/македонски подолу/
(Non)Aligned Movement/ Kickoff meeting
June 26-30 2021
@ Station – Service for Contemporary Dance, Belgrade, Serbia
A kickoff meeting within the project (Non)Aligned Movements was held on June 26-30 in Belgrade, organized by Station – Service for Contemporary Dance as the project leader and partners Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Arts and Culture, Nomad Dance Academy – NDA Slovenia, Nomad Dance Academy – NDA Bulgaria and TANZFABRIK Berlin, Germany.
Individual artists and cultural workers who are members of the Decision Making Board of the Nomad Dance Academy regional network attended the meeting, discussing together the future program implementation, protocols of collaboration, communication tools, as well as the discursive interpretation of the non-aligned movement as, a historical concept and how to translate its values into our contemporary practice.
Participants in the meeting included Biljana Tanurovska–Kjulavkovski and Blagica Petrovska from Lokomotiva, as well as Marijana Cvetković, Aleksandra Janeva Imfeld, Dejan Srhoj, Aleksandar Georgiev, Ana Dubljević, Iskra Shukarova, Stephan A. Shtereff, Rok Vevar, Jasmina Založnik, Silvia Marchig, Sonja Pregrad, Viktorija Ilioska, Gisela Müller, Elisabeth Leopold, Olivera Kecojević and Ana Ranković.
Stay tuned and follow us on the project’s website coming soon at www.nomaddanceacademy.org, as well as on the websites of the partners and on social media.
#CoopWesternBalkans @CreativeEuropeEU@EuropeanCommission @CultureinExternalRelations
*****
The project (Non)Aligned Movement is part of the Cultural Cooperation Project in the Western Balkans program line of The Education, Audiovisual and Culture Executive Agency (EACEA) delegated by the European Commission Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje.
Photo by Marko Pejović and Olivera Kecojević./ Фотографии Марко Пејовиќ и Оливера Кецојевиќ.
/македонски
(Не)Врзани движења/ Прв состанок
26-30 Јуни 2021
@Станица – сервис за современ танц, Белград, Србија
Првиот состанок во рамките на проектот (Не)Врзани движења се одржа од 26 јуни до 30 јуни, 2021 година во Белград, во организација на Станица – сервис за современ танц, како лидер на проектот, заедно со партнерите ЛОКОМОТИВА Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Номад танц академија Словенија, Номад танц академија Бугарија и Танцфабрик Берлин, Германија.
На состанокот учествуваа самостојни уметници и културни работници, кои се членови на Одборот за донесување одлуки на регионалната мрежа на Номад танц академијата и кои заеднички комуницираа за идното спроведување на програмата, за протоколите за соработка, алатките за комуникација, но и за дискурзивното толкување на неврзаното движење како историски концепт и како да се пренесат неговите вредности во нашата современа практика.
Меѓу присутните на состанокот беа Биљана Тануровска–Ќулавковски и Благица Петровска од Локомотива, како и Маријана Цветковиќ, Александра Јанева Имфелд, Дејан Срхој, Александар Георгиев, Ана Дубљевиќ, Искра Шукарова, Стефан А. Штереф, Рок Вевар, Јасмина Заложник, Соња Преград, Викторија Илиоска, Гизела Мулер, Елизабет Леополд, Оливера Кецојевиќ и Ана Ранковиќ.
Бидете во тек и следете нè на веб-страницата на проектот што е во подготовка: www.nomaddanceacademy.org , како и на веб-страниците на партнерите и на социјалните медиуми.
#CoopWesternBalkans #Creative Europe @EuropeanCommission @CultureinExternalRelations
*****
Проектoт (Не)Врзани движења за културна соработка, дел од програмската линија на Западен Балкан на Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија (EACEA) делегирана од Европската комисија Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.