/македонски подолу/
Kultrening/ Choreography and dance workshop
“Sensitive Body“ with Tereza Lazarev
October 18, 5:00 p.m. – 8:00 p.m
@ Youth Cultural Center
LOKOMOTIVA – Center for New Initiatives in Art and Culture invites you to the second KULTRENING/Choreography and dance workshop “Sensitive Body” with Teresa Lazarev at the Youth Cultural Center (MKC).
The workshop is open to participants with or without previous dance experience. Sign up by email at kultrening@gmail.com by October 17, the number of participants is limited.
The “Sensitive Body” workshop is composed of three parts:
1) embodying
2) practicing
3) sharing
Through working with different images the participants together with Tereza, will try to create a space for rising awareness of personal moving patterns, while creating a space for explore new ones. Working on their own, with a partner or in a group, the participants will practice how to play with touch.
Some of the questions that this workshop wants to explore are:
How to be aware of the old moving habits and how to create new ones?
How to increase sensitivity towards another body?
At the end of the workshop, the participants will work on a specific task, encouraged to share what they have learned with the group. The purpose of this workshop is to create an environment where one could dance, explore and think together.
Tereza Lazarev is a dancer that works in the field of contemporary dance. Tereza’s education takes place in Skopje at the academy for contemporary dance under the mentorship of Risima Risimkin, university of “Goce Delcev” in Stip. While studying, she dances as an apprentice in many productions of Skopje Dance Theater. Tereza has worked with different choreographers such as: Aleksandra Petrushevska, Yotam Peled, Matija Ferlin, Lisbeth Gruwez and others. Tereza has danced on festivals such as: Holland Dance Festival in the Hugh (The Netherlands), Silk Road in Beijing (China), Share in Bratislava (Slovakia) and others. Currently Tereza is based in Skopje/Kumanovo, North Macedonia.
*****
The workshop is part of Lokomotiva’s Kultrening program realized in collaboration with the Youth Cultural Center.
The Lokomotiva team consist of program director Biljana Tanurovska Kjulavkovski, project manager Blagica Petrova, program coordinators Zorica Zafirovska and Emilija Chochkova and, administrator Gjurgjica Hristovska.
The program Kultrening is created by Lokomotiva and supported by the Ministry of Culture of R.N. Macedonia.
––––––––––––––––––––––––
Check out the photo album above. / Погледнете го фото албумот погоре.
/македонски
Култренинг/ Работилница за кореографија и танц
„Sensitive Body “ со Тереза Лазарев
18 октомври 2022, 17:00 – 20:00 часот
@ Младинскиот културен центар
ЛОКОМОТИВА – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата ве кани на втората КУЛТРЕНИНГ/Работилница за кореографија „Sensitive Body“ со Тереза Лазарев во Младински културен центар.
Работилницата е отворена за учесници со или без танцувачко искуство.
Пријавете се на kultrening@gmail.com најдоцна до 17.10.2022, бројот на учесницни е ограничен.
Работилницата „Sensitive Body“ е составена од три дела:
1) отелотворување
2) практикување/вежби
3) споделување
Преку работа со разни слики учесниците на работилницата заедно со Тереза ќе креираат простор во кој ќе се обидат да станат свесни за своите модели или шеми на движење, оставајќи простор за креирање на нови. Преку самостојна работа, со партнер или во група, учесниците ќе осознаваат како може да се игра со допирот.
Некои од прашањата кои оваа работилница сака да ги постави се:
Како да се биде свесен за старите навики на движење и како да се искреираат нови? Како да се зголеми сопствената сензитивност кон друго тело?
На крајот од работилницата, учесниците ќе работат на конкретна задача, при што ќе бидат охрабрени да го споделат наученото со групата. Целта на оваа работилница е да се изгради средина во која ќе може да се танцува, истражува и размислува заедно.
Тереза Лазарев е танцова уметница која работи во полето на современиот танц. Тереза завршува академија за современ танц под менторство на Рисима Рисимкин на Универзитетот „Гоце Делчев”- Штип. Додека учи таа танцува како стажант во многу продукции на Скопје танцов театар, и има соработувано со кореографите: Александра Петрушевска, Јотам Палед, Матија Ферлин, Лизбет Грувез и други. Тереза има настапувано на фестивали како: Holland Dance Festival во Хаг (Холандија), Share во Братислава (Словачка), Silk Road во Пекинг (Кина) и други. Тереза моментално живее и работи во Скопје и Куманово, Република Северна Македонија.
*****
Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со Младинскиот културен центар.
Тимот на Локомотива го сочинуваат програмскaта директорка Биљана Тануровска- Ќулавковски, проектната менаџерка Благица Петрова, програмските координаторки Зорица Зафировска и Емилија Чочкова и администраторката Ѓурѓица Христовска.
Програмата Култренинг е креирана од Локомотива и поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија.
____________________________