/македонски подолу/
DI:VISION
Oracle – International Congress of Cultural Managers and Cultural Operators
December, 11-13, 2021
Every year, the Oracle Cultural Network in partnership with relevant cultural actors from different European cities organises the ORACLE annual meeting / seminar / congress that brings together cultural professionals to discuss the most important topics in culture today.
This year, the Oracle Cultural Network is organizing the 22nd Oracle – International Congress of Cultural Managers and Cultural Operators in partnership with Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Arts and Culture. Initially, the Congress was envisioned as a cultural event to be held in Skopje, at Kino Kultura – project space for contemporary performing arts and culture, and gather more than 50 participants from the international and local context, who would share ideas, knowledge and experience on the latest cultural challenges and their effect on different socio–political contexts. However, facing the COVID-19 pandemic and in line with measures and recommendations for the prevention and protection against the virus, the partners decided to organise the Congress online, to also enable cultural workers to share on the topics and help each other endure in this time of crisis.
Organised as a three-day online event (December 11-13), the Oracle – International Congress of Cultural Managers and Cultural Operators will offer a platform for exchange and a chance for participants from a diverse international context to get to know the cultural practice, policy, institutions and cultural operators from Skopje / North Macedonia, and the specifics of the context in which the culture is being developed. In addition, participants will have the opportunity to exchange and present their ideas, as the program is planned to put a lot of emphasis on common discussion and reflection.
Within the programme of the Congress, it is always a challenge to open topics and to ask important and “difficult” questions about culture and its recent developments, problems and challenges, faced in the wider European context and their impact on the local context.
This year’s theme of the Oracle – International Congress of Cultural Managers and Cultural Operators is Di:Vision. It is seen as a coined term of two opposing forces, a subject which connects two aspects of culture today, also relevant for the society as a whole, which are dealing with the social, political and economic polarities on the one hand, and the vision for a better, more equal future in solidarity, on the other.
Questions related to the subject are:
- What makes us divided and in which areas we can see such division: right versus left, territory-driven versus ethnically-driven cultural policies, top-down versus shared approach to decision-making, governments versus civil actions, institutional versus civil sector etc.
- Radical division within our values: the church versus secular society, openness versus closing our communities to “the other”, human rights versus needs for strict and radicalized laws etc.
- What is our role in the context of these polarities? How do we exist within this new and still changing reality?
Through a series of online discussions, lectures, presentations and workshops, organised in combined (closed and open for public) sessions, the Congress will refer to its theme by mapping and scaling the challenges facing the contemporary society in different contexts. The challenges are related to unequal opportunities for cultural actors in practicing culture, as much as for citizens in practicing freedom of expression and movement in the common local, national or supranational territory. Also, throughout the specific thematic frames, we will try to relate contexts, reflect on positive practices and explore models of cultural and other public policies that produce and promote care, equality and reciprocity. The main challenge is to endure reflection and understand that we are not isolated and alone, our common ground is based on equity, sharing and solidarity, and thus we can unite and move forward in culture based on these shared values.
The official language of the International Congress will be English.
* * *
Oracle – International Congress of Cultural Managers and Cultural Operators is organised by Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Arts and Culture and Oracle Cultural Network, with financial support from the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.
* * *
You can join all the sessions that are open for the audience and interact with the participants by asking questions or giving comments. In the Agenda next to each session that is open for the audience, you can find a link on which you can join the session. The open sessions can be followed also via live stream on the Facebook pages of Lokomotiva and Oracle Cultural Network.
__________________________________
/македонски
ДИ:ВИЗИЈА
„Оракл“ – Меѓународен конгрес на менаџери во културата и културни оператори
11-13 декември 2020
Секоја година, Културната мрежа „Оракл“ во партнерство со релевантни културни чинители од различни европски градови организира годишна средба / семинар / конгрес „Оракл“ кој ги собира на едно место културните работници и професионалци за да ги дискутираат најважните теми во културата денес.
