Research residency “Connective Tissue” with Viktorija Ilioska, Aleksandra Janeva Imfeld and Aleksandar Georgiev

/македонски подолу/

 

(Non)Aligned Movement/ Critical Movement Residency/ Contemporary choreography and dance

 “Connective Tissue” presentation by Viktorija Ilioska, Aleksandra Janeva Imfeld and Aleksandar Georgiev

November 18, 2021, 18:00 h presentation

November 14 – 21, 2021, residency stay

@ Mandolin orchestra, Youth Cultural Centre

Due to compliance with the 19 protocols, it is necessary to present a vaccination certificate or a certificate of eligibility with a validity of not older than 45 days.

In the following period, Lokomotiva will be the host of this year’s choreographic research team of the (Non)Aligned Movements project: Viktorija Ilioska, Aleksandra Janeva Imfeld and Aleksandar Georgiev, and provide a space for their research work, public presentation on 19th of November, as well as their exchange with the local scene.

The three choreographers and dancers will be researching and rethinking the processes of self-governing and self-institutionalization, using the body (Connective Tissue) they have constituted as an organ as the decision-making body of the NOMAD network. The whole process is part of the Critical Movement Residency Program of the (Non)Aligned Movements project. In the end, the process will be publicly shared with the wider audience through the specific languages used in dance and choreography, in an event that will take place at the Youth Cultural Center.

The research residency Connective Tissue is a proposal for rethinking the processes of self-governing and self-institutionalization. By constituting an operative body within an already existing and functional network structure, Viktorija Ilioska, Aleksandra Janeva Imfeld and Aleksandar Georgiev will explore, think, rethink, dream, design, deconstruct and further discuss the format, functionality and operation of such a body inside organisational structures in the field of dance, choreography and performance. They have constituted such an organ in the decision-making body of the NOMAD network.

The idea behind this kind of body stems from the urge to stimulate and evoke big shifts of power dynamics, toxic environments, non-ecological and non-hygienic communication and procrastination, i.e. shifts towards practices of reflection, observation and providing feedback. Reassessing the topics on visible and invisible labour as well as the arrangement of work and its systematization in general, CT is eager to erase the line of categorization, especially between the organizational and artistic work.

During this residency, by meeting local figures from the field of dance and choreography as well as the larger artistic and cultural scene, the CT team will examine and strengthen its own functions and the functions of the bodily connective tissue such as protection, structural support, connection and binding, storage, transportation and its immune function.

As mentioned previously, this body is formed by Aleksandra Janeva Imfeld, Aleksandar Georgiev, and Viktorija Ilioska, three artists with Macedonian roots, whose lifestyle is situated in the shifts between several places in irregular intervals that are not tied to one another or entitled with/by one living place only. This way of living is influencing the way they communicate as a group and the way they understand work and work-related necessities.

Aleksandra Janeva Imfeld was born in Macedonia. She graduated from the School for Contemporary Dance “Ana Maletic” in Zagreb and studied dance in Bruges and Lier in Belgium. In 1998, she was a DanceWEB scholarship student in Vienna and in New York, and a scholarship student in the Jennifer Muller Company. She completed the postgraduate program a.pass (Advanced Performance and Scenography Study) in Brussels in 2012, where she developed a work method called ”the connector” for collective authorship that she has been using within all her works. Aleksandra is a close associate of BADco from Zagreb. She has worked with Ismael Ivo, The System Castafiore, Brice Leroux, David Hernandez, and many others. She is one of the co-founders of the Nomad Dance Academy and the Nomad Dance Academy Croatia. She is a guest teacher at SNDO – Amsterdam and Dance Academy, ISAC in Brussels, and the Dance Academy in Zagreb.

Aleksandar Georgiev – Ace is a choreographer/cultural worker. He has been part of several formal and non-formal educational programs such as NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low, and Passing Through and Critical Practice program (3rd generation). He graduated from the Master’s program in Choreography at DOCH, Stockholm, in 2014. He has been exploring nomadic approaches in terms of the working base, constantly relocating himself, but during the last 4 years, his work has helped him define four places he considers his home/locality (Stockholm, Sofia, Skopje, and Tenerife). Lately, he initiated the choreographic research CO-series. The research makes use of different artistic practices and methods that explore the ideas of co-existence, hyper, and holography through the prism of dance and choreography. He is a member of several NGOs such as Lokomotiva (North Macedonia), Garage Collective (Bulgaria), and Interimkultur (Sweden). He is also a member of the network NOMAD (Balkan countries).

