Queer body programme/ Stage Performance Workshop with Simona Spirovska

/македонски подолу/

Queer body programme/ Stage Performance Workshop with Simona Spirovska

June 20, 2023, 18:00

@ Socio-cultural centre Komitet

LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture the third year in the continuation organizes the program Queer body programme with the aim to enable the space for creating, sharing, and producing queer culture. The local community will have the opportunity to share their experiences with international and local artists and collaborators in opening new spaces and forms for the expression and development of dreg culture.

In the frame of the Queer body programme, Lokomotiva organizes several open workshops of lip-syncing, live singing, dance, and performance with the community, aiming to support the development of the movements and “bodies of resistance” as part of the culture. This project was created to encourage and give visibility to the local culture and its members.

The open series of workshops and performances will be led by the artists themselves Dario Barretto Damas (known as Irma Swan), Aleksandar Georgiev (known as Tita Extra Vita), Jana Jakimovska (known as Linda Socialista), Simona Spirovska an actor, dancer and performer, and Maja Milanova make-up artist. The artists, actors, and artists, with the participants will explore the various practices related to culture and togetherness.

The workshop Ultimate by Dario Barretto Damas (known as Irma Swan), Aleksandar Georgiev (known as Tita Extra Vita) is creating a space for sharing choreographic tools and language as a foundation for performativity within  shows, and in Be Pyg(ay)malion and create your Gaylatheia! workshop by Jana Jakimovska (known as Linda Socialista) is working together with members of the community on sharing knowledge and a language related to creating a  persona/character or improving the current one.

In the next Stage Performance Workshop, Lokomotiva, Skopje collaborates with Socio-cultural centre Komitet, third year in the continuation, by organizing possibility for the participants to join the Queer body programme and enabling new space for creating, sharing, and producing and queer culture.

The participants will have the opportunity to explore different types of choreography, movement and theatre, the role movement and dance play in performance, and from dance and from the lens of drag perspective.

Drag artists around the world have created an entire spectrum of unique ways of movement and gestures that explore gender through performance and art. For more than a half a decade drag performers have been creating their vocabulary and style of movement to suit their own personal visions and expressions. Coming from voguing, drag stage performance combined with lips-syncing creates connection between the phrases of movements, transitions, and rhythm, expressing political, comical, or fun statements.

What do you want to convey to the world when you take the stage? How can you adjust your aesthetic to accurately convey your message? That’s just some of the questions that we are rethinking, and we’ll try to give answers together by sharing practices for staging and performativity, that we will work on!

About the workshop Stage Performance Workshop

Explore dance and stage performance together with Simona Spirovska. She will open the door to the choreography, process, phases practices on stage divided into three phases: gathering the movement material, developing movements into dance phrases, and creating the final structure for the show work. The body movements, lip-syncing, and facial expressions are the most important tools of expression in any performer’s toolkit, same as is their physicality, the use of their bodies in movement. Participants and performers will explore different movement types to complete their communication with the audience linked by a recognizable pattern of accents, gestures, and dance.

From club to stage, drag performance uses exaggerated imitations of masculinities or femininities in a public stage as a forum. The purpose of this workshop is to show the ways that performativity operates within a non-normative and articulate how the discursive production of gender performance, is relational and creates hegemonic disruption, engaging, the agentic bodies and defying the cultural scripts of binary oriented gender. Within this drag community, the stage practice of gender subversive drag has been more than a weapon of pure artistic expression.

Simona Spirovska was born in 1985 in Skopje, Republic of Macedonia. She graduated and received her master’s degree from the Department of Dramatic Actors, at the Faculty of Dramatic Arts, in Skopje, in the class and under the mentorship of prof. Vladimir Milchin. From 2011 to 2013 he worked as a demonstrator at the Faculty of Dramatic Arts, on the subject of Stage Movements and Dances. She is currently employed at the Theater for Children and Youth, Skopje and is part of the Artopia Association.

