/македонски подолу/
Kultrening/ Choreography and dance workshop
“Co-teaching: dots of sheltering bodies” with Viktorija Ilioska and Aleksandra Janeva Imfeld
(Non)Aligned Movements/ Public presentation
Research by Viktorija Ilioska, Aleksandra Janeva Imfeld and Aleksandar Georgiev
November 18-19, 2021, 17:00 – 19:00 h
@ Mandolin orchestra, Youth Cultural Center
Due to compliance with the 19 protocols, it is necessary to present a vaccination certificate or a certificate of eligibility with a validity of not older than 45 days.
In the frame of Kultrenig this year’s choreographic research team of the (Non)Aligned Movements project: Viktorija Ilioska, Aleksandra Janeva Imfeld and Aleksandar Georgiev, will hold public presentation on 19th of November, about their research work, as an exchange with the local scene.
Sign up by e-mail at Kultrening@gmail.com the number of participants is limited.
Join our free classes and workshops in YCC and follow the announcements on our pages.
Taking into account everyone’s health, the organizer will enable the realization of the events in line with current protocols. Only those who follow the recommendations set forward by the Infectious Diseases Committee will be able to participate.
Together, Aleksandra and Viktorija will work on a Co-teaching educational format that presupposes a teaching act as an act of learning, provides multiperspectivity and asymmetrical organization of the teaching processes and allows for (re)active teaching and learning experiences. The format abolishes the borders between theoretical and practical subjects and demands reflective teaching practices in educational processes.
It is a way of transferring knowledge where two, three or more teachers hold dance practices or workshops at the same. The rules of Co-teaching are specified through a score that is adaptable to a specific situation, students and the purpose of the specific task. The score might include the time, goal of the class, number of teachers, specific words used and other information that frames the experience as informative but fun and playful at the same time. It is up to the teachers to decide how they are going to frame the score and who is going to frame it.
Viktorija Ilioska will be sharing her movement practice rooted in the touch, pressure, and transfer of weight, while Aleksandra Janeva Imfeld’s “dots” method will use the body as a space, as “the author” that acknowledges and avoids organisation, rhythm, habits and sequence in the improvisation and the resetting of the body in an unexpected way. Viktorija’s focus is on researching and experimenting with new forms that can substitute the impossibility to come close to each other. She will share her interest in creating a body that is imagined as a shelter and escape, with its presence producing a suspension of time, a delay, a period of rest and relief: You touch yourself and I feel it because I see it. Through introspection, this process will penetrate different spaces inside the body and from there produce a movement that will permeate the outside and generate images, shapes, sounds. Aleksandra will be sharing her practice as a very precise “point” placed anywhere within the body which initiates the movement, giving a trust in making any kind of choice as the exact moment and observing the decisions that have been made by now and composing and deciding further in relation to what has just happened. Triggering the very fast “aller-retour” between the decisions we make for the body, the response and information our body sends back to us and understanding this dialogue is a valuable input for further impulses/actions.
Both artists share an interest in the research and exploration of simple ideas that help change the focus from our body parts and points in movement in space. Together, they will reenact their ways of bodily communication by touching without contact, feeling internally and externally and sharing this way of communication with the participants in the workshop.
Viktorija Ilioska, born in 1990 as a Macedonian citizen, is a choreographer and performer who nowadays lives and works in Germany. Since 2016 she is based in Gießen, where she is finishing her MA in Choreography and Performance at the Institute of Applied Theatre Studies at JLU Gießen, under the professorship of Bojana Kunst and Xavier Le Roy. Ilioska is actively working at programs for support and development of contemporary dance and performance, both collaborating with institutions and strengthening the independent scene. Since 2010 she is a member of the network Nomad Dance Academy, and member of Lokomotiva. After graduation, Viktorija received a Dance Web Scholarship in Vienna and did the program under the mentorship of Chris Haring and David Wampach. Playing with different forms of provocation, she addresses the notions of identity and political female representation in the public sphere. Her current research is working and experimenting with certain objects, materials and searching for different bodily support systems.
Aleksandra Janeva Imfeld was born in Macedonia. She graduated from the School for contemporary dance Ana Maletic in Zagreb and studied dance in Bruges and Lier in Belgium. In 1998 she was a DanceWEB scholarship student in Vienna and in New York she was a scholarship student in The Jennifer Muller Company. 2012 she completed the postgraduate program a.pass (Advanced Performance and Scenography Study) in Brussels in which she developed a method of work ”the connector” for collective authorship and is using it within all of her works. Aleksandra is a close associate of BADco from Zagreb. She worked with Ismael Ivo, The System Castafiore, Brice Leroux, David Hernandez and many others. She is one of the co-founders of Nomad Dance Academy and Nomad Dance Academy Croatia. She is a guest teacher at SNDO – Amsterdam, ISAC in Brussels, and Dance Academy in Zagreb.
*****
The workshop is part of Lokomotiva’s Kultrening program realized in collaboration with the Youth Cultural Center.
The Lokomotiva team consist of program director Biljana Tanurovska Kjulavkovski, project manager Blagica Petrovska, program coordinators Zorica Zafirovska, administrator Gjurgjica Hristovska, and PR Kristina Todoroska Petreska.
The program Kultrening is created by Lokomotiva and supported by the Ministry of Culture of R.N. Macedonia and the City of Skopje.
Check out the photo album by Zorica Zafirovska above. / Погледнете го фото албумот на Зорица Зафировска погоре.
/македонски подолу/
Култренинг/ Работилница за кореографија и танц
„Заедничка настава“ со Викторија Илиоска и Александра Јанева Имфелд
(Не)врзани движења/ Јавна презентација
Истражување на Викторија Илиоска, Александра Јанева Имфелд и Александар Георгиев
18-19 ноември 2021, 17:00 – 19:00 часот
@ Мандолински оркестар, Младинскиот културен центар
Пријавете се на е-пошта на Kultrening@gmail.com бројот на учесници е ограничен.
