/македонски подолу/
Queer body programme/ Workshop with drag performer Linda Socialista
Be Pyg(ay)malion and create your Gaylatheia!
Јune 15, 2023, 18:00 @ KOMITET
LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture in collaboration with the socio-cultural center Komitet, third year in the continuation organizes the program Queer body programme with aim to enable the space for creating, sharing and producing drag and queer culture. The local community will have the opportunity to share their experiences with international and local artists and collaborators and open new spaces and forms for the expression and development of drag culture…
In the frame of the Queer body programme, Lokomotiva organizes several open workshops of lip-syncing, live singing, dance and performance with the drag community, aiming to support the development of the movements and “bodies of resistance” as part of the drag culture. This project was created to encourage and give the visibility of the local drag culture and its members.
The open series of workshops and performances with drag artists, actors and artists, will be led by the drag artists themselves Dario Barretto Damas (known as Irma Swan), Aleksandar Georgiev (known as Tita Extra Vita), Jana Jakimovska (known as Linda Socialista), Simona Spirovska an actor and a Latino dancer, and Maja Milanova make-up artist and with the participants together will explore the various practices related to the culture.
After the workshop Ultimate by Dario Barretto Damas (known as Irma Swan), Aleksandar Georgiev (known as Tita Extra Vita) on creating a space for sharing choreographic tools and language as foundation for performativity within drag shows, we engaged physically in what could be the ULTIMATE choreo of your existence.
The next workshop will be led by the artist Jana Jakimovska (known as Linda Socialista), where she will work together with members of the community on sharing knowledge and a language related to creating a drag persona/character or improving the current one. What do you want to convey to the world when you take the stage? How can you adjust your aesthetic to accurately convey your message? That’s just some of the questions that we are re-thinking, and we’ll try to give answers together by sharing practices for staging and performativity.
Be Pyg(ay)malion and create your Gaylatheia!
About the workshop: Your inner drag royalty is ready to come out of your sequin filled closet! Sashaying with you in 4 easy steps, Linda Socialista will help you chisel your drag charater.
The workshop for drag character building consists of two consecutive sessions.
Session 1
The participants will be presented with a mini lecture on creating the basis of a drag character. Using an inspirational video, as well as a power point presentation with a set of examples from the world of drag and her own experiences, Linda Socialista will break down the magic of drag into a simple guide consisting of 4 easy steps.
Session 2
The participants will be encouraged and guided to follow the 4 steps to create a brand-new drag character, or perfect an existing one. At the end of the session, each participant will present their drag character in a manner they find most suitable.
This workshop is directed towards the drag scene and open to all of you who have an interest in drag performance, character building and choreography (professionals and non-professionals).
Linda Socialista is a drag performer. First Macedonian bio queen. Ready to crush the patriarchy with a gentle flutter of her false eyelashes.
The workshop will take approximately 2 or 3 hours.
***
The program is initiated and coordinated by Zorica Zafirovska as part of Queer body programme that has been supporting the community in the past three years. After attending the workshops, the participants will have the opportunity to perform together with their own characters and performances in a joint event organized by Lokomotiva, Skopje.
*****
The workshops are realized in collaboration with LGBTI Support Center and socio-cultural centre Komitet, part of Lokomotiva’s “Queer body /Interdisciplinary programme”, supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.
___________________
Check out the photo album above. / Погледнете го фото албумот погоре.
/македонски
Квир/Настрано тело програма/ Работилница со дрeг изведувачката Линда Социјалиста
Биди Пиг(еј)малион и создади ја својата Гејлатеа!
15.06.2023 година, 18:00 часот @КОМИТЕТ
ЛОКОМОТИВА-Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со социо-културниот центар Комитет, трета година по ред ја организира програмата Квир тело со цел да овозможи простор за креирање, споделување и продуцирање на драг и квир култура. Локалната заедница ќе има можност да ги сподели своите искуства со меѓународните и локалните уметници и соработници и да отвори нови простори и форми за изразност и развој на драг културата.
Во рамките на проектот Квир тело Локомотива организира неколку отворени работилници за синхронизација на усните, пеење во живо, танц и изведба со дрег заедницата, со цел да го поддржи развојот и движењето на „телата на отпорот“ како дел од дрег култура. Овој проект е создаден за да ја поттикне и даде видливост на локалната дрег култура и нејзините членови.
Отворената серија работилници и перформанси со дрег артисти, актери и уметници, ќе ја водат самите дрег изведувачи Дарио Барето Дамас (познат како Ирма Свон), Александар Георгиев (познат како Тита Екстра Вита), Јана Јакимовска (позната како Линда Социјалиста), Симона Спировска, глумица и латино танчерка, и Маја Миланова шминкерка и заедно со учесниците ќе ги истражуваат различните пракси поврзани со културата.
По работилницата Ultimate која ја одржаа Дарио Барето Дамас (познат како Ирма Свон), Александар Георгиев (познат како Тита Екстра Вита) изведувачите работеа за создавање простор за споделување кореографски алатки и јазик како основа за перформативност во рамките на драг шоуата, во која се вклучија физички во оформување на Ultimate корео на вашето постоење.
Во следната работилница уметницата Јана Јакимовска (позната како Линда Социјалиста), ќе работи заедно со учесниците на споделување алатки и јазик поврзани со градење на лична дрег персона, каде таа ќе работи заедно со учесниците на споделување алатки и јазик поврзани со градење на драг личност/персона или развиете сегашната. Што сакате да му пренесете на светот кога ќе излезете на сцената? Како можете да ја прилагодите вашата естетика, за попрецизно да ја пренесете вашата порака? Тоа се само дел од прашања за кои размислуваме и заеднички ќе се обидеме да дадеме одговори преку споделување на пракси за изведба и перформанс.
За работилницата:
Биди Пиг(еј)малион и создади ја својата Гејлатеа!
Твоето внатрешно дрег височество е подготвено да излезе од плакарот полн со шљокици! Фрцкајќи се со тебе низ 4 лесни чекорчиња, Линда Социјалиста ќе ти помогне да го изделкаш својот дрег карактер.
Работилницата за градање на дрег карактер се состои од две последователни сесии.
Сесија 1
На учесниците ќе им се презентира мало предавање за создавање на основите на еден дрег карактер. Користејќи видео материјал за инспирација, како и пауер поинт презентација со сет примери од светот на дрегот и сопствени искуства, Линда Социјалиста ќе ја разложи магијата на дрегот низ водич кој се состои од 4 лесни чекори.
Сесија 2
Учесниците ќе бидат охрабрени и водени да ги проследат 4те чекори за да создадат сосема нов дрег карактер или да усовршат карактер кој веќе постои. На крајот од сесијата, секој учесник ќе го претстави дрег карактерот на оној начин кој го смета за најсоодветен.
Оваа работилница е насочена кон дрег сцената и е отворена за сите вас кои имате интерес во градење на дрег карактер перформанс и кореографија (професионалци и сите заинтересирани).
Работилницата ќе трае приближно 2 или 3 часа.
***
Програмата е иницирана и координирана од Зорица Зафировска како дел од прoграмата Квир тело што ја поддржува заедницата во изминатите три години. По посетата на работилниците, учесниците ќе имаат можност да ги претстават свои ликови и изведби на заеднички настан организиран од Локомотива, Скопје.
*****
Реализирано во соработка ЛГБТИ центарот за поддршка и социо-културниот центар Комитет како дел од „Квир тело/Интердисциплинарната програма” на Локомотива, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.