An active member of the ensemble, and can be frequently seen on the regular repertoire of the Theater for Children and Youth, including: Oliver Twist, directed by Srdjan Janacievikj, Sleeping Mind gives birth to monsters and Our Class, directed by Vladimir Milchin, The Snow Queen, directed by ana Miloshevska, Sidartha, directed by Jane Spasikj and others (in over 10 in-house pieces), as well as in the plays that are part of Artopia’s repertoire: Greet him and kiss him from me, directed by Biljana Radinoska and Experiment, in directed by Jane Spasikj.

Regularly collaborates with the Cantieri Teatrali Koreja, from Lecce, Italy, as part of the cast in the play La parola padre (The Word Father), directed by Gabriele Vaciz.

Participated in many film and television projects. Also works as a choreographer on numerous theater and television projects.

Register at kultrening@gmail.com no later than 20.06.2023, the number of participants is limited. The workshop is free and open to participants with or without experience. Please bring your makeup kit.

The workshop will take approximately 3 hours per session.

***

Queer Body Programme is initiated and coordinated by Zorica Zafirovska together with other artists, that has been supporting the community in the past three years. After attending the workshops, the participants will have the opportunity to perform their own characters in a joint event organized by Lokomotiva, Skopje at the Faculty of Fine Arts.

*****

The workshops are realized in collaboration with the Faculty of Fine Arts, LGBTI Support Center, and socio-cultural centre Komitet, part of Lokomotiva’s “Queer body /Interdisciplinary programme”, supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.

___________________

работилница

Check out the photo album above.  / Погледнете го фото албумот погоре.

 

/македонски

Квир/Настрано тело програма/ Работилница за сценски настап со Симона Спировска

20-ти 2023 година, 18:00 часот

@ Социо-културен центар Комитет

ЛОКОМОТИВА-Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, веќе трета година ја организира програмата Квир тело, со цел да овозможи простор за креирање, споделување и продуцирање на дрег и квир култура. Локалната заедница ќе има можност да ги сподели своите искуства со меѓународните и локалните уметници и соработници и да отвори нови простори и форми за изразност и развој на дрег културата.

Во рамките на проектот Квир тело Локомотива организира неколку работилници за синхронизација на усните, пеење во живо, танц, шминка и изведба заедно со дрег заедницата, со цел да го поддржи развојот и движењето на „телата на отпорот“ како дел од дрег културата. Овој проект е создаден за да ја поттикне и даде видливост на локалната дрег култура и нејзините членови.

Отворената серија работилници и перформанси со дрег артисти, актери и уметници, ги водат самите дрег изведувачи Дарио Барето Дамас (познат како Ирма Свон), Александар Георгиев (познат како Тита Екстра Вита), Јана Јакимовска (позната како Линда Социјалиста), Симона Спировска, глумица, танцова уметница и изведувачка, Маја Миланова шминкер, и заедно со учесниците ги истражуваа(т) различните пракси поврзани со културата.

Во работилниците Ultimate која ја одржаа Дарио Барето Дамас (познат како Ирма Свон), Александар Георгиев (познат како Тита Екстра Вита) изведувачите работеа за создавање простор за споделување кореографски алатки и јазик како основа за перформативност во рамките на дрег шоуата и Биди Пиг(еј)малион и создади ја својата Гејлатеа! уметницата Јана Јакимовска (позната како Линда Социјалиста), работеше заедно со учесниците на споделување алатки и јазик поврзани на градење на лична дрег персона.

Во следната работилница за сценски настап, Локомотива, Скопје соработува со Социо-културниот центар Комитет, трета година во продолжение, преку организирање можност на учесниците да се приклучат на Queer body програмата и овозможувајќи нов простор за создавање, споделување и производство и квир култура.

Учесниците ќе имаат можност да истражат различни видови на кореографија, движење во театар, важноста на движењето и танцот во изведбата, преку перспективата на дрегот како изведбена уметност.

Дрег уметниците низ светот имаат создадено цел спектар на уникатни гестови и начини на движење кои го истражуваат родот преку изведба и уметност. Повеќе од половина столетие дрег изведувачите го креираат својот вокабулар и стил на движење за да одговараат на нивните лични визии и изрази. Дрег перформансот кој доаѓајќи од воугингот, поставен на сцена, во комбинација со синхронизација на усните, создава врска помеѓу фразите на движења, промени и ритам што изразува политичка, комична или забавна изјава.

