@
06.10.2024 at 19.30 / MoCa–Skopje Performance festival ((Post)Yugoslav Legacies and Bodies: Performance, Critique and Utopia) and Performans Platform Festival (Lokomotiva)
***македонски подолу***
After the program in the first part of 2024, Performance Platform Festival by Lokomotiva continues with one more performance – NAM ChoreoLab, and this time in collaboration with MoCA – Skopje Performance Festival, event that aims to be organized annually allowing to experiment and share the artistic practice of the residents and artists from the Region, the EU and the international scenes.
NAM ChoreoLab is part of the (Post)Yugoslav Legacies and Bodies: Performance, Critique and Utopia curated program by Biljana Tanurovska – Kjulavkovski and Slavcho Dimitrov consisting of screenings, lectures and performances. More about the program find on MoCa – Skopje web: https://msu.mk/
Performance NAM ChoreoLab, Such as Rhymes with Non, is conceived and created through the form of a performance essay, and explores stagings of non-alignment and non-aligned choreography. NAM ChoreoLab is a modular choreography research project, which deals with the historical and personal lineages – ‘days of future past’ – of the Non-Aligned Movement through an intersectional turn – intersection of body, race, gender, class, nation, by activating speculative verse, spectral video, disjointed dance, choreographed conversation, dispositif of assembling, and an archive of gestures for the future.
The Non-Aligned Movement was set up as a movement of Third World states and Socialist Yugoslavia, rejecting the ‘double blackmail’ of the Cold War bipolarity of the US/USSR, advocating for an ‘alternative globalisation’ by challenging (neo)imperialism and (neo)colonialism. Amid contemporary, intersecting crises, struggles, critiques and breakdowns, NAM ChoreoLab asks: Who or what is ‘non’? Who or what is ‘aligned’? Who or what is ‘bloc’? Who or what are non-aligned bodies, gestures, subjects? Is ‘anti’ enough? Is ‘de’ enough? Who or what is under or beyond nation, state, movement? Is liberation enough? Is emancipation enough? How to assemble as non-aligned? Is sovereignty enough? Is agency enough?
NAM ChoreoLab is conceived and developed by the curatorial team of the (Non) Aligned Movements project (2021) (by way of Nomad Dance Academy): choreographers and performers Sonja Pregrad (Croatia), Ana Dubljević (Serbia) and Viktorija Ilioska (North Macedonia), along with independent researcher and performer Dražen Dragojević (Slovenia). They align at the intersection of (queer) feminist dramaturgies, contextualised somatic practices, choreographic subjects, speculative and performative theory, archive and memory, decolonial historicism and futurism to re-assess – and re-align – non-alignment (along with the ‘singularity’ of Socialist Yugoslavia) for contemporary audiences, polities, communities by way of choreography installation meets intermedia archive meets essay performance.
Concept and creation: NAM ChoreoLab (Sonja Pregrad, Ana Dubljević, Viktorija Ilioska, Dražen Dragojević)/ Dramaturgy: Ivana Ivković/ Video and visuals: Thilo Garus/ Costume: Tea Kantoci/ Sound: Jasmin Mahmić/ Light: Tomislav Maglečić/ Design: Marko Damiš
Print: Arskopija
Production: Objekt plesa / Object of dance/ Producer: Sonja Pregrad/ Assistant producer: Ivana Korpar
Coproduction: Museum of Contemporary Art Zagreb, Antisezona 24, Centre for Urban Culture Kino Šiška, Nomad Dance Academy Slovenia, Lokomotiva – Centre for New Initiative in Arts and Culture Skopje
Residential support: Dance center TALA / TALA PLE(j)S, Multimedia Institute – MaMa Center for Culture at Peščenica KNAP
Financial support: City of Zagreb, Ministry of Culture and Media of the Republic of Croatia
Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia, Station Service for Contemporary Dance (as part of the project Dance On, Pass On, Dream On, funded by Creative Europe), Nomad Dance Academy Slovenia and Lokomotiva- Centre for New Initiative in Arts and Culture (as part of the project (Non)Aligned Movements, funded by Creative Europe);
For the support in the development of the project NAM ChoreoLab thanks: Nomad Dance Academy and the project (Non)Aligned Movements; Station Service for Contemporary Dance and Kondenz Festival; Tanzfabrik Berlin and the Summer School programme To Keep In Touch…; 35th Ljubljana Biennale of Graphic Arts; Vierte Welt and Partisan Festival, Zavod Melar.
Performance in Skopje, is performed as part of the Curated program (Post)Yugoslav Legacies and Bodies: Performance, Critique and Utopia (MoCA – Skopje Performance Festival), Performance Platform Festival (Lokomotiva) and NAM project.
NAM Choreolab performance is presented in collaboration with Pеrformance Platform Festival by Lokomotiva, and the Non-Aligned Movement project, supported by Creative Europe/ European Cooperation Western Balkans Program and the Ministry of Culture of North Macedonia.
