/македонски подолу/
Kultrening / Choreography and dance workshop
“S-Hall“ with Aleksandar Georgiev together with Zhana Pencheva and Dario Barreto Damas
November 11, 11:00 – 12:30 h
@ Mandolin orchestra, Youth Cultural Center
Sign up by e-mail at Kultrening@gmail.com the number of participants is limited.
Join our free classes and workshops in YCC and follow the announcements on our pages.
Due to compliance with the 19 protocols, it is necessary to present a vaccination certificate or a certificate of eligibility with a validity of not older than 45 days.
Aleksandar together with Zhana Pencheva and Dario Barreto Damas would like to invite you to KULTRENING to share their fascination with dance and choreography through approaching the mechanisms of dance practice that he called “S-Hall”.
“S-Hall”, opens a poetic space where through dance we will meet the power of the sensitive, the sensual, the calm, the lonely, the slow, the meaningful, the passion, the shame, etc. It suggests an experience where power and strength will be redefined and celebrated as non-fixed structures, where narrative will have a different logic, where the kinetic and visual work will manifest the power of shame, the power of the sensitive, the power of the sensual, etc. The work will mainly focus on the movements and parts of the body that reveal the shame and change its meaning and perception. The approach opens a space for satisfaction in experiencing dance and choreography as a cinematographic memory in our own bodies.
Taking into account everyone’s health, the organizer will enable the realization of the events in line with current protocols. Only those who follow the recommendations set forward by the Infectious Diseases Committee will be able to participate.
Aleksandar Georgiev – Ace is a choreographer who works as a nomad in several places in Europe. He was part of several formal and informal educational and research programs, including NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program (third generation). Ace graduated from DOCH in Stockholm with a master’s degree in choreography. Ace has been active since 2008, presenting itself internationally, in relation to the networks in which it is a member. His works were premiered and performed in places such as: “Red House” (Sofia), “DNK” (Sofia), “MDT” (Stockholm), “PTL” (Ljubljana), “Schauspielhaus” (Vienna), “Kino Kultura” (Skopje). He has recently begun to explore the practices of co-existence through choreography and has been working in the past 10 years in the formats of collective authorship of creation, occupied around the celebration and protest of the body, and poetics within social phenomena through movement. Together with Zhana Pencheva and Dario Barreto Damas, he is part of the international artistic team STEAM ROOM.
*****
The workshop is part of Lokomotiva’s Kultrening program realized in collaboration with the Youth Cultural Center.
The Lokomotiva team consist of program director Biljana Tanurovska Kjulavkovski, project manager Blagica Petrovska, program coordinators Zorica Zafirovska, administrator Gjurgjica Hristovska, and PR Kristina Todoroska Petreska.
Design by Jana Acevska.
The program Kultrening is created by Lokomotiva and supported by the Ministry of Culture of R.N. Macedonia and the City of Skopje.
Check out the photo album by Zorica Zafirovska above. / Погледнете го фото албумот на Зорица Зафировска погоре.
/македонски
Култренинг/ Работилница за кореографија и танц
“S-Hall” со Александар Георгиев заедно со Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас
11 ноември, во 11:00 – 12:30 часот
@ Мандолински оркестар, Младинскиот културен центар
Пријавете се на е-пошта на Kultrening@gmail.com бројот на учесници е ограничен.
Следете ги најавите на нашите страни за Култренинг бесплатните часови и работилници.
Организаторот се грижи за здравјето на сите и ќе овозможи реализација на настаните според протоколите, односно ќе може да земат учество сите оние кои ги исполнуваат условите според препораките на Комисијата за заразни болести за работа во затворени простории.
Александар ве поканува на КУЛТРЕНИНГ часови, на кои заедно со Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас ќе ја споделат својата фасцинација со танцот и кореографијата преку својот пристап кон механизмите на танцовата пракса кои ги нарекува “S-Hall”.
“S-Hall” отвара поетски простор каде преку танц ќе се сретнеме со силата на сензитивното, сензуалното, смиреното, самотното, спорото, смисленото, страста, срамот итн, нудејќи доживување каде моќта и силата ќе бидат редефинирани и славени како непостојани структури, каде наративноста ќе има поинаква логика, каде ќе се работи кинетички и визуелно на силата на срамот, силата на сензитивното и на сензуалното итн. Главниот фокус на делото се движењата и деловите од телото кои го разоткриваат срамот менувајќи го неговото значење и доживување, преку поинакво поставување на таквото „срамно тело“ на сцена, и нудејќи поинаква визура, односно креирајќи инаков визуелен апаратус и перспектива на презентација. Пристапот отвора простор за задоволство од танцовото искуство и кореографија како кинематографска меморија на нашите тела.
Александар Георгиев – Аце е кореограф кој работи номадски околу неколку места во Европа. Тој бил дел од неколку формални и неформални образовни и истражувачки програми, меѓу кои „NOMAD”, „SPAZIO”, „DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program” (трета генерација). Аце дипломирал на „DOCH” во Стокхолм, во рамките на магистерската програма за кореографија. Аце активно работи од 2008 година, претставувајќи се на меѓународно ниво, во релација со мрежите во кои членува. Неговите дела биле премиерно претставени и изведени во просторите на: „Red House” (Софија), „DNK” (Софија), „MDT” (Стокхолм), „PTL” (Љубљана), „Schauspielhaus” (Виена), „Кино Култура” (Скопје).
Неодамна започнал да ги истражува практиките на ко-егзистирање преку кореографија, и веќе 10 години работи во формати на колективно авторство на креација, окупиран околу славењето и протестот на телото, и поетиката во рамките на социјалните феномени преку движење. Заедно со Zhana Pencheva и Dario Barreto Damas, тој е дел од интернационалниот тим од уметници STEAM ROOM.
*****
Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со Младинскиот Културен Центар.
Тимот на Локомотива го сочинуваат програмската директорка Билјана Тануровска-Ќулавковски, проектната менаџерка Благица Петрова, програмската координаторка Зорица Зафировска, администраторката Ѓурѓица Христовска, и ПР координaторката Кристина Тодороска Петреска.
Дизајн Јана Ацевска.
Програмата „Култренинг” на Локомотива е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.