/македонски подолу/
Art, politics, institution, body/ Performance
“The Power of S“ with Aleksandar Georgiev together with Zhana Pencheva and Dario Barreto Damas
November 22, 2021, 22:00 – 22:50 h
46th edition of International Theatre Festival – MOT
@ Dancing hall 25 May, Youth Cultural Center
Due to compliance with the 19 protocols, it is necessary to present a vaccination certificate or a certificate of eligibility with a validity of not older than 45 days.
Buy your tickets
Author, director, choreographer: Aleksandar Georgiev
Performers: Dario Barreto Damas, Zhana Pencheva and Aleksandar Georgiev
Music: Tsvetan Momchilov
Graphic design: Gjorgji Despodov
“Hey, it’s me. Behind. You haven’t noticed me in a while. You only pay attention to me occasionally. You never dared to put me in the spotlight. And I’m tired. I’m tired of being privatised. I’m tired of being censored, covered. I’m tired of being in a place the sun never touches. It’s time for you to make me the protagonist. It might be the only way to continue.
I want you to observe me, to judge me, to love me, to get awkward with me, to get lost in me, to tune with me. I need you to nourish me. I need you to celebrate my power. I want you to see me as part of you. Because I’m there, I have always been right behind you. I’m the key to an unknown cosmos. You just need to knock three times.” (Aleksandar Georgiev)
“The Power of S” emerges as one of the results of the choreographic research “CO-series” by Aleksandar Georgiev which deals with the practices of co-existence through choreography and dance, and this work deals with research of the body parts that are socially normed, covered, embarrassing or censured, and give them different visual affective relation.
Biljana Tanurovska – Kjulavkovski
Aleksandar Georgiev – Ace is a choreographer/cultural worker. He has been part of formal and no-formal educational programs such as NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program (3rd generation). He graduates at the Master program in Choreography at DOCH, Stockholm, in 2014. He has been exploring nomadic approaches in terms of working base, constantly replacing himself, but it is in the last 4 years when, while working, he defined four places he considers home/locality, (Stockholm, Sofia, Skopje and Tenerife). Lately he initiated the choreographic research CO-series. The research works with different artistic practices and methods exploring the ideas of co-existence, hyper and holography through the prism of dance and choreography. He is member of NGOs such as Lokomotiva (North Macedonia), Garage Collective (Bulgaria) and Interimkultur (Sweden). He is also a member of the network NOMAD (Balkan countries).
About the artist: https://aleksandargeorgiev.com/
Zhana Pencheva is a dancer and choreographer based in Bulgaria. She graduated, (Bachelor and Master), in Dance and Theatre in New Bulgarian University, Sofia. With strong interests around body and movement, she continued her education through series of workshops and non formal programs such as Nomad Dance Academy and DanceWeb. She is co-founder of Garage Collective, Sofia, a member of Nomad Dance Academy – Bulgaria and member of the board of Hamalogika, Burgas. As a performer, she is actively collaborating with Dune Dance Company, Bulgaria. She works pedagogically with groups of different constellations and needs, focusing her teaching around dance technique and choreographic structures. Artistically she is interested in the potential of the body as a moving structure and the role emotions play within it. In her last solo work, “Six love songs”, (prized by Tri3avisim 2018, Bulgaria, and nominated for IKAR prize 2020 in the category “Contemporary dance and performance”, Bulgaria), she is exploring pop figures in contemporary culture and the identification of self in performative contexts. Her latest fascination is pole dance.
About the artist: http://imaginativecc.org/steam-room.html
Darío Barreto Damas is a freelance dancer working in the field of dance and choreography. Darío is based in Sofia, Skopje, Stockholm and Tenerife. Throughout his work, Darío focuses in the emancipation/independency of dance and in spaces of de-contextualisations/dis-identifications. His formal education takes place at Teatro Victoria (Tenerife), Institut del Teatre, (Barcelona) and DOCH (Stockholm). At the moment he is studying the MA Program in Choreography and Performance at Justus-Liebig-Universität, Giessen. Darío is member of the NGOs Lokomotiva (North Macedonia) and Interimkultur (Sweden).
About the artist: https://zagrebackiplesnicentar.hr/en/dario-barreto-damas-work-presentation-1502-at-14h/
*****
Team of Lokomotiva: Biljana Tanurovska – Kjulavkovski (program director and curator of Lokomotiva program on MOT), Zorica Zafirovska (programme coordinator), Blagica Petrova (project and financial manager), Gjurgjica Hristovska (administration), Stefan Bogeski (production coordinator) and Kristina Todoroska Petreska (PR).
This performance on MOT is supported by the Ministry of Culture of North Macedonia and City of Skopje.
Check out the photo album above. / Погледнете го фото албумот погоре.
/македонски
Уметност, политика, институција, тело/ перформанс
Премиера на „Силата на С” со Александар Георгиев заедно со Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас
22 ноември, 2021, 22:00 – 22:50 часот
46-то издание на Млад отворен театар
@ Сала 25 мај, Младинскиот културен центар
Поради запазување на ковид 19 протоколите потребно е да прикажете вакцинален сертификат или сертификат за прележаност со важност не постар од 45 дена.
Билети купете тука
Автор, режија и кореографија: Александар Георгиев
Улоги: Дарио Барето Дамас, Жана Пенчева и Александар Георгиев.
