/македонски подолу/
Kultrening/ Choreography and dance workshop
“Emotional dance tools“ with Boban Ruseski
November 5th, 13:00-15:00 h
@ Kino Frosina, Youth Cultural Center
Lokomotiva, Skopje is organising the third KULTRENING choreography and dance workshop with the dancer and choreographer Boban Ruseski.
Sign up by email at kultrening@gmail.com till 04.11.2022, the number of participants is limited.
The workshop “Emotional dance tools“ with Boban Ruseski will enable the participants to familiarize themselves about possibilities of bodily engaging movements and tools for creating and staging their own choreographies.
The workshop is divided in two parts, the first part is a warm-up and study of floor technique, followed by the development and continuation of work on the choreographic work “Social Criticism”, a work by Boban Ruseski staged in 2019. (for the festival for young choreographers “DanceLab” with one dancer, in 2020 at the dance festival “Tanс Fest” the same piece was reworked with an added vocalist and actor on the stage itself and is titled “Jas&Sara – Social Criticism”, in 2022. The dance festival “Dance Fest” is staged with a new line-up, namely three dancers and is titled “Social Criticism” with the music by Martin Modent, costume design by Mite Zanov, visual artist Iva Stankovska).
In this performance, the choreography works on the principle of manipulation, referring to four types of manipulation, namely: social/historical/self/and bodily (with the eyes).
During the workshop, Rusevski, together with the participants, will continue to research manipulation, what it means for the individual, that is, how each of us recognizes it, behaves towards it, and what repercussions it has for society.
The method of exploration of manipulation will be through free movement and perception, sensuality and emotion.
Previous experience is not required in order to take part in the workshop.
🔸Boban Ruseski (born in 1996), has completed secondary education in “DMBUC Ilija Nikolovski – Luj” in the field of modern and jazz ballet. He completes the last year of his studies at the University “Goce Delchev” in Stip in the department of contemporary dance under the mentorship of Dr. Prof. Risima Risimkin.
He is active part of the Skopje Dance Theater and is part of 20 productions with which he realizes more than 60 performances at well-known festivals across the country. To name a few: (“Dance Fest Skopje”, 2016-2021; “Share Festival”, 2018; “DanceLab”, 2017 ; “ILO”, 2014,2021;) and abroad of which are: “Holland Dance Festival” (The Hague, Netherlands, 2018), “Battery Dance Festival” (New York, USA, 2018), “Maritime Silk Road Festival” (Shenzhen, China, 2017) and several performing arts camps and workshops such as “Step Afrika” in Zagreb, Croatia, “Dancing to connect”, organized by “Battery Dance Company”
In 2019, he participates in the festival for young choreographers “DanceLab” (Skopje, Macedonia) with his choreography “Me and Adri”. In 2020 created the other two choreographic works “Me and Sarah, Social Criticism” and “Graveyard”. In 2021 he appeared as a choreographer and director of the work “Paradox of Diogenes” from the play of the same name by Tome Arsovski and in “Jovano, Jovanke” as a co-choreographer. Founder and active member of the dance associations “X squared” and “Ludon”. 🔸
*****
The workshop is part of Lokomotiva’s Kultrening program realized in collaboration with the Youth Cultural Center.
Photo credit by Studio Qunica, poster by Zorica Zafirovska.
The Lokomotiva team consist of program director Biljana Tanurovska- Kjulavkovski, project manager Blagica Petrova, programme coordinators Zorica Zafirovska and Emilija Chochkova and, administrator Gjurgjica Hristovska.
The program Kultrening is created by Lokomotiva and supported by the Ministry of Culture of R.N. Macedonia.
#strechingexercises #streching #timeform #training #flexibility #dance #ballet #inspiration #streching #motivation #body #dance #danceexercise #worldwidedance #contemporarydance
_____________________________________________
Check out the photo album above. Photography by Emilija Cockova/ Погледнете го фото албумот погоре. Фотографии на Емилија Чочкова.
