Filip Jovanovski attended Summer Lab Ljubljana organized by Bunker

/македонски подолу/

 

ACT: Art, Climate, Transition/ Summer Lab #2

“Urban Ecologies – Trees in the City”

August 23 – 27,  2021

@ Bunker, Ljubljana, Slovenija

Lokomotiva as a partner in the European project ACT: Art, Climate, Transition invited Filip Jovanovski, a visual artist and cultural worker who works on socially engaged and interdisciplinary art projects that include working with different communities, cultures, politics and institutions – to be part of the residence in Ljubljana at the second edition of Summer Lab Program, organized by Bunker.

During the Summer Lab, held 23 – 27 August 2021 in Ljubljana, titled: “URBAN ECOLOGIES – TREES IN THE CITY”, the partners of ACT: Art, Climate, Transition project: NTIL (LV), Kaaitheater (BE), Culturgest (PT), Kampnagel (DE), Domino (CR) Artsadmin, London (UK),  COAL, (F), Theater Rotterdam, (NT) invited artists, activists and participants from their own contexts, who were following the program created and hosted by Bunker and Forensic Plant Lab (SI), to share their experience and knowledge and present their work and artistic practices.

The Summer Lab 2021 URBAN ECOLOGIES – TREES IN THE CITY was inspired by archiborescence, a concept that shaped the vegetal cities of the comic books designer and architect, Luc Schuiten. The project revolves around transforming cities into ecosystems, neighborhoods into forests, and buildings into inhabited trees. The whole lab was focused on the treatment of the city trees, the trees that don’t belong to the big parks and green areas, are not supported by a community of other trees, but which are standing, sometimes forgotten or invisible, on the squares, on the corners of the streets… and are part of the daily life of other inhabitants.

All participants were following not only lectures but also discussions and workshops, and attended the artistic program and performances created for the lab. They also had the opportunity to take walks, cook together and go on trips. As part of the residence, they also had the opportunity to take part in tours and presentations by local artists and activists working in the field of ecology and to visit the University Botanic Gardens and the Old Power Station.

During the Summer Lab in Ljubljana, the participants attended the Mladi Levi Festival organized by Bunker (SL).

Filip Jovanovski (1979, Bitola / Skopje) is a visual artist and cultural worker. He graduated at the Faculty of Architecture in Skopje. He holds MA degree in painting from the Faculty of Fine Arts in Skopje. He often uses a curatorial approach in his works and creates socially engaged and interdisciplinary art projects, oftentimes working with different communities, as in the projects “If Buildings Could Talk” and the CAC (Center for Art and Culture) TEXTILE in Shtip. Jovanovski has held many solo exhibitions in the country and abroad, and has participated in many group exhibitions. His project “This Building Speaks Truth(fully)”, curated by Ivana Vaseva, which represented North Macedonia at the 2019 Prague Quadrennial of Performance Design and Space, won the prestigious Golden Triga for best exposition. He was a co-author of the Macedonian Pavilion titled “Freeing Space”, which was presented at the 2018 Venice Biennale for Architecture. He has created about 20 stage designs for theater plays, video and documentary projects, and has won several awards, including the award for Best Stage Design at the “Vojdan Chernodrinski” Festival in Prilep (2010, co-author); the Special Architecture Award from the Association of Architects of Macedonia (2014, co-author); the Young Visual Art Award DENES (2013); the Ladislav Barišić Award by AICA – Macedonia for a research project (2015, co-author), etc. Since 2007, he is the artistic director of the AKTO Festival for Contemporary Arts in Bitola and is co-managing the Organization for Art and Culture “Faculty of Things That Can’t Be Learned (FR~U)”.

 

*****

 

Project ACT: Art, Climate, Transition is co-funded by the Creative Europe Programme of the European Union, the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje.

 


Art, climate, Transition /Ljubljana summer lab

Check out the photo album by Filip Jovanovskiabove. / Погледнете го фото албумот на Филип Јовановски погоре.

