/македонски подолу/
ACT: Art Climate Transition
Contemporary Culture and Cultural Policies
Invisible Labor of Art: a Contribution toward a Labor Equity in the Arts
Lecture by Katja Praznik
June 24, 2020
On Wednesday, 26/6/2020 at 20:00h in frame of the programme Contemporary Culture and Cultural Policies, Lokomotiva organises Series of lectures with discussions related to the position of the artists and cultural workers in the labour market, relations between artists, managers, and the public and their interrelations and influences, as well as, the mutual influence with the social authorities and the environment in which we operate. Besides, lecturers will offer views related to the ethical dilemmas and thoughts about the responsibility towards the relations between us, but also the environment, nature, and other beings with which we share the world.
The lecture will be followed by discussion, both in the English language. All of them will have live streaming, which you join on the following link: lokomotivaonline
Invisible Labor of Art: a Contribution toward a Labor Equity in the Arts
Lecture by Katja Praznik (Slovenia/USA)
This lecture will discuss the paradox of art embodied in invisible artistic labor. An artist’s work is commonly perceived as an ingenious act of creation separated from the economic concerns but the invisible labor of artists is the key substance that greases the mechanisms of the art world. While artists as an embodiment of creativity are idealized as model workers in the blueprint of neoliberal capitalism, the widespread economic exploitation of artistic labor engendered by unpaid or low paid labor represents the core of the paradox of art. Why is it that artists are considered model workers but their pay is nothing one would want to model? Arguments presented by Praznik will draw on the legacy of Yugoslav socialism and its struggles to implement fair working conditions for art workers as well as on feminist critique of invisible labor as the term describing flexible, atypical, devalued and unprotected forms of labor to explain why an understanding of artistic labor as work can provide tools for the demystification of artistic labor and its ostensible exceptionality. Discussing contemporary examples for labor equity in the arts, Praznik will offer some cues as to why this perspective offers a strategic point in the struggle for labor equity in the context of institutionalized art production under contemporary neoliberalism and for a development of fair labor oriented cultural policies.
Katja Praznik is an Assistant Professor in the Arts Management Program at the State University of New York at Buffalo. She holds a PhD in Sociology from the University of Ljubljana. She is the author of The Paradox of Unpaid Artistic Labor: Autonomy of Art, the Avant-Garde, and Cultural Policy in the Transition to Post-Socialism (Založba Sophia, Ljubljana 2016) published in Slovenian. Her new book Art Work: Invisible Labor and the Legacy of Yugoslav Socialism is forthcoming with the University of Toronto Press. Her research focuses on labor issues in the arts during the demise of the welfare-state regimes. Before moving to the United States, Praznik worked as a freelancer in the Slovenian independent art scene. She was the editor-in-chief of Maska – performing arts journal (2007–2009) and was engaged in the struggle for the improvement of the working conditions of art workers in Slovenia at Društvo Asocacija (2009–2012). Praznik was also involved in attempts to improve the production conditions for contemporary dance in Slovenia and researched its history.
* * *
Programmed by Biljana Tanurovska Kjulavkovski and Violeta Kachakova
Coordinated by Zorica Zafirovska
Organised as part of the Contemporary Culture and Cultural Policies programme of Lokomotiva in Kino Kultura, which is funded by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje, and part of the ACT project: Art Climate Transition, co-funded by the Creative Europe Programme of the European Union.
______________________________________________________
/македонски
AKT: Уметност, Клима, Промена
Современа култура и културни политики
Невидливиот труд на уметноста: придонес кон работна еднаквост во уметноста
Предавање на Катја Празник
24 јуни 2020 година
Во рамките на програмата „Современа култура и културни политики”, Локомотива организира СЕРИЈА НА ПРЕДАВАЊА СО ДИСКУСИИ, поврзани со позицијата на уметниците и културните работници на пазарот на трудот, односите меѓу уметниците, менаџерите и публиката и нивното меѓусебно влијание, но и меѓусебното влијание со општествените авторитети и средината во која делуваме. Исто така, размислувањата на гостите ќе понудат етички дилеми и размислувања за одговорноста кон релациите меѓу нас, но и околината, природата и другите битија со кои го делиме светот.
Предавањeтo ќе бидат проследенo со дискусија на англиски јазик, со пренос во живо, кој може да го проследите на следниов линк: lokomotivaonline
Во ова предавање ќе се зборува за парадоксот на уметноста кој е отелотворен во невидливиот уметнички труд. Уметничкото дело обично се перципира како генијален чин на создавање, одделен од економските грижи, но невидливиот труд на уметниците е клучната супстанца што ги подмачкува механизмите на уметничкиот свет. Додека уметниците како олицетворение на креативноста се идеализираат како работници за пример во шемата на неолибералниот капитализам, широко распространетата економска експлоатација на уметничкиот труд генерирана од неплатената или ниско платената работа лежи во сржта на парадоксот на уметноста. Зошто уметниците се сметаат како работници за пример, но начинот како се исплаќаат не е пример кој некој сака да го примени? Аргументите дадени од Празник ќе се потпрат на наследството на југословенскиот социјализам и неговата борба за спроведување на фер работни услови на уметниците, како и на феминистичката критика на невидливиот труд како термин кој опишува флексибилни, атипични, девалвирани и незаштитени форми на трудот, за да објасни зошто разбирањето на уметничкиот труд како работа може да обезбеди алатки за демистифицирање на уметничкиот труд и неговата привидна исклучителност. Разговарајќи за современите примери за еднаквост на трудот во уметноста, Празник ќе понуди насоки зошто оваа перспектива нуди стратешка точка во борбата за работна еднаквост во контекст на институционализирана уметничка продукција во време на современ неолиберализам и за развој на фер културни политики ориентирани кон трудот.
Катја Празник е доцентка на Програмата за менаџемент во уметноста на државниот Универзитет во Њујорк во Бафало. Докторирала социологија на Универзитетот во Љубљана. Таа е автор на „Парадоксот на неплатениот уметнички труд: Автономија на уметноста, авангардата и културната политика во транзицијата кон пост-социјализмот” (Заложба Софија, Љубљана 2016) објавена на словенечки јазик. Нејзината нова книга „Уметничкото дело: Невидливиот труд и наследството од југословенскиот социјализам“ наскоро излегува од печат во издание на Универзитетот на Торонто Прес. Нејзиното истражување се фокусира на теми поврзани со работничките права во уметноста за време на распаѓањето на режимите на социјална држава. Пред да се пресели во Соединетите Американски Држави, Празник работела како фриленсер во словенечката независна уметничка сцена. Таа била главна и одговорна уредничка на Маска – списание за изведувачки уметности (2007–2009) и била вклучена во борбата за подобрување на работни услови на културните работници во Словенија како дел од „Друштво Асоцијација” (2009–2012). Празник исто така била инволвирана во активностите за подобрување на условите за продукција за современ танц во Словенија и се бавела со истражување на неговата историја.
* * *
Програмски уреднички: Биљана Тануровска – Ќулавковски и Виолета Качакова
Координатор на програмата: Зорица Зафировска
Дел од програмата „Современа култура и културни политики” на Локомотива во Кино Култура, која е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје, и дел од проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.