/македонски
Култренинг/ Работилница за кореографија и танц
„Чувствени танцови алатки“ со Бобан Русески
5ти ноември 2022, 13:00-15:00 часот
@ Младински културен центар
Локомотива, Скопје ja организира Култренинг работилница заедно со танцовиот уметник и кореограф Бобан Русески.
Пријавете се на kultrening@gmail.com најдоцна до 04.11.2022, бројот на учесници е ограничен.
Работилницата „Чувствени алатки за танц“ со Бобан Русески ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со можностите за телесно ангажирани движења и алатки за креирање и поставување на сопствени кореографии.
Работилницата ќе се одвива во два дела, од која првиот дел е загревање и изучување на техника на под, по која следи развивање и продолжување на работа на кореографско дело „Општествена критика“, дело на Бобан Русески поставено во 2019 год. (за фестивал за млади кореографи “DanceLab” со еден танчер, во 2020 година на фестивалот ‘’Танц Фест’’ е преработено истото дело со доаден вокал и актер на самата сцена и е насловено ‘’Јас&Сара- Општествена критика’’, во 2022 година. На фестивалот за танц ‘’Танц Фест’’ е поставена со нова постава, поточно тројца танчари и е насловено „Општествена критика“ со музика на Мартин Модент, костимографија на Мите Занов, визуелен уметник Ива Станковска).
Во оваа претстава кореографијата работи на принципот на манипулација, реферирајќи на четири типа на манипулација, и тоа: општествена/историска/себствена/и телесна (со очите).
На работилницата, Русевски заедно со учесниците ќе продолжи да истражува за манипулацијата, што е значењето за поединецот, односно како секој од нас ја препознава, се однесува кон неа, и какви реперкусии има за општеството.
Методот на истражувањето на манипулацијата ќе биде преку слободно движење и перцепција, чувственост и емоција.
Претходно искуство не е потребно за учевство на работилницата.
🔸Бобан Русески (роден 1996), има завршено средено образование во “ДМБУЦ Илија Николовски – Луј” насока модерен и џез балет. Тој ја завршува последната година од своите студии при универзитетот “Гоце Делчев” во Штип во катедрата за современ танц под менторство на Др.Проф. Рисима Рисимкин. Активен е како стажист на Скопје танцовиот театар и е дел од 20 продукции со кои остварува повеќе од 60 изведби на добро познати фестивали низ земјата (“Танц Фест Скопје”, 2016-2021; “Share Festival”, 2018; “DanceLab”, 2017; “МОТ”, 2014,2021;) и странство од кои дел се: “Holland Dance Festival” (Хаг, Холандија, 2018), “Battery Dance Festival” (Њујорк, САД, 2018), “Maritime Silk Road Festival” (Шенжен, Кина, 2017) и неколку кампови и работилници за изведбени уметности како “Step Afrika” во Загреб, Хрватска, “Dancing to connect”, во организација на “Battery Dance Company”. Во 2019 година, учествува на фестивалот за млади кореографи “DanceLab” (Скопје, Македонија) со својата кореографија “Јас и Адри”. Во 2020 г. ги креиира и другите две кореографски дела “Јас и Сара, социјална критика” и “Гробно место”. Во 2021 година тој се појавува како кореограф и режисер на делото “Парадоксот на Диоген” од истоимената драма на Томе Арсовски и во “Јовано, Јованке” како кореограф. Основач и активен член во здруженијата за танц и тоа “Икс на квадрат” и “Лудон”. 🔸
*****
Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со Младинскиот културен центар.
Фотографија на Студио Куника, плакат на Зорица Зафировска.
Тимот на Локомотива го сочинуваат програмскaта директор Биљана Тануровска- Ќулавковски, проектната менаџерка Благица Петрова, програмските координаторки Зорица Зафировска и Емилија Чочкова и администраторката Ѓурѓица Христовска.
Програмата Култренинг е креирана од Локомотива и поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија.
_____________________________________________