Музика: Цветан Момчилов
Графички дизајн: Ѓорѓи Десподов
“Еј, јас сум. Од позади. Одамна не си ме забележал. Само повремено ми обрнуваш внимание. Никогаш не се осмели да ме ставиш во центарот на вниманието. И јас сум уморен. Уморен сум од тоа да бидам само нешто „приватно“. Уморен сум да ме цензурираат, покриваат. Уморен сум да бидам онаму каде сонцето никогаш не допира. Време е да ме ставиш во главната улога. Можеби тоа е единствениот начин да се продолжи.
Сакам да ме набљудуваш, да ме осудуваш, да ме сакаш, да ти е незгодно со мене, да се изгубиш во мене, да ме негуваш. Ми треба да ме храниш. Ми треба да ја славиш мојата моќ. Сакам да ме гледаш како дел од тебе. Бидејќи сум тука, отсекогаш сум бил веднаш зад тебе. Јас сум клучот до непознатиот космос. Треба само да тропнеш три пати.” (Александар Георгиев)
„Силата на С“ произлегува како еден од резултатите од кореографското истражување „КО-серии“ на кореографот Александар Георгиев, кое се занимава со праксата на ко-егзистирање преку кореографија и танц, а ова дело се занимава со истражување на делови од телото кои се покриени, срамни или цензурирани, и им дава поинаков визуелнен и афективен однос.
Биљана Тануровска – Ќулавковски
Aлександар Георгиев-Аце (1985) е кореограф кој работи номадски околу неколку места во е кореограф кој работи номадски низ Европа. Бил вклучен во формални и неформални образовни и истражувачки програми како “NOMAD”, “SPAZIO”, “DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program”. Дипломирал на „DOCH” во Стокхолм, во рамките на магистерската програма за кореографија и активно работи на меѓународно ниво, во релација со мрежите во кои членува. Неговите дела биле премиерно изведени на: “Red House” (Софија), “DNK” (Софија), “MDT” (Стокхолм), “PTL” (Љубљана), “Schauspielhaus” (Виена), „Кино Култура” (Скопје). Неодамна започнал да ги истражува практиките на ко-егзистирање преку кореографија, и веќе 10 години работи во формати на колективно авторство на креација, фокусиран на славата и протестот на телото, и поетиката во рамките на социјалните феномени преку движење. Соработувал со уметниците Doris Ulrich, Nefeli Oikonomou and Marcus Doverud а заедно со Zhana Pencheva и Dario Barreto Damas, е дел од проектот STEAM ROOM.
За уметникот: https://aleksandargeorgiev.com/
Жана Пенчева (Бугарија) дипломирала и магистрирала на танц и кореографија на Новиот бугарски универзитет, Софија. Со силни интереси за телото и движењето, таа го продолжи своето образование преку серија работилници во практики за танцување и програми како што се академијата за танцување Номад и DanceWeb. Во тој период (2009г.) таа го создаде своето прво дело – „Стакло на љубовта“. Следни проекти: „Допрете го 2010“ и „Епизода IV – размислувања за слободно време“ – 2011 година. Таа е ко-основач на „Steam Room“, невладини организации Garage Collective, член на академијата за танцување Номад – Бугарија и член на Хамалолика, Бургас. Исто така како активна изведувачка, таа е дел од последните дела на танчерската компанија Дуне, Бугарија и нејзините копродукциски проекти. Во моментов работи со групи од различни потреби, фокусирајќи се на кореографија, изведување и предавање.
За уметницата: http://imaginativecc.org/steam-room.html
Дарио Барето Дамас (Шпанија) е уметник кој работи во областа на танцот и кореографијата. Неговата работа и иницијации се фокусирани на функционални системи на реципрочно и колективно работење (и кога работи соло или како коавтор). Неговото образование се одвива во Театро Викторија, Тенерифе; Институт дел театар, Барселона и DOCH, Стокхолм. Во летото 2017 година, Дарио ја доби стипендијата DanceWEB. Toj има работено со Калберг Балетен како гостин танчер, соработувајќи заедно со Дебора Хеј и Џефта Ван Динтер. Во моментов тој соработува и работи во CCAP, рака под рака со Кристина Каприоли и нејзината екипа. Како изведувач и танчер, Дарио е заинтересиран за агенција, приспособливост, внимание, работни екологии и политика на вклучување. Кореографски неговиот фокус тоне во фикција и фантазија, утописко-сонувачки простори, деконтекстуализации и сензуалности. Тој се залага за истражувачки структури како работна сфера која може да обезбеди стратегии за преживување на неговата работа, (да не ја инкапсулира во единствена рамка на производ).
За уметникот: https://zagrebackiplesnicentar.hr/en/dario-barreto-damas-work-presentation-1502-at-14h/
*****
Тим на Локомотива: Биљана Тануровска – Ќулавковски (програмски директор и куратор на програмата на МОТ), Зорица Зафировска (програмски координатор), Благица Петрова (проектен и финансиски менаџер) Ѓурѓица Христовска (администрација), Стефан Богески (координатор на продукција) и Кристина Тодороска Петреска (ПР).
Оваа претстава на МОТ е поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија и Град Скопје.