НАМ КореоЛаб КАКО ШТО СЕ РИМУВА СО НЕ – Не не се повторува. Но се римува. (2024) / перформанс
@
06.10.2024 во 19:30 / МСУ-Скопје Фестивал на перформансот ((Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија) и Перформанс Платформа Фестивал (Локомотива)
После програмата од првиот дел за 2024, Перформанс Платформа Фестивалот на Локомотива продолжува со уште еден перформанс – НАМ КореоЛаб, овој пат во соработка со МСУ-Скопје Фестивал на перформансот, настан кој има за цел да се организира секоја година овозможувајќи експериментирање и споделување на уметничката пракса на жителите и уметниците од регионот, ЕУ и меѓународната сцена.
НАМ КореоЛаб е дел од (Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија програмата курирана од Биљана Тануровска-Ќулавковски и Славчо Димитров која се состои од проекции, предавања и перформанси. Повеќе за програмата можете да најдете на веб страната на МСУ-Скопје: https://msu.mk/
Замислено и креирано од НАМ КореоЛаб, Како што се римува со не, низ формата на перформативниот есеј, ги истражува постановките на неврзаноста и неврзаната кореографија. НАМ КореоЛаб е модуларен истражувачки проект за кореографија, кој се занимава со историските и личните потекла – ‘деновите на идното минато’ – на Движењето на неврзаните преку интерсекциски пристап – интерсекција на тело, раса, род, класа, нација, со активирање на шпекулативни стихови, спектрално видео, неповрзан танц, кореографиран разговор, диспозитив на собирањето и архива на гестови за иднината.
Движењето на неврзаните беше формирано како движење на државите од Третиот свет и социјалистичка Југославија; ја отфрлаше „двојната уцена“ на биполарноста на САД/СССР во Студената војна и се залагаше за „алтернативна глобализација“ предизвикувајќи го (нео)империјализмот и (нео)колонијализмот. Среде современи, вкрстени кризи, борби, критики и распади, НАМ КореоЛаб прашува: Кој или што е „не“? Кој или што е „врзан“? Кој или што е „блок“? Кои или што се неврзани тела, гестови, субјекти? Дали е доволно „анти“? Дали е доволно „де“? Кој или што е под или надвор од нацијата, државата, движењето? Дали ослободувањето е доволно? Доволна ли е еманципацијата? Како да се собереме како неврзани? Дали е доволен суверенитетот? Дали е доволно делувањето?
НАМ КореоЛаб е замислен и развиен од кураторскиот тим на проектот (Не)Врзани движења (2021) (по пат на Nomad Dance Academy): кореографи и изведувачи Соња Преград (Хрватска), Ана Дубљевиќ (Србија) и Викторија Илиоска (Северна Македонија), заедно со независниот истражувач и изведувач Дражен Драгојевиќ (Словенија). Тие се усогласуваат на пресекот на (квир) феминистичките драматургии, контекстуализираните соматски практики, кореографските теми, шпекулативната и перформативната теорија, архивата и меморијата, деколонијалниот историцизам и футуризмот за одново да се процени – и одново да се врзе – неврзаноста (заедно со ‘сингуларноста’ на социјалистичка Југославија) за современите публики, политики, заедници, по пат на кореографската инсталација заедно со интермедијалните архиви заедно со перформативниот есеј.
Концепт и креација: НАМ КореоЛаб (Соња Преград, Ана Дубљевиќ, Викторија Илиоска, Дражен Драгојевиќ)/ Драматургија: Ивана Ивковиќ/ Видео и визуелизација: Тило Гарус/ Костими: Теа Кантоци/ Звук: Јасмин Махмиќ/ Светло: Томислав Маглечиќ/ Печати: Арскопија
Продукција: Objekt plesa / Object of dance/ Продуцент: Соња Преград/ Асистент продуцент: Ивана Корпар
Копродукција: Музеј на современата уметност во Загреб, Antisezona 24, Centre for Urban Culture Kino Šiška, Nomad Dance Academy Slovenia, Локомотива – Центар за нова иницијатива за уметност и култура Скопје.
Резиденцијална поддршка: Dance center TALA / TALA PLE(j)S, Multimedia Institute – MaMa Center for Culture at Peščenica KNAP
Финансиска поддршка: Град Загреб, Министерство за култура и медиуми на Република Хрватска, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Station Service for Contemporary Dance (како дел од проектот Dance On, Pass On, Dream On, финансиран од Креативна Европа), Nomad Dance Academy Slovenia и Локомотива – Центар за нова иницијатива за уметност и култура (како дел од проектот Движења на (не)врзаните), финансиран од Креативна Европа).
За поддршката во развојот на проектот НАМ КореоЛаб благодарност до: Nomad Dance Academy и проектот Движења на (не)врзаните, Station Service for Contemporary Dance и Kondenz Festival; Tanzfabrik Berlin и летната школа To Keep In Touch…; 35. Љубљанско биенале за графичка уметност; Vierte Welt и Partisan Festival, Zavod Melar.
Перформансот во Скопје се изведува како дел од курираната програма (Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија (МСУ-Скопје Фестивал на перформансот), Перформанс Платформа Фестивалот (Локомотива) и проектот (Не)Врзани движења.
Перформансот на НАМ КореоЛаб се презентира во соработка со Пeрформанс Платформа Фестивалот на Локомотива и проектот (Не)Врзани движења, поддржан од страна на Креативна Европа / Програмата на Западен Балкан за европска соработка и Министерството за култура на Северна Македонија.