и онлајн. За време на школата ќе има ограничувања во врска со бројот на учесници и практична адаптираност на часовите, заради епидемиолошките случувања поврзани со КОВИД-19 пандемијата. Школата се реализира во партнерство со Интерарт културен центар и универзитетот „Гоце Делчев“.
Концептот на Школата за кореографија работи преку индивидуалните и колективните процеси и нуди две навидум различни, а сепак меѓусебно поврзани концептни линии: Автономија на танцот и проширена кореографија.
Во рамки на Школата за кореографија ќе се дискутира дискурсот за танцот и кореографијата и големото значење е да се разбере меѓусебната врска помеѓу нив, во текот на последните 10 години. Со одвојувањето на танцот од кореографијата, танцот ја бара својата сопствена автономија, а од другата страна обратно, на кореографијата повеќе не ѝ е потребно да се појавува танцот.
Во сесиите додека ќе се зборува за ослободувачкиот момент на танцувачкото тело, ќе се претстави и идејата за проширениот поим за кореографија – како една од многу важните парадигми во областа што се користи за преиспитување и постојано и повторно ре-формулирање на дискурсот на кореографијата. Оваа предложена програма го отвора подиумот за разговор за овие интересни одвојувања и поврзувања, нудејќи неколку примери и практични вежби.
Зринка Ужбинец е танцова уметница. Таа работи кореографија која ја гради користејќи разни медиуми и различни материјали. Таа е член на изведбениот колектив BADco и била еден од координаторите на Експерименталната слободна сцена (ekscena), независна организација основана за промовирање на современ танц и други форми на изведувачки уметности во Загреб. Нејзиното работно искуство вклучува соработка со многу автори и групи, како и коавторства на различни проекти поврзани со танц и изведба. Предава и држи часови по современ танц, истотака одржува работилници заедно со членови BADco. во Хрватска и во странство. Завршила еден од едукативните курсеви во Центарот за женски студии во Загреб. Таа е магистер по кореографија и перформанс на Институтот за применети театарски студии во Гисен и има дипломирано на економскиот факултет при Универзитетот во Загреб.
Александар Георгиев – Аце е кореограф кој работи номадски околу неколку места во Европа. Тој бил дел од неколку формални и неформални образовни и истражувачки програми, меѓу кои „NOMAD”, „SPAZIO”, „DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program” (трета генерација). Аце дипломирал на „DOCH” во Стокхолм, во рамките на магистерската програма за кореографија. Аце активно работи од 2008 година, претставувајќи се на меѓународно ниво, во релација со мрежите во кои членува. Неговите дела биле премиерно претставени и изведени во просторите на: „Red House” (Софија), „DNK” (Софија), „MDT” (Стокхолм), „PTL” (Љубљана), „Schauspielhaus” (Виена), „Кино Култура” (Скопје). Неодамна започнал да ги истражува практиките на ко-егзистирање преку кореографија, и веќе 10 години работи во формати на колективно авторство на креација, окупиран околу славењето и протестот на телото, и поетиката во рамките на социјалните феномени преку движење. Тој премиерно ги промовирал своите дела во зимата 2019, и пролетта 2020 година. Аце активно учествува во перформанси на други уметници, како Doris Ulrich, Nefeli Oikonomou and Marcus Doverud. Заедно со Zhana Pencheva и Dario Barreto Damas, тој е дел од културниот проект STEAM ROOM.
*****
ШКОЛА ЗА КОРЕОГРАФИЈА
Е дел од програмата „Современа кореографија и танц” на Локомотива Скопје во Кино Култура проектен простор, курирана од Биљана Тануровска Ќулавковски, продуцирана од Виолета Качакова и координирана од Зорица Зафировска.
Школата се реализира во партнерство со Интерарт културен центар и Универзитетот „Гоце Делчев“.
Програмата „Современа кореографија и танц” на Локомотива Скопје во 2020 година е поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија.