Performance’s emergence I 47. MOT I Lokomotiva I (Non)Aligned Movements

/македонски подолу/

 

(Non) Aligned Movements / 47. MOT 

Performance’s emergence 

18th November 2022, Friday, 8:00 p.m

@Dancing Hall, MKC 

 

Tickets: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1166

 

Artistic director and artistic leader of the project: Aleksandra Janeva Imfeld

Choreography and performance: Koraljka Begović, Aleksandra Janeva Imfeld, Mia Kevo,Larisa Lipovac Navojec, Nives Soldičić,Melita Spahić Bezjak,Irma Unušić

Dramaturgy: Jasmina Založnik

Music: Marin Živković

Light design: Saša Fistrić

Costumes: NDA CRO with influence of Irma Unušić

Choreography assistance: Tamara Curić

Set design: Hrvoje Jelincić

Photo: Fanni Tutek-Hajnal

The project is hosted and produced by Nomad Dance Academy Croatia, in partnership with “Shooma from Bjelovar”, “Prostor plus” from Rijeka,”Tala dance center” from Zagreb and ”Free Dance” from Karlovac.

With the support of the Ministry of Culture and Media of the Republic of Croatia, Municipality of Zagreb, European Union – Creative Europe within the project Life Long Burning through the partnership of Nomad Dance Academy Slovenia, Kik Melone and the informal network Nomad Dance Academy

“Performance’s Emergence” is created through a series of residences that take place within different local communities and in horizontal co-authorship of dancers and choreographers from various generations and backgrounds that generate the foundation of Nomad Dance Academy Croatia.

Duration: 50 minutes

 

The Performance on MOT is presented in frame of the curatorial program of (Non) Aligned Movements of Lokomotiva.

 

The temporary collective that consists of choreographers and performers/dancers who in their daily live and practice enact as a vehicle of dance communities in their local contexts around Croatia, came together with an aim to join their creative forces in production of performance, marked and influenced by their artistic differences as the strength of such togetherness. The notion of emergence, even though multi-faceted and controversial in its essence, is vividly present and in many ways guides artistic processes, which was a reason for spontaneously becoming the fuel, topic, method and procedure all at once in this performance.

According to one of the most innovative thinkers John H. Holland, the author of the book Emergence. From Chaos to Order, emergence is “much coming from little; where the whole is much more complex than the behaviour of the parts.” Following this logic, an emergent system, which is in this case performance, is expected to result in something greater than the sum of the parts. Parts as either individual performers and / or particular actions influenced by others and weaved together into a proactive response in which internal building blocks, the unique alignment of resources and relationships, self-defined imperatives, and simple rules defined by the arts entity itself result in complex patterns of response and action. The result is the performance, which in accordance with the emergence phenomenon stands in sharp contrast to adaptive behaviour that simply absorbs or accommodates external demands as well as disturbances, but rather surprises and challenges the performers, as well as its audience while offering an experience of collectivity in action.

Aleksandra Janeva Imfeld was born in Macedonia. She graduated from the School for contemporary dance Ana Maletic in Zagreb and studied dance in Bruges and Lier in Belgium. In 1998 she was a DanceWEB scholarship student in Vienna and in New York she was a scholarship student in The Jennifer Muller Company. 2012 she completed the postgraduate program a.pass (Advanced Performance and Scenography Study) in Brussels in which she developed a method of work ”the connector” for collective authorship and is using it within all of her works. Aleksandra is a close associate of BADco from Zagreb. She worked with Ismael Ivo, The System Castafiore, Brice Leroux, David Hernandez and many others. She is one of the co-founders of Nomad Dance Academy and Nomad Dance Academy Croatia. She is a guest teacher at SNDO – Amsterdam, ISAC in Brussels, and Dance Academy in Zagreb.

 

*****

 

Performance is part of the program of (Non)Aligned Movements project curated by Biljana Tanurovska- Kjulavkovski, Viktorija Ilioska and Aleksandar Georgiev.

(Non)Aligned Movements project is supported by the Creative Europe/European Cooperation Western Balkans program, the Ministry of Culture of North Macedonia.

The (Non)Aligned Movements project is developed in partnership between STANICA Service for contemporary dance, Belgrade; Nomad Dance Academy Slovenia, Ljubljana; Nomad Dance Academy Bulgaria, Sofia; Tanzfabrik Berlin and LOKOMOTIVA Centre for new initiatives in art and culture, Skopje.

