(N)AM/ Critical Movement/ Research and residency by Ana Dubljević, Viktoria Ilioska and Sonja Pregrad

/македонски подолу/

 

Research and residency “Curating in process”

by Ana Dubljević (Serbia), Viktoria Ilioska (Macedonia) and Sonja Pregrad (Croatia)

0209 September 2021 @ Youth Cultural Centre

Art Politics Institution Body program/ (Non)Aligned Movement – Critical movement residency

Lokomotiva in the next period will host this year’s curatorial team of the (Non) Aligned Movements project: Ana Dubljević (Serbia), Viktoria Ilioska (Macedonia) and Sonja Pregrad (Croatia), and provide a space for their work as well as for exchange with the local scene.

 

The three choreographers, with an interest in feminist dramaturgies, choreographies and processes, are advocating for Curating as being in conversation / Curating in process / Curating in failure / Curating in public, instead of curating as object placement / delivering product / being sleek hidden hot. They are conceptualizing their programing in the intersection of theory and practice (choreography) – looking at how (Non)Aligned Movements can be re-read – in terms of their historicity and the urgency of nowadays, in relation to the ongoing decolonizing and feminist critique – with regard to political and cultural, but also choreographic (self)-governance.

Thirty years after the dismantle of Yugoslavia, of Macedonia’s independence, with current global extremizing of conditions, Ana, Viktorija and Sonja are curious to spend a week in Skopje and meet some of the local artists, curators and theoreticians and exchange with them thoughts on (social) choreographies of ambivalence, dissent and complexity. They will also work on their role as a catalyst of the collecting and communicating knowledge about the local scenes towards the regional organizations of the network. Three choreographers Ana, Viktorija and Sonja will use the time to work on preparing a proposal for a choreo-historical reading lab, which we would like to invite interested participants into at the end of our week.

 

About the project:

(Non)Aligned Movements is a 4 years collaborative project of the NDA network, funded by the EU in the frame of Cultural Cooperation Projects in the Western Balkans. It is designed to boost the creative and collaborative potential of contemporary dance in the Western Balkans. It reinforces the social impact of Balkan contemporary dance by raising its capacities for action and collaboration, by promoting its heritage and by inscribing it in future discourses and cultural practices. There are 3 main goals of our project: to present the past, reflect the presence and create the future. NAM project wants to share the experiences of self-organization, horizontal organizational structure, balance and openness for all likeminded dance and performing arts actors.  With NAM we will create the Balkan Open Digital Dance Archive to introduce contemporary dance as an important cultural heritage of our region. We will reinforce the network of residency programs in the region to enable mobility of dance professionals in the region, and better connect the regional dance festivals. NAM pays particular attention to the underprivileged communities within the Balkan contemporary dance scene: women, LGBTQI and body diverse artists, practices and experiences are given priority. Partners of the project are: Station Service for contemporary dance from Belgrade, Lokomotiva Center for new initiatives in arts and culture from Skopje, Nomad Dance Academy Slovenia from Ljubljana, Nomad Dance Academy Bulgaria (Sofia) and Tanzfabrik from Berlin.

 

Biographies:

Ana Dubljević is born in 1980 in Belgrade, Serbia. Holds a Bachelor in Fine Arts. Since 1999 she is a performer, dancer, choreographer and culutural worker in the field of performing arts. Won several scholarships such as Enparts Campus 2010, NOMAD Dance Academy 2008, DanceWEB/ImpulsTanz 2007, Fostering Creativity and InteatroFestival Academy 2006; was a part of The Curatorial Project 2011 and had residencies like Jardin dÉurope in Cullberg Theater 2012 and in Mogosoaia Center 2008. She attended various workshops from 2002 to 2008. From 1999-2006 Ana was a dancer in Madlenium Dance Company from Belgrade. She performed as a dancer/performer in Workers die singing, Metamorphosis, Certain very important, Enparts Campus; Les Entfantes Terribles; IT; Overdone and gone; Road to Damask; Hurry up, and many others. Her choreographic work involves following pieces Lesley presents Lesley,collective Lesley 2011; At Ana’s Bar 2010; IT 2009; Les Enfantes Terrible 2009; Trigger happy 2008; Watch out! Watch in and Zip-Hop Music 2007; Relax 2006. Ana is an active member of Station, Service for contemporary dance, Belgrade.

Viktorija Ilioska is a Macedonian choreographer and performer who lives and works in Germany. During her studies in contemporary dance pedagogy in Skopje, she worked at programs for support and development of contemporary dance, both collaborating with institutions and also actively strengthening the independent scene. In 2010, being a member of Nomad Dance Academy, she produced her first artwork “I am always watching you”, which is actively exposing the audience and talking about mechanisms of surveillance. The piece was later performed at the festivals in Ljubljana (2010), New York (2011), Skopje, and Bitola (2012). After graduation, Viktorija received Dance Web Scholarship in Vienna and did the program under the mentorship of Chris Haring and David Wampach. Her next piece “The cause of disease” (2015), produced and supported by Lokomotiva and the international artistic network APAP, speaks about forms of freedom and the restrictions limiting them. Between 2015 and 2016, Viktorija was working in A4 — Space for Contemporary Culture based in Bratislava. Since 2017 she lives in Giessen, where she is finishing her Master’s studies in Choreography and Performance at the Institute of Applied Theatre Studies in Justus Liebig University.

