About the project

LIFE LONG BURNING

http://www.lifelongburning.eu/

Life Long Burning (LLB) is a project supported by the Culture Programme of the European Union and dedicated to the sustainable support of the European contemporary dance and performance field and the enlargement of its audience. It is implemented throughout a five-year period (July 1, 2013 – June 30, 2018) by a wide-spread and highly professional network of dance associations, companies and production houses:

 

4Culture (RO)

CCN Montpellier (FR)

Cullberg Ballet (SE)

danceWEB (AT)

Het Veem Theater (NL)

Lokomotiva (MK)

Station (RS)

Tala Dance Center (HR)

Uferstudios (DE)

Ultima Vez (BE)

Workshop Foundation (HU)

LIFE LONG BURNING PROJECT ACTIVITES

In the course of the five year project Life Long Burning, 10 different project activities are implemented by varying network partners.

 

Prix Jardin d’Europe – European dance prize for emerging choreography

Dance Radar Europe – virtual PR platform

Dance Works! – Coproductions

Critical Practice – training for emerging dance writers

danceWEB – Scholarships training for emerging dance artists

Wild Cards – support of artistic development through residencies, workshops and scholarships

Performance Situation Room – research and knowledge-sharing modules

teachback – research on dance education

Dance fiction – open source documentation/publications of LLB activities

SuSy – Support System training modules for emerging dance administrators


  • Life Long Burning (2013 – 2018)

Локомотива, Скопје заедно со уште два партнери од мрежата Номад танц академија, Тала данс центар од Загреб и Станица од Србија во 2013 година влегоа во уште еден петгодишен европски проект – Life Long Burning (2013-2018). Овој проект е продолжување на претходниот европски петгодишен проект Градина на Европа, со проширување на полето на делување и бројот на партнери вклучени во негова реализација. И овој проект е поддржан од ЕУ програмата Култура 2007 – 2013. Партнери во проектот: DanceWeb од Австрија, Локомотива (Македонија), 4Culture (Романија), CCN Montpellier (Франција), Cullberg Ballet (Шведска),  Het Veem Theater (Холандија), Station (Србија), Tala Dance Center (Хрватска), Uferstudios (Германија), Ultima Vez (Белгија), Workshop Foundation (Унгарија) и Workspacebrussels (Белгија).

Главната цел на проектот е создавање на средина која ќе поддржува континуиран развој на современиот танц во Европа како релевантна уметничка форма која го подржува културниот како и социо-економскиот развој на општествата.

 

Активности реализирани во 2013:

  • Состанок на партнерите на Life Long Burning мрежата во Берлин, Германија
  • Состанок на членовите на Performance Situation Room (Номад танц институт) организиран за време на Co-Festival – фестивал за современ танц и перфрорманс во Љубљана

Во Љубљана, Музејот на современа уметност – Металкова, се одржа првиот состанок на членовите од Номад танц институот во рамки на програмата Performance Situation Room. На него земаа учество 31 учесници, поканети членови на институтот од 10 земји во Европа. Целта на овој состанок беше размена на идеи, практики на работење со цел развој на проекти кои во рамки на програмската линија Performance Situation Room ќе се реализираат во следните две години. За време на состанокот се поканија 8 идеи за проект кои до почеткот на декември беа разработени во предлог проекти.

  • Резиденција за Каи Симон Стогер од Берлин во Љубљана (програмска линија WILD CARD) во Љубљана

Во 2013 Локомотива во партнерство со Uferstudios (Германија) овозможи резиденција на Каи Симон Стогер, кореограф и изведувач од Берлин во Љубљана, Словенија. Резиденцијата беше организирана од Локомотива и организацијата партнер од Љубљана – Номад танц Словенија. Во рамки на оваа резиденција (23 септ. – 5 окт.) Каи Симон Стогер беше поканета како учесник на состанокот на членовите од Номад танц институот во рамки на програмата Performance Situation Room, како и на годишниот состанок на ДМБ – Decision Making Body на мрежата Номад танц академија.

 

Активности реализирани во 2014:

  • Состанок на партнерите на Life Long Burning мрежата во Загреб, Хрватска

Состанокот се реализираше за време на интернационалниот фестивал за современ танц и перформанс PLATFORMA.HR организирана од партнерот од Загреб, Тала данс центар. Во рамки на фестивалот се реализираше и програмата Labo Prix Jardin d’Europe, во рамки на која се претставија ко-продукциите на проектот реализирани во 2013г., а се одржа и програмата за млади критичари во полето на танцот и изведувачките уметности Critical Endeavour.

