Оваа година во рамките на фестивалот „Скопје Креатива 2019 – Зелено Скопје“ организира јавен повик за поддршка и промоција на предлог-проекти за реализација на нови прототип-производи и услуги во сферата на креативните индустрии. На јавниот повик беше доделена финансиска поддршка за реализација на 17 нови прототип-производи и услуги. Освен тоа, на дел од пријавените проекти им беше овозможена презентација во рамките на фестивалот.
Во зависност од темата и типот на поддржаните прототип-производи, фестивалот понуди платформа за презентација во рамки на неколку програмски сегменти, и тоа: Изложба на нови прототип-производи и услуги во сферата на креативните индустрии поддржани во рамките на фестивалот, Музичка програма и Еко-сфера – поп- ап стор.
Комисијата што ги разгледуваше понудените проекти на јавниот повик беше составена од Јана Ацевска, професионалец во полето на графички дизајн, дизајн на производ и дизајн на накит; Дарко Христов, основач и сопственик на компанија за производство на производи од дрво со современ дизајн MONOZERO и Ладислав Цветковски, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и графички дизајнер.
Отварање на изложбата на 1 јуни во Младински културен центар во 18 часот.
Изложба на нови прототип-производи и услуги во сферата на креативните индустрии поддржани во рамките на фестивалот
„Celebrate life – Почни од себе“ / Celebrate life – Start from Yourself
Горан Костовски – Ind.og / Goran Kostovski – Ind.og
Преку користење на концептот на Celebrate life проектот има цел да ја подигне свеста на граѓаните за проблемите со користење на пластиката и да влијае врз создавањето критичка маса на граѓани кои и самите ќе го користат концептот на користење торби наместо пластични кеси. Повеќе информации на: http://indog.info/tagged/celebratelife
Горан Костовски – арт-директор, илустратор, дизајнер, vj.
Социјално ангажиран и со цел подобро општество, неговите дела најчесто се инспирирани од случките што го опкружуваат или што некогаш се случиле и му оставиле силен впечаток. Досега има реализирано 8 самостојни изложби и неколку групни. Има изложувано во Скопје, Париз, Целје, Загреб, Амстердам, Берлин како и на vj настапи на Балканот.
By using the concept of Celebrate Life, the project aims to raise the citizens’ awareness about the problems arising from the use of plastics and influence the creation of a critical mass of citizens who would take on the concept of using cloth, instead of plastic bags themselves. Within the project, 6 pieces of branded garments, hoodies, and bags will be made from recycled materials.
„Миаботаника“ – ЛЕД-светилки / Miabotanica – Led-lights
Борјана Насева / Borjana Naseva
Проектот „Миаботаника“ е заснован на долгогодишни истражувања од страна на различни научни и педијатриски институции кои ги третираат основните сетила кај новороденчињата, почнувајќи од неонаталниот период, па сè до втората година. Оттука произлезе и идејата за изработка на големи ЛЕД-светилки кои проектираат бои и форми на белата ѕидна површина, исполнувајќи ја целата детска соба со интензивни контрасти кои стимулативно влијаат врз дечињата уште од најмала возраст.
„Миаботаника“ е бренд за визуелно стимулирачки рачно сликани и декорирани ЛЕД-светилки кои, покрај својот уникатен и колоритен дизајн, обезбедуваат и визуелна стимулација кај децата која е од корист за развојот на централниот нервен систем.
“Miabotanica” project is based on long-standing research done by scientific and pediatric institutions treating the basic senses of newborns, starting from the neonatal period, all the way to the second year. It is from this, that the idea of building large LED-lights which project colours and forms on a white background emerged, filling the entire nursery with intensive contrasts which have a stimulating effect on children from a very early age.
БОШ, стрип-лабораторија / BOSH, comic-making workshop
Арт еквилибриум / Art equilibrium
Отворена е дводневна прототип-работилница за стрип. „На самото место“ сечкаме, пасираме, монтираме, печатиме, фотокопираме и хевтаме, создаваме стари и нови примери заедно со Радован Поповиќ, Бруно Толиќ и Александар Опачиќ на македонски јазик.
