/македонски подолу/
GPS/Global Practice Sharing yearly meeting/ Cooperation between Cultural Workers and Artists from the USA and East and Central Europe
January 12-13, 2023
@ Movement Research, New York, USA
Biljana Tanurovska — Kjulavkovski as a representative from Lokomotiva, on the 12th and 13th of January attended GPS/Global Practice Sharing yearly meeting and program GPS Chats at the Movement Research’s Courtyard Studio in New York.
GPS/Global Practice Sharing is a very important program initiated by few partners years ago and provides a platform for the international exchange of ideas, processes and reflective practices surrounding dance and movement-based forms between the U.S. and independent performing arts communities internationally.
Through the GPS program, Movement Research in partnership with Lokomotiva in 2022 realised three collaborative research and exchanges in North Macedonia where artists, scholars, curators and producers from the US and the Balkan region had a possibility of exchange and learning. These exchanges include: Thomas F. DeFrantz, Kathy Westwater, Andros Zins-Browne, Justin Cabrillos Sam Kim, Jasmine Hearn, zavé martohardjono, Sarah A.O. Rosner, Raymond Pinto and Levi Gonzales (USA); Aleksandar Georgiev, Biljana Tanurovska–Kjulavkovski, Viktorija Ilioska, Jovana Zajkova, Tereza Lazarev, Theodora Ezhovska, Aleksandra Petrushevska (MK); Jovana Rakić (SRB), Vladimir Bjeličić (SRB)and Olja Grubić (SLO).
In 2023, two residencies of artists and cultural workers in New York and one in Skopje are planned, in partnership with Lokomotiva.
During the meeting in New York, Tanurovska presented the exchanges of 2022 and the plans for 2023.
The GPS/Global Practice Sharing program is supported, in part, with generous support from the Trust for Mutual Understanding and the Blanchette Hooker Rockefeller Fund.
#MovementResearch #Lokomotiva #GPS#TMU
______________________________________________________________________________________________
/македонски
Локомотива на годишниот состанок на GPS/Глобални практики на споделување во Њујорк
Годишен состанок на GPS/Глобални практики на споделување / Соработка помеѓу културни работници и уметници од САД и Источна и Централна Европа
12-13 јануари 2023 година
@ Movement Research, Њујорк, САД
Биљана Тануровска – Ќулавковски како претставник од Локомотива, на 12 и 13 јануари присуствуваше на годишниот состанок на GPS/Global Practice Sharing (ГПС / Глобални практики на споделување) и GPS Chats (ГПС разговори) програмата во студиото на Movement Research во Њујорк.
GPS/Global Practice Sharing е многу важна програма иницирана од неколку партнери пред повеќе години и обезбедува платформа за меѓународна размена на идеи, процеси и рефлексивни практики околу формите засновани на танц и движење помеѓу САД и независните платформи за изведувачки уметности на меѓународно ниво.
Преку програмата GPS, Movement Research во партнерство со Локомотива во 2022 година реализираше три заеднички истражувања и размени во Северна Македонија каде уметници, научници, куратори и продуценти од САД и од балканскиот регион имаа можност за размена и учење. Во овие размени беа вклучени: Thomas F. DeFrantz, Kathy Westwater, Andros Zins-Browne, Justin Cabrillos Sam Kim, Jasmine Hearn, zavé martohardjono, Sarah A.O. Rosner, Raymond Pinto and Levi Gonzales (САД); Александар Георгиев, Биљана Тануровска–Ќулавковски, Викторија Илиоска, Јована Зајкова, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Александра Петрушевска (МК); Јована Ракиќ, Владимир Бјеличиќ (СРБ) и Оља Грубиќ (СЛО).
Во 2023 година, во партнерство со Локомотива, се планирани две резиденции на уметници и културни работници во Њујорк и една во Скопје.
На средбата во Њујорк, Тануровска ги презентираше размените за 2022 година и плановите за 2023 година.
Активноста е поддржана од Trust for Mutual Understanding (Фонд за меѓусебно разбирање) и Blanchette Hooker Rockefeller Fund (Фонд Бланшет Хукер Рокфелер).
#MovementResearch #Lokomotiva #GPS#TMU