Оваа година, Културната мрежа „Оракл“ го организира 22-рото издание на „Оракл“ – Меѓународен конгрес на менаџери во културата и културни оператори во партнерство со Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Првично, конгресот беше замислен како културен настан што треба да се одржи во Скопје, во Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и култура, со повеќе од 50 меѓународни и локални учесници кои ќе споделуваат идеи, знаење и искуство во врска со најновите предизвици во културата и нивното влијание врз различни социо-политички контексти. Сепак, соочувајќи се со пандемијата на Ковид-19 и следејќи ги мерките и препораките за превенција и заштита од вирусот, партнерите одлучија да го организираат конгресот онлајн, за да им овозможат на културните работници заедно да дискутираат на темите и да си помогнат едни на други да истраат во ова време на криза.
Организиран како тридневен онлајн настан (11-13 декември), „Оракл“ – Меѓународен конгрес на менаџери во културата и културни оператори ќе понуди платформа за размена и шанса за учесниците од различни меѓународни контексти да ги запознаат културните практики, политики, институции, како и културните оператори од Скопје / Северна Македонија и спецификите на контекстот во кој се развива културата. Покрај тоа, учесниците ќе имаат можност да разменуваат и презентираат идеи, бидејќи програмата е предвидена да стави голем акцент на заедничката дискусија и рефлексија.
Во рамките на програмата на конгресот, секогаш е предизвик да се отворат теми и да се постават важни и „тешки“ прашања за културата и неодамнешните случувања, проблеми и предизвици во културата во поширокиот европски контекст, како и нивното влијание врз локалниот контекст.
Овогодинешната тема на „Оракл“ – Меѓународен конгрес на менаџери во културата и културни оператори е Ди:Визија. Се смета како измислен термин од две спротивставени сили, тема што поврзува два аспекта на културата денес, исто така релевантни и за општеството како целина, кои се занимаваат со социјалните, политичките и економските поларитети, од една страна, и визијата за подобра, порамноправна иднина во солидарност, од друга страна.
Прашања поврзани со оваа тема се:
- Што е тоа што нè дели и во кои области можеме да видиме таква поделба: десно ориентирани наспроти лево ориентирани, територијално мотивирани наспроти етнички мотивирани културни политики, пристап од горе надолу наспроти заеднички пристап кон одлучување, државни наспроти граѓански активности, институционален наспроти граѓански сектор итн.
- Радикална поделба во рамките на нашите вредности: црквата наспроти секуларното општество, отвореност наспроти затворање на нашите заедници за „другиот“, човекови права наспроти потреби за строги и радикализирани закони итн.
- Која е нашата улога во контекст на овие поларитети? Како постоиме во рамките на оваа нова и сè уште променлива реалност?
Преку серија онлајн дискусии, предавања, презентации и работилници, организирани во комбинирани сесии (затворени за јавност и отворени за јавност), конгресот ќе се осврне на својата тема со мапирање и скалирање на предизвиците со кои се соочува современото општество во различни контексти. Предизвиците се поврзани со нееднаквите можности за културните чинители во практикувањето на културата, исто како и за граѓаните во практикувањето на слободата на изразување и движење во заедничката локална, национална или наднационална територија. Исто така, низ специфичните тематски рамки, ќе се обидеме да поврземе контексти, да размислуваме за позитивни практики и да истражуваме модели на културни политики и други јавни политики што произведуваат и промовираат грижа, еднаквост и реципроцитет. Главниот предизвик е да истраеме во рефлектирањето и да разбереме дека не сме изолирани и сами, нашата заедничка основа се темели на правичност, споделување и солидарност, и на тој начин можеме да се обединиме и да одиме напред во културата заснована на овие заеднички вредности.
Официјален јазик на Конгресот е англиски.
* * *
„Оракл“ – Меѓународен конгрес на менаџери во културата и културни оператори го организираат Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Културната мрежа „Оракл“, со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
* * *
Заинтересираните ќе можат да ги следат сите отворени сесии и да комуницираат со учесниците поставувајќи прашања или давајќи коментари. Во Агендата, покрај секоја отворена сесија е даден линк кој директно води до истата сесија. Отворените сесии може да се следат и преку нивниот пренос во живо на Фејсбук страниците на Локомотива и Културната мрежа на Оракл.
_______________________________________________________________________________
Congress activities:
DI:VISION
Oracle – International Congress of Cultural Managers and Cultural Operators
AGENDA |11-13 December 2020
AGENDA of the Oracle International Congress
Open call for participation in the “Co-Creation” Workshop by Philip Parr
Open call for #IntroSpace – Platform for exchange of ideas