“Politics of the Commons” online lecture by Jovana Timotijević

/македонски подолу/

 

ACT: Art Climate Transition/ Other Spaces 

“Politics of the Commons” online lecture by Jovana Timotijević

Мoderator: Ivana Dragšić

Monday, November 29, 2021, 19:00 h CET

Faced with increasing inequalities and the inability of the neoliberal state to offer institutional mechanisms for the fulfilment of all people’s social and economic rights, which the market simultaneously fails to provide, the pressure to find alternative modes of production, social relations and forms of organization is overwhelming.

 

 

The challenges that the TINA (“There Is No Alternative”) paradigm faces and the opening up of possibilities to imagine non-capitalist societies, as well as to avoid the capitalist appropriation of attempts to bring about change, are always present. At the same time, it is encouraging to see narratives and practices of resistance emerging, transforming and sustaining, and therein promising such possible change. Over the last decades, the concept of the commons has emerged as one of the potent political paradigms that has inspired different social actions and political mobilizations across the globe.

The presentation will attempt to touch upon the theoretical concept of the commons – its genesis, proliferation, and various interpretations – as well as the practices that are based on the concept. We will investigate examples from the region, from various sectors – media, culture, housing, agriculture, etc, and hopefully develop insightful discussions around challenges and potentials of this notion and its operationalization.

Biography:

Jovana Timotijević obtained her MA degree in Architecture and Gender Studies and is currently working on her PhD at the Faculty of Political Sciences in Belgrade. She is a member of the Ministry of Space collective from Belgrade, engaged in research and education in the field of democratization of urban planning, urban commons, and the right to housing. She is also co-founder of the Platform for Theory and Practice of Commons – Zajedničko.

***

This program activity OTHER SPACES is part of the EU project ACT: Art Climate Transition project, and consists of lectures, discussions, artistic researches, discursive programs and other formats through what we are trying to open up spaces for reflecting, questioning and mapping the role and the responsibility of culture and art in our society, their political action, and their relation to issues related to the erosion and appropriation of public goods and the environmental catastrophe. Furthermore, the aim is to find ways how culture and arts can work together with similar actions in other fields that oppose extractivist practices and the devastation of the public, i.e. advocate for the development and preservation of public goods and the environment.

As part of the program ACT/Other Spaces 2021, Lokomotiva organized a series of events including the lecture “Ecological turn in culture: Imagining cultural professions beyond sustainable development and greening” by Višnja Kisić and Goran Tomka in September, а residency, research and, a production of a choreographic work “A Womb for an Adult” by Viktorija Ilioska and a research on the topic of Urban Gardens by Ana Lazarevska and  in October and November, discussion on “Culture on the edge of crises” with Ivana Dragšić, Biljana Tanurovska-Kjulavkovski, Simona Getova, Ana Jovanovska, Viki Mladenova, Zoran Petrovski and Artan Sadiku in November, and the lecture “Politics of the Commons” by Jovana Timotijević.

*****

The lecture, research and discussion are part of Lokomotiva’s Art Climate Transition project, supported by the City of Skopje, Creative Europe and the Ministry of Culture of North Macedonia.

Lokomotiva team: program director Biljana Tanurovska-Kjulavkovski, financial and project manager Blagica Petrova, program coordinator Zorica Zafirovska, administrator Gjurgica Hristovska, production coordinator Stefan Bogeski, dizajn Jana Acevska and public relations Kristina Todoroska Petreska.

Supported by: The Creative Europe Program of the European Union, the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje in cooperation with the Youth Cultural Center.