Следете ги најавите на нашите страни за Култренинг бесплатните часови и работилници.
Организаторот се грижи за здравјето на сите и ќе овозможи реализација на настаните според протоколите, односно ќе може да земат учество сите оние кои ги исполнуваат условите според препораките на Комисијата за заразни болести за работа во затворени простории.
Во рамки на Култрениг кореографско-истражувачки тим на проектот (Не)врзани движења: Викторија Илиоска, Александра Јанева Имфелд и Александар Георгиев ќе имаат јавна презентација која ќе се оддржи на 19 ноември во 18:00 часот, за нивна истражувачка работа, како и размена со локалната сцена.
Заедно, Александра и Викторија ќе работат на образовен формат за заедничко предавање кој го третира наставниот процес како процес на учење кој обезбедува мултиперспективност и асиметрично организирање на наставните процеси, како и ре/активни искуства на предавање и учење. Овој формат ги укинува границите меѓу теоретските и практичните предмети и бара рефлективна наставна практика во образовните процеси.
Станува збор за начин на пренесување знаење со учество на двајца, тројца или повеќе наставници кои истовремено предаваат обука за танц или држат работилница. Правилата за заедничка настава се одредени со клуч за оценување што е прилагодлива на конкретната ситуација, учениците и намерата на конкретната задача. Оценувањето може да го вклучува времето, целта на часот, бројот на наставници, употребата на конкретни зборови и други информации кои го обликуваат искуството како информативно, но и забавно и разиграно. Наставниците одлучуваат како и кој ќе го прецизира оценувањето.
Викторија Илиоска ќе ја сподели својата пракса на движење длабоко заснована на допир, притисок и пренос на тежина, додека, пак, методот „точки“ на Александра Јанева Имфелд го користи телото како простор, како „автор“ кој препознава и избегнува организираност, ритам, навики и низа во импровизацијата и ресетирањето на телото на неочекуван начин. Викторија се фокусира на истражување и експериментирање со нови форми кои би можеле да ја заменат неможноста да се приближиме едни до други. Таа ќе го сподели нејзиниот интерес во создавање на тело кое е замислено како засолниште и бегство, тело кое со неговото присуство кое создава прекин на време, одложување, време за одмор и олеснување: Ти се допираш себеси, а јас го чувствувам тоа затоа што го гледам. Преку интроспекција, овој процес ќе навлезе во различни простори во телото и оттаму ќе произведе движење што ќе проникне надвор и ќе генерира слики, форми, звуци. Александра ќе ја сподели својата практика на прецизна „точка“ поставена во телото што го иницира движењето, со која дава доверба во правење на избор во точен момент и набљудување на одлуките што се донесени до сега, составување и одлучување во однос на тоа што се случило. Активирањето на многу брзата „алер-ретура“ помеѓу одлуките што ги носиме за телото, одговорот и информациите што ни ги испраќа нашето тело и разбирањето на овој дијалог е вреден придонес за понатамошни импулси/дејства.
Двeте уметници се среќаат во нивното истражување на едноставни идеи со кои ќе се промени фокусот од деловите на нашето тело и точките на движење во просторот. Заедно, тие ќе ги реконструираат своите начини на телесна комуникација преку допир без контакт, комуникација која подразбира да се чувствува внатрешно и надворешно и која ќе ја споделат заедно со учесниците на работилницата.
Викторија Илиоска е родена 1990 година како македонска државјанка, е кореографка и изведувачка, која денес живее и работи во Германија. Од 2016 година е со седиште во Гисен, каде што завршува магистерски студии по кореографија и перформанс на Институтот за применети театарски студии при ЈЛУ Гисен, под професорство на Bojana Kunst и Xavier Le Roy. Илиоска активно работи на програми за поддршка и развој на современ танц и перформанс, соработувајќи со институции и зајакнувајќи ја независната сцена. Од 2010 година, таа е член на мрежата Номад танцова академија и член на Локомотива. По дипломирањето, Викторија доби стипендија на програмата Dance Web во Виена, под менторство на Chris Haring и David Wampach. Играјќи со различни форми на провокација, таа се осврнува на поимите идентитет и политичка застапеност на жената во јавната сфера. Во нејзиното последно истражување, таа работи и експериментира со одредени предмети, материјали и бара различни системи на телесна поддршка.
Александра Јанева Имфелд е родена во Македонија. Дипломирала на школата за современ танц Ана Малетиќ во Загреб и студирала танц во Бриж и Лиер во Белгија. Во 1998 година, таа доби стипендија на DanceWEB во Виена и стипендија во компанијата Jенифер Мулер, во Њујорк. Во 2012 година, Александра ја заврши постдипломската програма a.pass (Advanced Performance and Scenography Study) во Брисел во која разви метод на работа наречен „поврзувач“ за колективно авторство кој сè уште го користи во сите нејзини дела. Александра е близок соработник на BADco од Загреб. Таа работеше со Ismael Ivo, The System Castafiore, Brice Leroux, David Hernandez и многу други. Александра е една од ко-основачите на Номад танцовата академија и Номад танцовата академија Хрватска. Таа предава во СНДО – Амстердам, ИСАЦ во Брисел и Танц академијата во Загреб.
*****
Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со Младинскиот Културен Центар.
Тимот на Локомотива го сочинуваат програмската директорка Билјана Тануровска-Ќулавковски, проектната менаџерка Благица Петрова, програмската координаторка Зорица Зафировска, администраторката Ѓурѓица Христовска, и ПР координaторката Кристина Тодороска Петреска.
Програмата „Култренинг” на Локомотива е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.