Lokomotiva – Centre for New Initiative in Arts and Culture
Lokomotiva – Centre for New Initiative in Arts and Culture is a small non-profit organization founded in 2003 in Skopje, North Macedonia. It has the role of a multi-purpose platform for education, reflection, research, discussions, production and critical thinking in the field of contemporary arts and culture. Through its activities, Lokomotiva aims to widen the access of citizens to arts and culture activities, practices and processes and to influence the development and support of contemporary, dynamic art and culture as an incentive for the development of a democratic society.
Lokomotiva developed and implemented diverse culture and art projects, in different media and formats, such as films, performances, education, capacity building and training programmes, debates, discussions, exhibitions, researchers, advocacy activities as well we others. Lokomotiva understands culture as an extended field, co-related with society, and art as an experimental communication and post-discipline field that extends the forms of expression, production and dissemination.
Lokomotiva is co-founder of Nomad Dance Academy project network (2006)[1], JADRO[2] – Association of the independent culture scene in Macedonia (2012) and Koopreativa – Regional Platform for culture (2012)[3], founder of Locomotion festival for contemporary dance and performance (2008-2015). Lokomotiva was partner and co-organiser in several different EU projects: Jardin d’Europe (2008-2013), Life Long Burning (2013-2018), ArtClimateTransition [4] (2019-2023) and Erasmus + project “Curating in context“ [5] (2019-2022) which Lokomotiva continued to work on it and developed it as a Summer School and Open Course: “Curatorial Practices in Context” in collaboration with Stockholm University of the Arts.
At the moment Lokomotiva together with its partners works on two collaborative projects supported by Creative Europe: (NON)ALIGNED MOVEMENTS: Strengthening contemporary dance in Western Balkans [6] and ReImagine.
In 2019 became a member of EDN European Dance development Network [7] aiming towards sustainable, progressive and equitable dance sector and since 2016 is part of the GPS/Global Practice Sharing Network [8] which provides a platform for the international exchange of ideas, processes and reflective practices surrounding dance and movement-based forms between the U.S. and independent performing arts communities internationally.
Since its establishment, the organization is very active in the development of local cultural policy. In the frame of the Programme for Decentralised Cooperation between the region Lower Normandy (France) and Macedonia, Lokomotiva was programme developed and published the first Regional strategy for Culture of the Pelagonija Region in Macedonia (2013-2016). [9]
Lokomotiva since its existence is aiming to create a space for contemporary performing arts. One of the attempts was together with Theatre of Navigator Cvetko, when they founded KINO KULTURA – project space for contemporary performing arts and culture in 2015[10], where besides programs dedicated on performing arts developed various programs together with the civil society and community. Within the KINO KULTURA project space, Lokomotiva developed and continued to curate programs: “Performance Platform”, “Art, Politics, Institution, Body”, “What is Choreography?”, “Contemporary Choreography and Dance”, “Contemporary Culture and Cultural Politics” etc.
In December 2020 Lokomotiva and Theatre Navigator Cvetko had to move from the space of the cinema Kino Kultura, where Kino Kultura – project space for contemporary performing arts and culture was implemented for 5 years.
Lokomotiva is situated at Mladinski Kulture Centar since 2020, as they collaborate with the centre on diverse programs.
However, advocacy actions for a space and institution for contemporary performing arts are continuing. Lokomotiva together with several organizations continues to create actions that would lead to the forming of a space and/or institution for contemporary performing arts in Skopje.
As part of its working practice, Lokomotiva includes publishing in the field of contemporary theory and practice in culture and in the field of contemporary performing arts, thus, so far has published over 10 publications. [11]
Lokomotiva was awarded by the Swiss Cultural Programme in 2013 The award was given for Lokomotiva’s work, added value, and excellence demonstrated in the field of contemporary dance in the Balkan, realised through the cooperation project NOMAD Dance Academy, implemented in October 2007 – December 2010 in partnership with Stanica (Belgrade), Tanzelarija (Sarajevo), Tala Dance (Zagreb), Fico Balet (Ljubljana) and Brain Store (Sofia).
In 2017, Lokomotiva received the award “Gunter Gajer” for social awareness granted by Macedonia Insurance Ad Skopje – Vienna Insurance Group to Lokomotiva for the project Kino Kultura. The award was used to improve the technical capacities of the space with basic lighting and sound equipment.
Vision
Lokomotiva is a centre that acts as a platform for the development of contemporary arts and culture to achieve progressive socio-cultural change in the community.
Mission
Lokomotiva is a civil society organization that develops and creates working conditions for the development, research, production, and presentation of the art practices and other work processes of professionals in the field of contemporary arts and culture.