Viktorija Ilioska, born in 1990 as a Macedonian citizen, is a choreographer and performer who nowadays lives and works in Germany. Since 2016, she is based in Gießen, where she is finishing her MA in Choreography and Performance at the Institute of Applied Theatre Studies at JLU Gießen, under the professorship of Bojana Kunst and Xavier Le Roy. Ilioska is actively working on programs for support and development of contemporary dance and performance, both collaborating with institutions and strengthening the independent scene. From 2010 onwards, she is a member of the Nomad Dance Academy network and a member of Lokomotiva. After her graduation, Viktorija received a Dance Web Scholarship in Vienna and did the program under the mentorship of Chris Haring and David Wampach. Playing with different forms of provocation, she addresses the notions of identity and political female representation in the public sphere. Her current research focuses on working and experimenting with certain objects, materials and searching for different bodily support systems.

*****

The Lokomotiva team consists of programme director Biljana Tanurovska-Kjulavkovski, project manager Blagica Petrova, programme coordinators Zorica Zafirovska and Kristina Todoroska Petreska, and administrator Gjurgjica Hristovska.

The research residency is part of programmе Contemporary choreography and dance in the frame of project (Non)Aligned Movement, part of the Cultural Cooperation Project in the Western Balkans program line of the Education, Audiovisual and Culture Executive Agency (EACEA) delegated by the European Commission Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje.

 


NAM-01-EVENT

/македонски

(Не)Врзани движења/ Критични движења резиденција/ Современа кореографија и танц

„Сврзно ткиво“ презентација на Викторија Илиоска, Александра Јанева Имфелд и Александар Георгиев

18-ти ноември, 2021 година, 18:00 часот, презентација

04 – 20 ноември 2021 година, уметнички престој

@ Мандолински оркестар, Младински културен центар

Во следниот период, Локомотива ќе биде домаќин на овогодинешниот кореографско-истражувачки тим на проектот (Не)врзани движења: Викторија Илиоска, Александра Јанева Имфелд и Александар Георгиев и ќе обезбеди простор за нивна истражувачка работа, јавна презентација која ќе се оддржи на 19 ноевмри во 18:00 часот, како и размена со локалната сцена.

Тројцата кореографи и танцови уметници ќе ги истражуваат и преиспитуваат процесите на самоуправување и процесите на самоинституционализација со помош на телото што го конституирале како орган (Сврзно ткиво), како дел од управувачкото тело на мрежата НОМАД. Ова истражување е дел од резиденцијалната програма Критични движења во рамки на проектот (Не)врзани движења.

Проектот ќе биде проследен со јавна презентација на која ќе се сподели истражувачкиот уметнички процес со пошироката публика, преку специфичните јазици што се користат во танцот и кореографијата, во просторот на Младинскиот културен центар.

Сврзно ткиво е предлог за преиспитување на процесите на самоуправување и процесите на самоинституционализација. Со конституирање на оперативно тело во рамки на веќе постоечка и функционална мрежна структура, Викторија Илиоска, Александра Јанева Имфелд и Александар Георгиев ќе ги истражуваат, размислуваат, преиспитуваат, сонуваат, дизајнираат, деконструираат и понатаму ќе разговараат за форматот, функционалноста и функционирањето на едно такво тело во организациските структури, во областа на танцот, кореографијата и перформансот. Такво едно тело креирале во мрежата на НОМАД.

Идејата за овој вид на тело доаѓа од идејата да се стимулираат и предизвикаат важни промени во релациите на моќ, токсичните средини, нееколошката и нехигиенска комуникација и одолговлекување, односно пренасочувања кон пракси на рефлексија, набљудување и формати на фидбек. Промислувајќи ги темите за видливиот и невидливиот труд, како и организирањето на работата и нејзината систематизација воопшто, Сврзно ткиво сака да ја замагли границата и категоризацијата, особено помеѓу организациската и уметничката работа.

