Kultrening/ Choreography and dance workshop “Stillness in Motion“ with Jovana Zajkova

/македонски подолу/

 

Kultrening / Choreography and dance workshop

Stillness in Motion“ with Jovana Zajkova

October 15, 13:00 – 15:00

@ Youth Cultural Center

 

Lokomotiva starts with the new series of KULTRENING free classes and workshops.

Join the first Kultrening workshop for this year is with Jovana Zajkova.

Sign up by email at kultrening@gmail.com by October 13, 2022, the number of participants is limited.

 

Follow the announcements on our social pages for the next workshops.

Zajkova is a keen researcher of ancient eastern disciplines and the principles behind them, which she applies in her practice physically as well as spiritually. In this workshop, she will share some of her ongoing research and long-term knowledge. For the participants without previous experience, the workshop will be a way to harmonize and balance the cognitive and the physical, whereas physically active participants (dancers, movers, athletes) will be offered a different perspective and new concepts of movement and the body.

The workshop will be divided into three parts.

The first part of the workshop (40-60 minutes) is based on chi kung (qi gong) and the benefits this practice confers by connecting breath and body, focusing the mind and taking a deeper look at the inner state of body and mind. This initial section will focus on finding inner peace and purity as a state from which one can build further practice and learn to be fully present and active. The participants will learn one chi kung form (Yi jin jing), then engage in short breathing exercises and meditation.

The second part (40-60 minutes) introduces the practice of Wushu, the Chinese term for the martial arts. Here the participants will focus on a wushu form called Long Fist. The proper performance of this concrete and specific form requires speed, precision and flexibility. The participants will be expected to focus on its correct execution and memorize the order of movements.

In the third part of the workshop (60-90 minutes), the participants will apply the wushu form as the foundation for the creation of a contemporary dance sequence. A prepared example combination will serve as inspiration, followed by sufficient time and space for each participant to explore their individual expression. This is an opportunity for participants to find creative solutions and combine existing skills with those gained during the workshop.

Finally, participants will present their sequences and engage in a group discussion, sharing ideas and experiences from the workshop.

Weather permitting, the first part of the workshop will take place outside, while the rest is inside.

Jovana Zajkova is a contemporary dancer, choreographer, fitness instructor and movement enthusiast focused on discovering the body’s endless potential. Her dance adventures have led her to a BA in contemporary dance from the Goce Delcev University in Štip. In her professional career, Jovana has performed on stages and festivals across Europe, America and China, working as a dancer and choreographer for the stage, TV and video. To her, dance is a way to grow, develop and discover the world, a language to communicate with an open and sincere heart.

 

*****

 

The workshop is part of Lokomotiva’s Kultrening program realized in collaboration with the Youth Cultural Center.

Photo credit by Studio Qunica, poster by Zorica Zafirovska.

The Lokomotiva team consist of program director Biljana Tanurovska- Kjulavkovski, project manager Blagica Petrova, program coordinators Zorica Zafirovska and Emilija Chochkova and, administrator Gjurgjica Hristovska.

The program Kultrening is created by Lokomotiva and supported by the Ministry of Culture of R.N. Macedonia.

____________________________________________

евент

Check out the photo album by Emilija Chochkova above. / Погледнете го фото албумот на Емилија Чочкова погоре.

/македонски

 

Култренинг/ Работилница за кореографија и танц

„Мирување во движење“ со Јована Зајкова

15 октомври 2022, 13:00 – 15:00 часот

@ Младински културен центар

 

Локомотива започнува со новата серија на КУЛТРЕНИНГ бесплатните часови и работилници.

 

Првата Култренинг работилница за оваа година ја реализираме заедно со Јована Зајкова. Пријавете се на kultrening@gmail.com најдоцна до 13.10.2022, бројот на учесницни е ограничен.

Следете ги најавите на нашите страни за следните работилници.

Зајкова веќе подолго време истражува во полето на древните источни дисциплини и принципите на кои тие се базираат, и истите ги применува во својата пракса како физички, така и духовно. Преку оваа работилница, таа сака да ги пренесе своите истражувања и знаења, а работилницата ќе биде поделена во три дела.

На оние учесници кои немаат претходно искуство со движења оваа работилница ќе им помогне да работат на хармонизација и баланс помеѓу когнитивното и телесното, а оние кои се веќе физички активни (танцови уметници, атлети) ќе им понуди една поинаква перспектива на движење и промислување на движењето и телото.

Првиот дел од работилницата (40-60 мин) ќе се базира на со чи кунг и бенефитите кои оваа практика ги нуди преку поврзување на здивот и телото, фокусирање на умот и еден подлабок поглед кон внатрешната состојба на телото и умот. Во овој дел од работилницата фокусот е ставен на пронаоѓање на внатрешниот мир и чистина како состојба од која може да градиме понатамошна пракса во која ќе бидеме целосно присутни и активни. Ќе научиме една чи кунг форма (Yi jin jing), а покрај тоа ќе направиме и кратки вежби за дишење, како и медитација.

Вториот дел (40-60 мин) продолжува со нова практика, односно Вушу или Wushu кој е кинескиот збор за боречки вештини. Во овој дел од култренингот ќе се фокусираме на вушу форма наречена Long Fist. За соодветно да биде изведена оваа форма потребни се брзина, прецизност и флексибилност и истата е доста јасна и конкретна. Од учесниците ќе се очекува да се фокусираат на правилна изведба и меморирање на редоследот на движењата.

Во третиот дел (60-90 мин) ќе работиме на примена на вушу формата како база за креација на современа танцова комбинација/секвенца. Ќе работиме со еден пример – комбинација која ќе служи како инспирација, а потоа секој од учесниците ќе добие простор и време да работи на својот израз. Учесниците ќе имаат прилика да пронајдат свои креативни решенија и комбинации на способностите кои веќе ги поседуват и новиот материјал изучен на работилницата.

По ова ќе следи прикажување на секвенците и разговор со групата, односно споделување мислења и искуства за овој принцип на работа.

Работилницата ќе се одвива надвор во првиот дел, а потоа внатре, – во зависност од временските услови.

Јована Зајкова е современa танцова уметница, кореографка, фитнес инструкторка и ентузијастка за се’ што претставува движење на телото и откривање на неговиот бескраен потенцијал. Нејзината танцова авантура ја води се до катедрата за современ танц при УГД каде што се здобива со диплома за изведувачка. Во својата кариера Јована настапува на домашните и светски сцени и фестивали низ Европа, Америка и Кина и се појавува како танцова уменица и кореографка во повеќе танцови претстави, реклами и музички спотови. За неа танцот претставува алатка за откривање на светот, растење и созревање и наоѓање на соодветниот јазик за општење со искрено и отворено срце.

 

*****

 

Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со Младинскиот културен центар.

Фотографија на Студио Куника, плакат на Зорица Зафировска.

Тимот на Локомотива го сочинуваат програмскaта директор Биљана Тануровска- Ќулавковски, проектната менаџерка Благица Петрова, програмските координаторки Зорица Зафировска и Емилија Чочкова и администраторката Ѓурѓица Христовска.

Програмата Култренинг е креирана од Локомотива и поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија.

 

_____________________________________