Music Culture – discursive programme and lecture of Stephen Mallinder

/македонски подолу/

 

Lokomotiva Programme in Kino Kultura/ Music Culture

Prefix-Repeat-Rewind: Can the Past Help Navigating the World of Sound in a New Age?

Lecture and discussion with Stephen Mallinder (England)

Tuesday, December 1, 2020 19:00 h

 

This Tuesday, December 1, starting at 19:00, Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Art and Culture within the programme “Music Culture” presents Dr. Stephen Mallinder (England) who will give an online lecture on the topic: Prefix-Repeat-Rewind: Can the Past Help Navigating the World of Sound in a New Age?

With his significant and extended professional experience as music author, producer, publisher, broadcaster, researcher and professor at the University of Brighton on the BA and MA Digital Music & Sound Art programme, Malinder in the lecture will share part of his research related to the transformation of music culture in the era of digitalization. The lecture will address the issue how changing ways of creating and transmitting music in the context of new technologies, communication platforms, social networks and cultural economies are redefining the relationship between knowledge and power and the way communities are created.

 

The lecture will be realised in English. You can follow the lecture live, via streaming published on Lokomotiva’s Facebook page just before the start of the event. After the lecture we will continue with a short discussion in which interested listeners can ask questions.

 

Abstract
A personal exploration of where we have come from and where we may be going.
After almost 50 years of creating and performing what can the past teach us about understanding the current world. The transition to a digital ecology has impacted on every aspect of our lives. The loss of the tangible components that have formed our relationship to music – vinyl, CDs, artwork, memorabilia – have been replaced by streaming, algorithms, AI, social media echo chambers and limitless content in a new economy. Music has always been intrinsically linked to communities tied by time and place. As the pandemic of 2020 has removed our capacity to move and congregate how can we celebrate past ideas of community, identity, ecstasy, opposition and change.
A look at aspects of the past to see what it can teach us about the present and near future.
Dr. Stephen Mallinder

 

Biography

A founder member of pioneering electronic act Cabaret Voltaire, who are regarded as one of the key influences on contemporary electronic and popular music culture.

The group’s first release, Extended Play in late 1978, represented the first domestic release for Rough Trade Records, the UK’s foremost independent label followed by, A Factory Sampler, the debut release for the seminal British record label, Factory Records. The group went on to make over 30 albums, for labels including Virgin and EMI and has recently reissued a series of box sets though Mute Records all to critical acclaim.

 

Stephen has recorded and toured extensively in Europe, USA, Japan and Australia. He continues to record and tour as part of Wrangler, alongside other recent releases under other names Creep Show, Hey Rube, Kula, and Cobby & Mallinder.

He has collaborated with a host of artists and musicians including Afrika Bambaataa, Marshall Jefferson, Adrian Sherwood and worked with poet John Giorno and with William Burroughs at the Final Academy in the 1980s.

 

He has established a number of production companies, record and video labels including: Doublevision; Plastex; and Off World Sounds (Australia) – recording on the label under the names Sassi & Loco, and the Ku-Ling Bros. As well as running festivals through his Off World Productions company (Australia).

He has worked as extensively as a radio producer, journalist and broadcaster covering both electronic music and popular culture.

 

As an academic he has published a number of peer-reviewed journal articles, book chapters and holds a PhD in music cultures. He is currently at the University of Brighton teaching on various arts and humanities courses and managing projects in the arts. In addition he does key notes, panels and guest lectures at a number of universities in the UK and conferences around the world.

 

Has had works performed and the Tate Modern (Turbines) and the Barbican Centre. Cabaret Voltaire films of the 1980s were acquired as part of the MOMA (Museum of Modern Art, NY) collection.

 

Stephen released the third Wrangler album ‘White Glue’ (Memetune 2016) playing shows in Europe. In 2017 Stephen undertook the BFI ‘Unfilmables’ project in which Wrangler performed at film festivals and in cinemas across the UK.

Alongside Mica Levi both artists developed old films which never actually made it to the silver screen. Working with director Tash Tung the project reimagines sci-fi film ‘The Tourist’ which is scored live, whilst the film is mixed live as the performance.

Stephen has recently worked with actress Jane Horrocks making an immersive performance using film and live electronic sound called ‘Cotton Panic!’ which premiered for 5 nights at Campfield Markets as part of 2017’s Manchester International Arts Festival.

In collaboration with musician and artist John Grant, Stephen Phil Winter and Benge, released the critically acclaimed Creep show album Mr Dynamite (Bella Union, 2018).

