Зелен уметнички пристап и продукција: Tрета резиденција во рамки на проектот RE-IMAGINE
We are excited to announce the third residency within the RE-IMAGINE project: Green Artistic Approach and Production, which will take place in Skopje, North Macedonia from September 30 to October 4, 2024. The residency, organized by Lokomotiva, aims to explore sustainable artistic practices that integrate environmental awareness into creative processes and the idea that working together to rethink art will contribute to a greener future.
The residency, which will be attended by 25 artists and producers, is focused on sustainable artistic practices, where through the program it offers participants the opportunity to learn and apply green solutions in their creative work. During the residency, participants will participate in a series of interactive workshops, lectures, discussions and presentations, on topics such as: Material hierarchy & Green design in performing arts; Site-Specific Theater and Intersectionality of Environmental Sustainability and Social Responsibility, New approaches to artistic creation: Green as a creative challenge, Site-Specific Theater and the Public Space, and a presentation on working conditions in our culture “Precarious for Beginners”. Workshops such as the creation of “Straps from Scraps” and “Green Code of Conduct” will emphasize the importance of recycling, the ethics of creation in culture and art, while mentoring workshops will help participants develop the production and artistic aspects of their green projects. Within the framework of the residence, a discussion on the topic “Green partnerships / policies and politics” will be held, which will gather representatives from organizations, collectives, as well as policy makers.
The residency will also include guided tours and discussions on green policies, offering insight into the practical application of environmental practices in artistic production. While working on their projects, the participants will also have the opportunity to get to know the local context. The residency aims to not only equip participants with the tools to incorporate sustainability into their artistic processes, but also foster a collaborative environment to rethink how art can contribute to a greener future.
We look forward to welcoming our participants to this inspiring residency, where they will gain invaluable knowledge and skills to drive green transformation in their respective organizations.
The RE-IMAGINE project is co-financed by the Creative Europe program of the European Union, as well as the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the Heinrich Boll Foundation.
Project consortium gathers organizations that are among the pioneers in their countries regarding the promotion and implementation of green policies in culture and creative sectors and have now taken the leading role of advocates for environment-friendly and sustainable artistic production. The consortium is consisted of Lokomotiva (Skopje), Green Art Incubator (Serbia), Pro Progressione (Hungary) and Arte Urbana Collectif (Bulgaria).
Find more information about the program here.
Со задоволство ја најавуваме третата резиденција во рамки на проектот RE-IMAGINE: Зелен уметнички пристап и продукција, која ќе се одржи во Скопје, од 30 септември до 4 октомври 2024 година. Резиденцијата, организирана од Локомотива, има за цел да ги истражи одржливите уметнички практики кои интегрираат свесност за животната средина во креативните процеси и идејата дека работејќи заедно на реобмислување на уметноста ќе придонесе во позелена иднина.
Резиденцијата, на која ќе присуствуваат 25 уметници и продуценти, е фокусирана на одржливи уметнички практики, каде преку програмата нуди можност на учесниците да научат и применат зелени решенија во својата креативна работа. Во текот на резиденцијата, учесниците ќе учествуваат во низа интерактивни работилници, предавања, дискусии и презентации, на теми како: Хиерархија на материјалите и зелен дизајн во изведувачките уметности; Театар на специфични локации и интерсекционалност на еколошката одржливост и општествената одговорност, Нови пристапи во уметничкото творење: Зелено како креативен предизвик, Сајт специфичен театар и јавен простор, и презентација за работните услови во културата кај нас „Прекарност за почетници“. Работилниците како создавањето „Ремени од остатоци“ и „ Зелен кодекс на однесување“, ќе го нагласат значењето на рециклирањето, на етиката во творењето во културата и уметноста, додека менторските работилници ќе им помогнат на учесниците да го развијат продукцискиот и уметничкиот аспект на нивните зелени проекти. Во рамки на резиденцијата ќе се одржи и дискусија на тема „Зелени партнерства и политики“ на која ќе учестуваат претставници од организации, колективи, како и креатори на политики.
Резиденцијата, исто така, ќе вклучи водени тури и дискусии за зелени политики, нудејќи увид во практичната примена на еколошките практики во уметничката продукција. Додека работат на своите проекти, учесниците ќе имаат можност и да го запознаат локалниот контекст. Резиденцијата има за цел не само да ги опреми учесниците со алатки за инкорпорирање на одржливоста во нивните уметнички процеси, туку и да поттикне колаборативна средина за реобмислување на тоа како уметноста може да придонесе за позелена иднина.
Со нетрпение очекуваме да ги поздравиме учесниците на оваа инспиративна резиденција, каде што ќе стекнат непроценливо знаење и вештини за да ја поттикнат зелената трансформација во нивните организации.
Проектот RE-IMAGINE е кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, како и Министерството за култура на Република Северна Македонија и Фондацијата Хајнрих Бол.
Конзорциумот на проектот обединува организации кои се меѓу пионерите во своите земји во однос на промоцијата и имплементацијата на зелени политики во културниот и креативниот сектор и ја презедоа водечката улога на застапмици за еколошка и одржлива уметничка продукција. Конзорциумот е составен од Локомотива (Скопје), Green Art Incubator (Србија), Pro Progressione (Унгарија) и Arte Urbana Collectif (Бугарија).
Прочитајте повеќе за програмата тука.