International Summer School “Curating in Context” 2024

*** македонски подолу***

Struga, North Macedonia | 25-31 August 2024 – The International Summer School “Curating in Context” returns for its fourth edition, offering a unique platform for rethinking curatorial practices in contemporary art and beyond. Organized by Lokomotiva and curated by Biljana Tanurovska-Kjulavkovski, this year’s program is set to take place from 25th to 31st August 2024 in Struga.

This edition will welcome 7 participants who will engage in a series of workshops, lectures, and collaborative projects. The lectures will be open to the public (pre-registration at lokomotivaskopje2015@gmail.com), allowing broader community participation and fostering an inclusive environment for learning and exchange.

The school offers a space to rethink curatorial practices beyond the organized disciplines of knowledge where the artistic, socio-political, economic, environmental, and cultural contexts can be reimagined. The school also emphasizes thinking through diverse prisms of intersectionality, feminism, ecology, and ecotopia (ecoutopia) among others, which require different ways of thinking, reflection, and approaches, thus creating diverse practices.

The program will include lectures, workshops, mentoring sessions and work on the development of curatorial ideas, namely: Curatorial Pluralities by Biljana Tanurovska-Kjulavkovski (MKD), Thinking Together the Political and the Curatorial: Affect, Relationality and Performativity by Slavcho Dimitrov (MKD), Sowing and Harvesting Utopias by Elena Korowin (DEU), Yugoslav heritage, self-organization and curating: Lessons from another world by Marijana Cvetkovic (SRB), Learning from the Rural: Collaboration as Feminist Curatorial Method by Katalin Erdődi (AUT/HUN), Feminist and Ecofeminist Discourses in Contemporary Art by Suzana Milevska (MKD) and artistic exchanges with Viktorija Ilioska (MKD/DEU) / Curating Futures through Learning Fright and Filip Jovanovski (MKD) / The city is public.

This year participants of the summer school are: Amalia Koleka, Ivana Korpar, Laressa Dickey, Lucija Furac, Maja Smoszna, Milos Janic and Teodora Ezovska.

The International Summer School “Curating in Context” 2024 is supported by the Ministry of Culture of North Macedonia, Goethe-Institut Skopje, Heinrich-Böll-Stiftung, and the Performance Situation Room – NOMAD DANCE SESSIONS / LLB 3 project funded by Creative Europe.

In parallel with the summer school, Lokomotiva will also host the Modular School, organized in cooperation with Nomad Dance Academy Croatia, with which the participants will have exchanges. The Modular School is a program focused on the field of performing arts and contemporary dance, bringing together 5 participants who will engage in an enriched exchange of ideas and practices with the participants of the summer school. Participants of the Modular School will organize daily bodywork sessions and share their choreographic and performative practices, along with attending some of the lectures. In addition, they will organize an open lecture for all interested attendees in Struga. The collaboration aims to broaden the perspectives of both groups, encouraging interactions between artists and cultural workers of different backgrounds, generations and experiences. This collaboration aims to broaden the perspectives of both groups, fostering interactions between artists and cultural workers from diverse backgrounds, generations, and experiences.

In addition to workshops and lectures, participants will engage in collaborative projects, individual work, and visits to culturally significant sites such as the village of Vishni, organized by INKA – Initiative for independent cultural activism.

Background: Since its inception as part of the Erasmus+ supported project “Curating in Context” (2019-2021), the International Summer School has grown into a critical space for reflection and development in curatorial practices. Previous editions have tackled various socio-political and economic contexts, enabling participants to expand their artistic practices through a curatorial lens.

Project partners are Nomad Dance Academy www.nomaddanceacademy.org, DIVERT kolektiv Zagreb, House of Culture in Struga, Europe House Struga and INKA – Initiative for independent cultural activism.

The detailed schedule and program can be found here and the lectures abstracts with the bios of the lecturers can be found here.

