Research: Silent Trio/ Workshop and Presentation: Displaced bodies, displaced objects by Christina Ciupke and Darko Dragičević

/македонски подолу/

 

Art Politics Institution Body – APIB/ Research & Workshop

“Silent Trio” by Christina Ciupke and Darko Dragičević

“Displaced bodies, displaced objects”/ Open workshop

26 June – 11 July 2021

@ Youth Cultural Centre, Skopje, North Macedonia

Join the workshop and the presentation on the 30th of June 2021.

Send us an e-mail and apply at contact@lokomotiva.org.mk.

Due to compliance with the 19 protocols, it is necessary to present a vaccination certificate or a certificate of eligibility with a validity of not older than 45 days.

Silent Trio is an ongoing project by Christina Ciupke and Darko Dragičević that unfolds in different chapters. It started in January 2020 and it will last through October 2021. Throughout the project the two artists are exploring the interrelation between nature and man-made objects.

In collaboration with Lokomotiva they will continue their exploration/research in North Macedonia from 27 June – 11 July, 2021, and as part of their residency they will give a workshop entitled Displaced bodies, displaced objects.

Christina and Darko relate to different layers of their research and to the experience of their trip to former Yugoslavia when they visited the monuments that were built during Tito’s presidency and after (1960 – 1989). These monuments were meant to last and outlive human generations, political turbulences and social upheavals. The monuments left an impression on the two artists with their enduring and architectural appearances reminding them of the presence of trees. Christina and Darko work with the resonations these monuments trigger in their bodies. Their focus is on different qualities of movement activated by their internal and external states of consciousness.

The artists aim to visit 8 Monuments during their two-week residential stay organized by Lokomotiva, Skopje. As part of their stay they will give a workshop for interested participants which is related to their research.

Workshop>>> In the workshop, the artists are interested to explore how sculpture and architecture in public space affect our body memory and qualities of our movement materials when they are displaced from their original context.

Their starting point would be to map these objects on their original location in the public space.

Furthermore, they want to test how the imprints of the encounters with these objects left in our body memory can be used as choreographic tools.

As a second step, they would like to bring out the embodiment of these memory traces, but this time insert them into a different environment than the original one in the public space. In this way, we want to observe how the displacement influences the transformation of the physical memory on one hand, and the social landscape, on the other.

At the end of the day of workshop the accumulated processes will be shared with the public in an open format from 17.00 – 19.00 h.

Short bios>>>Christina Ciupke and Darko Dragičević have collaborated on various artistic projects since 2018. So far, Christina has participated in Darko’s projects Failure as Practice, Lie and Theft as Practice, among others. This year, they are working on their first larger collaboration/choreography entitled Silent Trio. The project unfolds in different chapters from January 2020 to November 2021 when it will premiere in Open Spaces Festival Tanzfabrik Berlin.

https://www.christinaciupke.com/

http://darkodragicevic.com/

Photographies from the research and the workshop:

https://www.flickr.com/photos/143801298@N08/albums/72157719929644161/with/51531203044/

*****

Silent Trio/ Displaced Bodies, displaced objects is part of program “Art, Politics, Institution, Body” /APIB/- a discursive and artistic program which allows for understanding and development of theatre, dance and performance as a socio-politically relevant art forms which include and research relevant socio-cultural, political themes and aspects of living. APIB consists of a discursive program of lectures, discussions, presentations, workshops, as well as artistic program of work in process, research presentations, laboratories and performances, and often includes involvement of local, regional and international collaborators.

Production Management by Saskia Schlegel, рhoto by Milica Naumov – Ostra, Serbia, May, 2021, design Jana Acevska.

The Lokomotiva/ APIB team is curated by Biljana Tanurovska-Kjulavkovski, and coordinated by Zorica Zafirovska. Project manager is Blagica Petrovska, administrator Gjurgjica Hristova.

Silent Trio/ Displaced Bodies, displaced objects is part of Lokomotiva’s “Art, Politics, Institution, Body” – APIB program, and is co-funded by Berlin Senate Department for Culture and Europe (Global cultural exchange 2021), Goethe Institute Skopje, Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje.


рhoto by Milica Naumov – Ostra, Serbia, May, 2021, design Jana Acevska.

Check out the photo album by Zorica Zafirovska above. / Погледнете го фото албумот на Зорица Зафировска погоре.

/македонски

 

Уметност, Политика, Институција, Тело – УПИТ/ истражување и работилница 

„Тивко трио“ со Кристина Чупке и Дарко Драгичевиќ

„Поместени тела, поместени објекти“ отворена работилница

26 јуни – 11 јули 2021 година

@ Младински културен центар, Скопје, Северна Македонија

Пријавете се на contact@lokomotiva.org.mk и придружете се на работилницата и презентацијата на 30-ти јуни 2021.