  • Состанок на работната група на развој на проектот Номад танц застапува Софија 2015, како дел од програмата на проектот – Performance Situation Room.

Номад танц застапува Софија 2015 е настан од јавен карактер кој има за цел да го продолжи дејалогот помеѓу независните културни актери во полето на современиот танц и перформанс и креторите на политки со цел развој на механизми за поддршка на оваа уметничка дисциплина. Ова е продолжување на Номад танц застапува, настанот кој беше организиран во Скопје во 2012 г. На состанокот се работеше на развој на програма на настанот, дефинирање на стратешките пораки и цели и се реализираше состанок со дирекцијата за култура на градот Софија, кои ќе бидат партнери во негова реализација.

  • Критичка Пракса – Critical Practice (Made in Yugoslavia)

Програмата на Критичка Пракса е уредена од Локомотива-Скопје (водена од Биљана Тануровска-Ќулавковски), Станица-Белград (водена од Маријана Цветковиќ-Марковиќ) во соработка со Ана Вујановиќ, како ментор на програмата. Оваа програма е замислена како школа за критика која ќе работи во континуитет 4 години, и која има за цел да обучи млади и нови кадри во полето на теорија на современ танц и културна политика, како алатка за читање на новите современи дела, нивно презентирање и претставување пред професионалната и пошироката јавност. Учесници на програмата во 2014 година се шест млади теоретичари, критичари и истражувачи во полето на танцот и културните политки од шест земји во Европа, една од нив е претставничка на Македонија. Во 2014 програмата се реализира преку работилници и работни сесии во Белград, Брисел и Скопје. Програмата во Скопје се имплементира во периодот помеѓу 27 октомври и 02 ноември.

 

Активности реализирани во 2015:

  • Dance Works, програмска линија, ко-продукција на делото Imperceptible Departure, во кореографија на Андреја Подрзавник од Словенија.

Копродукција помеѓу Локомотива, Скопје, Завод Федерација Љубљана и Креативната лабараторија за современ театар Крила од Риека, во партнерство со Музејот за модерна уметност од Љубљана и Музејот за модерна и современа уметност од Риека.

  • Performace Situation Room / Nomad Dance Institute, програмска линија – ADVОCATES ОF DANCE – Интернационален настан за застапување во современите изведувачки уметности (Софија, 13-15 мај 2015)

Целта на овој настан беше да воспостави дијалог и соработка помеѓу независните уметници и културни работници и креаторите на политики на локално, национално, регионално и на европско ниво со цел да се развијат механизми за поддршка на регионалната соработка и развој на современите изведувачки уметности. Овој настан е продолжение на интернационалниот настан од застапувачки карактер кој се одржа во Скопје во 2012 година. Настанот во Софија беше организиран од партнерите на НОМАД танц академија мрежата: Номад танц академија и Бреин Стор проект од Софија, Локомотива Скопје, Станица Белград, Тала данс центар Загреб и Номад танц академија Љубљана. Покрај поддршката обезбедена преку програмата Култура на ЕУ, настанот беше финансиски и логиситички поддржан од Програмата Култура 2015 на градот Софија, Министерството за култура на Р. Бугарија, Гете Институтот во Бугарија, Полскиот Институт во Софија, Австриска Амбасада во Софија, Министерството за култура на Р. Хрватска. На настанот присуствуваа 64 меѓународни и локални учесници – членови на НОМАД танц академија мрежата и партнери на проектот Life Long Burning, уметници, институционални партнери, експерти по културни политики и професионалци во полето на современиот танц, носители на одлуки – креатори на културни политики на локално и национално ниво (претставници на локални власти и Министерства за култура од 15-тина европски земји), како и претставници на регионални фондови и европски тела за финансирање на програми од областа на културата. Програмата се состоеше од работни-тематски сесии (дискусии, презентации, работа во групи, интервјуа итн). Основни тематски линии кои се обработија на настанот и за кои се дадоа препораки преку кои би се поддржал развојот и помогнала одржливоста на современите изведувачки уметности во регионот беа: развој на институција за современи изведувачки уметности (модели и начин на работа), развој и јакнење на локалните сцени за современи изведувачки уметности преку националните и локални културни политики и регионалната соработка, финансирање на културата – национални и регионални фондови, фондови на ЕУ, потреба од поддршка на повеќегодишни проекти и воспоставување на механизми за ко-финансирање на локално и национално ниво итн.