Sonja Pregrad is a dance artist, performer, organizer and collaborator, being based in between Zagreb (Croatia) and Berlin (Germany). Growing up in an East-European, ex-socialist country, is probably one of the things that shaped her understanding of art as always relational, collective and contextualized endeavor. She has been involved into different grass-root initiatives within the art community of Zagreb. She is a founder and producer of the festival Improspekcije (since 2007) and Antisezona program at Contemporary Art Museum.  In her work as a choreographer, dance is always thought of as a relational gesture, her choreography extending from re-inventing body-based practices to re-appropriating performance formats. Sonja made works on her own and developed different long-term artistic collaborations. As a performer she has been working with choreographers Meg Stuart, Isabelle Schad, visual artist Sanja Iveković, and others.

 

*****

 

Lokomotiva team: programme director Biljana Tanurovska-Kjulavkovski, project manager Blagica Petrova, programme coordinators Zorica Zafirovska and Kristina Todoroska Petreska, and administrator Gjurgjica Hristovska. The project (Non)Aligned Movement is part of the Cultural Cooperation Project in the Western Balkans program line of The Education, Audiovisual and Culture Executive Agency (EACEA) delegated by the European Commission Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje.

 

______________________________________________

 

/македонски

 

Истражување и престој „Курирање во процес“ на:

Ана Дубљeвиќ (Србија), Викторија Илиоска (Македонија) и Соња Преград (Хрватска)

02 – 09 септември 2021 година

@ Младински културен центар

 (Не)Врзани движењаКритични движења резиденција

 

Локомотива во следниот период ќе биде домаќин на овогодинешниот кураторски тим на проектот (Не)Врзани движења: Ана Дубљeвиќ (Србија), Викторија Илиоска (Македонија) и Соња Преград (Хрватска) и ќе обезбеди простор за нивно истражување и работа, како и за размени со локалната сцена. Трите танцови уметници и кореографки, практикуваат феминистички драматургии, кореографии и процеси, залагајќи се за: Курирање во разговор / Курирање во процес / Курирање на неуспех / Курирање во јавност, наспроти курирање преку поставување на предмети во просторот/ создавање на производ / бидување елегантно и таинствено сензуаелен. Тие ја конципираат програмата на која работат како во вид на интерсекција помеѓу теоријата и праксата (кореографија) – барајќи начини на кои ќе ги реобмислат (не)врзаните движења – во поглед на нивната историска важност и итноста на денешницата, во однос на тековната деколонизирачка и феминистичка критика – во сооднос со политичкото и културното, но и кореографското (само)владеење.

Триесет години по распаѓањето на Југославија и независноста на Македонија, во сегашните глобални екстремистички услови, Ана, Викторија и Соња се желни за време на нивниот еднонеделен престој во Скопје да запознаат локални уметници, куратори и теоретичари и да ги разменат своите становишта за (социјалните) кореографии на амбивалентност, несогласување и сложеност. Исто така, ќе работат на тоа да ја прошират својата улога на катализатори во собирањето и пренесувањето знаења за локалните сцени на регионалните организации вклучени во мрежата. Ана, Викторија и Соња ќе го искористат времето да работат на подготовка на предлог за корео-историска лабораторија за читање, во која би сакале да ги поканат заинтересираните учесници на крајот на нивната еднонеделна резиденција.

 

За проектот:

(Не)Врзани движења е 4-годишен заеднички проект на мрежата на НДА, финансиран од ЕУ во рамки на проектот за културна соработка на Западен Балкан. Тој е дизајниран да го зајакне креативниот и заедничкиот потенцијал на современиот танц во Западен Балкан. Го зајакнува социјалното влијание на балканскиот современ танц преку унапредување на неговите капацитети за акција и соработка, промовирање на неговото наследство и негово впишување во идните дискурси и културни практики. Постојат 3 главни цели на нашиот проект: да го претставиме минатото, да ја прикажеме сегашноста и да ја создадеме иднината. Проектот НАМ сака да ги сподели искуствата за самоорганизирање, хоризонтална организациска структура, рамнотежа и отвореност за сите изведувачи на танц и перформативна уметност, слични на нив. Со НАМ ќе создадеме Балканска отворена дигитална архива за танци за да го воведеме современиот танц како важно културно наследство на нашиот регион. Ќе се зајакне мрежата на програми за престој во регионот, за да се овозможи мобилност на танцовите професионалци во регионот и подобро поврзување на регионалните танцови фестивали. НАМ посветува особено внимание на непривилегираните заедници во рамките на балканската современа танцова сцена: приоритет им се дава на жените, ЛГБТКИ и телесно различните уметници, практики и искуства. Партнери на проектот се: Станица за современ танц од Белград, Локомотива Центар за нови иницијативи во уметноста и културата од Скопје, Номад танц академија Словенија од Љубљана, Номад танц академија Бугарија (Софија) и Танцфабрик од Берлин.