Тивко трио е тековен проект на Кристина Чупке и Дарко Драгичевиќ кој се одвива низ различни поглавја. Проектот започна во јануари 2020 година и ќе трае до октомври 2021 година. Во текот на проектот двајцата уметници ја истражуваат меѓусебната врска помеѓу природата и објектите создадени од човекот. Во соработка со Локомотива, тие ќе го продолжат своето истражување во Северна Македонија од 27 јуни до 11 јули 2021 година, а како дел од нивната уметничка резиденција тие ќе одржат и работилница на тема „Поместени тела, поместени објекти.“

Кристина и Дарко упатуваат на различни слоеви од нивното истражување и на искуството од нивното патување во поранешна Југославија кога ги посетиле спомениците изградени за време и по претседателството на Тито, помеѓу 1960 и 1989 година. Овие споменици биле замислени да траат и да надживеат многу генерации, политички турбуленции и општествени пресврти. Трајниот и архитектонски изглед на спомениците им оставил впечаток на уметниците, потсетувајќи ги на присуството на дрвјата. Кристина и Дарко работат со резонанциите што овие споменици ги активираат во нивните тела. Нивниот фокус е на различниот квалитет на движење активиран од внатрашната и надворешната состојба на свеста.

Уметниците имаат за цел да посетат осум споменици за време на нивниот двонеделен престој организиран од Локомотива Скопје. Во рамките на престојот тие ќе одржат работилница за заинтересираните учесници, поврзана со нивното истражување.

Работилница>>> За време на работилницата уметниците сакаат да истражат како скулптурата и архитектурата во јавниот простор влијаат на меморијата на нашето тело и квалитетот на нашето материјално движење кога поместени од оригиналниот контекст.  Нивната почетна точка ќе биде мапирање на овие објекти на оригиналната локација во јавниот простор.

Понатаму, тие сакаат да испитаат како впечатоците од средбите со овие објекти, кои остануваат во меморијата на нашето тело, може да се користат како кореографски алатки.

Како следен чекор, тие би сакале да го прикажат олицетворението на овие траги од меморијата, но овој пат да ги вметнат во поинакво опкружување од првичното во јавниот простор. На овој начин, сакаме да набљудуваме како поместувањето влијае на физичката меморија од една страна, и на социјалниот пејзаж од друга страна.

На крајот од денот на работилницата, насобраните процеси ќе бидат споделени со јавноста во отворен формат од 17.00 – 19.00 часот.

Кратка биографија>>> Кристина Чупке и Дарко Драгичевиќ соработуваат од 2018 година. Досега Кристина учествувала во повеќе проекти на Дарко, вклучувајќи ги „Неуспехот како пракса“, „Лагата и кражбата како пракса“ и други. Оваа година тие работат на нивната прв поголем проект/кореографија со наслов „Тивко трио.“ Проектот се одвива низ различни поглавја од јануари 2020 година до ноември 2021 година кога ќе има премиера на фестивалот „Отворени простори“ Танцфабрик Берлин.

https://www.christinaciupke.com/

http://darkodragicevic.com/

Фотографии од истражувањето и работилницата:

https://www.flickr.com/photos/143801298@N08/albums/72157719929644161/with/51531203044/

***

Тивко трио / Поместени тела, поместени објекти е дел од програмата „Уметност, Политика, Институција, Тело“ /УПИТ/ – дискурзивна и уметничка програма што овозможува разбирање и развој на театарот, танцот и изведбата како социо-политички релевантни уметнички форми кои вклучуваат и истражуваат релевантни социо-културни и политички теми, како и аспекти на живеење. УПИТ се состои од дискурзивна програма на предавања, дискусии, презентации, работилници, уметничка програма за работа во тек, истражувачки презентации, лаборатории и перформанси, како и учество на локални, регионални и меѓународни соработници.

Продукциски менаџмент Саскија Шлегел, фотографија Милица Наумов – Остра, Србија, мај 2021, дизајн Јана Ацевска.                                                                                                                                                                                          

Кураторка на тимот на Локомотива / УПИТ е Билјана Тануровска-Ќулавковски, а координаторка е Зорица Зафировска. Проектна менаџерка е Благица Петровска, а администраторка е Ѓурѓица Христова.

Тивко трио / Поместени тела, поместени објекти е дел од програмата „Уметност, политика, институција, тело“ /УПИТ/ на Локомотива. Проектот е кофинансиран од Берлинскиот сенат (Глобална културна размена 2021), Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.