 

Currently Stephen has recently completed the fourth Wrangler album ‘A Situation’ (release Spring 2020, Bella Union) and his own Stephen Mallinder album (Um Dada, Oct 2019, Dais Records, NY) – Suction Records have released a remastered, repackaged double vinyl edition his very first solo album Pow Wow (1985).

 

Stephen is currently working on new solo recordings, and the new Creep Show album with shows and festivals tentatively booked for 2021.

Stephen teaches at the University of Brighton on the BA and MA Digital Music & Sound Art programme and he continues to write, DJ and do talks.

 

See: http://blogs.brighton.ac.uk/dmsa/mall/
And: https://en.wikipedia.org/wiki/Stephen_Mallinder

 

*   *   *

The lecture of Stephen Malinder is realised within the programme “Music Culture” as part of the project “Lokomotiva Programme in Kino Kultura project space for contemporary performing arts and contemporary culture”, supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia. The programme “Music Culture” is curated by Violeta Kachakova and coordinated by Zorica Zafirovska. The programme is realised in cooperation with PMG Recordings.

_____________________________

/македонски

 

Програма Локомотива во Кино Култура/ Музичка култура

Преправи-повтори-премотај: Може ли минатото да помогне во навигацијата низ светот на звукот во новото време?

Предавање и дискусија со Стивен Малиндер (Англија)

Вторник, 1 декември, 2020, 19:00 часот

 

Музичка култура – дискурзивна програма предавање на Проф. д-р Стивен Малиндер

Во вторник, 1 декември, со почеток во 19 часот, Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата во рамки на програмата “Музичка култура” Ви го претставува Проф. д-р Стивен Малиндер (Англија) кој ќе одржи онлајн предавање на тема: Преправи-повтори-премотај: Може ли минатото да помогне во навигацијата низ светот на звукот во новото време? / [Prefix-Repeat-Rewind: Can the Past Help Navigating the World of Sound in a New Age?

 

Со своето долгогодишно и професионално искуство како музички автор, продуцент, издавач, радио уредник, истражувач и професор на Универзитетот во Брајтон на програмата за додипломски и мастер студии за Дигитална музика и уметност на звукот, Малиндер во предавањето ќе сподели дел од неговото истражување поврзано со трансформацијата на музичката култура во ерата на дигитализацијата. Предавањето ќе даде осврт на тоа како промената во начините на креација и трансмисија на музика во контекст на новите технологии, платформи за комуникација, социјални мрежи и културни економии го редефинира односот помеѓу знаењето и моќната и начинот на креирање заедници.

 

Предавањето ќе се реализира на англиски јазик. Предавањето ќе може да се проследи во живо, преку стриминг објавен на Фејсбук страната на Локомотива. По предавањето ќе следи крака дискусија во рамки на која заинтересираните слушатели ќе можат да му постават прашања на гостинот.

 

Апстракт 
Лично истражување од каде сме дојдени и каде би можеле да одиме.

По речиси 50 години работа и настапи – што може да научиме од минатото за да го разбереме светот сега. Преминот кон дигитална екологија влијаеше на секој аспект од нашите животи. Загубата на опипливите компоненти што ја создадоа нашата врска со музиката – винил, ЦД-а, уметнички дела, сувенири – се заменети со стриминг, алгоритми, вештачка интелигенција, ехо комори на социјалните медиуми и неограничени содржини во една нова економија. Музиката отсекогаш била суштински поврзана со заедниците врзани со време и место. Со оглед на тоа што пандемијата го збриша нашиот капацитет за движење и дружење, како може да ги славиме идеите од минатото за заедница, идентитет, екстаза, опозиција и промени.

Поглед кон аспекти од минатото за да видиме што тоа може да нè научи за сегашноста и блиската иднина.

Проф. д-р Стивен Малиндер

 

Биографија

Член-основач на пионерскиот електронски состав Cabaret Voltaire што важи за едно од клучните влијанија врз современата електронска и популарна музичка култура.

Првото издание на бендот, Extended Play во доцната 1978 година, претставуваше и прво домашно издание за Rough Trade Records, водечка независна дискографска куќа во Велика Британија, а потоа следуваше и A Factory Sampler – деби издание за истакнатата британска дискографска куќа Factory Records. Бендот продолжи со издавање на повеќе од 30 албуми, за дискографски куќи вклучувајќи ги Virgin и EMI, а неодамна повторно издаде серија на компилации со Mute Records на големо критичко признание.

