CONTEMPORARY CHOREOGRAPHY and DANCE
The meanings of the terms MODERN CHOREOGRAPHY and DANCE in the Macedonian context are associated with the continuing debates, discussions, re-examinations and dilemmas. Locomotiva developed a program with the same title as part of its activities in Kino Kultura in order to contribute to that debate. This program, through certain procedures, such as research, residencies, discussions, productions and collaborations with our and foreign authors, aims to create a field where it will enable the development of discourse and reading of what we call contemporary choreography and dance in our context.
According to theorist Claire Bishop, the attempt to periodize contemporary art is dysfunctional, incapable of embracing global diversity, and several new readings position the “contemporary” as a discourse category.
Bojana Kunst says that evolving in the 20th century in relation to the principles of Fordism, contemporary dance has reflected over the last two decades, causing the profound changes done by post-Fordist modes of work / work (cognitive and affective virtuosity, multi-layered temporality, proximity, collaborative processes, etc.) In this sense, the potentiality (possibilities) of choreographic practices should not only be understood as aesthetic practices, but also as wider social practices of distributing bodies in time and space. Kunst argues that the modernity of these types of practices is no longer related to the speed and autonomy of the industrial movement. What we stand for, or see, today is the cognitive and sensory potential of the movement. This change in the practice of body production goes from autonomy of movement to affective proximity to embodiment, which is also at the core of the political, economic and cultural distribution of bodies in modern society and its political and economic relations.
Contemporary dance and choreography as the production of the choreographic/dance body in this program aims to explore affectivity and choreographic practices as broader social practices of distributing bodies in time and space in order to contribute to the building of contemporary artistic discourse with an emphasis on dance.
In 2019, part of the program were authors Sonia Predrad, Marko Mizimakov, Aleksandar Georgiev, Dario Barreto Damas and Aleksandra Petrusevska.
Biljana Tanurovska Kjulavkovski
СОВРЕМЕНА КОРЕОГРАФИЈА И ТАНЦ
Значењата на термините СОВРЕМЕНА КОРЕОГРАФИЈА И ТАНЦ во македонскиот контекст се поврзуваат со континуираните дебати, односно дискусии, преиспитувања и дилеми. Локомотива разви програма со истиот наслов како дел од активностите во Кино Култура, со цел да даде придонес во таа дебата. Оваа програма преку кој со одредени постапки, како истражувања, резиденции, дискусии, продукции и соработки со наши и странски автори, има цел да креира поле каде ќе се овозможи развој на дискурс и исчитување на она што во нашиот контекст го нарекуваме современа кореографија и танц.
Според теоретичарката Клер Бишоп обидот за периодизација на современата уметност е нефункционален, неспособен за прифаќање на глобалната разновидност, а неколку нови читања „современото“ го позиционираат како дискурзивна категорија.
Бојана Кунст вели дека развивајќи се во 20-от век во релација со принципите на фордизмот, современиот танц во текот на последните две децении ги рефлектира, одразува длабоките промени предизвикани од пост-фордистичките начини на труд/работа (когнитивна и афективна виртуозност, повеќеслојна темпоралност/ привременост, близина , процеси на соработка итн.) Во таа смисла, потенцијалноста (можностите) на кореографски практики не треба да се сфатат само како естетски практики, но исто така и како пошироки општествени практики на дистрибуција на тела во времето и просторот. Кунст зборува дека современоста на овие видови на практики не е веќе поврзана со брзината и автономијата на индустриското движење. Она што денес пред нас застанува, или го гледаме, е когнитивниот и сетилен потенцијал на движењето. Оваа промена во практиката на производство на телото оди од автономија на движење до афективна близина на отелотворување, која исто така е во сржта на политичката, економската и културна дистрибуција на телата во современото општество и нејзините политички и економски односи.
Современиот танц и кореографија како производството на кореографско/танцовото тело во оваа програма се стреми да ја истражува афективноста и кореографските пракси како пошироки општествени практики на дистрибуција на тела во времето и просторот, со цел да придонесе во градење на дискурсот на современото во уметничкото, а со акцент на танцот.
Во 2019 год, дел од програмата беа авторите Соња Преград, Марко Мижимаков, Александар Георгиев, Дарио Барето Дамас и Александра Петрушевска.
Биљана Тануровска Ќулавковски