/македонски подолу/
(Non) Aligned Movements / 47. MOT
Matija Ferlin: Sad Sam Almost 6
17th November 2022, Thursday. 7:00 p.m
@Dancing Hall, MKC
Tickets: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1164
Created and performed by: Matija Ferlin
Dramaturgy: Katja Praznik
Scenography: Artikl, Silvio Živković
Costums: Artikl
Light design: Urška Vohar, Saša Fistrić
Collaborators: Alexandar Nussbaumer, Mauricio Ferlin, Maja Celija, Maja Delak
Project coordinator: Sabina Potočki
Photo by Nada Zgank
Produced by: Emanat Institute, Ferlin d.o.o.
Co-produced by: Chez Buswick, New York, Bunker / The Old Power Station – Elektro Ljubljana
Financial support: Istria Region, Ministry of Culture RS
Supported by: Tanzquartier Wien & KulturKontakt Austria (artist-in-residence programme)
Duration: 55 minutes
The Performance on MOT is presented in frame of the curatorial program of (Non) Aligned Movements of Lokomotiva.
In his solo performance Sad Sam Almost 6, Matija Ferlin wants to investigate a mind of a child that is not conditioned by anything, not even by his own existence. While growing up, the conscience of the existence creates numerous “terrorizing” facts that are results of social conditions and constraints. All fictitious childhood characters become enemies. The fact that we have to grow up results in imperfections that make our lives and modes of existence specific and individual.
Matija Ferlin is a Croatian theatre director, ensemble dance piece choreographer and performer of his own one-man shows. He graduated from the School for New Dance Development in Amsterdam and subsequently lived and worked in Berlin and Toronto. After returning to his hometown Pula, where he was born in 1982, he focused on researching and rearticulating different concepts of stage performance, collaborating both with actors and dancers.
The multiple award winning Ferlin presented and performed his own work throughout Europe and America at numerous festivals such as Impulstanz in Vienna, Festival Trans Amerique in Montreal, Young Lions and Gibanica in Ljubljana, Ex-Yu festival in New York, Rhubarb Festival in Toronto, Uovo Festival in Milano, Kunstenfestivaldesartes in Brussels, Festival Infant in Novi Sad, Bitef festival in Belgrade, Mess festival in Sarajevo, Festival Actoral in Marseille, Zero point in Prague and many others.
*****
Performance is part of the program of (Non)Aligned Movements project curated by Biljana Tanurovska- Kjulavkovski, Viktorija Ilioska and Aleksandar Georgiev.
(Non)Aligned Movements project is supported by the Creative Europe/European Cooperation Western Balkans program, the Ministry of Culture of North Macedonia.
The (Non)Aligned Movements project is developed in partnership between STANICA Service for contemporary dance, Belgrade; Nomad Dance Academy Slovenia, Ljubljana; Nomad Dance Academy Bulgaria, Sofia; Tanzfabrik Berlin and LOKOMOTIVA Centre for new initiatives in art and culture, Skopje.
_________________________________
Check out the photo album above. Photography by Stefan Samandov / Погледнете го фото албумот погоре. Фотографии на Stefan Samandov
/македонски
(Не)врзани Движења / 47. MOT фестивал
Матија Ферлин: „Sad Sam Almost 6“
17ти ноември 2022, четврток. 19.00 часот
@ Сала „25 МАЈ” MKЦ
билети: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1164
Креација и изведба на: Матија Ферлин
Драматургија: Катја Празник
Сценографија: Артикл, Силвио Живковиќ
Костими: Артикл
Дизајн на светлo: Уршка Вохар, Саша Фистриќ
Соработници: Александар Нусбаумер, Маурицио Ферлин, Маја Селија, Маја Делак
Координатор на проектот: Сабина Поточки
Фотографии на Нада Зганк
Продуцент: Институт Еманат, Ферлин д.о.о.
Ко-продуцент: Чез Басвик, Њујорк, Bunker / The Old Power Station – Elektro Ljubljana
Финансиска поддршка: Регион Истра, Министерство за култура РС
Поддржано од: Tanzquartier Wien и KulturKontakt Austria (програма за уметник во резиденција)
Времетраење: 55 минути
Претставата на МОТ се прикажува во рамки на кураторската програма на (Не)врзани Движења на Локомотива
Во својата соло изведба Sad Sam Almost 6, Матија Ферлин сака да го истражи умот на детето кој не е условен од ништо, ниту од сопственото постоење. Додека растеме, совеста на постоењето создава бројни „тероризирачки“ факти кои се резултат на општествените услови и стеги. Сите фиктивни ликови од детството стануваат непријатели. Фактот дека треба да пораснеме резултира со несовршености кои ги прават нашите животи и начини на постоење специфични и индивидуални.
Матија Ферлин е хрватски театарски режисер, кореограф на ансамблот за танц и изведувач на свои соло претстави. Дипломирал на Школата за развој на нов танц во Амстердам, а потоа живеел и работел во Берлин и Торонто. По враќањето во родниот град Пула, каде што е роден во 1982 година, тој се фокусира на истражување и реартикулирање на различни концепти на сценската изведба, соработувајќи и со актери и со танчери.
Ферлин кој е добитник на повеќе награди ги претставува и изведува своите дела низ Европа и САД, на бројни фестивали како Impulstanz во Виена, Festival Trans Amerique во Монтреал, Young Lions и Gibanica во Љубљана, Ex-Yu фестивалот во Њујорк, Rhubarb Festival во Торонто, Uovo Festival во Милано, Kunstenfestivaldesartes во Брисел, Festival Infant во Нови Сад, фестивалот Bitef во Белград, Mess festival во Сараево, Festival Actoral во Марсеј, Zero point во Прага и многу други.
*****
Овaa претстава е дел од проектот (Не)Врзани Движења и е куриран од Биљана Тануровска-Ќулавковски, Викторија Илиоска и Александар Георгиев.
(Не)Врзани Движења е поддржан од програмата Креативна Европа/Европска соработка Западен Балкан, Министерството за култура на Северна Македонија.
Проектот (Не)Врзани Движења/ (Non)Aligned Movements е развиен во партнерство помеѓу СТАНИЦА Сервис за современ танц, Белград; Номад танцова академија Словенија, Љубљана; Номад танцова академија Бугарија, Софија; Танцфабрик Берлин и ЛОКОМОТИВА Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје.
#Non)Aligned Movements #MOT #LokomotivaSkopje #Nomad
_______________________________