/македонски подолу/
(Non)Aligned Movements/ 47. MOT Festival
“Closeness of Touch” by Igor Koruga
Choreographic work and performance
18th November 2022, Friday, 21 h
@ MKC Gallery, MKC
Tikets here
Choreography, performance, video, text: Igor Koruga
Dramaturgy: Ana Dubljević
Costume design: Maja Mirković
Production: Goethe institute & Station service for contemporary dance
Video: Miloš Janjić
* the work uses a parts of a dramatic text “Scenes of constructed relationships” by Dimitrije Kokanov
Photography by Vladimir Opsenica
Duration: 35 minutes
The Performance on MOT is presented in frame of the curatorial program of (Non) Aligned Movements of Lokomotiva.
In recent years, during the global pandemic or any other crisis around the world, various physical mobility and collective vulnerabilities based on asymmetric positions, obligations, interests, and reflections of their actors, have become more visible in public space. They direct us to continuously explore the space for our political practices and coexistence. In the context of constant (digital) surveillance of almost all our mobility and vulnerabilities, this work explores how to touch the body that touches the screen. It points to the closeness of touch, which consists of the capability to provide response-ability: not from keeping a distance and staying out of the world, but rather from dealing directly with the world. This work stemmed from several years of artistic research into theoretical discourses of care, immunity and negative feelings, applying the specific kinetic and choreographic language extracted from different principles of socio-political co-existence as a form of resistance to today’s pervasive capitalist realism. These principles come from the domains of: physical gathering from rave clubbing dance and political protest; digital gathering and interaction; and gathering under somatically-affective movement of slowness (standing, breathing) etc.
***
Igor Koruga works as an independent artist in the field of performing arts (contemporary dance and choreography). He graduated with a master’s degree in ethnology and anthropology from the Faculty of Philosophy in Belgrade, as well as from the Department of Solo / Dance / Authorship at the University of Arts in Berlin. At the moment he is finishing a DAS Third research program in DAS Graduate scholl at the University of Arts in Amsterdam.
Koruga is a member of the Station Service for Contemporary Dance and the Association of Ballet Artists of Serbia (UBUS).
Koruga applies choreography as a tool for the interpretation of socio-political phenomena, which condition artistic production and knowledge distribution. He is the author of several works: Closeness of Touch (2022); One, two, three, comrade, come dance with me (2021), Hopelessness (2017), Only Mine Alone (2016), etc.
Koruga works as a an associate for stage movement in theatre plays and film, and as a dramaturge in the field of dance. As a performer, Koruga has collaborated with various theaters in Europe (Dansens Hus, Stockholm; Weld Stockholm; Museum Quartier Vienna; Hubbel am Ufer HAU Berlin, Kammerspiele Munich etc.).
As an assistant professor in the field of choreography, he taught at the Institute for Artistic Dance in Belgrade (2015-2017). He has mentored many artists of the younger generation of the local dance scene through various educational platforms (Puzzle, Station Service for Contemporary Dance; Dance Survivors, by Goethe Institute Belgrade; You Perform, by Yugoslav Drama Theatre Belgrade / Talia Theater Hamburg);
Koruga is a member of the team for archiving the performing arts practices of the independent cultural and artistic scene in the region (Nomad dance Academy) since 2015. As an author of theoretical texts and research, he has published papers in prominent regional journals in the field of performing arts theory (Maska Ljubljana, Walking theory Belgrade, Movements Zagreb, etc.).
So far he has been a scholarship holder by: Akademie Schloss Solitude Stuttgart (2019-2021); Theater Theater International Forum, Berlin Festival (2020); Tanzstipendium of the Mayor of Berlin (2013); DanceWEB (2009); Nomad Dance Academy (2009); He won the first prize and critics’ award at the Festival of Choreographic Miniatures (2015), the award for the most original research of one of the segments of theatrical language at the 43rd Infant Festival (2016), and the annual award of the National Organization for Rare Diseases of Serbia (NORBS), for an outstanding contribution in improving the position of people with rare diseases in Serbia through his artistic work (2015).
***
Performance is part of the program of (Non)Aligned Movements project curated by Biljana Tanurovska- Kjulavkovski, Viktorija Ilioska and Aleksandar Georgiev.
(Non)Aligned Movements project is supported by the Creative Europe/European Cooperation Western Balkans program, the Ministry of Culture of North Macedonia.
The (Non)Aligned Movements project is developed in partnership between STANICA Service for contemporary dance, Belgrade; Nomad Dance Academy Slovenia, Ljubljana; Nomad Dance Academy Bulgaria, Sofia; Tanzfabrik Berlin and LOKOMOTIVA Centre for new initiatives in art and culture, Skopje.
________________________________________________
Check out the photo album above. / Погледнете го фото албумот на погоре.
