/македонски подолу/
OPEN CALL
INTERNATIONAL SUMMER SCHOOL “CURATING IN CONTEXT” 2021/ Online
29.08.2021-04.09.2021
Curating in Context offers critical reflection on diverse socio-political and economic contexts, as well as a possibility to develop curatorial methods to rethink the practices of contemporary (performing) arts in relation to activism, self-organization and critical thinking.
Thematically, Curating in Context is related to the question of the curatorial and its extended understanding which goes beyond black or white box presentation and representation politics. The school analyzes the environment in which art is produced and disseminated, and it focuses on creation of knowledge and opportunities for practitioners who want to pursue their career as curators in the field of performing arts and interdisciplinary.
Curating in Context critically reflects on the perspectives of producing, advocating, initiating diverse models of presenting and articulating art within certain context.
In 2021, Curating in Context will be developed in three modules:
- Summer School: 29 August – 4 September 2021
- Mentoring process and developing projects, texts or ideas for a curatorial project: October-December 2021
- Editing and Publishing of developed projects, texts, or ideas for a curatorial project on the website as an e-publication which will be self-organized by the group (2022)
The official language of the school is English.
The invited lecturers, artists and curators will share their principles, approaches and strategies of work, and collaborative processes, as well as dilemmas, thoughts, struggles and perspectives:
Suzana Milevska, Danae Theodoridou, Amelia Jones, Dominic Johnson, Paz Ponce Pérez-Bustamante, Barbara Brayan, Voin de Voin, Ron Athey, Silke Bake, Jasmina Založnik, Rok Vevar, Kirsten Maar, and others.
Curating in Context began as an activity developed as part of the Erasmus + project Curating in context and its partners Tanzfabrik Berlin, Stockholm University of the Arts and University of Zagreb.
This year, the Summer School is organized in collaboration with the BrainStore project from Bulgaria and other partners from the Life Long Burning network.
Curating in Context is co-curated by Biljana Tanurovska–Kjulavkovski and Slavcho Dimitrov.
The 2021 edition of the school, just as the previous one, will be organized online due to the pandemic.
This year we will have the possibility to enroll 15 international participants who would need to dedicate their time and presence on all the modules.
School fee is 500 Euros for three modules, which can be covered by available scholarships for 10 students.
Application deadline: July 25, 2021
Documents required for application:
- Applicant’s CV
- Abstract (for a proposal for a curatorial project or paper/text)
- Motivation letter
Apply at contact@lokomotiva.org.mk
More on curatingincontext.blog
Course teaching methods:
Curating in Context will give insight in diverse relevant and recent themes dealing with the contemporary (performing) arts and the curatorial approach, as well as practical methods in developing a project, text, program, etc.
The course will provide a collaborative environment, enhance self-organized working modes and peer-to peer analyses, mentoring exchange and other approaches that would enable fluidity of knowledge and its production through a process of exchange.
Format:
The program includes lectures, seminars, artists and curators’ talks, discussions and interviews, as well as production of curatorial works and co-curatorial publication.
This year’s first module will be related to the following:
- Seminar on the curatorial as participatory;
- Workshop on Curation of Live Events as Construction Sites for Social Change
- Lectures on local policies, institutional and freelance curatorial approaches
- Lectures on diverse curatorial methods related to issues in public politics and performance (feminism, ecology, queer, race), as well as institutions and performance
- Critical approach to producing and presenting
- Artists and curators’ talks (from Europe and beyond)
The summer school is intended for:
Practitioners who would like to pursue their career as curators in the contemporary performing arts or through interdisciplinary approach, and who would like to critically address representation politics and develop curatorial methods related to practices of activism, self-organization and critical reflection.
*****
Lokomotiva team: program director Biljana Tanurovska Kjulavkovski, project manager Blagica Petrovska, program coordinators are Zorica Zafirovska and Kristina Todoroska Petreska, and administrator Gjurgjica Hristovska.
Design Jana Acevska.
______________________________________
/македонски
ОТВОРЕН ПОВИК
МЕЃУНАРОДНА ЛЕТНА ШКОЛА „КУРИРАЊЕ ВО КОНТЕКСТ“ 2021/ Онлајн
29.08.2021-04.09.2021 година
Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ нуди критичка рефлексија за различните социо-политички и економски контексти, како и можност да се развијат кураторски методи за реобмислување на практиките на современите (изведувачки) уметности во врска со активизмот, самоорганизацијата и критичкото размислување.
