/македонски подолу/
Lokomotiva Programme in Kino Kultura/ Online
Music Culture with Macedonian music authors
November 12-14, 2020
@ Cinema Frosina, Youth Cultural Center
Lokomotiva- Center for New Initiatives in Art and Culture from Thursday 12, till Saturday 14 of November will realize Music Culture program which deals with research, contextualization and presentation of music culture.
The program unites a series of three events dedicated to three contemporary Macedonian music authors of different generations, whose work moves between the world and the local homegrown culture in the field of electronic music. Each event will start with a short conversation introducing the author, his oeuvre and current work process, but also we can learn more about the opportunities for creation and performing of the independent musicians in our country, especially in the current pandemic conditions.
The events will take place at the Youth Cultural Center – Cinema Frosina, (without an audience) and can be followed via live stream shared on the Facebook pages of Lokomotiva – Center for New Initiatives in Arts and Culture and Youth Cultural Center.
Each event will start at 19.00. As part of the program the following music authors will perform:
Thursday / 12.11 Deva [Viktor Irvin Ivanov]
Friday / 13.11 Mirko Popov
Saturday / 14.11 Robotek [Goran Atanasovski]
The conversation will be led by Violeta Kachakova
We would very glad if you will be able to join and follow our program.
Biographies of the participants:
>> Deva
is a mystical musical experience that tends to introduce you to a state of esoteric trance produced by primordial rhythms, ancient dithyrambs and raw synthetics. This is a music project by Viktor Irvin Ivanov that deals with music, journalism, promotion and photography.
>> Mirko Popov
Born in 1972 in Skopje. He has been buying records and paying attention to music since the early eighties. He is the first Macedonian international DJ, and has been doing it professionally since 1992. He has been continuously active in the cult Skopje radio “Kanal 103” since 1992, where he was the editor-in-chief between 2008 and 2010. In 1993 he was at the epicenter of the Macedonian techno-cultural revolution, putting Skopje on the map of this modern movement. In 1995 he formes the PMG Collective as a manifesto of action to overcome dissatisfaction with the current cultural situation. In the coming years, PMG will grow into a leading avant-garde force on the streets of Skopje, responsible for a wide range of actions and music revolutions. In 1998 he forms “PMG Recordings” independent Macedonian record company with more than 200 releases, which over time expanded its work on 3 sub-labels (PMG JAZZ, PMG Tanz Digital, Makedonide). He has recorded and released 15 albums with his 3 bands: PMG Kolektiv, Kanton6, Makedonide Crew and 2 with the legendary Skopje jazz band Sethstat (one studio and one live album). He is the director/producer of about 50 videos. He is screenwriter/producer of a music documentary “103 Love Letter to the Alternative Culture” and author of the video film “Do neboto zamok”. He acts as an actor and composes music for theater and film. He directed a radio drama. He is the author of the book “Monography 20: Years I Love You”
>> Goran Atanasovski – Robotek
When we talk about an authentic, modern Macedonian electronic scene, we are talking about Robotek. He is the man who was first recognized as artist and producer, not only on the local but also on the regional scene. From its Atari beginnings in the mid-90s to its sophisticated production 20 years later, he has always been an original and own, almost legendary brand. With 5 studio albums and countless EP and single releases for “PMG Recordings”, he is one of the leading artists on the electronic scene in our country. Apart from his music, he is also one of the most wanted DJs in the region.
*****
MUSIC CULTURE
Program of Lokomotiva developed within the project “Lokomotiva Program in Kino Kultura project space for contemporary performing arts and contemporary culture”, supported by the Ministry of Culture of the Republic of Northern Macedonia, curated by Violeta Kachakova, and coordinated by Zorica Zafirovska.
The program will be implemented in partnership and collaboration with the Youth Cultural Center and PMG Recordings.
__________________________________________
/македонски
Програма на Локомотива во Кино Култура/ Онлајн
Музичка култура со македонски музички автори
12-14 ноември 2020 година
@ Кино Фросина, Младински културен центар
Локомотива- Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од четврток 12-ти до сабота, 14-ти ноември ја реализира програмата Музичка култура која се бави со истражување, контекстуалиација и презентација на музичката култура.