Шеги во стрипот, стрип-ленти, латентни шеги и висока уметност, кратки и раскошни приказни, амбиваленцијата како таква, критика на градот кој се распаѓа, минималистички пристап на комплексни теми, односи, драматични промени, идентитет, болка, траума, лекување преку смеа и шега, преку транспарентност и целосна отвореност. Примери е еден од оние стрипови што траат засекогаш.
Арт еквилибриум ја афирмира определбата за динамичен и рамномерен културно-уметнички развој во урбан контекст. Како протагонист за независна уметност, особено стрип и графика, со оваа прототип-работилница за стрип се обидува да го врати стрипот како ангажиран медиум на локално ниво во сиот негов сјај ставајќи ја темата за „Зелено Скопје“ централно на масата на која ќе седнат само оние витези што ќе имаат доволно храброст да „стрипизирираат” на оваа тема.
BOSH, comic-making workshop two-day prototype comic-making workshop. “At the scene” we cut, paste, edit, print, copy and staple, create new and old examples together with Radovan Popovikj, Bruno Tolikj and Aleksandar Opachilk, in Macedonian. Jokes in comics, comic strips, latent jokes and high art, short and voluptuous stories, ambivalence as such, a critique of the town that’s falling apart, minimalist approach to complex subjects, relationships, dramatic changes, identities, pain, trauma, healing through laughter and joke, through transparency and full openness. Examples is one of those comic books that last forever.
„Духот на старата градска куќа“ / The Ghost of the Old City House
Ива Петрунова, Здружение за истражување на градот „Градот убав“/ Iva Petrunova, Association for City Exploration “Gradot Ubav”
„Духот на скопската градска куќа“ претставува препознавање на квалитетите на градската куќа и нејзино реинтерпретирање преку поставување изложба од фасади на пет куќи од старо урбано ткиво (Маџир Маало). Така, архитектурата која е во исчезнување би се приближила до граѓаните, со цел тие да ја осознаат нејзината вредност. Истовремено се наметнува размислувањето во кој правец се развива денешната станбена архитектура.
Здружение за истражување на градот „Градот убав“-Скопје е граѓанско здружение чија цел е поттикнување и препознавање на позитивните архитектонски и просторни вредности преку кои се зголемува квалитетот на животот во градот.
“The Ghost of the Skopje City House” recognizes the qualities of the townhouses and their reinterpretation by setting up an exhibition of the facades of five houses from the old urban tissue (Madzir Maalo/Madzir Neighborhood). That way, this architecture in extinction could come closer to the citizens, so that they could understand its value. Simultaneously, the question arises about the direction that today’s residential architecture has taken.
„Скаменета природа“ / Petrified nature
Андреј Митевски / Andrej Mitevski
Изработка на мермерна маса со димензии 120х80х2cm на која ќе бидат претставени флорални елементи во плиток релјеф. Масата ќе биде изработена од бел мермер, кој е всушност рециклиран материјал и кој се третира како отпад. Со мојата работа овој отпад станува уметничко дело и има употребна вредност како трпезариска маса.
Андреј Митевски – скулптор. Роден е во Скопје во 1976 година. Завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје во 1999 година и постдипломски студии на истиот факултет во 2003 година. Работи повеќе од 20 години во камен и има учествувано на повеќе од 20 интернационални симпозиуми во странство, како во Јапонија, Аргентина, Бразил, Египет, Италија и други земји. Учесник е на BIAB colours and Olimpism во Пекинг, Кина, на покана од Кинеската артистичка асоцијација, како претставник на Македонија. Има остварено повеќе од 15 самостојни изложби и 15 групни изложби во Македонија и во странство.
Making a marble table with dimensions 120x80x2, where floral elements in shallow relief will be presented. The table will be made of white marble, which is in fact a recycled material that has been discarded as waste. Through my work, this waste turns into art, and has a practical use as a dining table.
„Вода и камен“ / Water and Stone
Александар Наумоски / Aleksandar Naumoski
Каменот е жива материја и се трансформира полека, но континуирано. Само оние што пристапуваат кон него со трпение и голема страст можат да ја доловат неговата променливост и целосно да ја интерпретираат. Секоја реализација е посебна, сама за себе, без никакви ограничувања. Единствениот стандард е апсолутна ексклузивност во резултатот.
