Premiere of the dance performance “I need a new body” I 47. MOT I LOKOMOTIVA I FIRSTBORN GIRL10 |

/македонски подолу/

 

Choreographed bodies programme/ 47. MOT Festival

Premiere of the dance performance

“I need a new body”

16.11.2022, 20 h 

@ Dancing Hall, MKC

 

Tikets here

 

Concept and choreography: Viktorija Ilioska in conversation with Nastya Dzyuban, Laura Stellacci

Performance: Viktorija Ilioska and Nastya Dzyuban

Voices: Amélie Haller and Maren Küpper

Design: Julijana Mladenovska

In a world where we enjoy a fake image of endless resources, where we sucked the earth to draw out the last bits, how do we continue to pump? The operation of pumping, that is, moving matters from one location to another, seems to be at the core of most vital processes of both production and reproduction. We draw, suck, elicit, and drain the earth’s body to enrich our lives on it, emptying our future(s). At the same time, we suck, boost, inject and inflate our bodies, transgressing their capacities. Pumping can paradoxically be at the same time capitalist practice of exhaustion as well as the feminist practice of enrichment and enhancement. Once pumped on one side, the other one is being sucked. Perhaps, eventually this piece will be busy with wasting, emptying and exhausting. One thing is certain, “I need a new body” will take place in-between: between a body as an exhibition and a body as a resource while looking at the place where these two intersect.

Viktorija Ilioska is a Macedonian choreographer and performer who lives and works between North Macedonia and Germany. For over a decade now, she has been actively working at programs for support and development of contemporary dance, both collaborating with institutions as well as strengthening the independent scene. Since 2010, she is a member of Nomad Dance Academy, through which she works on bringing connections and collaborations within the local and national contexts of the Balkan region. Viktorija is holding a Master degree in Choreography and Performance from the Institute of Applied Theatre Studies in Justus Liebig University. Playing with different forms of provocation, her work often addresses the notions of labour, identity and female representation in the public sphere.

Nastya Dzyuban works with dance and choreography. She was born in Kyiv, Ukraine and is currently based in Gießen, Germany. Since 2015 Nastya has been developing her artistic practice and creating performative works, mostly in collaboration with her close friends and colleagues. Her artistic interest embraces the intersection of theatre and choreography dispositives as well as topics such as potentiality, displacement and the notion of the common. Nastya has recently finished a Master program in Choreography and Performance in Gießen and works as a freelance artist. She received danceWEB 2021 scholarship and has co-curated festivals Diskurs35 and Hungry Eyes 2022.

​​Laura Stellacci’s work examines everyday gestures and technologies of the body through movement and dance, textiles and sound. Often working collaboratively, Laura choreographs the practice of stitching, sewing and cutting to negotiate the bind between performance and community. She is currently enrolled in the international Master’s program in Choreography and Performance in Gießen, Germany.

 

*****

 

Coproduction between Lokomotiva-Center for New Initiative in Arts and Culture/Choreographed bodies program, Life Long Burning (LLB)/ Performance Situation Room program, NDA Slovenia and Viktorija Ilioska.

Supported by: Ministry of Culture of North Macedonia, Creative Europe (in the frame of Life Long Burning). www.lifelongburning.eu

The premiere is part of the performance program of the 10th Festival of Feminist Culture and Action FIRSTBORN GIRL (ПРВО ПА ЖЕНСКО).

__________________________________

/македонски

F_МК МИ ТРЕБА НОВО ТЕЛО (Facebook Event Cover) - 1

Check out the photo album / Погледнете го фото албумот

 

Кореографирани тела/ 47. MOT Фестивал

Премиера на танцовиот перформанс

МИ ТРЕБА НОВО ТЕЛО

16.11.2022, 20 часот

 @ Сала 25 МАЈ, MKЦ

 

Билети тука

 

Концепт и кореографија: Викторија Илиоска во разговор со Настја Ѕубан и Лаура Стелачи

Изведувачки: Викторија Илиоска и Настја Ѕубан

Гласови: Амели Халер и Марен Купер

Дизајн: Јулијана Младеновска

 

Во светот во којуживаме во лажната слика на бескрајни ресурси, каде ја исшмукавме земјата за да ги извлечеме последните нејзини состојки, како успеваме и понатаму да пумпаме? Процесот на пумпање, односно преместување на материите од едно местона друго, се чини е во сржта на повеќето витални процеси на производството и на репродукцијата. Шмукаме, цицаме, извлекуваме и го исцедуваме земјиното тело за да ги збогатиме нашите животи, во исто време празнејќи ги нашите иднини. Така и ги инјектираме, зголемуваме и ги пумпаме нашите тела, преминувајќи ја границата на нивните капацитети.

Но, парадоксално, додека пумпањето е капиталистичка пракса на исцрпување, тоа во исто време може да биде и феминистичка пракса на збогатување и подобрување. Кога се пумпа на едната страна, се исцедува другата. На крајот можеби ова дело ќе зборува повеќе за трошење, празнење и исцрпување. Едно е сигурно, „Ми треба ново тело“ ќе се одвива помеѓу телото како изложување и телото како ресурс, барајќи го местото каде што овие две се вкрстуваат.

Викторија Илиоска е македонска кореографка и изведувачка која живее и работи помеѓу Северна Македонија и Германија. Веќе повеќе од една деценија активно работи на програми за поддршка и развој на современиот танц, соработувајќи со институциите и јакнејќи ја независната сцена. Од 2010 година таа е членка на Nomad Dance Academy, преку која работи на поврзување и соработки во локалниот и националниот контекст на балканскиот регион. Викторија магистрира на оделот по Кореографија и Перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот Јустус Либиг. Поигрувајќи се со различни форми на провокација, нејзината работа често се осврнува на поимите околу работничкиот труд, идентитетот и женската застапеност во јавната сфера.

Настја Sубан работи со танц и кореографија. Таа е родена во Киив, Украина a моментално живее и работи во Гисен, Германија. Од 2015 година Настја ја развива својата уметничка пракса и создава перформативни дела, најчесто во соработка со нејзини блиски пријатели и колеги. Нејзиниот уметнички интерес го опфаќа пресекот помеѓу диспозитивите на театарот и кореографијата, како и темите за потенцијалноста, поместувањето и поимот на заедничкото. Настја неодамна заврши магистерска програма по кореографија и перформанс во Гисен и работи како слободна уметница. Таа доби стипендија за danceWEB 2021 и беше кокураторка на фестивалите Diskurs35 и Hungry Eyes 2022.

Работата на Лаура Стелачи ги испитува секојдневните гестови и технологии на телото преку движење и танц, текстил и звук. Често соработувајќи со други уметници Лаура ја кореографира практиката на крпење, шиење и сечење преговарајќи за врската помеѓу изведбата и заедницата. Таа моментално е запишана на меѓународната магистерска програма по кореографија и перформанс во Гизен, Германија.

 

*****

 

Копродукција помеѓу Локомотива – Центар за нова иницијатива во уметноста и културата/ програма Кореографирани тела; Life Long Burning (LLB)/ Програма Performance Situation Room, Номад Танц Академија Словенија и Викторија Илиоска.

Поддржано од: Министерство за култура на Северна Македонија, Креативна Европа (во рамки на Life Long Burning проект) www.lifelongburning.eu

Премиерата на перформансот е дел од изведувачката програма на десетото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.

#LokomotivaSkopje #MKC  #MOT

_____________________________________________________

_____________________________________________________

Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“ / Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска текст на Душица Лазова

„Ми треба ново тело“ – приказ на градењето родов и перформативен идентитет, текст на Елизабет Колевска