/македонски
(Не)врзани Движења / 47. MOT
„Блискоста на допирот” на Игор Коруга
Кореографско дело и перформанс
18-ти ноември 2022, петок, 21.00 часот
@ Галерија, MKЦ
билети: тука
Кореографија, изведба, видео, текст: Игор Коруга
Драматургија: Ана Дубљевиќ
Костимографија: Маја Мирковиќ
Продукција: Гете-институт и Станица сервис за современ танц
Ко-продукција: Културен центар – Белград и КЦ Магацин
Видео снимка: Милош Јањиќ
*во делото во форма на цитати се користи дел од драмскиот текст „Сцени на конструирани врски“ од Димитрије Коканов
Фотографија на Владимир Опсеница
Времетраење: 35 минути
Претставата на МОТ се прикажува во рамки на кураторската програма на (Не)врзани Движења на Локомотива.
Во последниве години за време на глобалната пандемија или која било друга криза во светот, различни физички мобилности и колективна ранливост, базирани на асиметрични позиции, обврски, интереси, рефлектирајќи се од нивните актери станаа видливи во јавниот простор. Тие нè упатуваат на континуирано истражување на просторот за нашите политички практики и соживот. Во контекст на постојаниот (дигитален) надзор на речиси сите наши мобилности и сета ранливост, ова дело истражува како да се допре телото кое го допира екранот. Упатува на блискоста на допирот кој се состои од способност да се обезбеди одговор-ност, и тоа не од држење на дистанца и живеење надвор од светот, туку напротив, од директна работа со светот. Делото произлезе од долгогодишно уметничко истражување на теоретски дискурси за грижа, имунитет и негативни чувства преку кореографијата. Целта на делото е да примени специфичен кинетички и кореографски јазик на различни принципи на општествено-политичката (ко-)егзистенција како форма на отпор кон денешниот сеприсутен капиталистички реализам. Овие принципи потекнуваат од доменот на: физичко здружување – рејв-клабинг танц и политички протест; дигитално здружување и интеракција; и соматско-афективно движење – бавност (стоење, дишење) итн.
***
Игор Коруга работи како самостоен уметник во областа на изведувачките уметности (современ танц и кореографија). Магистрирал етнологија и антропологија на Филозофскиот факултет во Белград, како и на Катедрата Solo/Dance/Authorship (SODA) на Универзитетот за уметности во Берлин. Во моментов ја завршува третата истражувачка програма на DAS во DAS Graduate scholl при Универзитетот за уметности во Амстердам.
Коруга е член на Станица сервис за современ танц и на Здружението на балетски уметници на Србија (УБУС).
Коруга ја применува кореографијата како алатка за интерпретација на општествено-политичките појави кои ја условуваат уметничка продукција и дистрибуција на знаење. Автор е на неколку дела: Closeness of Touch (2022); One, two, three, comrade, come dance with me (2021), Hopelessness (2017), Only Mine Alone (2016), итн.
Коруга работи како надворешен соработник за сценско движење во театарски претстави и филм и како драматург во областа на танцот. Како изведувач, Коруга има соработувано со различни театри во Европа (Dansens Hus, Stockholm; Weld Stockholm; Museum Quartier Vienna; Hubbel am Ufer HAU Berlin, Kammerspiele Munich итн.).
Како асистент професор во областа на кореографијата, предавал на Институтот за уметнички танц во Белград (2015-2017). Бил ментор на многу уметници од помладата генерација на локалната танцова сцена преку различни едукативни платформи (Puzzle, Станица сервис за современ танц; Dance Survivors, од Гете-институт Белград; You Perform, од Југословенскиот драмски театар – Белград / Театар Талија – Хамбург);
Коруга е член на тимот за архивирање на изведувачките уметнички практики на независната културно-уметничка сцена во регионот (Номад танцова академија) од 2015 година. Како автор на теоретски текстови и истражувања, има објавено трудови во истакнати регионални списанија во областа на теоријата на изведувачките уметности (Maska Љубљана, Walking theory Белград, Movements Загреб, итн.).
Досега бил стипендист на: Akademie Schloss Solitude Stuttgart (2019-2021); Theater Theater International Forum, Berlin Festival (2020); Tanzstipendium од канцеларијата на градоначалникот на Берлин (2013); DanceWEB (2009); Номад танцова академија (2009); Добитник е на првата награда и награда од критиката на Фестивалот на кореографски минијатури (2015), потоа наградата за најоригинално истражување на еден од сегментите на театарскиот јазик на 43-от ИНФАНТ фестивал (2016) и годишната награда на Националната организација за ретки болести – Србија (NORBS), за исклучителен придонес во подобрувањето на положбата на луѓето со ретки болести во Србија преку неговото уметничко творештво (2015).
*****
Овaa претстава е дел од проектот (Не)Врзани Движења и е куриран од Биљана Тануровска-Ќулавковски, Викторија Илиоска и Александар Георгиев.
(Не)Врзани Движења е поддржан од програмата Креативна Европа/Европска соработка Западен Балкан, Министерството за култура на Северна Македонија.
Проектот (Не)Врзани Движења/ (Non)Aligned Movements е развиен во партнерство помеѓу СТАНИЦА Сервис за современ танц, Белград; Номад танцова академија Словенија, Љубљана; Номад танцова академија Бугарија, Софија; Танцфабрик Берлин и ЛОКОМОТИВА Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје.
________________________________________________