Representatives from Lokomotiva attended the Strategic group meeting and Learning Teaching Training program organized in Berlin as part of the project CURATING in CONTEXT

/македонски подолу/

 

Curating in Context/ Strategic group meeting & Learning Teaching Training 

“Collaborative curating”

5 September – 10 September 2021

@ Kreuzberg: Studio 2 & Uferstudios Wedding, Berlin

 

Representatives and invited collaborators from Lokomotiva, one of the partners of CURATING in CONTEXT, an Erasmus+ project, attended the Strategic group and Learning Teaching Training program meetings, in the period between the 5th and 10th of September 2021, organised and hosted by Tanzfabrik-Berlin.

Blagica Petrova, as a representative of Lokomotiva, attended the hybrid meetings in person, together with the invited curators, Ivana Vaseva and Marijana Cvetković, while the rest of the Lokomotiva team, Biljana Tanurovska Kjulavkovski, Zorica Zafirovska, and Slavcho Dimitrov attended the meetings online.

The focus of the meetings under the topic Collective Curating, in the frame of Learning Teaching Training – an intensive program for higher education learners, was held at the Uferstudios Berlin. This project activity gathered the representatives of the project partners and the invited collaborators to gradually complete the three intellectual outputs: the development of a Manual-handbook, the Open Education Resource Platform, and the Educational Curriculum with the aim to create education and opportunities for students, practitioners, curators, scholars and cultural workers to critically reflect and address different socio-political and economic contexts.

The Learning Teaching Training activity made it possible for participants to discuss, share their experience and knowledge and plan the Multiplier Event as well as a conference in Zagreb in October 2021, which will support the analysis and reflection of the learning approaches and their possible further development.

During their stay, all participants and guests were able to attend the meetings, discussions, lectures and follow the cultural program at Tanzfabrik Berlin Kreuzberg, Uferstudios Berlin, Floating University and the rest of the program all over the city.

About the project

The two-year long Erasmus+ project co-organized between two NGOs (Tanzfabrik Berlin and Lokomotiva Skopje), and two Higher Education Institutions (Stockholm University of the Arts and the University of Zagreb) was developed in order to respond to the challenges that the growing influence of the concepts of curating and the curatorial pose in the contemporary art field, beyond the sphere of visual arts.

 

*****

 

The project “Curating in Context” is supported by Erasmus+, EU program for education, training, youth, and sport.

 


Photoѕ by Marijana Cvetković/ Фотографии на Маријана Цветковиќ

/македонски

 

Курирање во контекст/ Состаноци на стратешката група и Учење, предавање, обуки

„Колаборативно курирање“

5 септември – 10 септември 2021 година

@ Кројцберг: Студио 2 и Вединг Уфертудиос, Берлин

Претставници и поканети соработници на Локомотива, еден од партнерите на проектот Еразмус+, „Курирање во контекст“, присуствуваа на состаноците на стратешката група и програмата Учење, Предавање, Обуки во периодот помеѓу 5-ти и 10-ти септември 2021 година, организирани од домаќинот Танцфабрик-Берлин.

На хибридните состаноци, Благица Петрова како претставник на Локомотива присуствуваше на состаноците во живо, заедно со поканетите кураторки Ивана Васева и Маријана Цветковиќ. Останатите членови на тимот на Локомотива, Билјана Тануровска Ќулавковски, Зорица Зафировска и поканетиот гостин Славчо Димитров ги следеа состаноците онлајн.

Фокусот на состаноците на темата Колективно курирање во рамките на Учење, Предавање, Обуки, интензивната програма за ученици од високото образование се одржа во Уферстудиос Берлин. Како дел од оваа проектна активност, претставниците на проектните партнери и поканетите соработници се собраа со цел полека да ги комплетираат трите интелектуални резултати: изработка на прирачник, Платформа со отворени едукативни ресурси  и образовна програма со цел да се создадат  можности и едукација за студентите, практичарите, кураторите, научниците и културните работници, а тие критички да размислуваат и да се осврнат на различните социо-политички и економски контексти.

Активноста Учење, Предавање, Обуки овозможи дискусии, споделување искуства и познавања и планирање на Мултипликаторниот настан и конференција во Загреб во октомври 2021 година, која ќе продолжи со анализа и рефлексија на приодите за учење и нивниот можен понатамошен развој.

За време на престојот, сите учесници и гости можеа да присуствуваат на состаноците, дискусиите, предавањата и да ја следат културната програма во Танцфабрик Берлин Кројцберг, Уферстудиос Берлин, Floating универзитет и останатиот дел од програмата низ целиот град.

Двегодишниот проект Еразмус+ е ко-организиран помеѓу две невладини организации (Танцфабрик Берлин и Локомотива Скопје) и две високообразовни институции (Универзитет за уметност во Стокхолм и Универзитетот во Загреб) е развиен со цел да одговори на предизвиците на зголеменото влијание на концептите на кураторството во современата уметничка област, надвор од сферата на визуелните уметности.

 

*****

Проектот „Курирање во контекст“ е поддржан од Еразмус+, програма на ЕУ за образование, обука, млади и спорт.

 


More activities within the project: 

Final meetings and conference HOW TO DO THINGS WITH CONTEXT? In Zagreb, as part of the project CURATING in CONTEXT

How to do things with contexts – online seminar in the framework of Curating in Context project

Curating in Context Summer School