„Вода и камен“ е едно интелектуално и чувствително искуство од првичната идеја од изборот на материјалот, па сè до неговата реализација. Материјалот е кварц, најден на падините на Скопска Црна Гора, исклучително тврд камен, но со многу интересна проѕирна структура која очекувам да даде му посебна убавина на ова лавабо.
Александар Наумоски, скулптор, роден е во Скопје во 1973, дипломиран на Академијата за ликовни уметности во 2000 г. во класата на проф. Драган Попоски – Дада. Полн е со многу креативни и иновативни идеи да произведува луксузни предмети од природен материјал, како мермер, гранит, камен итн. Идејата е сè да биде рачно изработено и уникатно.
The stone is a living matter and transforms slowly, but continuously. Only those who approach it with patience and a great passion can capture its changeability and fully interpret it. “Water and Stone” is an intellectual and emotional experience from the initial idea for selection of the material, to its realization. The material is quartz, found on the slopes of Mount Skopska Crna Gora, an exceptionally hard stone, but of a very interesting, transparent structure which I believe would give this sink exceptional beauty.
Цртаме стрип „Скопје зелено пак ќе бидеш” / We’re drawing a Comic-Book “Skopje, You Will Be Green Again”
Tоме Трајков – Стрип-центар на Македонија, Велес / Tome Trajkov – Comic-book Center of Macedonia, Veles
Дводневна практична стрип-работилница со учество на 10 ученици од две основни училишта од Скопје, кои ќе ги развиваат своите вештини за обработка на општествени теми. На работилницата ќе се изработат најмалку 10 стрипа со најмногу 2 страници на тема екологија во поширок контекст. На изложбата ќе се претстават и изданија на Стрип-центар на Македонија и каталог од подготвените дела.
Стрип-центар на Македонија, со седиште во Велес, е формиран во 1995 со цел да заживее и да се афирмира македонскиот стрип низ разни средини и заедници во и надвор од границите на нашата земја.
A two-day practical comic-book workshop where 10 children from two primary schools from Skopje will participate and develop their skills to work on socially-engaged topics. At least 10 comic books of at least 2 pages on the topic of ecology in a broader context will be created at the workshop. The editions of the Comic-Book Center of Macedonia will also be presented at the exhibition, along with a catalogue of their artwork.
„Како да дизајнираме промена“ / How to Design a Change?
Приватен принт/ Private Print
„Како да дизајнираме промена?“ подразбира дизајнирање на книга-објект, графички обликувана околу популарниот „Недовршен манифест за растењето“ на канадскиот дизајнер и едукатор Брус Мау. Манифестот содржи 43 точки кои ги синтетизираат искуството и знаењето на Мау за процесот на дизајнирање и за улогата на дизајнерот во заедницата во која живее. Дизајнерскиот процес и изведбата на книгата органски го покажуваат на дело знаењето впишано во манифестот.
„Како да дизајнираме промена?“ е проект на Приватен принт, првиот македонски издавач специјализиран за уметнички книги и сродни публикации, во соработка со Елена Пазарџиевска-Ристовска, архитект и уредник на оваа книга-објект.
Private Prints “How to Design a Change” consists of designing a book-object, graphically shaped around the popular “Incomplete Manifesto for Growth”, by the Canadian designer and educator Bruce Mau. The manifesto consists of 43 points which summarize Mau’s experience and knowledge of the design process and the role of the designer in the community he/she lives in. The design process and the making of the book show the knowledge written in the manifesto in practice.
Документирање техники за бојадисување волна на традиционален начин / Documenting techniques of traditional wool-dyeing
Маја Миноска-Павловска / Maja Minoska-Pavlovska
Боите во наследство. Проектот ги истражува и ги документира традиционалните методи на бојадисување на ткаенини со природни пигменти, на автентичен начин практициран од генерации занаетчии на нашите простори. Ги мапираме процедурите и техниките при бојадисувањето како наследство за идните генерации и како база за нивна директна примена во современите креативни индустрии. Преку подигање на капацитетот на креативните работници со нови вештини и методи придонесуваме за создавање одржлив концепт на развој на креативни економии еднакво одговорни за минатото, сегашноста и иднината.