_________________________________

Photography Fanni Tutek-Hajnal / Фотографија Фани Тутек -Хајнал

Check out the photo album / Погледнете го фото албумот

 

/македонски

(Не)врзани Движења / 47. MOT фестивал

„Појавување на изведбата”

 18-ти ноември 2022, петок, 20.00 часот

@ Сала „25 МАЈ” MKЦ

 

билети: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1166

 

Уметнички директор и уметнички водич на проектот: Александра Јанева Имфелд

Кореографија и изведба: Кораљка Беговиќ, Александра Јанева Имфелд, Миа Кево, Лариса Липовац Навојец, Нивес Солдичиќ, Мелита Спахиќ Безјак, Ирма Унушиќ

Драматургија: Јасмина Заложник

Музика: Марин Живковиќ

Дизајн на светлина: Саша Фистриќ

Костими: Номад Танц Академија Хрватска (NDA CRO) со влијание на Ирма Унушиќ

Асистент за кореографија: Тамара Ќуриќ

Сценографија: Хрвоје Јелинчиќ

Фото: Фани Тутек-Хајнал

 

Проектот е организиран и продуциран од Номад танцова академија Хрватска во партнерство со „SHOOMA од Бјеловар“, „Простор плус“ од Риека, „Тала танцов центар“ од Загреб и „Слободен танц“ од Карловац.

Со поддршка на Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, општина Загреб, Европска Унија – Креативна Европа во рамките на проектот Life Long Burning преку партнерство на Номад танцова академија Словенија, Кик Мелоне и неформалната мрежа Номад танцова академија.

„Појавување на изведбата“ е создадена преку серија резиденции кои се одвиваат во различни локални заедници и во хоризонтално коавторство на танчери и кореографи од различни генерации и потекла кои ја генерираат основата на Номад танцова академија Хрватска.

Времетраење: 50 минути

 

Претставата на МОТ се прикажува во рамки на кураторската програма на (Не)врзани Движења на Локомотива.

 

Привремениот колектив кој вклучува кореографи и изведувачи/танчери кои во нивниот секојдневен живот и практика се однесуваат како средство кое ги поттикнува танцовите заедници во нивните локални контексти околу и низ Хрватска, се здружи со цел да ги спои своите креативни сили во продукција на изведба, во знакот и под влијание на нивните уметнички разлики како сила на таквото заедништво. Поимот појавување, иако повеќеслоен и контроверзен по својата суштина, е живописно присутен и на многу начини ги води уметничките процеси, што беше причина спонтано да стане истовремено и поттик, тема, метод и процедура во оваа изведба.

Според еден од најиновативните мислители Џон Х. Холанд, автор на книгата Emergence. From Chaos to Order, појавувањето значи „многу што доаѓа од малку; каде што целината е многу посложена од однесувањето на нејзините деловите“. Следејќи ја оваа логика, појавувањето на еден систем, во овој случај изведба, се очекува да резултира со нешто поголемо од збирот на неговите делови. Деловите во смисла на поединечни изведувачи и/или одредени дејства под влијание на други и вткаени заедно во проактивен одговор во кој внатрешните градежни блокови, уникатното усогласување на ресурсите и односите, самодефинираните императиви и едноставни правила дефинирани од самиот уметнички ентитет резултира со сложени модели на одговор и акција. Резултатот е изведбата, која во согласност со феноменот на појавувањето е во остар контраст со адаптивното однесување кое едноставно ги апсорбира или одговара на надворешните барања, како и нарушувањата, но и ги изненадува и предизвикува изведувачите, како и публиката притоа нудејќи искуство на колективност во акција.

Александра Јанева Имфелд е родена во Македонија. Дипломирала на школата за современ танц Ана Малетиќ во Загреб и студирала танц во Бриж и Лиер во Белгија. Во 1998 година, таа доби стипендија на DanceWEB во Виена и стипендија во компанијата Jенифер Мулер, во Њујорк. Во 2012 година, Александра ја заврши постдипломската програма a.pass (Advanced Performance and Scenography Study) во Брисел во која разви метод на работа наречен „поврзувач“ за колективно авторство кој сè уште го користи во сите нејзини дела. Александра е близок соработник на BADco од Загреб. Таа работеше со Ismael Ivo, The System Castafiore, Brice Leroux, David Hernandez и многу други. Александра е една од ко-основачите на Номад танцовата академија и Номад танцовата академија Хрватска. Таа предава во СНДО – Амстердам, ИСАЦ во Брисел и Танц академијата во Загреб.

 

*****

 

Овaa претстава е дел од проектот (Не)Врзани Движења и е куриран од Биљана Тануровска-Ќулавковски, Викторија Илиоска и Александар Георгиев.

(Не)Врзани Движења е поддржан од програмата Креативна Европа/Европска соработка Западен Балкан, Министерството за култура на Северна Македонија.

Проектот (Не)Врзани Движења/ (Non)Aligned Movements е развиен во партнерство помеѓу СТАНИЦА Сервис за современ танц, Белград; Номад танцова академија Словенија, Љубљана; Номад танцова академија Бугарија, Софија; Танцфабрик Берлин и ЛОКОМОТИВА Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје.

#(Non)Aligned Movements #MOT #LokomotivaSkopje #Nomad

_______________________________