 

Активности реализирани во 2016:

  • Состанок на партнерите на Life Long Burning мрежата во Букурешт, Романија
  • Критичка Пракса – Critical Practice (Made in Yugoslavia)

Третата генерација на учесници на Програмата на Критичка Пракса започна во Скопје (МКЦ Скопје и Кино Култура, 2-7 мај) со серија предавања и работни сесии водени од менторката Ана Вујановиќ. Оваа генерација се состои од 8 млади теоретичари и практирчари од полето на современите изведувачки уметности од 6 земји од Европа и САД. Учесниците проследија и серија на предавања и дискусии од македонски теоретичари и професори: Славчо Димитров, Небојша Вилиќ и Роберт Алаѓозовски. Програмата продолжи во Берлин (Уферстудиос, 26 – 30 август).

  • Копродукција на претставата Future Read in Concrete and Stone

Концепт на  Bojan Đorđev во соработка Selma Banich, Fernando Belfiore, Siniša Ilić, Damjan Kecojević, Ola Maciejewska, Katarina Popović, Manolis Tsipos; фотографија: Ivan Hrkaš; видео монтажа: Jelena Maksimović, видео звук: Jakov Munižaba, костими: Maja Mirković. Изведба: Selma Banich, Bojan Đorđev, Damjan Kecojević и Ola Maciejewska.

Копродукција со Теорија која хода, Србија, DasArts, Холандија, и Београдски Младински Центар

 

Активности реализирани во 2017:

  • Wild Card – уметничка резиденција на кореограф – танчер од Австрија, Сара Ланнер

Сара Ланнер во рамки на програмата за уметничка размена од 10 дена на почетокот на месец септември реализираше уметничка резиденција во Кино Култура, и беше учесник во програмата на Ко-егзистирање 2, организирана од Номад танц академија Македонија

  • Селектиран проект за ко-продукција во 2017/2018 година

Претставата “Make it, make it, don’t fake it” во авторство на  Darko Dragičević, Esta Matković и Vanja Smiljanić, е селектирана за ко-продукција во рамки на програмата DANCE WORKS! Претставата е копродукцијата на: Quartier am Hafen, Cologne STANICA Servis za savremeni ples, Belgrade, JSKD Javni sklad Republike Slovenije za kulturne dejavnosti/Republic of Slovenia

  • Гостување на програмата Critical Practice _ MADE in YU на Malta Festival Poznań во Полска како дел од програмата Балкански Платформи курирана од Оливер Фрлиќ и Горан Иљанц
  • Организација на едукативно – дискурзивна програма за современи изведувачки уметности – Teachback – Without Dstance educational platform во Софија, 13-21 мај 2017

 

Активности реализирани во 2018:

  • DANCE WORKS/ 2018, MAKE IT, MAKE IT, DON’T FAKE IT! Darko Dragičević, Esta Matković, Vanja Smiljanić (автори)

Премиерно изведена во Македонија на 03.03.2018 во Кино Култура

Во оваа претстава публиката е поставена на сцена со цел да доживее вознемирувачки спектар на производство на идентитет преку употреба на објект, тело, простор и текст. Претставата работи на активирање на различни теоретски и уметнички пристапи кои се занимаваат со нашето сè повеќе токсично политичко, етичко и културно опкружување. Во потрага по алтернативни техники на себе промислување во едно постдемократско општество, Драгичевиќ, Матковиќ и Смиљаниќ се поврзуваат, споделуваат и ја замислуваат структурата на “заедништвото” во шпекулативниот дистописки амбиент.

Црната-сатирата во филмот на Хармони Корин, служеше како појдовна точка за нивната заедничка истражувачка практика во врска со ѓубрето и вандализмот како начини на изразување и однесување. На таков начин тие го испитуваа погрешно однесување и уништување на средината околу нас кое влијае на градењето на нашиот идентитет и го поставуваат прашањето: „Како можеме да развиеме чувство на идентитет преку поставување на дискретни врски помеѓу објект, тело, простор и текст?“

Претставата премиерно е изведена во Кино Култура, Скопје, на 03.03.2018, а е продуцирана во соработка со Quartier am Hafen (Келн), JSKD – Јавен фонд на Република Словенија за културни активности и СТАНИЦА Сервис за современ танц Белград.

