*** english bellow***
Култренинг |13 април (сабота), 18:00 – 20:00 часот || КСП Центар – Јадро
19април (петок) 18:00-20:00 часот || КСП Центар – Јадро
ЛОКОМОТИВА – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, ве кани да се придружите на работилница од Култренинг програмата „Консталација на тела “со Теодора Ежовска која ќе се одржи во просторот на КСП Центар – Јадро.
Серијата на овие работилници не бараат претходно познавање на современиот танц.
Работилницата е бесплатна и отворена за учесници со или без танцувачко искуство.
Пријавете се на kultrening@gmail.com, бројот на учесници е ограничен.
Ве молиме понесете удобна и лесна облека.
Фокусот на работилницата “Консталација на Тела” е на креирање на групна динамика и хармонија меѓу учесниците, преку развивање на свесноста за внатрешната динамика, просторот, времето како мерна единица и проксемитет. Преку импровизација и инспирација од природата, учесниците ќе истражат начини за создавање на движечка консталација низ простор. Конкретно, ќе се фокусираме на емитација на јато птици и нивната композиција и структура при патување од едно место до друго.
Простор + Време + Проксемитет = Консталација на Тела
Во работилницата “Консталација на Тела”, методологијата и алатките образуваат синергија за да го поттикнат креативниот потенцијал на учесниците. Преку импровизација, вежби за свесност и експерименти со простор и време, учесниците ќе истражуваат новите начини за интеракција со телото и околината, што ги води кон креирање на изразни и хармонични консталации на движења. Оваа симбиоза ќе ги обогати учесниците како изведувачи и поттикне да ги развиат своите креативни вештини во танцот и кореографијата.
Оваа работилница е отворена за сите нивоа и видови на танц, како и за оние кои сакаат да го истражат овој аспект на танцот.
Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со КСП Центар – Јадро.
Работилницата ќе трае 2 часа во една сесија.
Теодора Ежовска ја започнала својата танцова кариера во својата седма година, оттаму детската желба за танц и првите чекори во хип- хоп, танц театар, шоу-денс, се преточила во подоцнежните години, па таа ти продолжила своите студии на “Факултетот за музичка уметност/ Скопје, на одсекот за Балетска педагогија – современ танц”, каде што го зајакнува и продлабочува својот танцов вокабулар.
Нејзиното искуство како изведувачка и танцова уметница е сестрано и широко, што и овозможува експанзија на нејзината движечка/ танцова експресија. Има учествувано во проектите „Проект М”- Урсула Игли и Искра Шукарова, „Апоптозис”– Елена Андонова Петровиќ, музика: Дарија Андоновска „Чудна Шума”– Грегор Камникар и Искра Шукарова, „Метаморфоза”– Ивана Коцевска, „Ре-Платформа”-Чарлс С. Вајт и Лион Брнс, „Оди длабоко”- Ивана Балабанова, „Нејзин сопствен простор”- Ивана Балабанова, „Движење на урбан пејсаж”- Јасмин Смии, „Swindel”– Тобијас М. Драгер и многу други.
Работата како кореографка ѝ овозможува истражување, еспериментирање и применување на методологи кои опфаќаат работа со простор, време, проксемика, колектив, објекти, итн. Како кореграфка стои зад танцовите дела „Спирала” 2018 (Дипломско дело, ментор проф.Искра Шукарова), „Обединување”, „Торн” 2019, „Синергија” 2020, „I can’t breath, I can’t speak”, a за нејзиното дело “The circle is not round”, под менторство на Вики Ангелику, освојува трета награда на Фестивалот за кореографски минијатури во Белград. Моментално Теодора работи на своето ново дело Ла лола/ онаа која знае, за кое имаше можност да го започне и прикаже како *work in progress презентација во рамките на Крловац танц фестивалот во Хрватска, како дел од Non Aligned Movements на Nomad dance Academy.”
Програмата Култренинг е поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија.
***
Kultrening | April 13 (Saturday), 6:00 PM – 8:00 PM || SCS Centre- Jadro
April 19 (Friday), 6:00 PM – 8:00 PM || SCS Centre- Jadro
LOKOMOTIVA – Center for New Initiatives in Arts and Culture invites you to join the workshop from the Kultrening program “Constellations of bodies” with Teodora Ežovska, which will take place at SCS Centre- Jadro.
This series of workshops does not require prior knowledge of contemporary dance. The workshop is free and open to participants with or without dance experience.
Please register at kultrening@gmail.com, as the number of participants is limited.
Please wear comfortable and light clothing.
The focus of the “Constellations of bodies” workshop is on creating group dynamics and harmony among participants by developing awareness of internal dynamics, space, time as a measuring unit and proximity. Through improvisation and inspiration from nature, participants will explore ways to create a movement constellation through space. Specifically, we will focus on mimicking a flock of birds and their composition and structure while traveling from one place to another.
Space + Time + Proximity = Body Constellations
In the “Constellations of bodies” workshop, the methodology and tools synergize to stimulate the creative potential of participants. Through improvisation, mindfulness exercises, and experiments with space and time, participants will explore new ways to interact with the body and surroundings, leading to the creation of expressive and harmonious movement constellations. This symbiosis will enrich participants as performers and encourage them to develop their creative skills in dance and choreography.
This workshop is open to all levels and types of dance, as well as those who wish to explore this aspect of dance.
The workshop is part of the ‘Culttraining’ program by Lokomotiva, realized in collaboration with SCS Centre- Jadro.
The workshop will last for 2 hours in one session.
Teodora Ežovska began her dance career at the age of seven, where her childhood desire for dance and her first steps in hip-hop, dance theater, and show dance evolved into her later years. She continued her studies at the “Faculty of Music Arts in Skopje”, majoring in Ballet Pedagogy – Contemporary Dance, where she strengthened and deepened her dance vocabulary.
Her experience as a performer and dance artist is diverse and extensive, allowing for an expansion of her movement and dance expression. She has participated in projects such as “Project M”, “Apoptosis”, “Strange Noise”, “Metamorphosis”, “Re-Platform”, “Go Deep”, “Her Own Space”, “Urban Landscape Movement”, “Swindel” and many others.
Working as a choreographer enables her to explore, experiment, and apply methodologies involving space, time, proxemics, collective work, objects, etc. As a choreographer, she is behind dance pieces such as “Spiral” 2018, “Unity”, “Thorn” 2019, “Synergy” 2020, “I can’t breath, I can’t speak”, and her work “The circle is not round” won the third prize at the Choreographic Miniatures Festival in Belgrade.
Currently, Teodora is working on her new piece “La Lola / The One Who Knows”, which she had the opportunity to start and present as a work in progress at the Karlovac Dance Festival in Croatia, as part of the (Non) Aligned Movements by the Nomad Dance Academy.
The Kultrening program is supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.