Маја Миноска-Павловска – културен работник со истражувачки и проектен фокус врз културниот менаџмент, одржливоста, маркетинг, креативни индустрии, културно наследство, иновативност, дигитални технологии.
The dye heritage. The project explores and documents the traditional methods of dyeing fabrics with natural pigments, in the authentic way practiced by generations of craftspeople living in this area. We map the procedures and techniques of dyeing as a heritage for the future generations and as a basis for their direct application in the contemporary creative industries. By increasing the capacities of the creative workshops with new skills and methods, we contribute to the creation of a sustainable concept for the development of the creative economies, equally responsible for the past, present and future.
Платформа за аудиокниги на македонски јазик / Platform for audiobooks in Macedonian
Христијан Поп Симонов, Флуктус / Hristijan Pop Simonov, Fluctus
„Самоглас“ е онлајн аудиоплатформа за пласирање книги на македонски јазик. Под аудиоплатформа се подразбира веб-апликација за пристап до аудиобиблиотека, што кај нас е еден нов модел на претставување културни содржини.
Појавата на ваква платформа ќе овозможи олеснет пристап до содржини кои би го збогатиле индивидуалниот развој на младите во поширока рамка, поконкретно најголема придобивка би имале лицата со дислексија и визуелен хендикеп.
Здружението за афирмација на уметноста „Флуктус“ – Скопје е непрофитна организација формирана со цел да ги истражува и проширува границите на уметничката дејност преку изготвување проекти од мултимедијална природа со едукативен карактер.
“Samoglas” is an online audio-platform launching books in Macedonian. When saying audio-platform we mean a web-application accessing an audio-library, which offers a new model of presenting cultural content in our country. The emergence of this platform will provide easier access to content that could enrich the individual development of youth in a broader sense, and more specifically people with dyslexia and visual impairment, who would have the greatest benefit.
Рециклиран маркетинг / Recycled marketing
Владимир Ристовски / Vladimir Ristovski
Идејата на овој проект е да се испитаат можните начини на реупотреба на материјалот од веќе искористените рекламни паноа. Во потрага по соодветен производ, акцентот е ставен на зголемената велосипедска популација, односно изработка на производ за нив – торба за велосипеди. Целта на проектот е да го активира креативниот начин на искористување на преостанатите отпадни материјали и да даде индиректен придонес кон велосипедскиот сообраќај преку дизајнирање уникатни додатоци за секој градски велосипед.
Владимир Ристовски активно се занимава со графички дизајн и воедно е страстен велосипедист. Заедно со Елена Пазарџиевска го основа брендот ОММО bike stand, под чие име се изработува дизајнирана урбана опрема за велосипеди.
The idea behind this project is to examine the possible ways of reusing materials from already used up advertisement posters. In the quest for an adequate product, the emphasis is placed on the increase in the cycling population, i.e. making a product for them – a bicycle bag. The goal of the project is to activate the creative way of using the remaining waste materials and give an indirect boost to bicycle traffic by designing unique accessories for each city bike.
https://www.facebook.com/OMMOBIKESTAND/
Еко-цевки / Eco-straws
Јасмина Главинче, WIZART / Jasmina Glavinche, WIZART
Секојдневно во светот се произведуваат околу 500 милиони пластични цевки за пиење со цел да се искористат за само неколку минути. Тие не се распаѓаат, ниту се рециклираат и многу често завршуваат во океаните каде што се вистинска закана за живиот свет.
Цевките за пиење изработени од тесто или инокс се одлична еколошка замена за пластичните. Дел од пакувањето е направено од рециклирана хартија која во себе има семиња. Хартијата треба да се засади во земја и од неа ќе никнат растенија. За почист и позелен град, да ѝ кажеме „НЕ“ на пластиката за една употреба!
Јасмина Главинче – крафтивист. Моментално студент на Факултетот за ликовни уметности, отсек вајарство. Во 2011 г. го основа своето креативно студио WIZART каде што се преплетуваат тајните волшепства кои во себе ги кријат природата и уметноста.
Eco-straws – Every day in the world around 500 million plastic drinking straws are produced and then used for only a few minutes. They do not decompose, and cannot be recycled and more often than not end up in the oceans where they are a real threat to the marine life. The straws made by dough or inox are an excellent ecological alternative to the plastic ones. Part of the packaging is made from recycled paper which contains seeds within. The paper needs to be planted, and the plants will spring up. For a cleaner and greener city, let’s say NO to single use plastics!
