ACT: Art, Climate, Transition / Between Glitter and Compost a Conversation on Ecofeminism

/македонски подолу/

 

ACT: Art, climate, transition/ Talk

Between Glitter and Compost

A Conversation on Ecofeminism

Suzana Milevska and Myriam Bahaffou, Moderated by Philsan Osman

October 14, 2022

 

In May 2021 Kaaitheater invited philosopher Suzana Milevska for an online lecture on ecofeminist art practices. This October she will resume this talk in live Brussels and will be joined by researcher and ecofeminist activist Myriam Bahaffou.

Patriarchal systems in different world cultures have long interpreted women as obsessed with cleansing and purification, parallel to the anthropologically driven representation of women as ‘dirty’. How can ecofeminism create environmental awareness while also deconstructing the stereotypical and patriarchal hierarchical assumptions of women’s creativity and productivity?

In her lecture, Suzana Milevska will discuss various art practices of ecofeminist artists who revoke the existing systemic hierarchies and models of knowledge production. Myriam Bahaffou will formulate a response to Milevska’s views, by answering them in the prism of her own thoughts. The idea is to create a fruitful ecofeminist dialogue between two researchers who value the place of the dirty, the mixture and the hybrid.

 

Dr. Suzana Milevska is a curator and theorist of visual cultures. Her theoretical and curatorial interests include postcolonial and feminist critique of representational regimes of hegemonic power in arts and visual culture, and collaborative and participatory art practices in marginalized communities. From 2016-2019 she was Principal Investigator for the project Transmitting of Contentious Cultural Heritages with the Arts (TRACES – EU Programme Horizon 2020), at the Polytechnic University Milan.

 

 

Myriam Bahaffou is a doctoral student in philosophy and gender studies by day and ecofeminist activist by night and weekend, navigating between the academic, activist, feminist, queer and ecological worlds. She likes to articulate and make strange concepts mate with each other (carnosexism, decolonial veganism…), inside her laboratory of experimental philosophy. Among other things, she co-wrote the preface to Françoise d’Eaubonne’s essay, Le féminisme ou la mort, and wrote the entry ‘Radical Ecofeminism’ in Feu. Abécédaire des féminismes présents (Libertalia, 2021). Her first book, Des Paillettes sur le Compost, is an ecofeminist immersion in which she plays the balancing act between the personal and the political, without giving up anything dear to her struggles, such as animalist, class, spiritual or decolonial justice.

 

Philsan Osman is from Somalia. She is a writer, activist and community builder and studies African Languages and Cultures at Ghent University. She is an event and production manager for Black History Month Belgium’s Ghent team. Philsan also co-authored the book Voor wie willen we zorgen? Ecofeminisme als inspiratiebron, and is an editor and writer for the online feminist magazine Spijker Magazine.

 

*****

Photography by Maria & Fred Stuut

The event is a collaboration between KaaiTheater and VUB Crosstalks, as part of the project Art Climate Transition (ACT) /OTHER spaces program of Lokomotiva.

Supported by: Creative Europe Programme of the European Union,  Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje.

 

#conversations #ecofeminism #act #vubcrosstalks #kaaitheater #environmentalawareness #deconstructing #stereotypical #patriarchal #hierarchical #assumptions

_________________________________________________________

Full lecture and conversation above./ Цело предавање и разговор погоре.

/македонски

АКТ: Уметност, клима, промена/ Разговор
Помеѓу сјајот и компостот
Разговор за екофеминизмот
Сузана Милевска и Миријам Бахафоу, Модератор Филсан Осман
14 октомври 2022 година

 

Во мај 2021 година Каитеатар ја покани филозофката Сузана Милевска на онлајн предавање за екофеминистичките уметнички практики. Овој октомври таа ќе го продолжи разгворот во живо во Брисел а ќе ѝ се придружи истражувачката и екофеминистичка активистка Миријам Бахафоу.

Патријархалните системи во различни светски култури долго време ги толкуваат жените како опседнати со чистење и прочистување, паралелно на антрополошки водената репрезентација на жените како „валкани“. Како може екофеминизмот да создаде еколошка свест, а истовремено да ги деконструира стереотипните и патријархалните хиерархиски претпоставки за женската креативност и продуктивност?

Сузана Милевска во своето предавање ќе дискутира за различни уметнички пракси на екофеминистички уметници кои ги отповикуваат постоечките системски хиерархии и модели на производство на знаење. Миријам Бахафоу ќе формулира одговор на ставовите на Милевска, одговарајќи на нив во призмата на сопствените размислувања. Идејата е да се создаде плоден екофеминистички дијалог меѓу две истражувачки кои го ценат местото на валканото, мешаното и хибридното.

 

Д-р Сузана Милевска е кураторка и теоретичарка на визуелните култури. Нејзините теоретски и кураторски интереси вклучуваат постколонијална и феминистичка критика на репрезентативните режими на хегемонистичка моќ во уметноста и визуелната култура и колаборативните и партиципативни уметнички пракси во маргинализираните заедници. Од 2016-2019 година била главна истражувачка за проектот Пренесување на спорни културни наследства со уметноста (TRACES – EU Program Horizon 2020), на Политехничкиот универзитет во Милано.

 

 

 

Миријам Бахафоу е докторантка по филозофија и родови студии дење и екофеминистичка активистка ноќе и викенд, навигирајќи помеѓу академскиот, активистичкиот, феминистичкиот, настраниот и еколошкиот свет. Таа сака да артикулира и да прави чудни концепти да се спојуваат еден со друг (карносексизам, деколонијален веганизам…), во нејзината лабораторија на експериментална филозофија. Меѓу другото, таа го напишала предговорот на есејот на Франсоаз д’Обон, Le féminisme ou la mort, и го напишала записот „Радикален екофеминизам“ во Feu. Abécédaire des féminismes presents (Либерталија, 2021). Нејзината прва книга, Des Paillettes sur le Compost, е екофеминистичко потопување во кое таа балансира помеѓу личното и политичкото, без да се откаже од ништо драго за нејзините борби, како што е анималистичката, класната, духовната или деколонијалната правда.

 

Филсан Осман е од Сомалија. Таа е писателка, активистка и градителка на заедници која студира африкански јазици и култури на Универзитетот во Гент. Таа е продукциска и настан менаџерка за тимот на Гент во белгискиот месец на Black History Month. Филсан исто така е коавторка на книгата Voor wie willen we zorgen? Ecofeminisme als inspiratiebron, и е уредничка и писателка на онлајн феминистичкото списание Spijker Magazine.

 

*****

Фотографија од Марија и Фред Стат.

Настанот е соработка помеѓу KaaiTheater и VUB Crosstalks, како дел од проектот Art Climate Transition (ACT) / OTHER spaces програмата на Локомотива.
Поддржано од: Програмата Креативна Европа на Европската Унија, Министерство за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.

_________________________________________________________