  • DANCE WORKS / Перформанс 2018, Variations on Slowness: TIME OUT, Katja Legin (автор)

Изведен во Кино Култура на 26 април 2018 година

Автори и изведувачи: No!training Lab team: Barbara Kanc, Barabra Ribnikar, Jan Rozman, Kaja Lorenci, Katja Legin, Nataša Živković

Перформансот „Variations on Slowness: TIME OUT„ беше направен во дијалог со романот “Slowness” на Милан Кундера. Приказната за романот е земена како рамка од која авторите го повлекоа литературниот простор- време и мотиви за перформансот, во која потоа темите на романот се доведуваат во прашање, се поврзуваат и се изведуваат перформативно. Слично на Кундера во врска со суштината на романот, перформансот се обидува да биде во однос на она што се случува, често се менува измеѓу или истовремено е целосно ангажиран со нешто, и или дистанциран се од тоа нешто.

Пошироката суштина на времето служи како призма или филтер преку која се истражуваат други теми (задоволство, самозавист и само-претставување, блискост, сексуалност, искривен поглед на реалноста). Тоа е време, кое не можеме да го фатиме (и кое бега од нас), времето кое е неподносливо, времето во кое се забораваме (себеси) и времето кое нè заборава нас.

Перформансот е ко-продукција на Локомотива и Studio za raziskavo umetnosti igre од Љубљана.

  • TEACHBACK

Teachback 2018 /Without Distance Platform for Dance Practices and Theories, 20 – 30 April 2018, Sofia/ Bulgaria

20 – 30 април 2018 година, Софија / Бугарија

Како последен дел од Teachback програмата, Локомотива ја организираше со партнерите од НДА Бугарија од Софија, во рамки на фестивалот за современи изведувачки уметности – Антистатик.

Во рамки на оваа програма организиравме работилници, предавања и презентации, и дискусии.

Работилниците беа отворени за локални и меѓународни танцови професионалци, а како дел од програмата обезбедивме стипендии за 6 меѓународни учесници, покривајќи ги трошоците за сместување. Програмата се одржа во различни културни и изведувачки уметнички локации во Софија. Нејзините јавни настани достигнаа околу 200 учесници, а членовите на публиката и работилниците учествуваа 24 учесници од кои 4 танцови уметници од Швајцарија, Иран, Израел, Романија и Словенија.

Во специфичниот перформативен формат, локалните организатори и критичари на фестивалот разговараа за различните пристапи и начини на размислување на културните фестивали денес во Бугарија, осмислувајќи и рефлектирајќи во рамки на нивните социјални, економски, естетски и културни димензии. Во дискусијата учествуваа 6 панелисти а имаше повеќе од 50 посетители.

Во рамките на програмата беа одржани 3 модерирани уметнички разговори по претставите во рамки на Антистаик и работилници за публиката пред претставите. Тие се одржаа на фестивалски места како ДНК-простор за современи танц и перформанси и Младински театар, Софија.

Проектот се популаризираше преку специјалната програмска книга во форма на весник, која е достапна на веб-страницата на Антистатик фестивалот www.antistaticfestival.org и на социјалните медиуми.

  • PUBLIC MOVEMENT

Public Movement 2018 – Critical Practice_ Made in Yu (Cycle 3)- publication AN UNTIMELY BOOK

Оваа публикација е резултат од работата на третата генерација од програмата Критичка пракса (Made in Yu) criticalpracticemadeinyu.info; www.nomaddanceacademy. org; nomaddanceinstitute. tumblr.com/

Публикацијата се бави со истражувања во полето на изведувачките уметности, и учесниците во програмата ја уредуваат сами публикацијата вклучувајќи свои текстови како и од други професионалци.