/македонски

 

АКТ: Уметност, клима, промена/ Летна лабораторија #2

Урбани екологии – Дрвја во градот

23 – 27 август 2021 година

@ Бункер, Љубљана, Словенија

 

Локомотива, како партнер во европскиот проект АКТ: Уметност, клима, промена, го покани Филип Јовановски, визуелен уметник и културен работник кој работи на социјално ангажирани и интердисциплинарни уметнички проекти, кои вклучуваат работа со различни заедници, култури, политики и институции, да биде дел од резиденцијата во Љубљана на второто издание на програмата Летната лабораторија, во организација на Бункер. За време на Летната лабораторија одржана 23 – 27 август 2021 година во Љубљана, насловена како: „УРБАНИ ЕКОЛОГИИ – ДРВЈА ВО ГРАДОТ“, уметниците и активистите го споделија своето искуство, знаење и ги презентираа своите уметнички практики.

Летната лабораторија беше инспирирана од архиборесценција, концепт што ги обликува вегетативните градови на архитектот и стрип дизајнерот Лук Шуитен. Проектот се однесува на трансформирање на градовите во екосистеми, населби во шуми и згради во населени дрвја. Целата лабораторија била фокусирана на односот кон дрвјата во градот, дрвјата што не се дел од големите паркови и зелените површини, не се поддржани од заедница од други дрвја, но кои стојат, понекогаш заборавени или невидливи, на плоштадите, на аглите на улици … и се дел од секојдневниот живот на другите жители.

На Летната лабораторија Љубљана 2021 УРБАНИ ЕКОЛОГИИ – ДРВЈА ВО ГРАДОТ партнерите на проектот Арт Админ, Лондон – Велика Британија, Културвест, Лисабон – Португалија, ЦЕАЛ, Париз – Франција, Домино, Загреб – Хрватска, Театар Кааи, Брисел – Белгија, Кампнагел, Хамбург – Германија, НТИЛ, Рига – Латвија, Театар Ротердам, Ротердам – Холандија, Локомотива – Скопје, поканија уметници и учесници од нивните сопствени контексти кои ја следеа програмата креирана од домаќинот на Бункер и Форензичка ботаничка лабораторија (СЛ).

Сите учесници следеа предавања, но и дискусии и работилници, и покрај тоа ги следеа изведбите и уметничката програма креирана за лабораторијата, тие имаа можност и да прошетаат, да готват заедно и да одат на излети. Како дел од резиденцијата, тие исто така имаа можност да учествуваат во тури и презентации на уметници и активисти кои работат во областа на екологијата и да ги посетат Универзитетските ботанички градини и Старата локална електроцентрала.

За време на Летната лабораторија во Љубљана, учесниците присуствуваа на фестивалот Млади Леви организиран од Бункер (СЛ).

Филип Јовановски (1979, Битола/Скопје) е визуелен уметник и културен работник. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство. Често применува кураторски пристап во своите дела и креира општествено ангажирани и интердисциплинарни уметнички проекти, притоа често работејќи со различни заедници како во проектите „Кога зградите зборувале“ и КУЦ (Културно-уметнички центар)„Текстил“. Јовановски имал многу самостојни изложби во земјава и во странство, и учествувал во голем број групни изложби. Неговиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“, куриран од Ивана Васева, кој ја претставуваше Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година ја доби престижната награда „Златна Трига“. Тој е еден од авторите на македонскиот павилјон насловен „Ослободување на просторот“ кој се претстави на Венециското биенале за архитектура во 2018 година. Има направено околу 20 сценографии за театарски претстави, видео и документарни проекти и е добитник на неколку награди како што се: Наградата за најдобра сценографија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (2010, коавтор), Посебна награда за архитектура од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (2015, коавтор), добитник на наградата Млад ликовен уметник ДЕНЕС (2013), наградата „Ладислав Баришиќ“ од АИКА – Македонија за истражувачки проект (2015, коавтор) итн. Од 2007 година, тој е уметнички директор на АКТО фестивалот за современи уметности во Битола и учествува во раководењето на организацијата за уметност и култура „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“.

 

*****

 

Проектoт АКТ: Уметност, клима, транзиција е кофинансиран од Програмата Креативна Европа на Европската унија, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.


 

Other activities within the project:

ACT project activities 2022

ACT project activities 2021

ACT project activities 2020

ACT project activities 2019