Eggshell-Hatched
Глигор Кузмановски / Gligor Kuzmanovski
Eggshell-Hatched е нова приказна која е во создавање. Се работи за колекција на накит комплетно изработен од отпаден материјал во комбинација со природни материјали, која би била промотивно презентирана на фестивалот „Скопје Креатива“. Сакајќи да ја потенцирам кршливоста на денешниот свет, воедно и да предизвикам освестување кај секој од нас, се одлучив за експериментална колекција изработена од хартија и лушпи од јајца. Секое парче изгледа толку кревко како да ќе се скрши при првиот допир. Но токму при тој допир се чувствуваат цврстината и леснотијата што ги пренесува колекцијата EGGSHELL- HATCHED.
Глигор Кузмановски веќе 8 години се занимава со дизајнирање накит. Најчесто отпадно дрво, со повремени експерименти во други материјали, како што е случај со последната колекција изработена од хартија и лушпи од јајца. Зад себе има повеќе колекции (Woods, Africa, Volcano, Wooden stories, Man-Factory-in between, Summer memories, Eggshell, Flora vs Fauna, Eggshell/Hatched) со кои се има претставено на Модната недела во Скопје, Design Week Скопје, Природонаучниот музеј – Скопје, Concept37 Скопје, Валенција, Виена, Софија, како и на престижниот AUTOR во Букурешт.
Eggshell-hatched is a new story in creation. It is a jewelry collection which is completely made of waste materials combined with natural materials, which would be launched at the Skopje Kreativa Festival. Trying to emphasize the fragility of today’s world, and at the same time provoking awareness among any of us, I decided to go for an experimental collection made of paper and eggshells. Each of the pieces look so fragile, as if they’re going to break from a simple touch. But exactly this touch makes you feel the firmness and lightness that the EGSHELL-HATCHED collection conveys.
РеТекс-Архисегмент / ReTex-Archisegment
Екатерина Намичева / Ekaterina Namicheva, Aleksandra Jovanovska
РеTeкс-Архисегмент е инспириран од скопските палати од почетокот на 20 век и рециклирањето на тексас од веќе употребени парчиња облека (second hand). Целта е да се развие еколошката свест, односно трајноста и употребата на тексасот како еден од текстилните материјали што се добиваат со технолошки процес кој ја загадува природата.
РеTeкс е тимски проект на Екатерина Намичева – архитект и Александра Јовановска – моден дизајнер, кој со употреба на методи за рециклирање создава нови дизајни. Тимот на РеTeкс веќе две години активно учествува на изложби и работилници во државата и надвор од неа.
ReTex-Archisegment was inspired by the Skopje palaces from the beginning of the 20th century and the recycling of denim from second hand pieces of clothing. The goal is to develop the ecological awareness, i.e. the durability and use of denim as one of the textile fabrics obtained through a technological process which pollutes the environment. Within the project, 6 pieces of designer clothes will be made from recycled denim.
Градење на патот до зелен град
Јасмина Пислевиќ / Jasmina Pislevikj
Со потенцирање на ефектот од заемно дејствување, Lebe Global = Глобално живеење е едукативна друштвена игра која на забавен начин придонесува за кревање на свеста за индивидуалниот ефект од создавање на CO2 емисиите и одржливиот начин на живеење, како и нивното влијание врз глобалниот соживот. Целта на играта е на деца на возраст од 12 до 17 години да им се овозможи алтернативен начин на едукација за заштита на животната средина.
Јасмина Пислевиќ – активистка за заштита на животната средина и зачувување на здравите услови за живеење, магистер по машинство – одржлива енергија и заштита на животна средина со над 5 години меѓународно и национално искуство во едукација и истражување на наведените теми.
Building the road to a green city by emphasizing the effect of mutual interaction, Lebe Global – Global living is an educational board game which in a fun way contributes to raising the awareness about the individual effect of the creation of the CO2 emissions and the sustainable way of living, as well as their effect on the global coexistence. The purpose of the game is to provide the children aged 12 to 17 with an alternative means of education in environment protection.