Во книгата има десет прилози / текстови со овие специфични тематски целини на англиски јазик:

Aniko Szucs- INTRODUCTION: CRISIS AS A MODE OF BEING-WITH

Ana Letunić- ON DANCE AS A CIRCUMSTANCE Reflections on the “Dance vs. Circumstances” symposium

Aleksandar Georgiev- THERE IS NO PRIMARY VOICE SPEAKING, THERE IS NO ONE WHO IS SMARTER Interview with Biljana Tanurovska — Kjulavkovski

Ana Letunić- HOW TO UNGOVERN DANCE IN CRISIS: NOMAD DANCE ADVOCATES

Nassia Fourtouni- and Nina Gojić SECOND THOUGHTS

Ellen Söderhult- OUT OF THE BODY INTO THE EARTH a.k.a Earth-Self Meditation

Ellen Söderhult-SOME SCORES TO BE PRACTICED TO RITE OF SPRING BY IGOR STRAVINSKY

Nina Gojić- THIS SCENE DISAPPEARED: ON ABSENCE AS A GESTURE

Alexandra Balona- WERE WE BETTER IN THE FUTURE?

Ana Letunić- APPENDIX: REPORT ON NOMAD DANCE ADVOCATES “Make Room for Dance!”

Автори и уредници: Александра Балона, Насија Фортуни, Александар Георгиев, Нина Гојиќ, Ана Летуниќ, Елен Седерхулт, Анико Шуц

Дополнителни соработници: Биљана Тануровска Ќулавковски

Лекторирање: Кејт Фоли, Жан Хартиг, Марија Оливеира

Графички дизајн и распоред: Лана Граек

Фотографија: Владимир Опсеница

Печатено од Полиере, Скопје

  • Public Movement 2018 – Critical Practice_ Made in Yu – публикација ALWAYS CONTEXTUALIZE

Ова е последната публикација во рамки на програмата Критичка Пракса (Made in Yu) и е големо значење.

Главната тема на оваа публикација е важноста на социо-политичкиот и културниот контекст за уметничката и кураторската пракса.

Тргнувајќи од оваа тема, оваа публикација се обидува да испита дали и во колкава мера постои хомогеност на современата сцена на интернационални изведувачки уметности и што значи да дејствуваме меѓународно и локално во дадените околности. Зад испитувањето се наоѓаат две прашања: Колку е меѓународниот меѓународен контекст? и Колку локалната сцена е автентична?

Уредниците канат 10-15 активни културни работници, куратори или програмери од областа на изведувачките уметности кои пишуваат студии за нивната хипотетичка кураторска програма на истите современи уметнички дела / изведби во нивните локални контексти.

Просторот на уметнички дела ќе биде генериран од предлозите што доаѓаат од самите куратори, врз основа на нивните преференции (дела што им се допаѓаат, интересни, интригантни, итн.). Хипотетичкото кураторирање треба да се одвива во вистински постоечки околности во кои работат поканетите куратори.

Главен уредник: Ана Вујановиќ

во соработка со Биљана Тануровска Ќулавковски, Маријана Цветковиќ и Јелена Кнежевиќ

Автори на текстовите: Агнес Квакели (Кортријк, БЕ); Ана Јаневски (Њујорк), Анастасија Прошутинска (Москва); Биљана Тануровска – Ќулавковски (Скопје); Криста Шпат (Виена); Драгана Алфиревиќ (Љубљана); Флориан Малзахер (Германија); Гиги Аргипулуу (Атина); Маријана Цветковиќ (Белград) и Сина Сибири (Техеран)

ЛИСТА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КОИ СЕ опфатени преку текстовите на кураторите:

Ana Dubljević & Marko Milić, Koreoerotikon (2016)

Andy de Groat & Catherine Galasso, get dancing (2015)

Jan Lauwers & Needcompany, Isabella’s Room (2004)

Kate McIntosh, In Many Hands (2016)

Lotte van den Berg, Building Conversation (2014)

MaHa Collective, Reluctant (2013)

Marcela Levi & Lucia Russo, Boca de Ferro (2016 / 2017)

Marina Orlova, Original Choice (2017)

Mateja Bučar, On (The) Line (2017)

Oliver Frljić, Turbofolk (2008)

Книгата /публикацијата беше промовирана како PDF формат на BITEF 2018, а во печатена форма ќе излезе во 2019 издадена од релевантен издавач во полето на теорија на уметност.

  • DANCE FICTION

Blog on Critical Practice made in Yu, 2013-2018

Одржување на блогот и пренесување на информации.