Во оваа резиденција, Сврзно ткиво, преку средба со професионалци од полето на танцот и кореографијата, но и пошироката уметничка и културна сцена, ќе ги испита и зајакне сопствените функции, функциите на телесното сврзно ткиво: оние на заштита, структурна поддршка, поврзување и врзување, складирање, пренесување како и имунолошката функција.

Како што споменавме претходно, ова тело го формираат Александра Јанева Имфелд, Александар Георгиев и Викторија Илиоска, тројца уметници со македонски корени, чиј начин на живот осцилира  помеѓу неколку места во неправилни интервали Овој начин на живеење влијае на начинот на кој тие комуницираат како група и на начинот на кој ја разбираат работата и потребите поврзани со неа.

Александра Јанева Имфелд е родена во Македонија. Дипломирала на Школата за современ танц „Ана Малетиќ“ во Загреб и студирала танц во Бриж и Лиер во Белгија. Во 1998 година, таа доби стипендија на DanceWEB во Виена и стипендија во компанијата Jенифер Мулер, во Њујорк. Постдипломската програма или студиите за напреден перформанс и сценографија ги завршува во  2012 година во Брисел. Преку програмата таа  разви метод на работа наречен „поврзувач“ за колективно авторство кој сè уште го користи во сите нејзини дела. Александра е близок соработник на BADco од Загреб. Има работено со Ismael Ivo, The System Castafiore, Brice Leroux, David Hernandez и многу други. Александра е една од ко-основачките на Номад танцовата академија и Номад танцовата академија Хрватска. Таа предава на СНДО – Амстердам, ИСАЦ во Брисел и Танц академијата во Загреб.

Александар Георгиев – Аце е кореограф и културен работник. Тој бил дел од формални и неформални едукативни програми како што се NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low, Passing Through и програмата Kритичка пракса (трета генерација). Ја завршува  магистерската програма за кореографија на DOCH, Стокхолм, во 2014 година. Го истражувал номадскиот пристап во однос на седиштето на работа, постојано поместувајќи се, но во последните 4 години низ работата дефинирал четири места што ги смета за свој дом / локалитет (Стокхолм, Софија, Скопје и Тенерифе). Неодамна  ја иницирал кореографската истражувачка КO–серија. Истражувањето го работи со различни уметнички практики и методи, истражувајќи ги идеите за соживот, хипер и холографија низ призмата на танцот и кореографијата. Тој е член на невладини организации како Локомотива (Северна Македонија), Гараж колектив (Бугарија) и Интеримкултур (Шведска). Тој е исто така член на мрежата NOMAD (балкански земји).

Викторија Илиоска, родена 1990 година како македонска државјанка, е кореографка и изведувачка, која денес живее и работи во Германија. Од 2016 година, нејзиното седиште е во Гисен, каде ги завршува магистерските студии по кореографија и перформанс на Институтот за применети театарски студии при ЈЛУ Гисен, под менторство на Bojana Kunst и Xavier Le Roy. Илиоска активно работи на програми за поддршка и развој на современиот танц и перформанс, соработувајќи со институции и зајакнувајќи ја независната сцена. Од 2010 година, таа е членка на мрежата Номад танц академија и членка на Локомотива. По дипломирањето, Викторија доби стипендија на програмата Dance Web во Виена, под менторство на Chris Haring и David Wampach. Играјќи си со различни форми на провокација, таа се осврнува на поимите идентитет и политичка застапеност на жената во јавната сфера. Во нејзиното последно истражување, таа работи и експериментира со конкретни предмети и материјали и бара различни системи на телесна поддршка.

*****

Тимот на Локомотива го сочинуваат програмската директорка Билјана Тануровска-Ќулавковски, проектната менаџерка Благица Петрова, програмската координаторка Зорица Зафировска и администраторката Ѓурѓица Христовска.

Истражувачката резиденција е дел од програмата Современа кореографија и танц реализирана во рамки на проектoт (Не)Врзани движења е дел Проектот за културна соработка во програмската линија на Западен Балкан на Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура (EACEA) делегирана од Европската комисија, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.