Програмата обединува серија од три настани посветени на тројца современи музички македонски автори од различна генерација, чија работа се движи во линија помеѓу светската и локалната-автохтона култура во полето на електронската музика.
Секој настан ќе започне со краток разговор во кој ќе се запознаеме со авторот, неговото творештво и актуелен процес на работа, но и со можностите за креација и настапи на независните музичари кај нас, а особено сега во пандемски услови.
Настаните ќе се реализираат во Младински културен центар – кино Фросина, (без публика) а ќе може да се проследат преку директен стриминг пренос во живо преку линк објавен на Фејсбук страните на Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата и Младински културен центар, непосредно пред почетокот.
Секој настан ќе започна во 19.00 часот. Како дел од програмата ќе настапат музичките автори:
четврток/12 ноември/ Дева – Виктор Ирвин Иванов
петок/13 ноември/ Мирко Попов
сабота/14 ноември Роботек – Горан Атанасовски
Разговорот ќе го води Виолета Качакова
Би ни било драго доколку ни се придружите и ја проследите програмата со нас.
Биографии на учесниците:
>> Дева
е мистично музичко искуство кое тежнее да ве воведе во состојба на езотеричен транс произведен од примордијален ритам, антички дитирамби и сурова синтетика. Ова е музички проект на Виктор Ирвин Иванов кој се занимава со музика, публицистика, промотерство и фотографија.
>> Мирко Попов
Роден е во 1972 во Скопје. Купува плочи и внимава на музика уште од почетокот на осумдесеттите години. Тој е првиот македонски интернационален диџеј, а професионално се занимава со тоа од 1992. Континуирано е активен на култното скопско радио „Канал 103“ од 1992, каде е главен и одговорен уредник помеѓу 2008 и 2010 година. Во 1993 е во епицентарот на македонската техно-културна револуција, ставајќи го Скопје на мапата на ова современо движење. Во 1995 го формира PMG Collective како манифест на акцијата што треба да го победи незадоволството од актуелната културна состојба. ПМГ во следните години ќе прерасне во водечка авангардна сила на скопските улици, одговорна за широк спектар акции и музички револуции. Во 1998 ја формира „ПМГ Рекордингс“ независна македонска дискографска куќа со повеќе од 200 изданија, која низ времето ја прошири својата дејност со вклучувањето на уште 3 подјелблови (PMG JAZZ, PMG Tanz Digital, Makedonide). Има снимено и издадено 15 албуми со своите 3 проекти: PMG Kolektiv, Kanton6, Makedonide Crew и 2 со легендарниот скопски џез-бенд Sethstat (еден студиски и еден албум во живо). Режисер/продуцент е на 50тина видео спотови. Сценарист/продуцент на еден музички документарен филм “103 Љубовно писмо до алтернативната култура” и автор на видео филм “До небото замок”. Настапува како актер и пишува музика за театар и филм. Режирал радио драма. Автор е на книга “Монографија: 20 Години те сакам”.
>> Горан Атанасовски – Роботек
Кога зборуваме за автентична, современа македонска електронска сцена, зборуваме за Роботек. Тоа е човекот кој прв се искристализира како препознатлив артист и продуцент, не само на домашната туку и на регионална сцена. Од неговите Atari почетоци во средината на 90-тите, па сè до софистицираната продукција 20 години подоцна, тој секогаш е оригинален и свој, безмалку легендарен бренд. Со 5 студиски албуми и безброј е.п. и сингл-изданија за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“, тој е еден од водечките артисти на електронската сцена кај нас. Освен со неговата музика, тој е и еден од најбараните диџеи во регионот.
*****
МУЗИЧКА КУЛТУРА
Програма на Локомотива развиена во рамки на проектот “Програма на Локомотива во Кино Култура проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура”, подржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија, курирана од Виолета Качакова, координирана од Зорица Зафировска.
Програмата се реализира во партнерство и соработка со Младински културен центар и ПМГ Рекордингс.
More activities within the music programme:
Music Culture – discursive programme and lecture of Stephen Mallinder
Interactive Music Lab – Gebrüder Teichmann & Kanton6 Trio