 

Стивен работел и остварил повеќе турнеи во Европа, САД, Јапонија и Австралија. Продолжува со снимање и турнеи како дел од Wrangler, покрај останатите неодамнешни изданија под други имиња Creep Show, Hey Rube, Kula, и Cobby & Mallinder.
Соработувал со низа уметници и музичари, меѓу кои Африка Бамбата, Маршал Џеферсон, Адријан Шервуд, а работел и со поетот Џон Џорно и со Вилијам Бароуз на ‘Последната академија’ во 1980-те години.

 

Основал голем број на продуцентски компании и издавачки куќи, како Doublevision; Plastex; и Off World Sounds (Австралија) – каде што има свои изданија како дел од Sassi & Loco и Ku-Ling Bros. Исто така, организирал повеќе фестивали преку својата компанија Off World Productions (Австралија).

Интензивно работел и како радио продуцент, новинар и радиоспикер во областа на електронската музика и на популарната култура.

 

Како академски професор објавил голем број на рецензирани трудови, текстови, а има и докторат по музички култури. Во моментов работи во Универзитетот во Брајтон, каде што предава разни курсеви за уметност и хуманистички науки и менаџира проекти во уметноста. Покрај тоа, одржува говори, панел дискусии и предавања на многу универзитети во Велика Британија, како и конференции ширум светот.

 

Негови инсталации се прикажани во галеријата Тејт модерн (хала Турбини) и во центарот Барбикан во Лондон. Исто така, видео снимки од Cabaret Voltaire од 1980-те години биле набавени како дел од колекцијата на МОМА (Музејот на модерната уметност, Њујорк).

Стивен го издаде третиот албум на Wrangler, ‘White Glue’ (Memetune, 2016 година), низ изведби во Европа.

 

Во 2017 година Стивен го презема проектот ‘Unfilmables’ на BFI, во којшто Wrangler настапува на филмски фестивали и во киносали низ Велика Британија. Заедно со Мика Леви работат на развивање на стари филмови кои никогаш не успеаја да се најдат на големото платно. Работејќи со режисерката Теш Танг, проектот го реобмислува научно-фантастичниот филм ‘The Tourist’ што се адаптира во живо, додека филмот се составува во живо, како и настапот.

 

Стивен неодамна соработува со актерката Џејн Хорокс, со која создаваат фасцинантен перформанс, користејќи впечатлив колаж од филм и електронски звук во живо, насловен ‘Cotton Panic!’ што беше премиерно прикажан пет вечери на Кампфилд Маркетс како дел од Меѓународниот уметнички фестивал во Манчестер во 2017 година.

 

Во соработка со музичарот и уметник Џон Грант, како и Стивен Фил Винтер и Бенџ, го издава реномираниот албум Mr Dynamite на Creep show (Bella Union, 2018 година).

Од поновите проекти, Стивен неодамна го заврши чевртиот албум на Wrangler – ‘A Situation’ (издаден пролет 2020 година, Bella Union), а претходно издаде и свој соло албум (Um Dada, октомври 2019 година, Dais Records, Њујорк). Исто така, Suction Records издадоа преработено и обновено двојно винилно издание на неговиот прв соло албум Pow Wow од 1985 година.

Во моментов Стивен работи на нови соло проекти, како и на новиот албум на Creep Show со неофицијално букирани настапи и фестивали за 2021 година.

 

Стивен предава на Универзитетот во Брајтон на програмата за додипломски и мастер студии за Дигитална музика и уметност на звукот, и секако продолжува со пишување, DJ настапи и дискусии.

 

Повеќе информации на: http://blogs.brighton.ac.uk/dmsa/mall/

и https://en.wikipedia.org/wiki/Stephen_Mallinder

 

*    *    *

Предавањето на Стивен Малиндер се реализира во рамки на програмата “Музичка култура” како дел од проектот “Програма на Локомотива во Кино Култура проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура”, подржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија. Програмата “Музичка култура” е курирана од Виолета Качакова а координирана од Зорица Зафировска. Програмата се реализира во соработка ПМГ Рекордингс.

 

_____________________________________________________

More activities within the music programme:

Interactive Music Lab – Gebrüder Teichmann & Kanton6 Trio

Creating and Releasing Music in a Digital Environment – discussion, promotion and live music impro session

Music Culture – three events dedicated contemporary Macedonian music authors