Тематски, школата „Курирање во контекст“ е поврзана со прашањето за кураторското и неговото проширено сфаќање кое ги надминува политиките на репрезентација и презентацијата во црни или бели кутии. Школата ја анализира средината во која се произведува и шири уметноста и се фокусира на создавање знаење и можности за практичари кои сакаат да ја продолжат својата кариера како куратори во полето на изведувачките уметности и интердисциплинарноста.
Школата критички се осврнува на перспективите на производство, застапување, иницирање разни модели на презентирање и артикулирање на уметноста во одреден контекст.
Во 2021 година, „Курирање во контекст“ ќе се одвива низ три модули:
- Летна школа: 29 август – 4 септември, 2021 година
- Процес на менторство и развој на проекти, текстови или идеи за кураторски проект: октомври – декември 2021 година
- Уредување и објавување на сработените проекти, текстови или идеи за кураторски проект на веб страницата како е-публикација што ќе биде самоорганизирана од групата (2022 година).
Англискиот јазик ќе биде користен за официјална употреба, предавања и комуникација на школата.
Школата вклучува предавачи, уметници и куратори кои ќе ги споделат своите принципи, пристапи и стратегии на работа, процеси на соработка, исто како и дилеми, мисли, борби и перспективи:
Сузана Милевска, Данаe Теодориду, Амелија Џонс, Доминик Џонсон, Паз Понсе Перез-Бустаманте, Барбара Брајан, Воин де Воин, Рон Ejти, Силке Баке, Јасмина Заложник, Рок Вевар, Кирстен Мар и други.
„Курирање во контекст“ започна како активност во рамките на проектот Курирање во контекст на Еразмус+ и партнерите „Танцфабрик“ Берлин, Универзитетот за уметности во Стокхолм и Универзитетот на Загреб.
Оваа година, летната школа е организирана во соработка со проектот „БрејнСтор“ од Бугарија и други партнери од мрежата „Лајф Лонг Брнинг“.
Ко-куратори на школата се Билјана Тануровска-Ќулавковски и Славчо Димитров.
Овогодинешното издание на школата, како и претходната година, ќе се одвива онлајн поради пандемијата.
Оваа година ќе имаме можност да вклучиме 15 меѓународни учесници кои треба да го посветат своето време и присуство на сите модули.
Школарината е 500 евра за три модули, кои можат да бидат покриени со достапни стипендии за 10 студенти.
Краен рок за пријавување: 25 јули, 2021 година
Потребни документи за пријавување:
- Лична биографија (CV)
- Апстракт (за предлог за кураторски проект или труд/текст)
- Мотивациско писмо
Пријавување на contact@lokomotiva.org.mk
Повеќе на curatingincontext.blog
Методи на предавањето:
„Курирање во контекст“ ќе даде увид во разни релевантни и нови теми во врска со современите (изведувачки) уметности и кураторскиот пристап, како и практични методи за развивање на проект, текст, програма итн.
Курсот ќе овозможи колаборативна средина, ќе го подобри начинот на самоорганизирано работење и рецензии на анализи, менторство и други пристапи што ќе обезбедат флуидност на знаење и продукција на знаење преку процес на размена.
Формат:
Програмата вклучува предавања, семинари, разговори со уметници и куратори, дискусии и интервјуа, како и продукција на кураторски дела и ко-кураторски публикации.
Првиот модул оваа година ќе биде во врска со::
- Семинар за кураторското како партиципативно;
- Работилница за курирање на настани во живо како места за конструкција на општествени промени
- Предавања за локални политики, институционални и слободни кураторски пристапи
- Предавања за различни кураторски методи поврзани со прашања во јавната политика и перформансот (феминизам, екологија, квир, раса), како и институциите и перформансот
- Критички пристап кон продукција и презентација
- Разговори со уметници и куратори (од Европа и пошироко)
Летната школа е наменета за:
Практичари кои би сакале да ја продолжат својата кариера како куратори во современите изведувачки уметности или преку интердисциплинарен пристап, кои би сакале критички да се осврнат кон политиките на репрезентација и да развијат кураторски методи поврзани со практики на активизам, самоорганизација и критичка рефлексија.
*****