Lokomotiva achieves this by generating new models of collaboration, advocacy in the creation of developmental cultural policies on local, regional, and international levels, discursive, residency, educational and production modes, as well as the development of needed capacities in the community.
Specific objectives
- Strengthening the educational and research capacities and possibilities in art, culture and socio-politically relevant issues (ecology, gender politics, feminism, commons etc.);
- Creating new collaborative and support systems in the field of art and culture (residencies, mentoring and curatorial programs, research programs etc.) based on feminist intersectional approaches, togetherness and the creation of a safe environment;
- Improving working conditions in the field of contemporary art and the non-institutional scene (new space, institution, residency space(s), workers’ rights and universal basic income);
- Creating systems and mechanisms for international cooperation in the field of culture
*******
COMMUNICATION
Our website includes all programs and activities, and it is an archive of the Lokomotiva’s work.
Lokomotiva is available on social media: Facebook, Instagram and X as well as on YouTube channel and Flickr.
Texts are edited and written by the program director Biljana Tanurovska-Kjulavkovski in collaboration with the authors and other participants.
[1]http://nomaddanceacademy.org/
[2] http://jadroasocijacija.org.mk/
[3] http://platforma-kooperativa.org/en/about/who-we-are/
[4] www.artclimatetransition.eu
[5] https://lokomotiva.org.mk/about-the-project-5/; https://curatingincontext.com/
[6] https://nomaddanceacademy.org/nonaligned-movements/
[8] https://movementresearch.org/programs/exchange-programs/gps
[9] https://www.lokomotiva.org.mk/Materijali_2013/HTML_2013/Publication_2013.htm
[11] https://www.lokomotiva.org.mk/Materijali_2013/HTML_2013/Publication_2013.htm
За нас
Локомотива – Центар за нова иницијатива за уметност и култура
Локомотива е мала непрофитна организација, основана во 2003 година во Скопје, Северна Македонија. Таа ја има улогата на повеќенаменска платформа за едукација, промислување, истражување, дискусии, продукција и критичко мислење во областа на современите уметности и култура. Преку своите активности, Локомотива има за цел да го прошири пристапот на граѓаните до уметноста и културните активности, практики и процеси и да влијае на развојот и поддршката на современата, динамична уметност и култура како поттик во развојот на демократското општество.
Локомотива развива и спроведува разновидни проекти во културата и уметноста, во различни медиуми и формати, како филмови, претстави, едукација, градење капацитети и програми за обука, дебати, дискусии, изложби, истражувања, активности за застапување и друго. Локомотива ја разбира културата како проширено поле, кое собива (ко-егзистира) со општеството, а уметноста како експериментална комуникација и пост-дисциплинарно поле каде формите на изразување, продукција и дисеминација се прошируваат.
Локомотива е ко-основач на мрежната програма Номад танц академија (2006)[1], ЈАДРО[2] – Здружение на независна сцена во културата во Македонија (2012) и Коопреатива – Регионална платформа за култура [3](2012), основач на фестивалот LocoMotion за современ танц и изведба (2008 г. -2015). Локомотива беше партнер и коорганизатор во неколку европски проекти, како: “Jardin d’Europe“ (2008-2013), Life long burning (2013-2018), ArtClimateTransition/УметностКултураТранзиција [4](2019-2023), како и проектот поддржан од Еразмус +: „Курирање во контекст“ (2019-2022); кој Локомотива продолжи да го работи и го разви во Летна Школа и Отворен курс: „Кураторски пракси во контекст“ [5] во соработка со Стокхолмскиот универзитет за уметност.
Во овој момент, Локомотива заедно со своите партнери работи на два проекти поддржани од Креативна Европа: (Не)врзани движења: Зајакнување на современиот танц во Западен Балкан [6]и РеЗамисли.
Во 2019 година стана членка на EDN European Dance Development Network [7]со цел одржлив, прогресивен и правичен танцов сектор и од 2016 година е дел од GPS/Global Practice Sharing Network [8] која обезбедува платформа за меѓународна размена на идеи, процеси и рефлексивни практики околу танцот и форми базирани на движење меѓу САД и независните заедници за изведувачки уметности на меѓународно ниво.
Од своето основање, организацијата е многу активна во развојот на локалната културна политика. Во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија (Франција) и Македонија, Локомотива изготви програма и ја објави првата Регионална стратегија за култура на Пелагонискиот регион во Македонија [9](2013-2016).
