Kultrening/ Choreography and dance workshop “My body, my home“ with Hristina Angelovska

/македонски подолу/

Kultrening/ Choreography and dance workshop

“My body, my home“ with Hristina Angelovska

November 1, 19:00-21:00 h

@ Kino Frosina, Youth Cultural Center

 

Lokomotiva is organising the third KULTRENING choreography and dance workshop with Hristina Angelovska.

Sign up by email at kultrening@gmail.com till October 31, 2022, the number of participants is limited.

The workshop “My body, my home“ with Hristina Angelovska will encouragе free movements enabling the participants to present themselves in the way they want and want to be recognized.

The workshop will be conducted according to principle that each participants can create movements, define a relationship and the freedom in it, everyone can breathe freely and move as long as they need it. Anyone can start and stop whenever they want, they just need to have a strong enough reason to do so.

The workshop participants will be organized to work in groups and work dynamically according to their needs. The participants will be grouped according to their previous experience in movement and creation, considering that there will be beginners and professionals at the workshop.

The workshop will take place in several stages, namely:

1) getting to know each other through the presentation of a sphere of interest, profession, hobby, and certain characteristics

2) theoretical explanation of choreography, movements, music, space (basic necessary sequences) 3) warming up of limbs through technical prepared exercises

4) improvisation on a given topic that will introduce the participants to the creation of the choreography

5) concretization and memorization of movements.

In the second half of the class, the dynamics of development will be maintained, but more focus will be given to the formation of a set of movements.

Hristina came to this approach after observing her colleagues in a very competitive work atmosphere, where community is difficult to achieve, that is, individual interests, the desire for supremacy and power, dominate the community and the group. This workshop will enable the merging and layering of positions of power and the development of group work skills through the negotiation of structure and movement.

👉 Previous experience is not required in order to take part in the workshop.

🔸 Hristina Angelovska is a graduated ballet pedagogue in contemporary dance. She gained her experience with choreography at the Faculty of Music in Skopje. Works on presentation of the Ballet Pedagogy Department Contemporary Dance Program “New Trends/New Contemporary Dance Works and Authors” at UKIM FMU where she is part of the team. She has performed independently with the choreographic works “Somebody, some”, “Three” in 2019 and “Equation” in 2018. As a performer and dancer, she has collaborated with Goran Nacevski for the premiere of the opera “Between Dreams and Flights” in 2019 and “Continuity”, choreographed by Mariјa Risteska in 2018. 🔸

 

*****

 

The workshop is part of Lokomotiva’s Kultrening program realized in collaboration with the Youth Cultural Center.

Poster by Zorica Zafirovska.

The Lokomotiva team consist of program director Biljana Tanurovska- Kjulavkovski, project manager Blagica Petrova, programme coordinators Zorica Zafirovska and Emilija Chochkova and, administrator Gjurgjica Hristovska.

The program Kultrening is created by Lokomotiva and supported by the Ministry of Culture of R.N. Macedonia.

#strechingexercises #streching #timeform #training #flexibility #dance #ballet #yoga #inspiration #streching #motivation #body #dance #danceexercise #worldwidedance #contemporarydance

___________________________________________________________________________

/македонски

 

Култренинг/ Работилница за кореографија и танц

„Мое тело, мој дом“ со Христина Ангеловска

1 ноемврри 2022, 19:00-21:00 часот

@ Младински културен центар

 

Локомотива, Скопје ja организира третата Култренинг работилница за оваа година заедно со Христина Ангеловска.

Пријавете се на kultrening@gmail.com најдоцна до 31.10.2022, бројот на учесници е ограничен.

На работилницата „Мое тело, мој дом“ со Христина Ангеловска ќе се работи на поттикнување на движења преку кои секој од присутните ќе може да се претстави онака како што се препознава, и сака да се осознае.

Принципот според кој се води работилницата е дека секој од нас може да креира движења, да дефинира однос доколку има слобода во истиот, секој може слободно да дише и движи додека има потреба од тоа. Секој може да започне и заврши кога сака, потребно е само да има доволно цврста причина за тоа.

Работилницата ќе се одвива во групна и динамична работа, која ќе ги следи потребите на учесниците. Ќе се работи по групи, каде ќе се групираат учесниците според нивното претходно искуство во движење и креирање, сметајќи дека ќе има почетници и професионалци на работилницата.

Работилницата ќе се одвива во неколку фази и тоа:

1) запознавање преку претставување на сфера на интерес, професија, хоби и одредени карактеристики

2) теориско објаснување за кореографија, движења, музика, простор (основни потребни секвенци )

3) загревање на екстремитети преку технички подготвени вежби

4) импровизација на дадена тема која ќе ги воведе учесниците во создавање на кореографијата

5) конкретизација и меморирање на движења

Во втората половина од часот ќе се задржи динамиката на развивање, но ќе се даде поголем фокус на формирање на целина на движења.

До оваквиот пристап Христина доаѓа по набљудување на колегите во една многу компетитивна работна атмосфера, каде заедницата тешко се остварува, односно, индивидуалните интересни состојби, желбата за превласт и моќ, ја надвладуваат заедницата и групата. Оваа работилница ќе овозможи спојување и раслојување на позициите на моќ и развој на способности на работа во група преку преговарање околу структура и движење.

👉 Претходно искуство нема да биде потребно за учество на работилницата.

🔸 Христина Ангеловска има дипломирано балетска педагогија за современ танц. Нејзиното искуство со кореографија го стекнала на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Работела на презентација на програмата на катедрата за балетска педагогија – современ танц – Нови тенденции / Нови современи танцови дела и автори/ки при ФМУ, УКИМ, во чиј тим таа и членува. Самостојно изведува во кореографските дела “Somewhere, somehow, somebody” и „Три“ во 2019 година, како и „Равенка“ 2018 год. Како изведувачка и танцова уметница соработувала со Горан Начевски за премиерна изведба на операта „Помеѓу соништа и летови“ во 2019 и „Континуитет“, во кореографија на Марија Ристеска во 2018 година. 🔸

*****

Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со Младинскиот културен центар.

Плакат на Зорица Зафировска.

Тимот на Локомотива го сочинуваат програмскaта директор Биљана Тануровска- Ќулавковски, проектната менаџерка Благица Петрова, програмските координаторки Зорица Зафировска и Емилија Чочкова и администраторката Ѓурѓица Христовска.

Програмата Култренинг е креирана од Локомотива и поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија.

_____________________