***

 

Струга, Северна Македонија | 25-31 август 2024 година – Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ се враќа во своето четврто издание, нудејќи уникатна платформа за реобмислување на кураторските практики во современата уметност и пошироко. Во организација на Локомотива, а курирана од Биљана Тануровска-Ќулавковски , овогодинешната програма ќе се одржи од 25 до 31 август 2024 година во Струга.

Овогодинешното издание брои 7 учесници кои ќе се вклучат во серија работилници, предавања и колаборативни проекти. Предавањата ќе бидат отворени за заинтересираната јавност (претходна регистрација на lokomotivaskopje2015@gmail.com), а целта е да се овозможи и пошироко учество на заедницата и поттикнувајќи инклузивна средина за учење и размена.

Школата оваа година е нуди простор за реобмислување на кураторските практики надвор од организираните дисциплини на знаење, каде што уметничките, социо-политичките, економските, еколошките и културните контексти можат повторно да се замислат. Исто така, оваа година школата го нагласува размислувањето преку различни призми на интерсекционалност, феминизам, екологија и екотопија (екоутопија), меѓу другото, кои бараат различни начини на размислување, рефлексија и пристапи, создавајќи различни кураторски практики.

Програмата ќе содржи предавања, работилници, менторски сесии и работа на развој на кураторски идеи и тоа: Кураторски плуралитети со Биљана Тануровска-Ќулавковски (MKD), Размислувајќи заедно за политичкото и кураторското: Афект, рационалност и перформативност со Славчо Димитров (MKD), Засевање и берба на утопии со Елена Коровин (DEU), Југословенско наследство, сомоорганизирање и курирање: Лекции од друг свет со Маријана Цветковиќ (SRB), Учење од руралното: Соработката како феминистички кураторски метод од Каталин Ердоди (AUT/HUN), Феминистички и екофеминистички дискурси и практики во современата уметност од Сузана Милевска (MKD) и уметнички размени со Викторија Илиоска (MKD/DEU) / Курирање иднини преку изучување ужас и Филип Јовановски (MKD) / Градот е јавност.

Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ 2024 година е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Гете институт – Скопје, Фондацијата Хајнрих Бол и Performance Situation Room – NOMAD DANCE SESSIONS / LLB 3 проектот поддржан од Креативна Европа.

Паралелно со летната школа, Локомотива ќе биде домаќин и на Модуларното училиште, организирано во соработка со Номад танц академија Хрватска со која учесниците ќе имаат размени. Модуларното училиште е програма фокусирана на полето на изведувачките уметности и современиот танц, обединува 5 учесници кои ќе се вклучат во збогатена размена на идеи и практики со учесниците на летната школа. Учесниците на Модуларното училиште ќе организираат дневни сесии за работа на телото и споделување на нивните кореографски и перформативни практики, заедно со присуство на некои од предавањата. Дополнително, тие ќе организираат отворено предавање за сите заинтересирани присутни во Струга. Соработката има за цел да ги прошири перспективите на двете групи, поттикнувајќи ги интеракциите помеѓу уметниците и културните работници од различни потекла, генерации и искуства.

Покрај работилниците и предавањата, учесниците ќе се вклучат во колаборативни проекти, индивидуална работа и посети на културно значајни места како што е селото Вишни , во организација на ИНКА – Иницијатива за независен културен активизам.

Позадина: Од своето основање како дел од проектот поддржан од Еразмус + „Курирање во контекст“ (2019-2021), Меѓународната летна школа прерасна во критичен простор за размислување и развој во кураторските практики. Претходните изданија се занимаваа со теми кои ги рефлектираат социо-политички и економските состојби и уметноста, овозможувајќи им на учесниците да ги прошират своите уметнички практики преку кураторска перспектива

Партнери на проектот се Номад танц академија www.nomaddanceacademy.org, DIVERT колектив Загреб, Дом на културата во Струга, Europe House во Струга и ИНКА – Иницијатива за независен културен активизам.

Деталениот распоред и програма можете да ги најдете тука, а абстрактите за предавањата со биографиите на предавачите може да ги најдете тука.