/македонски

 

AKT: Уметност Клима Промена/ Други Простори 

„Политики на заедничкото“ онлајн предавање на Јована Тимотиевиќ

Модераторкa: Ивана Драгшиќ

Понеделник, 29-ти ноември 2021, 19:00 часот

Соочени со зголемување на нееднаквоста и неможноста на неолибералната држава да понуди институционални механизми за исполнување на сите социјални и економски права на луѓето, кои пазарот истовремено не успева да ги обезбеди, притисокот да се најдат алтернативни начини на производство, општествени односи и форми на организација е преголем. Предизвиците со кои се соочува парадигмата ТИНА („Нема алтернатива“) и отворањето на можности да се замислат некапиталистички општества, како и да се избегне капиталистичкото присвојување на обидите да се донесат промени, се секогаш присутни. Во исто време, охрабрувачки е да се видат наративи и практики на отпор кои се појавуваат, се трансформираат и се одржуваат, а со тоа и ветуваат таква можна промена. Во текот на изминативе децении, концептот на заедничкото се појави како една од моќните политички парадигми што инспирираше различни општествени акции и политички мобилизации низ целиот свет.

Оваа презентацијата ќе се обиде да го допре теоретскиот концепт на заедничкото – неговата генеза, пролиферација и различните толкувања – како и практиките што се засноваат на овој концепт. Ќе истражуваме примери од регионот, од различни сектори – медиуми, култура, домување, земјоделство итн, и се надеваме дека ќе развиеме проникливи дискусии околу предизвиците и потенцијалите на овој поим и процесот за неговата операционализација.

Кратка биографија:

Јована Тимотијевиќ магистрирала на архитектура и родови студии и во моментов работи на својот докторат на Факултетот за политички науки во Белград. Таа е членка на колективот Министерството за простор од Белград, ангажирана во истражување и едукација во областа на демократизацијата на урбаното планирање, урбаните јавни добра и правото на домување. Таа е и ко-основачка на Платформата за теорија и практика на јавните добра – Заједничко.

***

Оваа програмска активност ДРУГИ ПРОСТОРИ е дел од проектот на ЕУ ACT: Art Climate Transition, и се состои од предавања, дискусии, уметнички истражувања, дискурзивни програми и други формати преку кои се обидуваме да отвориме простори за размислување, прашување и мапирање на улогата и одговорноста на културата и уметноста во нашето општество, нивното политичко дејствување и нивната поврзаност со прашањата поврзани со ерозијата и присвојувањето на јавните добра и еколошката катастрофа. Понатаму, целта е да се изнајдат начини како културата и уметноста можат да работат заедно на слични акции на други полиња кои се спротивставуваат на екстрактивистичките практики и уништувањето на јавното, односно се залагаат за развој и зачувување на јавните добра и животната средина.

Како дел од програмата AKT/ Други простори 2021, Локомотива организираше серија настани: предавањето „Еколошки пресврт во културата: Да ги замислиме културните професии вон одржливиот развој и зазеленувањето“ од Вишња Кисиќ и Горан Томка во септември, истражувачки и продукциски престој/ „Матка за возрасен“ од Викторија Илиоска и истражувањето на тема „Урбани градини“ од Ана Лазаревска во октомври и ноември, дискусијата „Културата на работ на криза“ со Ивана Драгшиќ, Биљана Тануровска-Ќулавковски, Симона Гетова, Ана Јовановска, Вики Младенова, Зоран Петровски и Артан Садику и предавањето „Политики на заедничкото“ на Јована Тимотијевиќ во ноември.

*****

Предавањето е дел од проектот АКТ: „Уметност Клима Промена“ (ACT: Art Climate Transition)/ Други простори на Локомотива, а е поддржано од Град Скопје, Креативна Европа и Министерството за култура на Северна Македонија.

Тим на Локомотива: програмска директорка Билјана Тануровска-Ќулавковски, проектна и финансова менаџерка Благица Петрова, координаторка на програмата Зорица Зафировска, администраторка Ѓурѓица Христовска, координатор на продукција Стефан Богески, дизајн Јана Ацевска и односи со јавност Кристина Тодороска Петреска.

Поддржано од: Програмата на Креативна Европа на Европската унија, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје во соработка со Младинскиот културен центар.


 

Other activities within the project:

ACT project activities 2022

ACT project activities 2021

ACT project activities 2020

ACT project activities 2019