Од своето постоење до денес Локомотива се стреми да креира простор за современи изведувачки уметности. Еден од обидите беше заеднички со Театарот Навигатор Цветко кога во 2015 година заедно го основаа КИНО КУЛТУРА – проектниот простор за современи изведувачки уметности и култура [10] каде со поддршка од општина Центар се одржуваа програми за изведувачки уметности, како и за граѓанско општество и заедница. Во рамки на проектиот простор Кино Култура, Локомотива ги разви и ги курира програмите: „Перформанс Платформа“, „Уметност Политика Институциија и Тело“, „Што е кореографија?“, “Современа кореографија и танц“, „Современа култура и јавни политики“ итн.
Во декември 2020 година Локомотива и театарскиот навигатор Цветко мораа да се преселат од просторот на киното Кино Култура, каде Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и култура се спроведуваше 5 години.
Локомотива е сместена во Младинскиот Културен Центар поради блиска соработка на различни проекти и програми.
Сепак, до сега Локомотива активностите на застапување за потреба од простор и институција за современи изведувачки уметности продолжуваат. Локомотива со неколку организации продолжува да развива различни активности чија цел е формирање на простор и/или институција за современи изведувачки уметности во Скопје.
Како дел од својата пракса Локомотива го вклучува издаваштвото од областа на современата теорија и практика во културата и од областа на современите изведувачки уметности, така што досега има објавено над 10 публикации. [11]
Локомотива е наградена од Швајцарската програма за култура во 2013 година. Наградата беше доделена за работата на Локомотива, односно за нејзината работа и извонредност во развојот на современиот танц на Балканот, реализирано преку проектот за соработка NOMAD Dance Academy. Овој проект беше реализиран од октомври 2007 година – декември 2010 година во партнерство со Станица (Белград), Танцеларија (Сараево), Тала танц (Загреб), Fico Balet (Љубљана) и Brain Store (Софија).
Визија
Локомотива е центар кој овозможува творештво, реализација на идеи и критичко промислување, која дејствува како платформа за образование и поддршка на развојот на културата и уметноста заради остварување на прогресивни социо-културни промени во заедницата.
Мисија
Локомотива е граѓанска организација која развива и создава работни услови за развој, истражување, продукција и презентација на работата на професионалците во полето на современата уметност и култура.
Локомотива ова го остварува преку генерирање на нови модели на соработка, застапување за создавање на развојни културни политики на локално, регионално и меѓународно ниво, дискурзивни, резиденцијални и едукациски модели, продукција како и развој потребните капацитети во заедницата.
Стратешки цели 2020-2024
- Зајакнување на образовните и истражувачките капацитети и можности во уметноста, културата и општествено-политички релевантните теми (екологија, родови политики, феминизам, комонс итн.);
- Создавање на нови системи за соработка и поддршка во областа на уметноста и културата (резиденции, менторски и кураторски програми, истражувачки програми итн.) основани на феминистички интерсекциски пристапи, заедништво и создавање безбедна средина;
- Подобрување на условите за работа во областа на современата уметност и вонинституционалната сцена (нов простор, институција, резиденциски простор(и) работнички права и универзален основен приход);
- Создавање системи и механизми за меѓународна соработка во областа на културата
Целни групи:
- Уметници: млади танчери и кореографи (студенти по музика и балет во средно училиште, студенти по современ танц на отсекот за балетска педагогија при Музичкиот факултет, самостојни кореографи и танчери од балканскиот регион, студенти и дипломирани театарски режисери и глумци, и.т.н), млади филмски работници и визуелни уметници (студенти и дипломци од Факултетот за Драмски уметности и независни филмаџии и глумци);
- Културни работници од граѓанскиот сектор, неформални уметнички асоцијации, активистички и активистички групи, маргинализирани и суб-културни групи кои го претставуваат независниот културен сектор и слични организации кои работат во полето на родовата сензибилизација и граѓанските права;
- Национални и локални јавни културни и образовни институции во земјата;
- Креатори на политики, носачи на одлуки на локално, национално и регионално ниво.
Текстовите се уредени и напишани
од програмскиот директор Биљана Тануровска – Ќулавковски во соработка со авторите и другите учесници.
[1]http://nomaddanceacademy.org/
[2] http://jadroasocijacija.org.mk/
[3] http://platforma-kooperativa.org/en/about/who-we-are/
[4] www.artclimatetransition.eu
[5] https://lokomotiva.org.mk/about-the-project-5/; https://curatingincontext.com/
[6] https://nomaddanceacademy.org/nonaligned-movements/
[8] https://movementresearch.org/programs/exchange-programs/gps
[9] https://www.lokomotiva.org.mk/Materijali_2013/HTML_2013/Publication_2013.htm
[11] https://www.lokomotiva.org.mk/Materijali_2013/HTML_2013/Publication_2013.htm