Што сакате да му пренесете на светот кога ќе излезете на сцената? Како можете да ја прилагодите вашата естетика за точно да ја пренесете вашата порака? Тоа се само некои од прашањата што ги преиспитуваме и ќе се обидеме заедно да дадеме одговори преку споделување практики за инсценирање и перформативност на кои ќе работиме!

За работилницата за сценски настап

Истражете го танцот и сценскиот настап заедно со Симона Спировска. Таа ќе го сподели своето 30 годишно искуство и ја отвори вратата за праксите на кореографија, танц и процесот на сцената поделен во три фази: собирање на материјалот за движење, развој на движења во танцови фрази и создавање на конечната структура за изведба. Движењата на телото, синхронизирањето на усните и изразите на лицето се најважните алатки за изразување во на секој изведувач, исто како и нивната телесна изразност и артикулираност. Учесниците и изведувачите ќе истражуваат различни типови на движења, според нивните можности за да остварат комуникација со публиката, поврзана со препознатлив модел на акценти, гестови и танц.

Од клуб до сцена, дрег изведбата користи претерани имитации на мажественост или женственост во јавниот простор како своевиден форум. Целта на оваа работилница е да ги прикаже начините на кои перформативноста функционира ненормативно, артикулира како дискурзивна продукција на родовиот перформанс, е релациона и создава хегемоничен прекин, ангажирање на агентски тела и пркосење на културните скрипти на бинарно ориентираниот род. Во рамките на оваа дрег заедница, сценската пракса на родово субверзивно дрег е повеќе од оружје за уметничко изразување.

Симона Спировска е родена 1985 година, во Скопје, Република Македонија. Дипломирала и магистрирала катедрата за Драмски актери, на Факултетот за Драмски Уметности, во Скопје, во класата и под менторство на проф. Владимир Милчин. Од 2011 до 2013 година работи како демонстратор на Факултетот за драмски уметности, по предметот Сценски движења и танци. Во моментов е вработена во Театарот за деца и младинци, Скопје и е дел од здружението Артопија.

Игра во претставите кои се на редовниот репертоар на Театрот за деца и младинци, меѓу кои: Оливер Твист, во режија на Срџан Јаначиевиќ, Заспанот разум раѓа чудовишта и Нашиот клас, во режија на Владимир Милчин, Снежната кралица,во режија на Драгана Милошевска, Сидарта, во режија на Јане Спасиќ и други (игра во над 10 претстви во матичниот театар), како и во претставите кои се дел од репертоарот на Артопија: Да го поздравиш и да ми го бациш, во режија на Билјана Радиноска и Експеримент, во режија на Јане Спасиќ.

Редовно соработува со театарот Cantieri Teatrali Koreja, од Лече, Италија, како дел од актерската екипа во претставата La parola padre (Зборот татко), во режија на Габриеле Вачиз. Дел е филмски и телевизиски проекти и работи и како кореограф на бројни театарски и телевизиски проекти.

Оваа работилница е насочена кон дрег сцената и е отворена за сите вас кои имате интерес во градење на дрег карактер перформанс и кореографија (професионалци и сите заинтересирани).

Пријавете се на kultrening@gmail.com, до 20.06.2023 бројот на учесници е ограничен. Работилницата е бесплатна и отворена за сите учесници со или без искуство. Ве молиме понесете шминката која ја поседувате.

Работилницата ќе трае приближно 3 часа во една сесија.

***

Програмата е иницирана и координирана од Зорица Зафировска, како дел од прoграмата Квир/Настрано тело што ја поддржува заедницата во изминатите три години. По посетата на работилниците, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите ликови и изведби на заеднички настан организиран од Локомотива, Скопје во галерискиот простор на Факултетот за ликовни уметности.

*****

Реализирано во соработка со Факултетот за ликовни уметности, ЛГБТИ центарот за поддршка и социо-културниот центар Комитет како дел од „Квир тело/ Интердисциплинарната програма” на Локомотива, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.