 

Биографии:

Ана Дубљевиќ е роденa во 1980 година во Белград, Србија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности. Од 1999 година, работи како изведувачка, танцова уметница, кореографка и културна работничка во областа на изведувачките уметности. Добитничка е на неколку стипендии како што се Enparts Campus 2010, NOMAD Dance Academy 2008, DanceWEB/ImpulsTanz 2007, Поттикнување креативност и InteatroFestival Academy 2006; била дел од Кураторски проект во 2011 и престојувала на резиденциите Jardin dÉurope во Cullberg Theatre во 2012 и во Mogosoaia Center 2008 година. Учевствувала на повеќе работилници од 2002 до 2008 година, a oд 1999-2006 година Ана била танцова уметница во Мадлениум танц компанијата од Белград. Настапувала како танцова уметница/изведувачка во „Работници умираат пеејќи“, „Метаморфозис“, „Извесни многу важни работи“, „Енпартс Кампус“; „Ужасни деца“; „ИТ“; „Претерано и завршено“; „Патот до Дамаск“; „Побрзајте“ и многу други. Нејзината кореографска работа ги вклучува следниве дела „Лесли го прикажува Лесли“, колектив Лесли 2011; „Во барот на Ана“ 2010; „ИТ“ 2009; „Ужасни деца“ во 2009 година; „Активирање на среќата“ 2008 година; „Внимавај! Гледајте“ и „Зип-Хоп музика“ 2007; „Опушти се“ во 2006 година. Ана е активен член на Станица, сервис за современ танц во Белград.

Викторија Илиоска е македонска кореографка и изведувачка која моментално живее и работи во Германија. За време на своите студии по современа танцова педагогија во Скопје, таа работела на многубројни програми за поддршка и развој на современиот танц, соработувајќи со повеќе институции и истовремено активно зајакнувајќи ја независната сцена. Во 2010 година, како член на Номад Танц Академијата, таа го произведе своето прво уметничко дело „Секогаш те гледам“, што активно ја изложува публиката и зборува за механизмите за надзор. Ова дело подоцна беше изведено на фестивалите во Љубљана (2010), Њујорк (2011), Скопје и Битола (2012). По дипломирањето, Викторија ја доби стипендијата на Dance Web програмата во Виена и ја заврши истата под менторство на Крис Харинг и Дејвид Вампах. Нејзиното следно дело „Причината за болеста“ (2015), произведено и поддржано од Локомотива и меѓународната уметничка мрежа АПАП, зборува за формите на слобода и рестрикциите кои ја ограничуваат истата. Помеѓу 2015 и 2016 година, Викторија работеше во А4 — Простор за современа култура со седиште во Братислава. Од 2017 година, живее во Гисен, каде ги завршува нејзините магистерските студии по кореографија и изведба на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот Јустус Лајбиг во Германија.

Соња Преград е танцова уметница, изведувачка, организаторка и соработничка, со седиште помеѓу Загреб (Хрватска) и Берлин (Германија). Веројатно растењето во источноевропска, поранешна социјалистичка земја е едно од нештата кои го обликуваат нејзиното разбирање на уметноста како постојано релациона, колективна и како еден вид на контекстуализиран потфат. Таа била вклучена во различни грас-рут иницијативи во рамките на уметничката заедница во Загреб. Таа е основачка и продуцентка на фестивалот Импроспекција (од 2007 година) и програмата Антисезона во Музејот на современа уметност, Загреб. Во нејзината работа како кореограф, танцот секогаш се смета за релациски гест, а нејзината кореографија се протега од реобмислување на телесните практики до повторно присвојување на форматите на изведба. Соња работи на самостојни дела и развива различни долгогодишни уметнички соработки. Како изведувачка, таа работела со кореографите Мег Стјуарт, Изабел Шад, визуелната уметница Сања Ивековиќ и други.

 

*****

 

Тимот на Локомотива го сочинуваат програмската директорка Билјана Тануровска-Ќулавковски, проектната менаџерка Благица Петрова, програмските координаторки Зорица Зафировска и Кристина Тодороска Петреска и администраторката Ѓурѓица Христовска.

Проектoт (Не)Врзани движења е дел од Проектот за културна соработка во програмската линија на Западен Балкан на Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура (EACEA) делегирана од Европската комисија, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.